Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

НЕТАНЈАХУ

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова реагираше на изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека неговите споредби на Иран со нацистичките злосторства се „неосновани и историски искривени“.Нетанјаху претходно изјави дека Иран наводно планира „нуклеарен холокауст“ против Израел, предупредувајќи дека, без израелска акција, иранските нуклеарни објекти како Натанц, Фордо и Бушехр би можеле да станат синоним за логори на смрт како Аушвиц, Мајданек и Собибор.Захарова ги доведе во прашање овие тврдења, потсетувајќи дека Иран уште во 1943 година, за време на владеењето на Мохамад Реза Пахлави, објавил војна на нацистичка Германија. Според неа, историските факти јасно покажуваат кој е одговорен за Холокаустот – нацистичка Германија, фашистичка Италија и нивните сојузници, вклучувајќи колаборационистички режими низ Европа.Таа дополнително го критикуваше Израел поради, како што тврди, изостанок на осуда на украинските власти од 2014 година, наведувајќи дека одредени личности поврзани со историски злосторства врз Евреите биле прогласени за национални херои. Меѓу нив ги спомена Симон Петљура и Јарослав Стецко.Захарова исто така изнесе тврдење дека Банката на Англија била меѓу финансиерите на нацистичката партија, додавајќи дека истите структури денес ги поддржуваат властите во Киев, кои ги обвини за водење политика заснована на етнички и јазични поделби.Говорејќи за израелските изјави, таа нагласи дека користењето поими како Аушвиц, Мајданек и Собибор во современ политички контекст претставува навреда за жртвите од Втората светска војна и Холокаустот, како и за војниците кои ги ослободиле нацистичките логори.Посебно истакна дека нуклеарната електрана Бушехр е цивилен објект, што, како што наведе, повеќепати го потврдила Меѓународната агенција за атомска енергија.Захарова потсети и на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој порача дека решението за иранското нуклеарно прашање треба да се бара преку дипломатија и обновување на договорот од 2015 година (JCPOA).„Би било значајно достигнување ако актуелните преговори меѓу Иран и САД доведат до резултат сличен на оној од 2015 година“, заклучи Лавров.

Свет | пред 6 часа

media-library1inqppkbqmcq4usy8Jp

Мaѓар со порака до Нетанјаху: „Ако влезе во земјата – ќе биде уапсен“

Унгарскиот премиер Петер Мaѓар изјави дека неговата земја повторно ќе се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (ICC) и дека ќе биде подготвена да ги спроведува налозите за апсење, вклучително и оној што се однесува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година најави повлекување на Унгарија од Меѓународниот кривичен суд, откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. Повлекувањето требаше да стапи на сила на 2 јуни оваа година.Веднаш по победата на парламентарните избори на 12 април, Петер Мaѓар најави дека има намера да ја врати Унгарија во Меѓународниот кривичен суд.Истовремено, израелските медиуми известија за негов телефонски разговор со израелскиот премиер, во кој Мaѓар го поканил Нетанјаху во Будимпешта на 23 октомври, по повод 70-годишнината од унгарското востание против Советите во 1956 година.Кога новинар во понеделникот го праша дали гледа контрадикција во тоа, Мaѓар објасни дека упатил покани до сите лидери со кои разговарал телефонски.„Ако некоја земја е членка на Меѓународниот кривичен суд и лице за кое постои налог за апсење влезе на нејзина територија, тогаш таа личност треба да биде уапсена“, додаде Маѓар на прес-конференција по првиот состанок на неговата пратеничка група во парламентот.Истовремено, тој рече дека „не мора сè да се кажува преку телефон“, бидејќи претпоставува дека секој шеф на држава и влада ги познава тие закони.Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг издаде налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху во 2024 година поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

Свет | пред 2 дена

netanjahu

Нетанјаху: „Работата уште не е завршена“

зраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сè уште не ја завршил својата воена мисија против Хезболах, и дека целта за целосно распуштање на либанското шиитско движење нема да биде постигната во скоро време.Во видео-порака, Нетанјаху оцени дека израелските операции во Либан донеле „значајни резултати“, наведувајќи дека се елиминирани две главни закани – инфилтрација на борци и голем арсенал ракети насочени кон израелските градови.Тој тврди дека околу 90 проценти од ракетниот арсенал на Хезболах е уништен, додавајќи дека групата денес е „само сенка“ од својата поранешна сила.Нетанјаху нагласи дека, и покрај постигнатото, „работата не е завршена“ и дека Израел ќе продолжи со целта за разоружување и распуштање на Хезболах преку „трпение и дипломатија“.Истовремено, тој откри дека за првпат по 43 години се водат директни разговори меѓу Израел и Либан, оценувајќи дека тоа може да отвори пат кон можен мировен договор, иако предупреди дека процесот е сè уште на почеток.Паралелно со неговите изјави, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на Израел му е забрането понатамошно бомбардирање на Либан, откако стапи на сила десетдневно примирје меѓу двете страни.

Свет | пред 5 дена

media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

Маѓар го покани Нетанјаху во официјална посета на Унгаријa

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека новиот унгарски премиер Петер Маѓар во „срдечен воведен разговор“ изразил намера за продолжување на блиските односи меѓу Унгарија и Израел.Според соопштението, разговорот се однесувал на идната соработка меѓу двете земји, при што се наведува дека Маѓар ја истакнал подготвеноста за зајакнување на билатералните врски.Во истото соопштение се наведува и дека Нетанјаху бил поканет во Унгарија на одбележување на 70-годишнината од револуцијата во 1956 година.Сепак, евентуалната посета се соочува со правна пречка, бидејќи против Нетанјаху постои налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд (ICC) по обвинувања за воени злосторства, а како членка на судот, Унгарија би имала обврска да постапи по налогот доколку тој влезе на нејзина територија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Одлуката на Италија нема да влијае врз нашата безбедност

Израел соопшти дека одлуката на Италија да го суспендира обновувањето на одбранбениот договор нема да има влијание врз безбедноста на земјата.Од Министерството за надворешни работи на Израел наведуваат дека не станува збор за класичен безбедносен договор, туку за меморандум за разбирање од пред многу години, кој, како што тврдат, никогаш немал суштинска оперативна содржина.„Немаме безбедносен договор со Италија“, изјави портпарол на министерството, додавајќи дека оваа одлука нема да влијае на безбедноста на Израел.Претходно, италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти дека Рим ја суспендира автоматската обнова на одбранбениот договор со Израел, што се толкува како значаен политички пресврт во односите меѓу двете земји.Одлуката доаѓа во услови на засилени тензии на Блискиот Исток, особено поради конфликтите во Либан.Реакција пристигна и од израелската опозиција. Лидерот Јаир Лапид ја оцени одлуката како „срамен неуспех“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи Гидеон Саар, обвинувајќи ја владата дека не успеала да ги заштити интересите на Израел дури ни кај традиционалните сојузници.

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Италија го стопира обновувањето на одбранбениот договор со Израел

Италија ја суспендираше автоматската обнова на одбранбениот договор со Израел поради тековниот конфликт на Блискиот Исток, соопшти премиерката Џорџа Мелони.„Со оглед на актуелната ситуација, владата одлучи да ја запре автоматската обнова на договорот“, изјави Мелони за време на посетата на Верона. Договорот, кој е во сила од 2006 година, овозможуваше соработка во областа на одбраната преку набавки, обука и размена на воена опрема, а се обновуваше на секои пет години доколку ниту една страна не се повлече.Одлуката доаѓа во време на засилени критики од европските земји кон израелските воени операции, особено во Либан. Минатата недела, лидерите на Обединетото Кралство, Франција, Германија и Италија повикаа прекинот на огнот да се прошири и на Либан.Дополнителни тензии предизвика инцидентот во кој израелски сили испукале предупредувачки истрели кон италијански војници во рамки на мисија на Обединетите нации во Либан, при што било оштетено нивно возило.Одлуката на Рим беше остро критикувана од лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид, кој ја оцени како „срамен неуспех“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и на министерот за надворешни работи Гидеон Саар.Лапид порача дека владата не успеала да ги заштити интересите на Израел дури ни кај традиционалните сојузници, нагласувајќи дека Мелони припаѓа на конзервативниот политички блок кој, според него, има разбирање за безбедносните предизвици на Израел.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Нетанјаху ја нападна Европа: „Заборавивте што беше Холокаустот“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ја нападна Европа, обвинувајќи ја дека покажува „длабока морална слабост“ и дека заборава на лекциите од Холокаустот, во говор по повод Денот на сеќавање, одржан во меморијалниот центар Јад Вашем.„Израел ја брани цивилизацијата од варварство – и себе, и светот“, изјави Нетанјаху, додавајќи дека Европа „ја губи контролата врз својот идентитет и вредности“.Тој нагласи дека Израел, заедно со САД, стои „на чело на слободниот свет“, потенцирајќи дека заедничките операции против Иран значително го ослабиле, како што рече, „злото режимско влијание“.Во силна историска паралела, Нетанјаху предупреди дека без тие воени акции, имиња како Натанц, Фордо и Исфахан можеле да се паметат со ист ужас како нацистичките логори на смртта.Паралелно со неговите остри критики, претседателот на Израел, Исак Херцог, испрати поинаква порака, повикувајќи на национално единство.„Не се издигнавме од пепелта на Холокаустот за да нè уништи раздор“, рече Херцог, предупредувајќи на растечките закани од Иран и неговите сојузници, како и на глобалниот пораст на антисемитизмот.Денот на сеќавање на Холокаустот – Јом Хашоа – се одбележува низ цел Израел со сирени, комеморации и собири, при што животот во земјата застанува во знак на почит кон жртвите.И покрај засилените безбедносни ризици поради конфликтите во регионот, комеморациите продолжуваат, со јасна порака од израелските власти: сеќавањето не смее да избледи, без оглед на актуелните кризи.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори против Иран и неговите сојузници

Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел ќе продолжи со борбата против Иран и неговите сојузници, во објава на социјалната мрежа X.Тој нагласи дека под негово водство Израел ќе продолжи да се спротивставува на, како што го нарече, „иранскиот терористички режим“ и неговите посредници.Во истата објава, Нетанјаху упати остри критики кон претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи го за „попуштање“ кон Иран и за одговорност за насилство врз курдското население.Неговите пораки доаѓаат во време на примирје и дипломатски преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кои се одвиваат паралелно со зголемени тензии во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху побара одложување на сведочењето поради безбедносната состојба

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, побара одложување на неговото сведочење во долгогодишниот судски процес за корупција, повикувајќи се на актуелната безбедносна состојба во регионот.Според поднесокот доставен до судот, одбраната навела дека поради „сензитивни безбедносни и дипломатски причини“ поврзани со последните настани на Блискиот Исток, премиерот нема да може да сведочи најмалку две недели.Судењето, кое започна во 2020 година, се однесува на обвинувања за поткуп, измама и злоупотреба на доверба, а Нетанјаху ги негира сите обвиненија. Процесот повеќепати беше одложуван поради службени обврски и безбедносни околности.Случајот против него е еден од најзначајните политички и судски процеси во историјата на Израел, а доаѓа во период на засилени регионални тензии и политичка неизвесност.Според анкетите, на изборите закажани за октомври, неговата коалиција би можела да ја изгуби власта.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите врз Хезболах

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во видеообраќање до жителите на северот на Израел најави продолжување на нападите врз Хезболах и информираше дека Израел наскоро ќе започне директни преговори со Либан.Нетанјаху изјави дека во Либан нема примирје и дека нападите продолжуваат сè додека не се обезбеди безбедноста на израелските граѓани. Тој истакна дека историските успеси на Израел во регионот, вклучително и против „осовината на злото“ и Иран, довеле до промени во регионалната позиција на државата и подобрување на односите со држави со кои претходно немал официјални контакти.Директните преговори со Либан ќе имаат две главни цели: разоружување на Хезболах и постигнување „историски и одржлив мировен договор“ меѓу двете земји.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Критики во Израел: Бенјамин Нетанјаху под удар поради „целосен неуспех“ во војната

Сè погласни критики се слушаат во Израел по постигнатото кревко примирје со Иран, при што најголем дел од политичката и јавната одговорност се насочува кон премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со обвинувања за сериозен стратегиски неуспех.Опозициските лидери остро реагираат. Јаир Лапид оцени дека Израел бил „исклучен од одлучувањето за сопствената безбедност“, додавајќи дека владата не исполнила ниту една од целите поставени пред почетокот на конфликтот. Според него, ќе бидат потребни години за да се санира политичката и безбедносната штета.Слична оценка даде и Јаир Голан, кој примирјето го нарече „еден од најтешките стратегиски неуспеси во историјата на Израел“, предупредувајќи дека последиците може да ја загрозат националната безбедност во наредните години.Во суштина, клучните цели – слабеење на иранскиот режим, заплена на нуклеарни капацитети и долгорочно намалување на заканата – не се реализирани. Напротив, според анализите, Корпус на чувари на исламската револуција останал функционален, а Иран успеал да го постигне својот главен приоритет – да преживее интензивен воен притисок.Дополнително, односите со САД отвораат нови дилеми. Иако Доналд Трамп првично испраќаше остри пораки, на крајот прифати двонеделно примирје, при што, според извештаите, Израел бил маргинализиран во клучните одлуки. Ова, според критичарите, претставува сериозен дипломатски удар за Тел Авив.Паралелно, се отвора и прашањето за пошироките последици. Поддршката за Израел во САД бележи пад, а политичкиот консензус што со децении го одржуваше партнерството е разнишан. Критики доаѓаат од различни политички спектри, што дополнително ја усложнува позицијата на израелското раководство.Во регионален контекст, Израел продолжува со операции во Либан, што носи ризик од нова ескалација со Хезболах. Аналитичарите предупредуваат дека отворањето нови фронтови по неуспехот во Иран може дополнително да ја продлабочи кризата.Внатрешно-политички, ситуацијата е особено чувствителна бидејќи Израел се наоѓа во изборна година. Нетанјаху влегува во овој период без јасен резултат од војната, и со зголемен притисок од јавноста која очекува конкретни безбедносни гаранции.Дополнително, дел од експертите укажуваат дека договорот кој сега се разгледува меѓу САД и Иран повеќе наликува на рамка слична на нуклеарниот договор од времето на Барак Обама – договор што самиот Нетанјаху со години го критикуваше.Во вакви услови, се отвора клучното прашање: по неуспешната воена стратегија и со ограничени дипломатски резултати, каква ќе биде понатамошната политичка и безбедносна насока на Израел.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

(Фото) Нетанјаху објави фотографија од иранското раководство „пред и потоа“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави на социјалните мрежи фотографија на иранското раководство „пред и потоа“, со коментар дека Израел „гази ирански непријатели“.„Продолжуваме со чистење за Песах, газиме ирански непријател“, напиша Нетанјаху во објавата.Оваа изјава се вклопува во претходната реторика на израелскиот премиер, кој повеќе пати тврдел дека Израел и Соединетите Американски Држави „системски ја слабеат“ иранската власт и нејзините сојузници во регионот.Објавата предизвика внимание од меѓународните медиуми, а експертите оценуваат дека Нетанјаху со ваквите изјави испраќа јасна порака до Техеран во момент кога тензиите во регионот се зголемуваат.

Свет | пред 2 седмици

media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd

Нетанјаху: Израел создава нови сојузништва против Иран

Израел создава нови сојузништва со важни земји во регионот како одговор на, како што ја оцени, заедничката закана од Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, најавувајќи нови договори за кои, како што рече, јавноста наскоро ќе дознае повеќе.Нетанјаху не прецизираше за кои држави станува збор, но истакна дека станува збор за „важни сојузништва“ кои се градат во контекст на актуелните безбедносни предизвици во регионот. Во своето обраќање порача дека иранскиот режим, според него, „порано или подоцна ќе падне“.Тој се осврна и на воените операции на Израел, наведувајќи дека се постигнати значајни резултати како во претходниот конфликт, така и во тековната кампања.Според него, во тековните дејствија е постигнат дополнителен ефект со „разбивање на индустриските капацитети на режимот за производство на тие средства за уништување“. Нетанјаху додаде дека Иран, како што рече, напредувал во развојот на нуклеарно оружје и голем број балистички проектили.Во обраќањето се осврна и на улогата на Али Хамнеи, за кого изјави дека бил убиен на почетокот на конфликтот и дека имал намера да ги премести овие програми длабоко под земја, со цел да бидат недостапни за израелски напади.Нетанјаху истакна и дека Хезболах, која во изминатиот период извршувала напади врз северниот дел на Израел, повеќе не претставува „стратешка закана“ за земјата.Во завршницата од обраќањето, тој упати порака и до домашната јавност и опозицијата.„Што ви се случи?“, праша Нетанјаху, повикувајќи да се подигне моралот на, како што рече, „нашата страна, а не на непријателот“.

Свет | пред 3 седмици

media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

Нетанјаху: „Иран повеќе не е ист“ – Израел ја проширува офанзивата во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воените операции на Израел создаваат „видливи пукнатини“ во, како што рече, „терористичкиот режим“ во Иран, оценувајќи дека регионалните противници се во фаза на слабеење.По состанок во северната воена команда во Сафед, Нетанјаху порача дека Хезболах и Хамас, заедно со Иран, „повеќе не се исти“ и дека, според него, се борат за сопствен опстанок.„Наместо тие да нè изненадуваат нас, ние ги изненадуваме нив. Ние сме страната што иницира, напаѓа и делува длабоко на нивна територија“, изјави Нетанјаху.Во исто време, тој најави проширување на израелската офанзива во јужен Либан, каде што израелските сили ги таргетираат позициите на Хезболах. Потврди дека дал наредба за дополнително проширување на постојната безбедносна тампон-зона долж северната граница.„Одлучни сме темелно да ја промениме ситуацијата на северот“, нагласи Нетанјаху, додавајќи дека целта е зајакнување на безбедносната позиција на Израел.Изјавата доаѓа во момент на зголемени тензии на израелско-либанската граница, каде зачестените прекугранични судири го зголемуваат ризикот од поширока регионална ескалација.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел ја проширува безбедносната зона на границата со Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по состанокот во штабот на Северното командување на израелската армија во Сафед, изјави дека израелските акции создаваат „видливи пукнатини во терористичкиот режим во Техеран“.„Иран повеќе не е ист. Хезболах повеќе не е ист. Хамас повеќе не е ист“, рече Нетанјаху и додаде дека овие три непријателски групи „се борат за сопствен опстанок“. „Наместо тие да нѐ изненадуваат нас, ние ги изненадуваме нив. Ние сме страната која дејствува, која напаѓа, која иницира и се наоѓаме длабоко на нивна територија“, изјави премиерот.Во исто време, тој најави проширување на израелската офанзива на југот на Либан, каде израелските сили го таргетираат Хезболах. Потврди дека на војската ѝ наредил дополнително проширување на постоечката безбедносна заштитна зона и нагласи дека сака темелно да ја промени безбедносната ситуација на северната граница.„Токму наредив понатамошно проширување на постоечката безбедносна заштитна зона. Одлучни сме темелно да ја смениме ситуацијата на северот“, рече Нетанјаху во видеообраќањето од Северното командување.Тој додаде дека целта на одлуката е зајакнување на безбедносната позиција на Израел на северната граница, во време на зголемени тензии и прекугранични судири кои ја зголемуваат загриженоста за можна поширока регионална ескалација.

Свет | пред 3 седмици

media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

Нетанјаху нареди интензивирање на воздушните напади врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја интензивира воздушната кампања против Иран во следните 48 часа со цел да уништи што е можно поголем дел од иранската воена индустрија, а сето тоа од страв дека Вашингтон би можел да иницира процес на прекин на огнот.Директивата дојде откако владата на Нетанјаху доби копија од американскиот нацрт-план од 15 точки за завршување на војната, заклучувајќи дека со планот не се решаваат соодветно прашањата за нуклеарната програма и балистичките ракети на Иран. Израелските власти наводно стравуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го објави почетокот на мировните преговори во секое време, пренесува Анадолу.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во меѓувреме повика на претпазливост во врска со наводниот план.Таа рече дека го видела планот кој се цитира во медиумите, но дека Белата куќа никогаш не го потврдила.„Има елемент на вистина во тоа, но некои од приказните што ги прочитав не беа целосно фактички точни“, додаде таа.Нетанјаху ја издаде наредбата во вторник за време на состанокот во воениот штаб откако високи команданти го информираа за преостанатите достапни цели. Брзањето, според петмина израелски претставници за национална безбедност, одразува клучно ограничување со кое се соочува Израел во конфликтот.Одлуката за завршување на војната е целосно во рацете на претседателот Трамп, оставајќи му на Нетанјаху малку простор да влијае на исходот. Сепак, меѓу израелските претставници не постои консензус. Додека некои бараат барем уште една недела за да се нападнат поширок список на цели во Иран, други повикуваат на брз крај на конфликтот.Тројцата функционери рекоа дека најзначајните воени успеси се постигнати во првата недела од војната и изразија загриженост за меѓународното јавно мислење, финансиските трошоци од војната и растечкиот психолошки и физички данок врз израелското население.САД и Израел го напаѓаат Иран од 28 февруари, а во конфликтот загинаа повеќе од 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.Иран возврати со напади низ целиот регион, нарушувајќи ги глобалните испораки на нафта и воздушниот сообраќај.  На почетокот од оваа седмица, Трамп ги откажа нападите врз иранската енергетска инфраструктура, а индиректните контакти меѓу САД и Иран преку посредници наводно продолжуваат.

Свет | пред 3 седмици

media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd

Ројтерс: Нетанјаху го убедил Трамп дека нападот врз Иран ќе го внесе во историјата

Помалку од 48 часа пред почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, убедувајќи го дека тоа е историска можност за елиминација на иранското раководство.Според извори запознаени со разговорот, Нетанјаху тврдел дека ваква шанса – за удар врз врховниот лидер Али Хамнеи и неговиот круг – можеби никогаш повеќе нема да се појави. Во позадина стоеле разузнавачки информации дека иранското раководство ќе се најде на едно место, што го прави ранливо на директен напад.Во моментот на разговорот, Трамп веќе ја одобрил идејата за воена операција, но сè уште не донел конечна одлука за времето и обемот на американското вклучување.Извори наведуваат дека токму овој разговор, заедно со информациите дека „временскиот прозорец“ се затвора, бил клучен фактор што довел до одлуката за покренување на операцијата на 27 февруари.Нетанјаху аргументирал дека Трамп може да влезе во историјата ако помогне во елиминацијата на иранското раководство, додавајќи дека тоа би можело да поттикне и внатрешен бунт и пад на режимот во Техеран.Од Белата куќа не го коментираа директно разговорот, но нагласија дека целта на операцијата била уништување на иранските воени капацитети – особено ракетната програма и способноста за развој на нуклеарно оружје.Нетанјаху, пак, ги отфрли тврдењата дека Израел ја вовлекол Америка во војната, истакнувајќи дека одлуката била исклучиво на Трамп.Иако Трамп во кампањата ветуваше избегнување на нови војни, по неуспешните преговори за нуклеарната програма на Иран, неговата администрација постепено почнала да ја разгледува воената опција.Последиците од нападот се сериозни – илјадници жртви, ескалација на конфликтот во регионот, напади врз американски цели и сојузници, како и затворање на клучни поморски рути и нагло зголемување на цените на нафтата.Дополнително, разузнавачките проценки предупредувале дека убиството на иранскиот лидер не мора да доведе до промена на режимот, туку може да резултира со уште потврда власт.Со војната која влегува во четвртата недела, ситуацијата останува неизвесна, а регионот сè подлабоко навлегува во конфликт со глобални последици.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху гледа шанса за спас на политичката кариера

Политичката кариера и личниот углед на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се на коцка поради новиот конфликт со Иран, кој многу аналитичари го гледаат како обид за политичко преживување и поправка на лошиот углед по нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година.И покрај тоа што иранските ракети од почетокот на конфликтот усмртија најмалку 15 луѓе во Израел и повредија околу 200, јавната поддршка за воената кампања останува висока. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 90% од Израелците го поддржуваат одлучувањето за нови напади, а мнозинството сака да се продолжи со бомбардирањата на Иран додека не падне власта таму.Политичкиот отпор во Израел е ограничен и главно доаѓа од Палестинците или нови политички фигури како Јонатан Шимриз, кој влезе во политиката како реакција на лична трагедија по нападите на Хамас.Аналитичарите предупредуваат дека Нетанјаху може да се обиде да го искористи конфликтот за лична добивка и изборен опстанок, особено поради тековните обвиненија за корупција и судските процеси со кои се соочува. Неговата стратегија, според дел од експертите, е да покаже национално единство и сила преку воените дејствија против Иран, но ризикот е дека ова би можело да ја загрози долгорочната стабилност на Израел и врските со САД.Меѓутоа, според истражувањата, кампањата против Иран не доведе до значително зголемување на довербата во владата, иако конфликтот има потенцијал да го префокусира вниманието од хуманитарната криза во Газа и насилството на Западниот Брег.Експертите предупредуваат дека секој евентуален раст на жртви или нарушување на енергетските пазари би можело да ја намали поддршката на Израел во САД и да ја направи победата краткотрајна ако го загрози долгорочниот интерес на земјата во регионот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqmtd4n65r6ea0FDKeTF

Нетанјаху: Иран намерно таргетира цивили, целта им е да убиваат

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека свесно таргетира цивилни подрачја, по ракетните напади врз јужните израелски градови Арад и Димона.При посетата на Арад, кој беше погоден во саботата, Нетанјаху изјави дека иранските напади се насочени кон цивилното население и имаат за цел предизвикување жртви.„Во последните 48 часа Иран таргетира цивилно подрачје. Тоа го користат како оружје за масовно уништување. Среќа е што нема загинати, но тоа е поради среќа, а не поради нивната намера. Нивната намера е да убиваат цивили“, изјави Нетанјаху.Според официјалните податоци, во нападите биле повредени најмалку 84 лица, од кои десет се во тешка состојба.Израелскиот премиер предупреди и дека Иран располага со капацитет да изведува напади на поголеми растојанија, тврдејќи дека веќе постоеле дејствија насочени кон европски територии.„Постојано предупредувам дека сега имаат способност да погодат длабоко во Европа. Веќе пукаа кон европски земји. Сè им е на нишан“, рече Нетанјаху.Тој дополнително го обвини Техеран дека го нарушува меѓународниот поморски и енергетски сообраќај, обидувајќи се, како што рече, да врши притисок врз глобалната заедница.Ситуацијата на Блискиот Исток останува тензична, со континуирани меѓусебни напади и растечки број повредени.

Свет | пред 1 месец

media-librarynofr7ihpsmf97kIELUo

(Видео) Нетанјаху повика на глобална акција против Иран: „Време е да ни се приклучат и другите лидери“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати повик до светските лидери за поактивно вклучување против Иран, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.„Време е да ни се приклучат и лидерите на другите земји – некои веќе се движат во таа насока“, изјави Нетанјаху, нагласувајќи дека очекува поширока меѓународна поддршка за израелските активности.Неговата изјава доаѓа во момент кога конфликтот со Иран се продлабочува, со размена на ракетни и воздушни напади, како и зголемен притисок врз регионалната безбедност и глобалните енергетски текови.Повикот на Нетанјаху се толкува како обид за мобилизација на сојузниците, но и како сигнал дека Израел бара координиран одговор од меѓународната заедница во справувањето со иранската закана.Засега не е јасно кои земји конкретно се подготвени за поактивно вклучување, но дел од сојузниците веќе изразија поддршка, додека други повикуваат на воздржаност и дипломатско решение.Изјавата дополнително ја засилува неизвесноста околу понатамошниот тек на конфликтот, кој веќе има потенцијал да прерасне во поширока регионална криза.

Свет | пред 1 месец

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: „Претрпевме многу тешка вечер“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата поминала низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона, при што има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета.Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, додека повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти, а на неколку локации избувнале пожари. Паралелно, во Димона се регистрирани десетици повредени.Нетанјаху соопшти дека разговарал со локалните власти и порача дека Израел ќе продолжи со воени дејствија. „Одлучни сме да продолжиме да ги напаѓаме нашите непријатели на сите фронтови“, изјави премиерот.Израелските воздухопловни сили започнаа истрага за неуспешното пресретнување на балистичкиот проектил кој го погодил Арад. Се верува дека станува збор за ракета со конвенционална боева глава со голема количина експлозив.Покрај тоа, и Командата за домашен фронт води посебна истрага за околностите под кои дошло до пробив на противвоздушната одбрана, како во Арад, така и во претходниот напад врз Димона.Спасувачките служби и натаму се на терен и вршат пребарување на погодените подрачја, стравувајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.Овие напади претставуваат една од најсериозните ескалации од почетокот на конфликтот, со директни удари врз населени подрачја и зголемен ризик од понатамошно ширење на насилството во регионот.

Свет | пред 1 месец

netanjahu

(Видео) Нетанјаху: Немав намера да го навредам Исус Христос, изјавата беше историска интерпретација

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека немал намера да го навреди Исус Христос во своето телевизиско обраќање, откако неговите зборови за војната со Иран предизвикаа негативни реакции во јавноста.Во говорот одржан синоќа, Нетанјаху посочил дека „историјата покажува дека, за жал, Исус Христос нема предност над Џингис-кан, бидејќи ако сте доволно силни, немилосрдни и моќни, злото може да го надвладее доброто“. Тој нагласи дека станува збор за интерпретација на историчарот Вил Дјурент, а не за негов личен став.„И самиот голем почитувач на Исус Христос, Дјурент истакнувал дека самата моралност не е доволна за опстанок“, рече Нетанјаху, додавајќи дека и морално супериорна цивилизација може да падне пред немилосрден непријател ако нема сила да се одбрани.Тој подвлече дека неговата изјава не била насочена кон навреда на верските чувства. „Немаше намера никој да биде навреден“, порача израелскиот премиер.На неговите зборови реагираше и шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, кој оцени дека станува збор за „отворен презир кон Христос“. „Ова доаѓа од човек кој во голема мера се потпира на поддршката од христијаните во САД“, додаде тој, обвинувајќи го Нетанјаху за неконтролирано величење на Џингис-кан, кого го нарече „најголем крвник што регионот го видел“.

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Нетанјаху предизвика реакции со споредба меѓу Исус Христос и Џингис Кан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата споредба меѓу Исус Христос и Џингис Кан не била наменета да ги навреди христијаните, откако неговите зборови предизвикаа бројни реакции во јавноста.Во емисија на социјалната мрежа Икс, Нетанјаху го цитирал историчарот Вил Дјурант, истакнувајќи дека моралот сам по себе не е доволен за да се запре злото и дека агресијата може да ја надвладее умереноста.„Историјата покажува дека, за жал, Исус Христос нема предност над Џингис Кан. Ако сте доволно силни и безобѕирни, злото може да го победи доброто“, изјави Нетанјаху, нагласувајќи дека дури и морално супериорна цивилизација може да падне ако нема доволна моќ да се одбрани.По реакциите, тој појасни дека станува збор за мисла на Дјурант и додаде дека лично има почит кон Исус Христос.Меѓу критичарите на изјавата се најде и бизнисменот Марио Навфал, кој оцени дека ваквите изјави дополнително ја усложнуваат ситуацијата во време на зголемени тензии.

Свет | пред 1 месец

media-library3nmrlj9db8i783NRBmR

(Видео) Нетанјаху се потсмева на шпекулации: „Да, Мајк, жив сум“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во нова снимка со американскиот амбасадор Мајк Хакаби се потсмева на теориите на заговор за својата наводна смрт. „Да, Мајк, жив сум“, одговори Нетанјаху, реагирајќи на забавниот коментар на Хакаби дека американскиот претседател Доналд Трамп сакал да провери дали е сè во ред.Во текот на разговорот, Нетанјаху алудираше на лажните обвинувања на социјалните мрежи дека снимките биле генерирани со вештачка интелигенција затоа што премиерот наводно имал „превише прсти“.„Се ракуваме со пет прсти на секоја рака“, рече тој.Потоа премиерот извади карта со која, како што рече, се наведени високите ирански функционери што Израел ги таргетира. „Денес ги избришав два имена од картата“, додаде тој, мислејќи на секретарот на иранското Врховно советодавно тело за национална безбедност Али Ларијани и командантот на Баси Голамреза Солејмани, кои беа убиени.„Она што претседателот и американските сили го прават е неверојатно. Горди сме што стоиме рамо до рамо со нив и ги елиминираме овие луди кои сакаат да развијат нуклеарно оружје и средства за испорака во секој американски град по уништувањето на Израел“, нагласи Нетанјаху. „Тоа нема да се случи. Ние ги елиминираме“, заклучи израелскиот премиер.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Кабинетот на Нетанјаху објави фотографија: „Ова е моментот кога се наредени ликвидациите“

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави фотографија за која тврди дека го прикажува премиерот во моментот кога наредува ликвидација на високи ирански функционери.Според израелските власти, во нападот врз Техеран изведен претходната вечер била таргетирана и ликвидирана клучна фигура во иранскиот безбедносен апарат. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека во нападот е убиен Али Лариџани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Израелски воен претставник потврди за Би-Би-Си дека Израелските одбранбени сили го имале Лариџани како конкретна цел на операцијата.Кратко по објавувањето на овие информации, на канал на платформата Телеграм што се поврзува со Лариџани беше објавена рачно напишана порака по повод погребот на загинати припадници на иранската морнарица.Во истиот напад е убиен и Голам Реза Солeјмани, кој шест години беше на чело на иранската паравоена формација Басиж. Оваа формација со години е обвинувана за задушување на протести, прогон на опозициски активисти и употреба на сила против цивили.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни сили, вклучително објекти на Министерството за разузнавање и бази на милицијата Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана. Според израелската армија, во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања