Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РУСИЈА

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: Можеме веднаш да го прекинеме гасот за Европа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија би можела веднаш да ги прекине испораките на гас за европскиот пазар, на 25 април, кога стапува во сила уредбата на Европската унија со која се забранува увоз на руски гас.Сега се отвораат и други пазари. Можеби за нас би било поповолно веднаш да престанеме со снабдување на европскиот пазар, да влеземе на пазарите што се отвораат и таму да се зацврстиме. Секако, ќе ѝ наложам на владата да работи на ова прашање заедно со нашите компании“, изјави Путин во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, пренесува агенцијата РИА Новости.Тој додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува енергетски ресурси на земјите што ги смета за сигурни партнери, како што се Словачка и Унгарија.Токму на овој начин ќе соработуваме со партнерите кои се сигурни контрагенти, како што се оние во источна Европа, меѓу кои Словачка и Унгарија. Ги снабдуваме со нашите енергетски ресурси – и нафта и гас – и имаме намера тоа да го правиме и во иднина, секако под услов раководството на тие земји да води иста политика како и досега, односно да остане наш сигурен партнер“, истакна Путин.Рускиот претседател оцени дека растот на цената на гасот на европскиот пазар не е директно поврзан со испораките, бидејќи тие не се намалени, туку со општата состојба на глобалните пазари на гас, како и со случувањата на Блискиот Исток, каде што се во тек напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран, како и ирански напади врз цели во соседните земји поврзани со присуството на САД.Никој не ги намалил испораките, но цените веќе скокнаа на 700 долари. Зошто? Поради целокупната состојба на глобалните пазари, вклучително и на пазарот на нафта, а во овој случај и на пазарот на гас, особено поради настаните на Блискиот Исток“, изјави Путин.Тој додаде дека растот на цената на гасот во Европската Унија е резултат на повеќегодишна погрешна енергетска политика на европските власти.Она што денес се случува на европските пазари е, пред сè, резултат на погрешната енергетска политика на европските власти. Таквата политика нема никаква врска со интересите на народите во тие земји“, рече Путин.Рускиот претседател истакна и дека растот на цената на нафтата е последица на ограничувањата за купување руска нафта и најави дека ќе ѝ наложи на владата да соработува со компаниите за решавање на прашањето со снабдувањето на нови, перспективни пазари со руски гас.

Свет | пред 3 седмици

putin-vojna

Хегсет: Русија и Кина не се фактор во војната со Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Русија и Кина не претставуваат важен фактор во конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.„Немам порака за нив и тие всушност не се фактор овде. Нашиот проблем не е со нив“, изјави Хегсет, иако Москва и Пекинг имаат долгогодишни дипломатски и трговски врски со Иран, а Русија и воена соработка со Техеран.Тој нагласи дека фокусот на САД е насочен кон запирање на, како што рече, „иранските нуклеарни амбиции“.Русија и Кина претходно ги критикуваа американско-израелските напади врз Иран. Москва соопшти дека нема докази дека Техеран развива нуклеарно оружје, додека Пекинг повика на итен прекин на нападите.

Свет | пред 3 седмици

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Американскиот министер за одбрана: Кина и Русија не се значаен фактор во конфликтот со Иран

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, изјави дека Кина и Русија не претставуваат значаен фактор во конфликтот со Иран.Немам порака за нив и тие всушност не се фактор овде, нашиот проблем не е со нив“, рече Хегсет за Русија и Кина, кои имаат долгорочни дипломатски и трговски врски со Иран, а Русија со Техеран е поврзана и со воени односи.Американскиот министер за одбрана додаде дека фокусот на САД е насочен кон ставање крај на како што рече „иранските нуклеарни амбиции“.Русија и Кина претходно ги критикуваа американско-израелските напади врз Иран. Москва соопшти дека не видела докази дека Техеран развива нуклеарно оружје, додека Пекинг повика веднаш прекин на нападите.

Свет | пред 3 седмици

helikopter

Русите собориja сопствен воен хеликоптер: Загинаа тројца членови на екипажот

Во Ростовската област на Руската Федерација, противвоздушната одбрана соборила руски воен хеликоптер Ми-8, при што загинале тројца членови на екипажот, пишува независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на информации од локални жители и извор во Министерството за вонредни ситуации.Астра наведува дека хеликоптерот се урнал врз штала на локален земјоделец во Милеровскиот округ. По падот, Ми-8 се запалил, а пожар избувнал и во шталата. Земјоделецот за порталот изјавил дека „сè е во ред“, по што ја прекинал врската и одбил понатамошен коментар.Тројцата членови на екипажот загинале на местото на несреќата. Цивили не се повредени, додале извори од руското Министерство за вонредни ситуации.Претходно, локални жители во разговори на социјалните мрежи, без да наведат детали, објавиле дека рускиот хеликоптер бил соборен за време на операции на противвоздушната одбрана против беспилотни летала. Гувернерот не се изјаснил за соборувањето на хеликоптерот и за смртта на тројцата војници, туку соопштил дека „никој не е повреден“.Телеграм-каналот „Spy Dossier“ на 22 февруари објави дека Одбранбените сили, користејќи беспилотни летала, уништиле два руски хеликоптери – повеќенаменскиот Ми-8 и јуришниот хеликоптер Ка-52 – во воздухопловна база во Орловската област на Русија.

Свет | пред 3 седмици

lavrov-

Лавров ги осуди нападите врз Иран и понуди руска дипломатска иницијатива

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал со иранскиот колега Абас Арагчи за состојбата на Блискиот Исток, по масовните напади на САД и Израел врз Иран.Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, било разговарано за „развојот на ситуацијата во регионот како резултат на непредизвикана вооружена агресија на САД и Израел против Иран“. Москва оцени дека ваквите акции ги кршат основните норми на меѓународното право и носат сериозни последици за целиот регион.Во разговорот, Лавров ја потврдил „принципиелната позиција“ на Русија во корист на деескалација, откажување од употреба на сила и премин кон политичко-дипломатско решавање на конфликтот, истакнувајќи дека Москва е подготвена да придонесе во таа насока.Дополнително било нагласено дека приоритет треба да биде заштитата на цивилите и цивилната инфраструктура во сите земји од регионот.САД и Израел во саботата започнаа обемен напад врз Иран, при што беа убиени неколку високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи. Техеран возврати со ракетни и дрон-напади врз Израел и цели поврзани со САД во земјите од Персискиот Залив.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта е уништување на иранските ракетни капацитети и спречување на развој на нуклеарно оружје, и покрај тоа што претходно се водеа разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма со посредство на Оман.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Лавров предупреди: Венецуела, Иран, Куба – ова веројатно не е крајот

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија и САД водат дијалог на различни нивоа за кризите и конкретни области на односите, но дека дошло време за фундаментална дискусија за визијата на Вашингтон за улогата на нуклеарните сили.Немам никакви сомнежи дека е време за фундаментална, сеопфатна дискусија за тоа како САД ја гледаат светската сцена, како се гледаат себеси во светот и каква улога им доделуваат на сите останати. Ова е особено важно за нуклеарните сили по очигледни причини“, нагласи Лавров на конференција за медиуми по средбата со министерот за надворешни работи на Брунеи, Ериван Јусоф.Иницијативата на Путин за состанок на лидерите на земјите од „нуклеарната петорка“ останува релевантна, додаде Лавров.„Овој разговор одамна требаше да се одржи. Се надевам дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тоа го разбира и ќе биде подготвена за ваква сериозна дискусија“, рече Лавров.Тој нагласи дека американските аспирации за контрола врз други земји можеби нема да застанат само на Иран, Венецуела и Куба.Државниот секретар на САД, Марко Рубио, неодамна, одговарајќи на прашање на новинар, предложи можност САД да управуваат со Иран на ист начин како што најавија за Венецуела. Сега се обидуваат со сличен план за Куба. И ова веројатно не е крајот“, истакна Лавров.Русија е отворена за дијалог со САД и Израел за ситуацијата на Блискиот исток и никогаш не го прекинала овој дијалог, додаде министерот.Израелските и американските сили започнаа воена операција против Иран наутро на 28 февруари, при што беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамнеи. Како одговор на операцијата, Иран изврши серија ракетни напади и напади со дронови насочени кон американските бази во Персискиот залив, а снабдувањето со нафта и гас од регионот е нарушено.

Свет | пред 3 седмици

sergej-lavrov

Лавров: Нема докази дека Иран развивал нуклеарно оружје

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека сè уште нема докази дека Иран развивал нуклеарно оружје.Сè уште не гледаме докази дека Иран развивал нуклеарно оружје, што беше главното, ако не и единственото, оправдување за војната. Ова е потврдено и од IAEA (Меѓународната агенција за атомска енергија) и од американските разузнавачки експерти. Потврда дека Иран не произведол, ниту се обидел да произведе нуклеарно оружје“, рече Лавров на прес-конференција со министерот за надворешни работи на Брунеј, Ериван Јусоф.Тој нагласи дека првиот приоритет во конфликтот на Блискиот исток е прекин на сите воени дејства кои резултираат со цивилни жртви.„Веруваме дека е императив категорично и одлучно да се залагаме за моментален прекин на непријателствата од сите страни. Како безусловен прв чекор, мора да направиме сè што е можно за да се запре било какво дејство кое води до цивилни жртви, било во Иран, каде повеќе од 150 девојчиња загинаа во напад на училиште, или во која било друга земја од Персискиот залив“, рече Лавров.Тој посочи дека на Блискиот исток во суштина се води војна и повтори дека Русија силно повикува на прекин на непријателствата од сите земји во регионот, пренесува RIA Novosti.

Свет | пред 3 седмици

zelenski-putin

Зеленски: Настаните во Иран му покажуваат на Путин како завршува диктатурата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека настаните во Иран ја покажале бесмисленоста на Русија како сојузник и му демонстрирале на претседателот на Русија, Владимир Путин, како завршува диктатурата.Зеленски го изјави тоа одговарајќи на прашања на новинарите за последиците од настаните во Иран врз Русија.Ми се чини дека Путин веќе покажа каков сојузник е во Сирија, кога, во суштина, Русите не можеа да му помогнат на режимот на Башар Асад. Исто така, според мое мислење, сега исто така ја покажаа својата слабост. Тоа е, како сојузници се бескорисни“, рече Зеленски.Тој истакна дека Русија ја концентрирала целата своја воена моќ во Украина.А она што се случува во Иран, ми се чини, е добра порака за Путин да види како завршува диктатурата“, додаде Зеленски.САД и Израел на 28 февруари фрлија десетици авиониски бомби врз резиденцијата на врховниот водач на Иран, ајатолах Али Хамнеи, при што тој загина заедно со врвот на командниот кадар на земјата.

Свет | пред 4 седмици

putin-bozik-640x473-1

Стигна реакција од Русија за војната на САД и Израел против Иран

Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство поради, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабоко разочарување од развојот на настаните.Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен верски водач ајатолахот Али Хамнеи, оценувајќи го како „цинично“. Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата и ги извлекува сопствените заклучоци по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што рече, претходно ветувачките преговори.„Кога станува збор за разговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, со посредство на Оман, можеме да изразиме длабоко разочарување бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, изјави Песков пред новинарите.Тој додаде дека се очекува Путин во текот на денот да оствари меѓународен телефонски разговор поврзан со состојбата во Иран, но не откри со кого ќе разговара.„Можам само да кажам дека сме во постојан контакт со иранското раководство и разговараме за ситуацијата во таа земја. Истовремено, продолжуваме со дијалог со раководствата на земјите погодени од конфликтот, вклучително и државите од Персискиот Залив“, нагласи Песков.

Свет | пред 4 седмици

873x400-1-16

Раст на акциите на руските нафтени компании по нападите врз Иран

Акциите на водечките руски нафтени и гасни компании, меѓу кои се Роснефт, Лукоил, Газпром Нефт и Новатек, забележаа значителен раст по нападите врз Иран.Напнатоста на Блискиот Исток директно влијаеше на глобалниот пазар на енергетици, што доведе до нагло покачување на цените на суровата нафта. Аналитичарите предвидуваат дека овој тренд може да продолжи, сметајќи дека побарувачката за руска нафта би можела да расте, бидејќи таа станува алтернатива на резервите од Персискиот Залив, кои поради конфликтот сега се несигурни.Нафтениот пазар нагло се промени по нападите врз ИранЦените на нафтата силно пораснаа, додека берзанските индекси забележаа пад на почетокот на тргувањето. Американската сурова нафта во неделата навечер поскапе за осум проценти, на околу 72 долари за барел, за подоцна да се стабилизира на 71 долар. Бренд нафтата, глобална референтна цена, прво скокна повеќе од 12 проценти на околу 82 долари, но подоцна падна под 78 долари. Во петокот цената на Бренд изнесуваше нешто повеќе од 73 долари за барел.Во меѓувреме, фјучерс договорите за S&P 500, Nasdaq и Dow паднаа за околу еден процент. Од друга страна, договорите за нафтени компании како Exxon и Chevron пораснаа за околу два проценти, додека акциите на компании од одбранбената индустрија, како што се Northrop Grumman и Lockheed Martin, забележаа блага стапка на раст.Првичниот скок на цените на нафтата, иако остар, беше очекуван и во рамките на проценките на аналитичарите, кои сметаат дека сегашниот поремет на пазарот ќе биде релативно краткотраен. Сепак, постои значителна неизвесност околу обемот и траењето на војната, за која претседателот Доналд Трамп најави дека може да трае недели.Аналитичарите предупредуваат дека поголеми немири, хаотичен вакуум на моќта, прекин на производството или долготрајно затворање на Ормутскиот теснец може да ја подигне цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.

Свет | пред 4 седмици

putin-094091

Путин за убиството на Хамнеи: Тоа е циничен чин кој ги крши сите норми на човечкиот морал

Рускиот претседател Владимир Путин првпат официјално ги коментираше американско-израелските напади врз Иран и одмаздничките удари што следеа. Целното убиство на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, го нарече „циничен чин“, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС. Според Путин, со тој потег биле прекршени „сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, објави CNN.Путин додаде дека Хамнеи во Русија ќе остане запаметен како „извонреден државник“.Москва и Техеран се долгогодишни клучни сојузници. Иран ѝ обезбедуваше воена поддршка на Русија, вклучително и беспилотни летала и балистички проектили, а ѝ помогна и во изградбата на постројки за производство на дронови за потребите на војната во Украина.Овие изјави доаѓаат еден ден откако руското Министерство за надворешни работи ги осуди американските и израелските напади врз Иран, оценувајќи ги како „безобѕирен чекор“ и „непредизвикан чин на вооружена агресија“.

Свет | пред 4 седмици

media-library3ite0nhsfkoc9hmp4HD

Русија бара од Америка и Израел да ја прекинат агресијата врз Иран

Постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија бара од Соединетите Американски Држави и Израел да ги прекинат агресивните дејства против Иран.Небензја на итната седница на Советот за безбедност на ОН за Иран, која беше свикана на барање на Русија и Кина, рече дека Русија смета дека ударите на САД и Израел врз Иран претставуваат „нож во грб“ и „вистинско предавство на дипломатијата“, бидејќи се изведени во време кога Техеран покажувал подготвеност за дипломатски преговори со Вашингтон, пренесува Спутник.Тој изјави дека Иран доследно соопштувал дека нема планови за создавање нуклеарно оружје и дека ги исполнува обврските во таа област, додавајќи дека ескалацијата околу Иран ја загрозува нуклеарната и радиолошката безбедност.Небензја наведе дека Русија ги смета за неосновани обидите на Западот да ја оправда „агресијата“ на САД и Израел против Иран, како и изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп дека нападот бил изведен за да се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.Според неговите зборови, Русија повеќепати добивала сигнали дека Израел наводно не е заинтересиран за воена конфронтација со Иран, но дека сегашните активности на САД и Израел ризикуваат да доведат до хуманитарна и економска катастрофа. Небензја додаде дека Русија очекува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси, јасно да го осуди американскиот напад врз Иран.Во обраќањето на седницата на Советот за безбедност на ОН тој рече и дека Русија со „особена болка“ ја примила веста за ударот врз училиште во Иран и дека презема неопходни мерки за безбедноста на руските државјани во Иран.Дејствата на САД и Израел ги оцени како неиспровоциран акт на вооружена агресија и кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право, како и дека воените акции се насочени кон отстранување на држава која е „незгодна за Западот“.САД и Израел го нападнаа Иран рано вчера наутро во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма.Иран потоа започна масовни одмазднички удари врз Израел и врз цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 4 седмици

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Москва со остра реакција кон Трамп по нападите врз Иран: Преговорите со Иран беа параван, никој немаше намера да преговара

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, остро ги критикуваше постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека преговорите со Иран биле само „параван“.„Миротворецот повторно го покажа своето лице. Сите преговори со Иран беа прикривна операција. Никој не се сомневаше во тоа. Никој навистина немаше намера да преговара за ништо“, изјави Медведев.Тој додаде дека прашањето е „кој има повеќе трпение да го дочека неславниот крај на својот непријател“, споредувајќи ја староста на Соединетите Американски Држави со историјата на Персиското царство.„САД се стари само 249 години. Персиското царство е основано пред повеќе од 2.500 години. Ќе видиме за 100 години…“, наведе Медведев, во првата официјална реакција од Москва по најновата ескалација на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 месец

SeKXr-

Русија ќе го намали попустот на нафтата на околу 10 долари по барел

Рускиот потпретседател на Владата, Александар Новак, изјави дека руската влада ќе настојува да го намали попустот на нафтата на околу 10 долари по барел.Според податоците на компанијата Аргус, по воведувањето санкции од страна на САД и Велика Британија кон Роснефт и Лукоил, попустот на руската нафта на пристаништата достигна 27 до 29 долари по барел. „Во најдобрите периоди откако беа воведени санкциите, нашиот попуст изнесуваше околу десет долари по барел“, изјави Новак.Рускиот функционер додаде дека Владата работи на тоа повторно да го намали попустот приближно на ова ниво.

Свет | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин успеа да ја раздели Коалицијата на доброволци

Плановите за распоредување мировни сили во Украина ќе бараат одобрение од рускиот претседател Владимир Путин, признаваат сојузниците. Сè поголем број членки на т.н. „Коалиција на доброволци“ приватно признаваат дека нивниот придонес во мисијата зависи од согласноста на Кремљ, потврдија повеќе извори. Дипломатски и одбранбени извори предупредуваат дека британско-францускиот план за одржување на какво било примирје може да зависи од самоволието на Москва.Напнатости по годишнината од инвазијата излегуваат на виделина токму на четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот во Киев ја прими десетината европски лидери за да ја одбележат годишнината, а учествуваше и на виртуелен состанок на Коалицијата на доброволци, предводен од Кир Стармер и Емануел Макрон, на кој се разговараше за мировни преговори. Во три рунди директни преговори за примирје, украинските и руските официјални лица не постигнаа напредок. Путин продолжува да одбива да се откаже од барањето Украина да отстапи територии во источниот регион Донбас над кои нема контрола руската војска.Европските извори наведуваат дека и безбедносните гаранции по војната претставуваат камен на сопнување. Велика Британија и Франција се обврзаа да испратат војници и оружје во Украина како дел од планот за завршување на конфликтот и одвраќање од идни инвазии. Најмалку 26 земји членки на Коалицијата на доброволци, вклучувајќи низа држави членки на ЕУ, Турција, Норвешка и Исланд, најавија дека ќе помогнат во мисијата. Сепак, еден висок дипломатски извор изјави дека го слушнал ставот на земјите дека „трупите ќе ги испратат само со руско одобрение“.Постои страв дека без поддршка од Путин, секоја европска сила би можела да се смета за легитимна воена мета. „Ако Русија каже дека се противи и ги смета овие трупи за цел, тогаш мора да се испратат други видови сили. Дали Русија ќе се согласува или не, има огромно влијание“, рече изворот. Друг дипломатски извор сугерира дека европските влади, барајќи место на преговарачкиот маса, всушност му дале право на вето на Путин врз плановите на Коалицијата.Киев нагласува дека ќе го заврши конфликтот само со доволни безбедносни гаранции од САД и европските сојузници. Континенталните лидери, вклучувајќи го Стармер, изјавија дека се подготвени да испратат сили за одвраќање во Украина и да помогнат во обезбедување на воздушниот и морскиот простор, како и во обавештајна и логистичка поддршка од САД. Сепак, тоа ја спои дебатата за безбедносни гаранции со преговорите за примирје меѓу Киев и Москва, посредувани од САД.Потенцијалното распоредување на мировни сили е опишано како „доволно хипотетско“ поради долгогодишното противење на Путин кон стационирање на НАТО трупи во Украина. Првичниот мировен план од 28 точки, изработен од руски и американски официјални лица, ја исклучуваше можноста за користење западни трупи за мировни операции, но таа клаузула е отстранета од последниот план од 20 точки. Кремљ често предупредува дека секоја европска војска во Украина би се сметала за легитимна мета, а руската обавештајна служба во вторникот обвини дека Британија и Франција се подготвуваат да испратат нуклеарно оружје во Киев.Во заедничката изјава на Коалицијата на доброволци, објавена во вторникот, лидерите на Британија, Франција и Германија се обврзаа „да го засилат економскиот притисок врз Русија, вклучувајќи дополнителни санкции“. Британија објави најголем пакет санкции против Москва од почетокот на војната, насочени кон енергетските приходи и клучните добавувачи на воена опрема.

Свет | пред 1 месец

media-librarydgpucq9b07ov567UOoD

Русија: Ќе помогнеме во изборот и обуката на првиот мјанмарски астронаут

Русија ќе помогне во изборот и обуката на првиот астронаут од Мјанмар, што претставува нов показател за продлабочувањето на соработката меѓу Москва и оваа држава од Југоисточна Азија.Понудата ја изнесе директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Баканов, за време на неговата неодамнешна посета на Мјанмар. Тој со својот мјанмарски колега потпиша договор за развој на соработка во областа на пилотираните вселенски летови. Според соопштението на Роскосмос, Баканов се сретнал и со лидерот на воената хунта Мин Аунг Хлаинг.Во рамки на договорот, Мјанмар ќе воспостави станица за собирање податоци за ГЛОНАСС — руската алтернатива на Глобалниот систем за позиционирање (GPS) — како и локација за систем за рано предупредување од опасни објекти во блискиот вселенски простор.Соработката меѓу двете земји се интензивира и во енергетскиот сектор. Минатата година Мин Аунг Хлаинг ја посети Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, по што беа потпишани инвестициски договори со кои Русија се надева дека ќе отвори нови можности за своите енергетски компании во Мјанмар.Русија, исто така, доби договор за изградба на мала нуклеарна електрана во земјата, каде што воената хунта ја презеде власта во 2021 година по соборувањето на избраната влада предводена од нобеловката Аунг Сан Су Чи.

Свет | пред 1 месец

wC8gG-ukrainska-armija-donjeck

Размена на тела меѓу Русија и Украина: Вратени 1.000 украински и 35 руски војници

Телата на 1.000 загинати украински војници ѝ се предадени на Украина, додека телата на 35 загинати руски војници се вратени во Русија, соопшти помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.Телата на 1.000 загинати украински војници ѝ се предадени на Украина. Телата на 35 загинати руски војници ѝ се предадени на Русија“, напиша Медински на својот канал на Телеграм.На крајот на јануари исто така беше извршена размена, при што Русија ѝ предаде на Украина тела на 1.000 припадници на украинските вооружени сили, а Украина ѝ врати на Русија тела на 38 руски војници.Претходно, како што беше наведено од Киев, голема репатријација беше спроведена на 19 декември минатата година, кога во Украина беа вратени 1.003 тела на загинати војници.

Свет | пред 1 месец

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп издаде наредба: Да се стави крај на убивањето во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за ставање крај на војната во Украина да се обиде да „го запре убивањето“, изјави денеска потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.Според него, САД водат „многу внимателни преговори“ и со Русите и со Украинците, пренесува Фокс њуз.„Очигледно е дека Русите имаат одредени црвени линии, Украинците имаат одредени црвени линии, а претседателот Трамп го задолжи целиот тим, почнувајќи од државниот секретар Марко Рубио па натаму, да се обиде да го запре убивањето. Тоа е многу тешко“, рече Венс.Тој призна дека завршувањето на војната во Украина е „многу потешко“ отколку што Трамп претходно верувал, додавајќи дека сепак смета оти е постигнат напредок.„Мислам дека напредуваме и со Русите и со Украинците и ќе продолжиме да работиме на тоа. На крајот, или ќе успееме или нема“, изјави Венс.Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно најави дека украинската економска делегација, предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, ќе отпатува во Женева на преговори со американската делегација.Целта на разговорите ќе биде не само дискусија за ставање крај на војната, туку и за економската соработка меѓу Украина и САД.Зеленски потоа разговарал со Трамп за прашањата што ќе бидат на дневен ред на билатералната средба на претставниците на двете земји во Женева.Шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, изјави дека следната рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, би можела да се одржи кон крајот на неделата.Тој истакна дека и следната размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина би можела да се случи оваа недела и да биде пообемна од претходната, кога биле разменети 157 заробеници.Претходната рунда преговори се одржа во Женева на 17 и 18 февруари.

Свет | пред 1 месец

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Русија обвинува дека Лондон и Париз планираат да ја снабдат Украина со нуклеарно оружје

Лондон и Париз, кои според тврдењата на руската надворешна разузнавачка служба планираат да ја снабдат Украина со нуклеарно оружје, „се поигруваат“ со тоа прашање заедно со Киев, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.Таа додаде дека повеќе не станува збор само за закани и изјави, туку, според нејзините зборови, се преземаат конкретни активности.Велика Британија и Франција се подготвуваат и веќе се во процес на манипулирање, не реторички, туку практично, со прашањето за нуклеарно оружје“, изјави Захарова, пренесува РИА Новости.Според тврдењата на руската Надворешна разузнавачка служба, поради „тешката ситуација“ во Северноатлантската алијанса, Лондон и Париз планираат да префрлат нуклеарна бомба или барем „валкана“ бомба во Киев.Француската бојева глава со мала големина ТН75 од балистичката ракета М51, која се лансира од подморници, се разгледува како опција, наведува агенцијата.Како што соопшти руската служба, бидејќи плановите на западните земји грубо го кршат меѓународното право, тие сакаат тоа да го прикажат како Украина сама да го развила оружјето.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека добиените податоци ќе бидат земени предвид, меѓу другото, и во преговорите за решавање на конфликтот. Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, најави дека властите ќе ги споделат сите информации со САД, пренесува РИА Новости.

Свет | пред 1 месец

nafta-696x465-1

ЕУ планира трајна забрана за увоз на руска нафта

Европската комисија планира да предложи закон кој ќе предвиди трајна забрана за увоз на руска нафта. Предлогот е предвиден да биде објавен на 15 април, три дена по парламентарните избори во Унгарија, со цел прашањето за забраната да не стане доминантна тема во предизборната кампања.ЕУ уште во 2022 година забрани увоз на руска нафта превезуван по море, со исклучок на земјите без излез на море – Чешка, Унгарија и Словачка – кои можат да увезуваат нафта преку морски транспорт ако не е можно да се користи нафтопроводот.Испораките преку нафтопроводот Дружба беа прекинати на 27 јануари по руски напад со дронови. Унгарија ја обвинува Украина дека го одложува поправувањето на нафтопроводот, па затоа го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија и кредитот од 90 милијарди евра за Украина, при што Словачка ѝ се приклучи на Унгарија во блокадата.Со новиот закон, Комисијата сака трајно да ја забрани руската нафта. Иако во последното тромесечје ЕУ увезувала само 1 отсто руска нафта, Унгарија и Словачка не презеле мерки за намалување на зависноста, па денес речиси целосно зависат од руски енергенти.Минатиот месец, ЕУ донесе закон за целосно запирање на увозот на руски гас од есен 2027 година. Унгарија и Словачка најавија дека ќе се борат против тоа пред Судот на ЕУ.

Свет | пред 1 месец

raketa

Украина ги отфрли тврдењата за набавка на нуклеарно оружје

Украина ги отфрли „апсурдните“ тврдења на Русија дека Киев се обидува да набави нуклеарно оружје со помош на Велика Британија и Франција.Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Георгиј Тихи, за Reuters изјави дека „руските официјални лица, познати по импресивен низ лаги, повторно се обидуваат да создадат стара глупост за ‘валкана бомба’“. Тој додаде: „Да бидеме јасни – Украина многупати ги демантираше овие апсурдни руски тврдења и сега официјално ги негираме. Го повикуваме меѓународното сојузништво да ги отфрли и осуди руските валкани информативни напади.“Претходно, руската Служба за надворешна разузнавачка активност (SVR), без да достави докази, ги обвини Велика Британија и Франција дека се подготвуваат тајно да ја снабдат Украина со делови за нуклеарно оружје и со технологија. Двете држави, Велика Британија и Франција, како нуклеарни сили, засега не одговориле на обвинувањето.

Свет | пред 1 месец

zaharova-51235

Москва: Проширувањето на НАТО кон границите на Русија е клучна причина за конфликтот

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека непочитувањето на Договорот за пријателство, соработка и партнерство од страна на Киев довело до одлуката на Москва за почеток на Специјалната воена операција во Украина.Захарова потсети дека Украина во 2004 година го ратификувала Меморандумот за меѓусебно разбирање со НАТО, обврзувајќи се да обезбеди техничка и информативна помош за време на воени вежби и дозволувајќи привремено распоредување на единици на НАТО на своја територија.„Раководството на Украина со години спроведувало политика на грубо и систематско кршење на Договорот, што може да се квалификува како откажување од неговата реализација, што потоа доведе до тоа руското раководство да донесе одлука за почеток на Специјалната операција“, изјави Захарова за Sputnik.Според нејзините зборови, измените во украинската воена доктрина од април 2005 година и уставните промени од 2019 година, со кои членството во НАТО станало стратешка цел, претставуваат кршење на членот 6 од Договорот за пријателство со Русија и Будимпештанскиот меморандум.„Претседателот (Русија, Владимир Путин) на 3 септември 2018 година поднесе Предлог-закон за измени на Уставот кои се однесуваат на стратешкиот курс на државата кон полноправно членство во ЕУ и НАТО, кој на 7 февруари 2019 година беше усвоен во парламентот“, истакна Захарова.Таа нагласи дека проширувањето на НАТО кон границите на Русија претставува клучна причина за конфликтот и додаде дека Москва има намера своите безбедносни цели да ги реализира со воени или политички средства.Претседателот на Русија, Владимир Путин, претходно исто така повеќе пати укажувал на опасноста од членството на Киев во НАТО како еден од причините за почетокот на операцијата.

Свет | пред 1 месец

media-libraryo6jodtsb2v61bTSvpFC

Захарова по објавата на досиејата на Епстин: Вистинските монструми биле на Западот

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин го разоткри „одвратниот олош“ кој со години измислува митови за Русија за да го одвлече вниманието од сопствените злосторства, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за руската државна агенција TASS.Захарова потсети на бројните обвинувања што западните земји ги изнесувале против Русија и оцени дека Москва одговарала со „аргументи и факти“.„Со години измислуваа митови за Русија, за наводна закана, за злосторства кои, како што тврдеа, наводно сме ги извршиле на нивна територија. Во меѓувреме, целиот тој олош со години дејствувал во нивните заедници, во самото нивно срце, во најлуксузните квартови на Њујорк, Лондон и другите европски престолнини, како и во Соединетите Американски Држави“, рече таа.Додаде дека по објавувањето на досиејата „излегува дека вистинските злосторници, вистинските монструми, удобно живееле во западното општество“. „Биле вмешани во разни одвратни злосторства: корупција, трговија со луѓе, присилна проституција, незаконско притворање и педофилија, и сè што ќе посакате“, наведе Захарова.Објавата на документите од американското Министерство за правда ги откри врските на Џефри Епстин со бројни истакнати личности од политиката, финансиите, академската заедница и бизнисот, и пред и по 2008 година, кога призна вина по обвиненијата за проституција, вклучително и регрутирање малолетничка.Епстин беше пронајден обесен во својата затворска ќелија во 2019 година, откако повторно беше уапсен по федерални обвиненија за сексуална злоупотреба на малолетници. Неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Украина предупредува: Пјонгјанг учи модерно хибридно војување од руската војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во моментов околу 10.000 севернокорејски војници се наоѓаат на територијата на Русија, оценувајќи го тоа како „екстремно опасен“ развој на настаните.Во интервју за јапонската новинска агенција Кјодо Њуз, Зеленски посочи дека станува збор за војници кои стекнуваат искуство во современо војување преку руските операции против Украина. Според него, тие учат како да се бранат од проектили и различни видови беспилотни летала, вклучително и ФПВ-дронови и дронови со оптички влакна.Тој предупреди дека стекнатото знаење најмалку ќе биде пренесено назад во Северна Кореја, што претставува долгорочен безбедносен ризик.Изјавата доаѓа во време кога западните разузнавачки служби укажуваат на продлабочена воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг, вклучително и испораки на оружје и муниција.Во однос на мировните преговори, Зеленски нагласи дека Украина е подготвена на „вистински компромиси“, но не по цена на независноста и суверенитетот.„Подготвени сме да разговараме за компромиси со Соединетите Американски Држави, но не и да прифаќаме руски ултиматуми“, изјави тој, додавајќи дека самото разговарање со, како што рече, агресорот претставува значаен компромис.Тој оцени дека руската позиција не нуди компромис, туку ултиматум, посочувајќи дека Украина е подготвена да разговара за запирање на воените дејствија врз основа на сегашните линии на фронтот, и покрај тоа што, како што рече, Русија окупира речиси 20 отсто од украинската територија.Во интервјуто, Зеленски се осврна и на односите со Јапонија, нагласувајќи дека потенцијалната одбранбена соработка меѓу двете земји би можела да биде „историска“. Тој посочи дека Јапонија располага со технологии и системи за противвоздушна одбрана способни да одговорат на балистички закани, додека Украина може да понуди знаење од областа на поморските дронови, кибер-безбедноста и управувањето со критична инфраструктура во услови на војна.Зеленски упати покана до јапонската премиерка да ја посети Украина, истакнувајќи дека е подготвен и за возвратна посета на Јапонија со цел продлабочување на билатералната соработка.

Свет | пред 1 месец

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп ги продолжи санкциите против Русија за уште една година

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, ги продолжи американските санкции против Русија за уште една година поради војната во Украина.Официјалната порака на Трамп, објавена во Федералниот регистар, предвидува продолжувањето да стапи во сила на 6 март.Во документот е наведено дека вонредната состојба, прогласена со Извршна наредба 13660, се продолжува за дополнителна една година во согласност со член 202(д) од Законот за национални вонредни состојби (50 USC 1622(д)).Вонредната состојба поврзана со ситуацијата во Украина и натаму овозможува санкции воведени во март и декември 2014 година, како и во септември 2018 и февруари 2022 година со укази на претходните претседатели.Санкциите и вонредните уредби на САД важат една година, по што претседателот може да ги продолжи со посебна наредба.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања