Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ИТАЛИЈА

media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Руски водител одби да ѝ се извини на Џорџа: „Фашистка“

Рускиот новинар и телевизиски водител Владимир Соловјов денес одби да се извини за навредите што ги упати на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони, туку ја обвини за „поддршка на фашистички идеи и симпатии кон Украина“.Соловјов, како што пренесува телевизијата Вести, изјави дека Мелони со „споделување идеи“ на поранешниот фашистички лидер на Италија, Бенито Мусолини, „учествува во злосторствата на фашистичка Италија“.Тој, како што пишува АНСА, додаде дека италијанската премиерка покажува симпатии кон тие злосторства „поддржувајќи ја нацистичката украинска држава, која спроведува терористички напади во Русија и не ги крие плановите за атентати, вклучително и врз него“.Соловјов во емисија изјавил и низа навреди, нарекувајќи ја Мелони „фашистка“, „идиот“, „лоша жена“ и „срам за човештвото“.Мелони претходно одговори дека „пропагандист на режим не може да држи лекции за слобода“, истакнувајќи дека Италија „нема господари“ и дека нејзин единствен водич е интересот на државата.

Свет | пред 8 часа

dzordza-meloni

Италија го повика рускиот амбасадор поради тешки навреди кон Мелони

Италија денеска го повика рускиот амбасадор во земјата на разговор поради навредите упатени на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони во програма на руската телевизија, изјави министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.Тајани, како што пренесува Ројтерс, навел дека амбасадорот бил повикан во Министерството за надворешни работи поради „исклучително сериозни и навредливи изјави“ кои ги изнел телевизискиот водител Владимир Соловјов.Како што наведува Ројтерс, Соловјов во краток телевизиски прилог на италијански јазик ја навредувал Мелони нарекувајќи ја, меѓу другото, „идиот“, додека на руски јазик рекол дека е „фашистичко ѓубре“ кое ги изневерило своите гласачи.Тој исто така ја обвини италијанската премиерка дека го изневерила американскиот претседател Доналд Трамп.Како што додава Ројтерс, односите меѓу Мелони и Трамп во последно време се влошиле, откако таа се дистанцирала од војната со Иран и јавно го критикувала американскиот претседател поради нападот на папата Лав XIV.

Свет | пред 1 ден

media-librarygf7pds210ivvcwqCVGD

(Видео) Вооружен грабеж во банка во Неапол со 25 заложници

Во италијанскиот град Неапол се случил вооружен грабеж на банка, кој локалните медиуми го опишуваат како „филмски“. Неколку маскирани лица упаднале во филијала на банката „Кредит Агриколе“, носејќи маски на познати филмски актери, по што ги држеле како заложници сите 25 лица кои во тој момент се наоѓале во објектот.Според информациите, полицијата со часови преговарала со напаѓачите за ослободување на заложниците, но во меѓувреме ограбувачите успеале да ги испразнат сефовите.Инцидентот завршил со бегство на сторителите, кои направиле отвор во подот на банката и побегнале преку канализацискиот систем.

Свет | пред 5 дена

media-libraryjpn6in3nq24d2DLJaVe

(Видео) Филмска кражба во Неапол: вооружени држеле заложници, па избегале низ канализација

Вооружени разбојници држеле 25 лица како заложници во банка во Неапол, по што успеале да избегаат низ дупка во подот што води кон канализацискиот систем.Тројца мажи околу 11:30 часот упаднале во филијала на Crédit Agricole, каде што ги затвориле клиентите, вработените и директорот во една просторија и ги држеле околу два часа.Полицијата интервенирала и ги ослободила сите заложници нешто по 13:30 часот, без сериозни повреди.„Благодарение на брзата реакција, сите лица се безбедни“, изјавил напулскиот префект Микеле ди Бари.Сепак, додека службите влегле во објектот, разбојниците веќе избегале. Се претпоставува дека користеле однапред подготвен канализациски премин, преку кој исчезнале под земја.Локалните служби веќе го проверуваат канализацискиот систем, а на местото бил и обвинителот Никола Гратери. Засега не е познато дали напаѓачите успеале да однесат плен, иако се верува дека цел им биле сефовите, додека во самата експозитура немало готовина.Еден од заложниците сведочел дека разбојниците биле вооружени, но не употребиле сила, туку ги држеле затворени додека го реализирале планот.Случајот потсетува на сличен грабеж во Милано во 2020 година, кога разбојници исто така користеле канализациска мрежа за влез и бегство, што отвора сомнежи за добро организирана и однапред испланирана операција.

Свет | пред 5 дена

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Одлуката на Италија нема да влијае врз нашата безбедност

Израел соопшти дека одлуката на Италија да го суспендира обновувањето на одбранбениот договор нема да има влијание врз безбедноста на земјата.Од Министерството за надворешни работи на Израел наведуваат дека не станува збор за класичен безбедносен договор, туку за меморандум за разбирање од пред многу години, кој, како што тврдат, никогаш немал суштинска оперативна содржина.„Немаме безбедносен договор со Италија“, изјави портпарол на министерството, додавајќи дека оваа одлука нема да влијае на безбедноста на Израел.Претходно, италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти дека Рим ја суспендира автоматската обнова на одбранбениот договор со Израел, што се толкува како значаен политички пресврт во односите меѓу двете земји.Одлуката доаѓа во услови на засилени тензии на Блискиот Исток, особено поради конфликтите во Либан.Реакција пристигна и од израелската опозиција. Лидерот Јаир Лапид ја оцени одлуката како „срамен неуспех“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи Гидеон Саар, обвинувајќи ја владата дека не успеала да ги заштити интересите на Израел дури ни кај традиционалните сојузници.

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Италија го стопира обновувањето на одбранбениот договор со Израел

Италија ја суспендираше автоматската обнова на одбранбениот договор со Израел поради тековниот конфликт на Блискиот Исток, соопшти премиерката Џорџа Мелони.„Со оглед на актуелната ситуација, владата одлучи да ја запре автоматската обнова на договорот“, изјави Мелони за време на посетата на Верона. Договорот, кој е во сила од 2006 година, овозможуваше соработка во областа на одбраната преку набавки, обука и размена на воена опрема, а се обновуваше на секои пет години доколку ниту една страна не се повлече.Одлуката доаѓа во време на засилени критики од европските земји кон израелските воени операции, особено во Либан. Минатата недела, лидерите на Обединетото Кралство, Франција, Германија и Италија повикаа прекинот на огнот да се прошири и на Либан.Дополнителни тензии предизвика инцидентот во кој израелски сили испукале предупредувачки истрели кон италијански војници во рамки на мисија на Обединетите нации во Либан, при што било оштетено нивно возило.Одлуката на Рим беше остро критикувана од лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид, кој ја оцени како „срамен неуспех“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и на министерот за надворешни работи Гидеон Саар.Лапид порача дека владата не успеала да ги заштити интересите на Израел дури ни кај традиционалните сојузници, нагласувајќи дека Мелони припаѓа на конзервативниот политички блок кој, според него, има разбирање за безбедносните предизвици на Израел.

Свет | пред 1 седмица

dzordza-meloni

Мелони: Воспоставувањето слободна пловидба низ Ормускиот теснец е клучно за Италија и ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека повторното воспоставување на слободната пловидба низ Ормускиот теснец е од клучно значење за Италија и Европската унија, и се обврза на соработка со партнерите за остварување на овaa цел.По американско-израелските напади, Иран го ограничи сообраќајот низ теснецот за да врши притисок врз своите противници, што предизвика раст на цените на енергенсите, бидејќи околу петтина од светската нафта и гас поминува преку овој тесен морски патВо рамките на своите предлози за завршување на војната, Техеран сака да воведе дополнителни такси за бродовите што поминуваат низ Ормускиот теснец.„Ако Иран успее да добие овластување за наплата на дополнителни царини за транзит низ теснецот, тоа може да предизвика економски последици и промени во трговските токови. Веќе соработуваме со коалицијата за Ормускиот теснец, предводена од Обединетото Кралство и која обединува повеќе од 30 земји, за да создадеме безбедносни услови за целосно обновување на слободата на пловидбата и снабдувањето.“, изјави Мелони во Долниот дом на парламентот.Меѓутоа, потпретседателот на владата Матео Салвини изјави дека Италија нема да испраќа бродови за патролирање во тој регион без мандат од Обединетите нации.Мелони ги осуди сите прекршувања на двонеделниот договор за прекин на огнот, кој порано оваа недела го договорија САД и Иран. Таа го повика и Израел да ја запре воената активност во Либан и, покрај обвинувањата на опозицијата дека е премногу блиска со американскиот претседател Доналд Трамп, повтори дека е против американската одлука за напад врз Иран.„Бевме на чекор до точка без враќање, но сега пред нас е кревка перспектива на мир која мора да ја следиме одлучно“, порача Мелони.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg90eg58ukvq8ad4UEug

(Видео) Вино, планини и спа: Италијанскиот бисер што мора да го посетите

Градчето Мерано во Италија е познато пред сè по својата велнес понуда, која произлегува од неговата планинска природа и положба, но тоа е многу повеќе од тоа. Тука може да се најде сè што му е потребно на човек за квалитетен живот – барем на неколку дена, доколку го посетите.Описот на Мерано може да започне вака: тоа е место на одлична храна, уште подобри вина, идилична природа и свеж алпски воздух што ги буди сите сетила. Накратко, сè најдобро што ви треба во животот се наоѓа на северот на Италија, далеку од гужвите и големите градови.Овде животот тече поинаку и важат други правила. Мерано се наоѓа во регионот Јужен Тирол, во покраината Трентино–Јужен Тирол, а во него живеат и Италијанци и Германци, па затоа сè функционира на двата јазика.Градот најдобро се запознава пеш. Тоа може да го направите преку прошетката Tappeiner, една од бројните патеки во Мерано која нуди одличен поглед кон градот и долината d’Adige. Оваа променада ве води од центарот кон падините на Monte di Merano.Во зависност од годишното време, околината се менува и го обликува вашето доживување – од мирисите на борови и маслинки, преку егзотични ноти на еукалиптус и бамбус, до раскошни магнолии, агави и алое кои му даваат посебен карактер на просторот. Тоа укажува на уникатна комбинација на алпска и медитеранска вегетација.Мерано се наоѓа во долина опкружена со планини, што го прави идеално место за различни активности. Ова е одлична велосипедска дестинација за љубителите на спортот, благодарение на патеките и неверојатната природа. Регионот може да се истражува и пеш, уживајќи во пределите Val d’Ultimo, Val Passiria, Val Venosta и Val Senales.Целото подрачје е познато по врвните вина, а лозјата се протегаат речиси до самиот центар на градот. Винарската традиција во Мерано е исклучително долга и значајна.Локалното население препорачува да ги пробате вината како Силванец или Ризлинг, додека квалитетот и традицијата се потврдуваат и преку Merano Wine Festival – еден од најпознатите и најпрестижни вински фестивали во Европа.Мерано сепак е најпознат по велнес понудата. Во самиот центар се наоѓаат дури 52.000 квадратни метри термални уживања, со 25 надворешни и внатрешни базени, разновидни сауни и фитнес центар. Термите нудат целосна релаксација по ден исполнет со активности и истражување.Доколку одлучите да го посетите овој планински рај, нема да зажалите – ќе се одморите како никогаш досега. За крај, вреди да се спомене дека и познатиот писател Франц Кафка го опишал Мерано како едно од најубавите места што некогаш ги видел.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryceaaf237qcsga4ZWEEw

На островот од соништата бараат нови жители, нудат и 15.000 евра за преселба

Властите на Сардинија преку посебни програми им нудат финансиска поддршка на луѓето за преселување во помирни села на островот, со цел оживување на руралните средини кои со години се соочуваат со намалување на бројот на жители.Помладите генерации често заминуваат во поголеми градови поради работа, додека во помалите места останува сè постаро население, па локалните власти настојуваат да го поттикнат доаѓањето на нови жители.Според пишувањето на Мирор, преселувањето на Сардинија на многумина им се претставува како можност за живот во попријатна средина, покрај море и со поблага клима, а на социјалните мрежи оваа можност се опишува како многу привлечна.Програмата е наменета за сите кои се подготвени да пријават живеалиште во мало место на Сардинија со помалку од 3000 жители. Локалните власти нудат неповратна поддршка до 15.000 евра по домаќинство за купување или обновување на недвижност. Износот не може да надмине 50 отсто од вкупната вредност на инвестицијата.Подносителите на барањето мора да се обврзат дека ќе се вселат во рок од 18 месеци од купувањето на недвижноста или завршувањето на обновата, со цел да се обезбеди трајно населување, а не само повремен престој.Покрај почетната поддршка, предвидени се и дополнителни поттикнувања за оние кои планираат долгорочен живот на островот и формирање семејство. Паровите може да добиваат околу 600 евра месечно за прво дете и 400 евра за второ дете, сè додека децата не наполнат пет години.Регионалните власти истакнуваат дека станува збор за дел од поширока стратегија насочена кон обновување на заедниците погодени од иселување и зајакнување на локалната економија. Целта е да се поттикнат луѓето да останат да живеат во помалите средини или да се доселат, за тие повторно да станат привлечни за живот и семеен развој.За спроведување на програмата обезбеден е буџет од 45 милиони евра, што покажува дека властите ја гледаат оваа мерка како долгорочен обид за намалување на иселувањето од руралните краишта.Поддршката важи само за недвижности во мали општини, а право на аплицирање немаат оние кои веќе живеат во слични места на Сардинија.И покрај тоа, финансиската помош, побавниот начин на живот и пријатната клима го направија овој програм многу привлечен за многу луѓе, па на интернет предизвика голем интерес.

Медиасет | пред 2 седмици

media-libraryh53oqimfdn4j6WFg8Fu

(Видео) Бродови во близина на Италија спасиле 32 мигранти

Два трговски брода близу Италија извлекоа тела на двајца мигранти и спасија 32 преживеани од брод кој се обидел да премине од Либија кон Европа за време на Велигденскиот викенд, соопштија спасувачките организации, повикувајќи се на сведоштвата на преживеаните.Спасените лица биле пренесени на патролен брод на италијанската крајбрежна стража, а потоа на италијанскиот остров Лампедуза, додадоа организациите Mediterranea Saving Humans и Sea-Watch. Италијанското Министерство за внатрешни работи не даде коментар на овие извештаи, а крајбрежната стража не одговори веднаш на барањето за изјава.Преживеаните изјавиле дека на бродот имало вкупно 105 патници, од кои 71 исчезнале во морето. Според видео објавено од Sea-Watch, може да се видат десетина луѓе кои се држат за превртен портокалов чамец додека пристигнува трговскиот брод.Лошите временски услови годинава ја направиле водата на Средоземното Море особено бурна, ограничувајќи ги обидите за премин од Северна Африка и создавајќи големи ризици за оние што се упатуваат на море.Меѓународната организација за миграции (ИОМ) проценува дека годинава најмалку 683 лица го загубиле животот во Средоземното Море, што ја прави оваа година најсмртоносна од 2014 година.

Свет | пред 2 седмици

media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Италија со итни мерки поради недостиг од авионско гориво: ограничувања на четири аеродроми до 9 април

Италија воведе итни ограничувања за снабдување со авионско гориво на четири аеродроми – Линате во Милано, „Марко Поло“ во Венеција, Тревизо и „Гулиелмо Маркони“ во Болоња – поради појава на недостиг, со мерки кои, според известувањето до пилотите и операторите, ќе важат до 9 април.На аеродромите во Тревизо, Болоња и Венеција, во службеното известување се наведува дека при распределбата на горивото приоритет ќе имаат летови за итна медицинска помош, државни летови и летови со времетраење подолго од три часа. За останатите превозници што реализираат летови пократки од три часа е воведена горна граница од 2.000 литри гориво по авион – количина која, според проценките за типичните патнички авиони, е доволна за помалку од еден час лет.За миланскиот аеродром Линате не е наведено строго ограничување со истата формула, но пилотите се предупредени дека достапноста на млазното гориво Jet A-1 е намалена до 9 април. Во случајот на Венеција, дел од упатствата предвидуваат леталата да пристигнуваат со „доволна количина гориво“ од претходниот аеродром, со цел да се намали притисокот врз локалните резерви.Ситуацијата доаѓа во време на зголемена нестабилност на европскиот пазар за млазно гориво. Во проценки на меѓународни индустриски здруженија се посочува дека значаен дел од европското снабдување со авионско гориво потекнува од регионот на Персискиот Залив, што во актуелни геополитички услови може да биде нарушено. Како последица, дел од превозниците веќе реагираат со корекции – од откажување поединечни летови до воведување доплати и поскапувања на билетите.Во следните денови, авиокомпаниите ќе се обидат да ги амортизираат ефектите преку дополнително планирање на полнењето гориво на други точки во мрежата, но ограничувањата на кратките летови го зголемуваат ризикот од доцнења, пренасочувања и оперативни промени, особено на регионалните линии и на рутите со висока фреквенција.

Свет | пред 2 седмици

italija

Голем скандал ја тресе владата на Мелони: 34-годишна манекенка призна дека е во врска со 62-годишниот министер за внатрешни работи

Владата на италијанската премиерка Џорџија Мелони е потресена од нов скандал, само една недела откако доживеа тежок пораз на референдум. Поранешна манекенка откри дека е во врска со министерот за внатрешни работи, што е втор таков случај во кабинетот.Клаудија Конте (34), поранешна манекенка која стана новинарка, во радио интервју потврди гласини дека е во романтична врска со министерот за внатрешни работи, Матео Пјантедози. Министерот има 62 години и е оженет со две возрасни деца. Кога водителот ја праша за гласините за романса со министерот, Конте, која има повеќе од 300.000 следбеници на Инстаграм, одговори: „Тоа е нешто што не можам да го негирам“.Приказната е дополнително комплицирана од фактот дека на Конте и е доделена позиција во парламентарната истражна комисија за полицијата и безбедноста во урбаните предградија. Ниту министерот Пјантедози ниту премиерот Мелони не коментираа јавно за овие тврдења.Конте имала разни јавни и советнички позиции, вклучувајќи ја и онаа на уметнички директор на Италијанскиот филмски фестивал, а често објавувал фотографии на социјалните мрежи со министри, политичари, па дури и со папата Лав.Портпаролот на министерот за внатрешни работи изјави дека нема да има коментар за наводите за аферата и дека министерот нормално ги извршувал своите должности. Тој додаде дека министерот никогаш не дал „услуги, работни места или назначувања“ на никого.Високи функционери од владејачката партија Браќа на Италија застанаа во одбрана на министерот, нагласувајќи дека прашањето е приватна работа. Џовани Донцели, близок соработник на премиерот, рече: „Ми се чини дека Пјантедоси нема што да крие и во секој случај ја врши својата работа како министер многу добро. Секој има право на приватен живот и да прави што сака. Во моментов имаме посериозни проблеми за решавање.“Опозицијата, сепак, бара одговори. Ели Шлајн, лидерка на Демократската партија, изјави дека коалицијата на премиерот Мелони е погодена од „којзнае каков скандал“ и побара од министерот да разјасни какви било функции што Конте можеби ги добила под негово покровителство. „Наодите се многу нејасни. Министерот мора да објасни“, рече Луана Занела од Зелено-левичарската алијанса.Ова не е прв пат владата на Џорџија Мелони да се соочи со ваква афера. Во септември 2024 година, министерот за култура Џенаро Санџулијано (63) беше принуден да поднесе оставка откако беше откриено дека бил во тајна врска со младата влијателна личност Марија Росарија Боча. Санџулијано со солзи во очите се извини на телевизија во ударниот термин.Премиерката, исто така, доживеа тежок политички пораз минатата недела на референдумот за судските реформи, нарушувајќи го нејзиниот имиџ на непобедливост пред општите избори што се очекуваат следната година.Тројца високи функционери, исто така, ја напуштија владата, вклучувајќи ја и заменик-министерот за правда Андреа Делмастро, за која беше откриено дека поседува акции во ресторан наводно поврзан со мафијата. Министерката за туризам Даниела Сантанче е исто така под истрага по обвинение за измама и лажно сметководство.По серија скандали, Џорџија Мелони се обидува да ја преземе контролата и ќе се обрати во парламентот кон средината на април за да ги објави политиките на нејзината влада за наредните месеци. Таа, исто така, има намера да продолжи со реформата на изборниот систем на Италија, што би гарантирало мнозинство во парламентот за коалиција што ќе освои повеќе од 40 проценти од гласовите.Владата вели дека реформата ќе обезбеди поголема стабилност и ќе спречи формирање на кревки коалиции што ја карактеризираа италијанската политика во минатото. Критичарите, од друга страна, предупредуваат дека реформата неправедно ќе ја фаворизира коалицијата на премиерот Мелони и ќе ѝ овозможи да остане на власт по следните избори.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryq8numf0j9ic77PXI4Gm

Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија

Џенаро Гатузо повеќе нема да ја води италијанската фудбалска репрезентација „азурите“ по елиминацијата од Босна и Херцеговина во плејофот за пласман на Светското првенство. Со тоа Италија го пропушти најголемото фудбалско натпреварување по трет пат по ред.По катастрофалниот исход, целиот сојуз се распадна: Џанлуиџи Буфон, директор на репрезентацијата, поднесе оставка, а наскоро тоа го стори и претседателот на Италијанската фудбалска федерација. Гатузо е третиот по ред што ја напушта позицијата, а официјално соопштение се очекува наскоро, објави „Скај спортс“.Поранешниот играч на Милан дојде на клупата на Италија во деликатен момент и не успеа да го поправи трендот на лоши резултати. Како најверојатен наследник се споменува Масимилијано Алегри.

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Одложена средбата меѓу Вучиќ и Тајани

Средбата на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, која требаше да се одржи денес, е одложена.Како што соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката, новиот термин за средбата ќе биде дополнително објавен.Да потсетиме, Вучиќ и Тајани требаше да се сретнат денес во Палатата Србија, по што беше предвидено да присуствуваат на потпишување на Договорот за учество на Република Италија на специјализираната изложба EXPO 2027 Belgrade.

Свет | пред 3 седмици

media-library037lb5936u7j4x1XCv4

Проектил погоди италијанска воена база во Ирак

Италијанска воена база во ирачкиот град Ербил беше погодена од ракета во текот на ноќта, објави италијанското Министерство за одбрана.„Ракета ја погоди нашата база во Ербил. Нема жртви или повредени меѓу италијанскиот воен персонал. Сите се безбедни“, објави министерството на социјалната мрежа X кратко по полноќ.„Италијанските војници се засолнија во бункер веднаш по нападот, а сите членови на контингентот се безбедни и здрави“, напиша италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во посебно соопштение.„Остро го осудуваме нападот врз италијанската база во Ербил“, рече Тајани.Нападот се случи во ирачкиот автономен регион Курдистан, каде што има неколку меѓународни воени бази каде што се распоредени силите на западните земји. Инцидентот се случува во време на зголемени тензии во регионот поради војната меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Италија, почувствуван низ Европа

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди ноќеска Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 375 километри и на околу 43 километри од Неапол.Според сведоштва на очевидци објавени на страницата на EMSC, потресот бил почувствуван во повеќе европски држави.Очевидци наведуваат дека земјотресот се почувствувал во Задар, на Малта, во швајцарскиот град Лугано, па дури и во Словачка.Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, пренесува „Кориере дела Сера“.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 1 месец

media-libraryakvvrnsoacj972jeYn5

Европските земји испраќаат воени бродови на Кипар

Италија, Шпанија, Франција и Холандија испраќаат поморски сили на Кипар за да го заштитат островот во наредните денови, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето во парламентот.Шпанското Министерство за одбрана соопшти дека Мадрид ќе испрати фрегата.Грција и Франција исто така најавија испраќање воени средства на островот, откако во понеделникот британската воздушна база на Кипар беше нападната од дрон од иранско производство.

Свет | пред 1 месец

dzordza-meloni

Мелони: Италија планира да испрати системи за противвоздушна одбрана во Персискиот залив

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека Италија планира да испрати помош во форма на системи за противвоздушна одбрана во земјите на Персискиот залив, следејќи го примерот на Обединетото Кралство, Франција и Германија.Не е тоа само затоа што станува збор за пријателски земји, туку пред сè затоа што десетици илјади Италијанци живеат во тој регион, а таму се распоредени и околу 2.000 италијански војници – луѓе кои сакаме, и мораме, да ги заштитиме“, изјави Мелони за италијанска радиостаница утрово.

Свет | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-33-9580PM

Колапс на аеродромите во Италија, откажани 55 отсто од летовите

Штрајк во авио-индустријата во Италија, кој трае 24 часа, доведе до откажување на 55 отсто од летовите.Работниците во авиокомпаниите, на аеродромите и во сродните сектори, вклучувајќи го копнено и воздушното особено на ITA Airways и easyJet, протестираат поради работните услови, пренесе агенцијата Ansa.Компанијата ITA Airways веќе откажа 55 отсто од своите летови, што според синдикатите изнесува околу 160 летови. Штрајкот го зафати и Vueling, кој траеше четири часа од 13 до 17 часот.Првите зaгарантирани термини за патниците беа од 7 до 10 часот, а следните од 18 до 21 часот.

Свет | пред 1 месец

655-402-bebe

Десетмесечно бебе почина во Италија откако таткото ненамерно го притиснал додека спиеле заедно

Десетмесечно девојче почина од последици на задушување откако, според првичните информации, таткото случајно го притиснал додека спиеле заедно во кревет.Трагичната несреќа се случила во Италија, а бебето во критична состојба со хеликоптер било пренесено од Риети во Рим, каде подоцна им подлегнало на повредите. Според реконструкцијата на настанот што ја дал таткото, тој и ќерката заспале заедно во саботата навечер. За време на спиењето, мажот несвесно се свртел и со телото го притиснал детето, при што му бил прекинат доводот на воздух.Кога се разбудил, таткото ја затекнал ќерката помодрена и без знаци на дишење, по што веднаш повикал итна медицинска помош.Лекарите долго време се обидувале да ја реанимираат, по што во тешка состојба најпрво била пренесена во болницата „Де Лелис“ во Риети, а потоа со хеликоптер во римската поликлиника „Џемели“.И покрај напорите на медицинските тимови, за девојчето немало спас. Продолжениот срцев застој предизвикал неповратно оштетување на мозокот, по што починало во болница.

Свет | пред 1 месец

media-library7n8r5jp0b675fdOCn2Y

Во Италија пронајдени белешки на Мусолини од средбата со Хитлер

Во Италија се откриени белешки на Бенито Мусолини од средба со Адолф Хитлер, одржана на 22 април 1944 година во замокот Клајсхајм кај Салцбург, објавуваат денеска германските медиуми.Документот, чија автентичност ја потврдиле експертите, бил одземен од специјална единица на карабинерите пред да се понуди на аукција во Торино. По одземањето, белешките се пренесени во Државниот архив во Рим, а стручњаците ги оценуваат како „документ со исклучително историско значење“.Станува збор за рачно напишан лист со теми „војска“, „политика“ и „економија и труд“, документот ја прикажува подготовката и стратегиите што Мусолини ги планирал да ги презентира пред Хитлер.Подсетуваме, Бенито Мусолини бил премиер на Италија до капитулацијата во 1943 година, по што Хитлер го поставил на чело на марионетската фашистичка држава. Италијанските партизани го уапсиле во април 1945 година при обид за бегство во Швајцарија и го погубиле.

Свет | пред 1 месец

media-library587i67rp3oue8RCSaOg

Островот Капри воведува нови правила за организирани туристички групи

Островот Капри, едно од најпознатите туристички одредишта во Италија, се соочува со проблем со прекумерен туризам.За време на врвот на сезоната, на Капри дневно пристигнуваат и до 50.000 туристи. Ова повеќекратно го надминува бројот на постојани жители, кој изнесува околу 13.000 до 15.000.Локалната власт воведува нови правила за организирани туристички групи, кои ќе стапат на сила ова лето, со цел да се зачува мирната и ексклузивна атмосфера на островот.Иако Капри со децении е синоним за елеганција и мирен одмор, масовните дневни групи туристи го нарушуваат искуството и за посетителите и за локалното население.Островот уште во педесеттите години на минатиот век вовел правила за однесување на посетителите, вклучувајќи забрана за носење дрвени чевли и пуштање гласна музика.Денес најголем предизвик претставуваат организираните групи, кои често не се доволно тивки и добро организирани, преплавувајќи ги тесните улици и видиковците.Според новите прописи, групите ќе имаат ограничување на бројот на членови до 40 лица кои можат истовремено да слезат на островот. Групите со повеќе од 20 лица нема да смеат да користат разглас, а водичите мора да обезбедат слушалки за членовите на групата.Водичите смеат да користат само дискретен знак или табла за идентификација, додека чадори, знамиња и други впечатливи предмети се забранети. Групите мора да се движат во согласност и да не ја загрозуваат безбедноста и удобноста на другите посетители. Водичите се одговорни да не зафаќаат премногу простор.Жителите и туристичките оператори ја поздравија оваа мерка како чин на одговорност кој придонесува за поугоден живот на островот. Новите правила за организирани групи се сметаат за неопходни алатки за растеретување на критичните зони и за враќање на просторот на пешачките патеки.Овие мерки помагаат на сите посетители, а не само на ВИП гостите. Ограничувањето на бројот на членови на групите им овозможува на сите да уживаат во островот без гужви и непријатности.Градоначалникот додаде дека се работи и на контролирање на пристигнувањето на бродовите во пристаништето Марина Гранде, каде посетителите пристигнуваат пред да се упатат со жичара или автобус кон центарот на островот или кон помирниот Анакапри на западната страна.Капри станува пример како ексклузивната туристичка дестинација може да управува со масовниот туризам преку праведни мерки, штитејќи ја локалната заедница и квалитетот на искуството за туристите.

Магазин | пред 2 месеци

media-library45tvr4hm70t2cLuyG8a

(Видео) Драматични снимки од Италија: Огромна снежна лавина се спушти низ шумата кон скијачите

Моќна лавина се сруши по стрмна падина во близина на италијанскиот скијачки центар Курмајор во вторник, а драматични снимки од инцидентот се проширија на социјалните мрежи. Видеото е снимено од скијачи кои биле во близина во тој момент. Засега нема официјални информации за повредени.Снимките покажуваат голема маса снег и мраз како се спушта низ високи борови дрвја кон скијачите. Во еден момент, се појавува паника, а некои од присутните се обидуваат да избегаат додека густ облак од снег ги покрива.Несреќата се случува само неколку дена по трагичниот настан во истата област. Во неделата, лавина однесе тројца мажи на Кулоар Весес, позната рута за фрирајд во скијачкиот центар Курмајор, објави Италијанската планинска служба за спасување, според Дејли Меил.Еден маж почина на местото на несреќата, додека друг им подлегна на повредите додека беше транспортиран во болница. Третиот беше тешко повреден и лекуван во болницата Ле Молинет во Торино. Во спасувачката операција учествуваа 15 спасувачи, три кучиња трагачи и два хеликоптери. Идентитетите на жртвите сè уште не се објавени.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygqu3hc55nav58cEHQGv

Конзулката Фросина Ременски се пофали со средба во Италија и интеграција на Македонците кај нив

Македонската заедница во Пиеве ди Солиго е препознаена како пример за успешна интеграција и активен придонес во економскиот и општествениот живот на локалната средина. Ова било истакнато на средба меѓу конзулката на Македонија во Венеција, Фросина Ременски, и градоначалникот на Пиеве ди Солиго, Стефано Солдан, заедно со претставници на општинската администрација и локалните институции.На состанокот, одржан во мозаичната сала на градското собрание, присуствувале и советници, претставници на Карабинерите, локалната полиција, цивилната заштита, универзитетот за трето доба и повеќе здруженија. Целта на средбата била да се искаже благодарност и поддршка за македонските државјани кои живеат и работат во оваа општина и околните места.Градоначалникот Стефано Солдан ја оценил македонската заедница како „цврста и жива“, нагласувајќи дека македонските граѓани се важна и незаменлива референтна точка во економскиот живот на општината. Според него, тие се препознаени по својата посветеност, труд, солидарност и културна активност.Во разговорите било истакнато значењето на верските заедници и здруженијата во зачувувањето на националниот идентитет, како и важноста од интеграција без губење на корените. Била нагласена и улогата на втората генерација Македонци, кои преку културни и фолклорни активности активно го промовираат македонското наследство во Италија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryiv0f8pu2p1j30R1vjQq

Во Италија: Албанец отишол да изврши грабеж, загинал на ограда поставена поради диви свињи

Четириесет и шестгодишен маж од албанско потекло починал синоќа околу 22 часот за време на обид за провала во вила во околината на Арецо, во централна Италија.Според информациите објавени од италијанските медиуми, инцидентот се случил додека тој, заедно со уште две лица кои сѐ уште се во бегство, се обидувал да избега од имотот. Неговото тело било пронајдено во лозје во близина на куќата. Увид на местото извршиле надлежните обвинители и припадници на карабинерите, повикани од сопственикот на имотот.До инцидентот дошло откако се активирал алармот на објектот. Шурата на сопственикот на една од куќите, пензиониран адвокат, испукал предупредувачки истрел во воздух со цел да ги оттурне провалниците.Во обидот за бегство, починатиот се заплеткал во зашилена и електрифицирана заштитна ограда, поставена претходно за одбрана од диви животни. Во тој регион често има проблеми со диви свињи и волци. Иако успеал да направи уште неколку чекори, набргу паднал, додека неговите соучесници го напуштиле местото и побегнале.Наредена е обдукција која треба да утврди дали смртта настапила поради пукање на бедрената артерија или како последица на други повреди здобиени при падот. Карабинерите и утрово, и покрај обилните врнежи од дожд, се вратиле на местото на настанот за дополнителни истражни дејствија.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања