Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нетанјаху: Иран намерно таргетира цивили, целта им е да убиваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryqmtd4n65r6ea0FDKeTF
Benjamin Netanyahu/ ФБ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека свесно таргетира цивилни подрачја, по ракетните напади врз јужните израелски градови Арад и Димона.

При посетата на Арад, кој беше погоден во саботата, Нетанјаху изјави дека иранските напади се насочени кон цивилното население и имаат за цел предизвикување жртви.

— реклама —

„Во последните 48 часа Иран таргетира цивилно подрачје. Тоа го користат како оружје за масовно уништување. Среќа е што нема загинати, но тоа е поради среќа, а не поради нивната намера. Нивната намера е да убиваат цивили“, изјави Нетанјаху.

Според официјалните податоци, во нападите биле повредени најмалку 84 лица, од кои десет се во тешка состојба.

— реклама —

Израелскиот премиер предупреди и дека Иран располага со капацитет да изведува напади на поголеми растојанија, тврдејќи дека веќе постоеле дејствија насочени кон европски територии.

„Постојано предупредувам дека сега имаат способност да погодат длабоко во Европа. Веќе пукаа кон европски земји. Сè им е на нишан“, рече Нетанјаху.

Тој дополнително го обвини Техеран дека го нарушува меѓународниот поморски и енергетски сообраќај, обидувајќи се, како што рече, да врши притисок врз глобалната заедница.

Ситуацијата на Блискиот Исток останува тензична, со континуирани меѓусебни напади и растечки број повредени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања