Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Италија го повика рускиот амбасадор поради тешки навреди кон Мелони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
dzordza-meloni

Италија денеска го повика рускиот амбасадор во земјата на разговор поради навредите упатени на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони во програма на руската телевизија, изјави министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

Тајани, како што пренесува Ројтерс, навел дека амбасадорот бил повикан во Министерството за надворешни работи поради „исклучително сериозни и навредливи изјави“ кои ги изнел телевизискиот водител Владимир Соловјов.

— реклама —

Како што наведува Ројтерс, Соловјов во краток телевизиски прилог на италијански јазик ја навредувал Мелони нарекувајќи ја, меѓу другото, „идиот“, додека на руски јазик рекол дека е „фашистичко ѓубре“ кое ги изневерило своите гласачи.

Тој исто така ја обвини италијанската премиерка дека го изневерила американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Како што додава Ројтерс, односите меѓу Мелони и Трамп во последно време се влошиле, откако таа се дистанцирала од војната со Иран и јавно го критикувала американскиот претседател поради нападот на папата Лав XIV.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Руски водител одби да ѝ се извини на Џорџа: „Фашистка“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања