Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Израел: Одлуката на Италија нема да влијае врз нашата безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел соопшти дека одлуката на Италија да го суспендира обновувањето на одбранбениот договор нема да има влијание врз безбедноста на земјата.

Од Министерството за надворешни работи на Израел наведуваат дека не станува збор за класичен безбедносен договор, туку за меморандум за разбирање од пред многу години, кој, како што тврдат, никогаш немал суштинска оперативна содржина.

— реклама —

„Немаме безбедносен договор со Италија“, изјави портпарол на министерството, додавајќи дека оваа одлука нема да влијае на безбедноста на Израел.

Претходно, италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти дека Рим ја суспендира автоматската обнова на одбранбениот договор со Израел, што се толкува како значаен политички пресврт во односите меѓу двете земји.

— реклама —

Одлуката доаѓа во услови на засилени тензии на Блискиот Исток, особено поради конфликтите во Либан.

Реакција пристигна и од израелската опозиција. Лидерот Јаир Лапид ја оцени одлуката како „срамен неуспех“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи Гидеон Саар, обвинувајќи ја владата дека не успеала да ги заштити интересите на Израел дури ни кај традиционалните сојузници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

liban

Израел ликвидира две лица во Либан и покрај прекинот на огнот

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Израел воведува смртна казна за Палестинци кои сториле смртоносни напади, Европа најавува можни санкции

Свет | пред 19 часа

media-librarygutech5lf6iicgoIt6C

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Шефот на Хезболах ќе плати со живот“

Свет | пред 1 ден

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Признаа: Израел го вовлече САД во војна со Иран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања