Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нетанјаху: Израел создава нови сојузништва против Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd
Benjamin Netanyahu/ ФБ

Нетанјаху изјави дека Израел гради нови „важни сојузништва“ со земји од регионот поради, како што рече, заедничката закана од Иран, најавувајќи нови договори за кои јавноста наскоро ќе дознае повеќе. Тој додаде дека иранскиот режим „порано или подоцна ќе падне“. Тој тврдеше дека израелските операции донеле значајни резултати, вклучително и „разбивање“ на индустриските капацитети за производство на средства за уништување, наведувајќи дека Иран напредувал во нуклеарна програма и балистички проектили. Нетанјаху изјави и дека Али Хамнеи бил убиен на почетокот на конфликтот и дека Хезболах веќе не е „стратешка закана“. На крај повика на подигнување на моралот и ја критикуваше опозицијата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Израел создава нови сојузништва со важни земји во регионот како одговор на, како што ја оцени, заедничката закана од Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, најавувајќи нови договори за кои, како што рече, јавноста наскоро ќе дознае повеќе.

Нетанјаху не прецизираше за кои држави станува збор, но истакна дека станува збор за „важни сојузништва“ кои се градат во контекст на актуелните безбедносни предизвици во регионот. Во своето обраќање порача дека иранскиот режим, според него, „порано или подоцна ќе падне“.

— реклама —

Тој се осврна и на воените операции на Израел, наведувајќи дека се постигнати значајни резултати како во претходниот конфликт, така и во тековната кампања.

Според него, во тековните дејствија е постигнат дополнителен ефект со „разбивање на индустриските капацитети на режимот за производство на тие средства за уништување“. Нетанјаху додаде дека Иран, како што рече, напредувал во развојот на нуклеарно оружје и голем број балистички проектили.

— реклама —

Во обраќањето се осврна и на улогата на Али Хамнеи, за кого изјави дека бил убиен на почетокот на конфликтот и дека имал намера да ги премести овие програми длабоко под земја, со цел да бидат недостапни за израелски напади.

Нетанјаху истакна и дека Хезболах, која во изминатиот период извршувала напади врз северниот дел на Израел, повеќе не претставува „стратешка закана“ за земјата.

Во завршницата од обраќањето, тој упати порака и до домашната јавност и опозицијата.

„Што ви се случи?“, праша Нетанјаху, повикувајќи да се подигне моралот на, како што рече, „нашата страна, а не на непријателот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања