Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РУСИЈА

media-librarycfbh1mm2afi6cz5lx5o

Четири жртви во руски напади врз Украина, Зеленски обвинува за злоупотреба на кризата во Иран

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија го користи конфликтот во Иран како параван за засилување на нападите врз Украина.Според украинските власти, Москва во текот на ноќта извршила напади со ракети и беспилотни летала, при што загинале четири лица, а штета е регистрирана во пет региони низ земјата.„Русија ќе се обиде да го искористи конфликтот на Блискиот Исток за да предизвика уште поголеми разурнувања овде во Европа, во Украина“, изјави Зеленски.Нападите доаѓаат во период на зголемени глобални тензии, додека војната меѓу Русија и Украина продолжува, а конфликтот на Блискиот Исток дополнително ја усложнува меѓународната безбедносна состојба.

Свет | пред 2 седмици

media-librarydgpucq9b07ov567UOoD

Кремљ: Светскиот енергетски пазар не може да функционира без руската нафта

Кремљ соопшти дека глобалниот енергетски пазар не може да функционира без руската нафта, откако Соединетите Американски Држави ги ублажија ограничувањата за купување одредени руски нафтени производи во услови на нарушувања на пазарот предизвикани од војната со Иран.„Ситуацијата е јасна. Меѓународната енергетска инфраструктура не може да си дозволи губење на големи количини руска нафта“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна новинска агенција ТАСС.Тој додаде дека руската нафта му е неопходна на глобалниот пазар и дека нејзиното повторно враќање придонесува за поголема стабилност. „Таа руска нафта е потребна, а сега, кога дел од неа повторно почнува да влегува на енергетските пазари, се појавува поголема стабилност“, рече Песков.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот издаде нова дозвола со која на одредени земји им се овозможува да купуваат одредени руски нафтени производи.Истиот ден цената на нафтата Brent crude го заврши тргувањето над 100 долари за барел, првпат од август 2022 година, додека војната со Иран продолжува и дополнително ги потресува глобалните енергетски пазари.Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше американската одлука и ја оцени како „погрешна“, нагласувајќи дека сака да спречи Русија да ја искористи војната со Иран за да ја ослаби Украина.Во меѓувреме, конфликтот меѓу САД, Израел и Иран влезе во втората недела и веќе има сериозни последици за светскиот пазар на нафта. Сообраќајот на танкери низ Ормутски теснец – преку кој минува околу една петтина од светската трговија со нафта – практично е запрен поради безбедносните ризици.Цените на нафтата нагло пораснаа, а аналитичарите предупредуваат дека дури и брз крај на конфликтот не мора нужно да значи и брзо повторно отворање на овој клучен поморски правец за глобалната енергетска трговија.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjjd48cr576c7aKD3bgl

Руски напади во три региони на Украина: има загинати и повредени

Во руско гранатирање во југоисточниот украински регион Дњепропетровск загинало едно лице, а шестмина се повредени, додека жртви има и во регионите Запорижје и Белгород, соопштија локалните власти.Шефот на воената администрација на Дњепропетровската област, Олександр Ганжа, преку Телеграм информира дека руските сили нападнале две локации во регионот, при што има загинати и повредени.Напад бил регистриран и во југоисточниот регион Запорижје. Гувернерот Иван Федоров соопшти дека четири лица се повредени во напад во близина на главниот град на регионот, кој го носи истото име – Запорижје.Во меѓувреме, од другата страна на границата, во руската Белгородска област, регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека едно лице загинало во украински напад врз село во близина на границата.Нападите се дел од продолжените борби меѓу руските и украинските сили, кои со месеци се водат на повеќе фронтови долж источниот и јужниот дел на Украина.

Свет | пред 2 седмици

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Дмитријев: Сè повеќе држави почнуваат да купуваат руска нафта

Специјалниот пратеник на рускиот претседател за економска соработка со странство, Кирил Дмитријев, изјави дека сè повеќе држави почнуваат да купуваат руска нафта откако беа ублажени американските санкции.Претходно, САД издадоа нова општа лиценца која привремено дозволува продажба на руска сурова нафта и деривати, натоварани на бродови до 12 март, што опфаќа околу 100 милиони барели, а мерката важи до 11 април, потсетува Спутник.Потпретседателот на владата на Тајланд, рече дека неговата земја е подготвена да започне преговори за купување руска нафта.„Добра вест: од објавата на САД произлегува дека прекина бојкот на извозот на руска нафта, така што Тајланд ќе биде една од државите кои сега започнуваат преговори со Русија. Министерството за енергетика на Тајланд ќе иницира преговори“, рече потпретседателот на владата на Тајланд.Дмитријев изјави дека укинувањето на американските санкции ќе се одрази на 100 милиони барели нафта од Русија.„Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, најави не само ублажување на ограничувањата за купување руска нафта од страна на Индија, туку и укинување на сите ограничувања за приближно 100 милиони барели руска нафта во транзит“, напиша тој на Телеграм, пренесува агенцијата РИА Новости.Дмитријев напомена дека поради растечката енергетска криза, понатамошното ублажување на санкциите изгледа сè повеќе неизбежно, и покрај отпорот на некои бирократи од ЕУ.Според зборовите на шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, американските власти на овој начин признале дека глобалната пазарна стабилност не може да се одржи без руски енергетски ресурси.

Свет | пред 2 седмици

873x400-1-16

Америка одобри продажба на руска нафта

Соединетите Американски Држави издадоа нова општа лиценца со која привремено се дозволува продажба на руска сурова нафта и нафтени деривати што биле натоварени на бродови до 11 април, објавено е на веб-страницата на американското Министерство за финансии.Американскиот министер за финансии Скот Бесент на мрежата Икс наведе дека мерката е насочена кон зачувување на стабилноста на глобалниот енергетски пазар и одржување пониски цени на енергенсите во услови на зголемена нестабилност.Според него, привременото овластување им овозможува на државите да купуваат руска нафта која веќе е во транзит и моментално се наоѓа на море, со цел да се зголеми достапноста на постојното снабдување на светскиот пазар.Бесент нагласи дека станува збор за строго ограничена и краткорочна мерка што се однесува исклучиво на нафта која веќе е испратена, оценувајќи дека таа нема да донесе значителна финансиска корист за руската влада, бидејќи најголемиот дел од приходите од енергетскиот сектор се остваруваат преку даноци пресметани на местото на експлоатација.Тој додаде дека енергетската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го довела производството на нафта и гас во САД на рекордни нивоа, што придонело за пониски цени на горивата за американските потрошувачи.Бесент оцени и дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата претставува привремено нарушување на пазарот кое, како што наведе, на долг рок би можело да донесе придобивки за американската економија.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Русија продолжува да ја гради нуклеарната централа во Иран

Руската државна корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“ останува во Иран и покрај конфликтот на Блискиот Исток и е посветена на спроведување на договорот за изградба на уште два блока во нуклеарната централа Бушер, потврди во четврток нејзиниот раководител Алексеј Лихачев.Росатом“, кој ја изгради првата единица од единствениот нуклеарен објект во Иран, евакуираше дел од својот персонал и ги прекина градежните работи на новите објекти откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, објави „Ројтерс“.Лихачев објасни дека околу 450 вработени во Росатом се уште се на локацијата, откако 150 од нив се вратија во Русија преку Ерменија оваа недела. Тој исто така рече дека ситуацијата околу Бушер останува напната, но нагласи дека немало напад ниту врз самата централа ниту врз градилиштето.Изградбата на единиците два и три останува еден од приоритетите на корпорацијата. Ова сигурно не е време да се напушти. Настаните на Блискиот Исток се само дел од глобалниот мозаик“, истакна Лихачев.Меѓувладин договор меѓу Русија и Иран дозволува изградба до осум нуклеарни единици, од кои четири се планирани за Бушер.Минатата есен, Иран објави дека потпишал договор од 25 милијарди долари со Росатом за изградба на четири нуклеарни единици со вкупен капацитет од 5 гигавати на друга локација на југоистокот од земјата. Двете страни потпишаа и меморандум за развој на мали нуклеарни централи во Иран.

Свет | пред 2 седмици

zaharova-51320-

Захарова: Експлозијата во Иран го оштетила рускиот конзулат

Рускиот генерален конзулат во иранскиот град Исфахан е оштетен во неделата за време на напад врз блиска зграда на покраинската влада, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.Според нејзините зборови, ударниот бран од експлозијата соборил неколку вработени и ги искршил прозорците на зградата на конзулатот, како и на околните станбени објекти.Во инцидентот, како што соопшти руската страна, нема загинати ниту лица со сериозни повреди.Захарова оцени дека нападите врз дипломатски и конзуларни мисии претставуваат кршење на меѓународното право.„Бараме сите страни строго да ја почитуваат неповредливоста на дипломатските простории и да се воздржат од какви било напади кои би можеле да ја загрозат безбедноста, животот и здравјето на нивниот персонал“, изјави таа.

Свет | пред 2 седмици

media-library5l68q0mtmro62Fb7nSr

Пратеник на Трамп: Се надеваме дека Русија не му помага на Иран

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, изјави дека од Русија побарал да не споделува разузнавачки информации со Иран.Во разговор со новинарите во претседателскиот авион, Виткоф посочи дека овој став јасно ѝ бил пренесен на Москва. На прашањето дали верува дека Русија, сепак, му помага на Иран со разузнавачки податоци, тој одговори дека се надева дека тоа не се случува.„Се надевам дека Русите не споделуваат разузнавачки информации со Иран. Не сум разузнавач и не можам да ви кажам со сигурност. Но, вчера во разговор со претседателот Трамп, Русите ни рекоа дека не делеле информации. Тоа го кажаа. Можеме да им веруваме на збор. Да се надеваме дека не делат“, изјави Виткоф.Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаат сигурни информации дали Русија му доставува разузнавачки податоци на Иран, откако повеќе американски медиуми објавија дека Москва можеби му помага на Техеран.САД и Израел на 28 февруари започнаа опсежна воена операција против Иран, при што беа нападнати повеќе големи градови, меѓу кои и Техеран. Белата куќа нападите ги оправда со тврдења за ирански ракетни и нуклеарни закани, а воедно повика и на бунт против иранската власт.Во нападите беше убиен и врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, како и неколку високи функционери на Исламската Република.По тоа, Иран започна одмаздничка операција насочена кон цели во Израел, а беа погодени и американски воени бази во Бахреин, Јордан, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Свет | пред 2 седмици

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Војната со Иран ѝ носи милиони на Русија од извоз на нафта и гас

Актуелната воена криза на Блискиот Исток ѝ овозможува на Русија да остварува значително поголеми приходи од извоз на нафта и гас, оценуваат енергетски аналитичари.Според нив, нарушувањето на глобалното снабдување со нафта и растот на цените на енергенсите, како и делумното олеснување на санкциите за руската нафта, создаваат поволни услови за руската економија.Анализата на тинк-тенкот Центар за истражување на енергија и чист воздух покажува дека една недела по почетокот на американско-израелските воздушни напади врз Иран на 28 февруари, просечните дневни приходи на Русија од извоз на фосилни горива достигнале околу 510 милиони евра дневно, што е за 14 проценти повеќе од просекот во февруари.Аналитичарот Ваибхав Рагунандан од Центарот предупредува дека приходите би можеле дополнително да растат доколку кризата продолжи.„Во изминатата недела има огромен ненадеен раст на приходите и тие ќе продолжат да се зголемуваат со текот на времето. Колку подолго трае оваа криза, толку е подобро за Русија“, изјави тој за Би-Би-Си.Според Рагунандан, ваквата ситуација претставува сериозен удар за напорите за поддршка на Украина, бидејќи растот на приходите од енергенси значително ја зајакнува руската воена економија.Во моментов, приходите од нафта и гас сочинуваат приближно една четвртина од буџетските приходи на руската држава, покажуваат податоците на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.

Свет | пред 2 седмици

media-librarypotefaq7esmn6CNlEAa

Коста: Досега има само еден победник во оваа војна – Русија

Единствениот победник досега во војната на Блискиот Исток е Русија, бидејќи конфликтот ги зголемува цените на нафтата и го одвлекува вниманието од нејзината агресија во Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави „Ројтерс“.Досега има само еден победник во оваа војна – Русија“, рече Коста во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.Русија добива нови средства за финансирање на својата војна против Украина, бидејќи цените на енергијата растат. Таа, исто така, има корист од пренасочувањето на воените капацитети што инаку би можеле да бидат испратени за да ѝ помогнат на Украина. Конечно, таа, исто така, има корист од намаленото внимание на украинското бојно поле, додека конфликтот на Блискиот Исток е во центарот на вниманието“, рече Коста.Тој нагласи дека Европската Унија мора да го заштити меѓународниот поредок базиран на правила, кој, според него, сега е оспорен од САД. Тој ги повика сите страни на Блискиот Исток да се вратат на преговарачката маса.Слободата и човековите права не можат да се постигнат со бомби. Тие се поддржани само од меѓународното право. Мора да избегнеме понатамошна ескалација. Ваквите случувања го загрозуваат Блискиот Исток, Европа и пошироко“, рече тој.

Свет | пред 2 седмици

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп разговараше со Путин за Иран: Москва предложила план за брз крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, при што главни теми биле војната околу Иран, конфликтот во Украина и ситуацијата во Венецуела. Разговорот траел околу еден час и бил инициран од американската страна, соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.Според Ушаков, разговорот бил „деловен, отворен и конструктивен“, а Путин му претставил на Трамп повеќе идеи насочени кон брзо политичко и дипломатско решение на конфликтот со Иран.Тој навел дека руската страна предложила дипломатски пристап што би вклучувал контакти со лидерите на земјите од Персискиот Залив, иранскиот претседател и други државници со цел што побрзо смирување на кризата.Во текот на разговорот, Трамп ја изложил својата проценка за развојот на ситуацијата во контекст на американско-израелската воена операција против Иран. Според Кремљ, двајцата лидери размениле „многу содржајни и корисни“ ставови за можните чекори кон деескалација.Освен за Иран, Трамп и Путин разговарале и за војната во Украина. Американскиот претседател изразил интерес конфликтот да заврши со брз прекин на огнот и долгорочно политичко решение.На разговорот била отворена и темата за Венецуела, особено во контекст на состојбата на глобалниот пазар на нафта и енергетските последици од кризата на Блискиот Исток.Според Ушаков, разговорот би можел да има практично значење за понатамошната соработка меѓу Москва и Вашингтон во низа меѓународни прашања, а двајцата лидери изразиле подготвеност ваквите контакти да продолжат и во иднина.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: САД побараа одложување на преговорите со Русија поради кризата на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за нови мировни преговори со Русија со поддршка на Соединетите Американски Држави, но дека вниманието на меѓународната заедница во моментов е насочено кон конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Зеленски соопшти дека Вашингтон побарал одложување на претстојниот состанок, кој требало да се одржи оваа недела, поради актуелната безбедносна криза на Блискиот Исток.„Целото внимание на нашите партнери е насочено кон ситуацијата околу Иран и затоа состанокот, планиран за оваа недела, се одложува на предлог на САД“, напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.Тој додаде дека Украина примила 11 барања од држави во соседството на Иран, како и од САД и европски земји, за помош во соборување на беспилотни летала кои, според нив, биле лансирани од Техеран.„Русија се обидува да ја искористи ситуацијата на Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив за да манипулира во корист на својата агресија“, наведе Зеленски.Мировните преговори, чија цел е завршување на четиригодишниот конфликт меѓу Украина и Русија, досега не донеле напредок по клучните прашања, особено поради руските барања Украина да направи територијални отстапки.По состанок за национална безбедност, Зеленски изјави дека постои значителен интерес за украинското искуство во развојот на системи за пресретнување дронови, електронско војување и обука за борба против беспилотни летала.Тој нагласи дека Украина е подготвена позитивно да одговори на барањата на државите кои ѝ помагаат во одбраната и заштитата на нејзината независност.Во изјава за „Њујорк тајмс“, Зеленски посочи дека Украина испратила дронови-пресретнувачи и тим специјалисти во Јордан, додека според информации на агенцијата „Ројтерс“, САД и Катар водат преговори за купување украински дронови-пресретнувачи.

Свет | пред 3 седмици

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Москва подготвена да ја замени Европа: „Ќе снабдуваме други пријателски земји“

Потпретседателот на руската влада, Александар Новак, изјави дека Русија е подготвена, наместо Европа, со гас да снабдува други пријателски земји кои се заинтересирани за долгорочни и конструктивни односи.Такви можности постојат, нашите компании денес го потврдија тоа, веќе водат преговори и во блиска иднина гасот ќе биде пренасочен кон други земји“, им изјави тој на новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека за Русија би можело да биде корисно што поскоро да ги прекине испораките кон европските земји, бидејќи во Европа се планира постепено воведување ограничувања што би можеле да доведат до целосна забрана за купување енергенси од Русија.Наместо тоа, рускиот претседател најави дека ќе ѝ наложи на владата да разработи план за извоз кон перспективни трговски пазари. Притоа нагласи дека во тоа нема никаква политичка позадина.Кон крајот на 2024 година поранешниот премиер на Италија и поранешен претседател на Европската централна банка, Марио Драги, подготви извештај за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Според тој документ, енергетскиот пазар на Европската Унија се соочува со суштински проблеми и недостиг од природни ресурси, и покрај тврдењата дека руското гориво успешно е заменето.Така, цените на гасот во ЕУ се четири до пет пати повисоки отколку во Соединетите Американски Држави.Сепак, во средината на октомври Советот на Европската Унија одобри постепено укинување на испораките на руски гас, почнувајќи од 1 јануари 2026 година.За постојните договори е предвиден преоден период до 1 јануари 2028 година.Според проценката на шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, Европа поради откажувањето од рускиот увоз изгубила повеќе од 1,3 билиони евра.

Свет | пред 3 седмици

media-library89lcaqvsrfbb1FNm12j

(Видео) Путин го прекина говорот поради кашлица, Кремљ се огласи по шпекулациите за неговото здравје

Во јавноста се појави кратка видеоснимка која повторно ги поттикна шпекулациите за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин. Видеото, чија автентичност сè уште не е независно потврдена, наводно го прикажува Путин за време на состанок како добива силен напад на кашлица. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и повторно ги оживеа долгогодишните гласини за неговото здравје, објави британскиот весник The Telegraph.На видеото се гледа рускиот претседател како среде состанок се врти настрана од соговорниците, ја става раката пред устата и почнува да кашла. Иако видеото е кратко, многумина на социјалните мрежи коментираа дека Путин изгледа уморно и исцрпено, што беше доволно за повторно да се појават бројни коментари и претпоставки.Од Кремљ брзо реагираа на ширењето на снимката, отфрлајќи ги сите шпекулации и оценувајќи ги како „уште еден информативен напад од Западот“ со цел дестабилизација на Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за државните медиуми дека претседателот е „апсолутно здрав“ и дека редовно ги извршува сите свои должности.„Таквите снимки или се вешто монтирани или се извадени од контекст за да се создаде погрешен впечаток. Претседателот е добро, станува збор за последици од обична настинка“, изјави Песков.Здравјето на Владимир Путин со години е тема на меѓународно внимание. Во јавноста периодично се појавуваат непотврдени информации дека тој боледува од сериозни заболувања, меѓу кои и Паркинсонова болест, како и од различни форми на рак.Овие гласини најчесто се засилуваат кога Путин поретко се појавува во јавност или кога аналитичари забележуваат детали на снимките, како треперење на раката, необичен од или цврсто држење за масата за време на состаноци. Сепак, официјална Москва редовно и решително ги демантира ваквите тврдења.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2022-02-27-120002

Литванското разузнавање предупредува: Русија се подготвува за можен судир со НАТО

Литванската разузнавачка служба предупредува дека Русија систематски ги зајакнува своите воени сили долж источната граница на НАТО и се подготвува за можен идeн конфликт со Алијансата.Во годишниот извештај за националните безбедносни закани за 2026 година се наведува дека Москва ги проширува своите воени капацитети, ги претвора постојните бригади во дивизии, формира нови единици и интензивно развива воена инфраструктура, особено во ексклавата Калининград.Според литванските аналитичари, дел од единиците и воената опрема се испраќаат директно на фронтот во Украина за да стекнат борбено искуство, што, како што се наведува, создава основа за формирање поголема и поефикасна воена сила во иднина.Извештајот предупредува дека Русија би можела да изгради армија која ќе биде за 30 до 50 проценти поголема отколку пред почетокот на војната во Украина, со модернизиран арсенал и обновени стратешки резерви на оружје и муниција, способни за конвенционален судир со НАТО.Како клучен фактор за можна ескалација се посочува евентуалното укинување на западните санкции, по што Москва, според проценките, би можела да биде подготвена за поширок конфликт со Алијансата во рок од шест години.Посебно внимание во извештајот се посветува на таканаречениот Сувалкиски коридор меѓу Полска и Литванија, кој ја раздвојува Белорусија од Калининград и се смета за најранливата точка во одбраната на НАТО на истокот од Европа.Литванските служби оценуваат дека долгорочните цели на Кремљ остануваат непроменети – потчинување на Украина и промена на рамнотежата на силите во Европа во корист на Москва. Во меѓувреме, НАТО продолжува да ја зајакнува одбраната на источниот фронт, а Литванија повикува на дополнително зајакнување на военото присуство на Алијансата во регионот.

Свет | пред 3 седмици

media-librarydjd4ip6k155j9UOKaHX

(Видео) Пожар во нафтено складиште во Русија по напад со дрон, Москва ја обвинува Украина

Пожар избувна доцна синоќа во складиште за нафта во Краснодарската област во Русија, откако, според руските власти, бил извршен напад со украински дрон.Регионалниот кризен штаб соопшти дека огнот избувнал во складишно и претоварно постројување на Јужната нафтена компанија во градот Армавир. Засега нема официјален коментар од украинските власти за овие наводи.Руското Министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта над Краснодарската област биле соборени четири украински дрона. Пожарот во нафтеното складиште го потврдија и локални канали на Телеграм, како и очевидци од местото на настанот.Жителите на Армавир изјавиле дека непосредно пред избувнувањето на пожарот слушнале неколку експлозии и забележале дејствување на противвоздушната одбрана.На снимки и фотографии што се шират на социјалните мрежи се гледаат големи пламенови над индустрискиот објект, додека на местото пристигнуваат противпожарни и спасувачки екипи.Краснодарската област, која се наоѓа на југозападот на Русија покрај Црното Море, повеќепати била цел на напади со беспилотни летала во рамки на украинската кампања насочена кон руската енергетска и воена инфраструктура. Украина во изминатиот период често изведува напади длабоко во руската територија, користејќи беспилотни летала произведени во сопствен развој.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryu4kcp7cf7ebt3aMi2Zi

Балистички ракети и дронови над Киев и Харкив: погодена станбена зграда, најмалку петмина загинати

Русија во ноќеска изведе напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и други украински градови. Во Харкив, при директен удар врз повеќекатна станбена зграда, загинаа најмалку пет лица, а десетмина се повредени, соопштија локалните власти.Според првичните информации, проектилот ја погодил зградата во киевскиот реон на Харкив, по што избувнал пожар и настанале големи разурнувања. Спасувачките екипи извлекле тела на жртвите од урнатините, додека потрагата и расчистувањето продолжија и по нападот.„Потврдено е дека балистички проектил директно погоди повеќекатница. Има значителна штета, избувна пожар, а можно е луѓе да се заробени под урнатините“, соопшти градоначалникот на Харкив, Игор Терехов.Државната служба за вонредни состојби наведе дека меѓу повредените има и две деца. Во меѓувреме, во Чугуев во Харкивската област, уште две лица биле повредени откако руски дрон околу 01:20 часот погодил семејна куќа.Експлозии биле пријавени и во украинскиот главен град. Првите детонации се слушнале околу 01:30 часот по локално време, а нови следеле десетина минути подоцна. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика граѓаните да останат во засолништа додека дејствува противвоздушната одбрана.„Во главниот град дејствуваат силите на противвоздушната одбрана. Останете во засолништа“, порача Кличко.Поради нападот, околу 03:00 часот била прогласена воздушна тревога за целата земја. Експлозии биле забележани и во Одеса, а украинските воздушни сили известиле за повеќе групи дронови кои се приближувале кон градот.Украинските власти повторно укажаа дека нападите сè почесто ги погодуваат цивилните населби и критичната инфраструктура, додека службите на терен се обидуваат да ја проценат штетата и да обезбедат помош за погодените населени места.

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Путин му изрази сочувство на Иран за смртта на врховниот водач и повика на итен прекин на војната

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за актуелната војна, соопшти Кремљ.Во соопштението се наведува дека Путин изразил сочувство за смртта на иранскиот врховен водач, како и за загинатите високи претставници и цивили во Иран. Воедно, ја повторил позицијата на Москва дека борбите мора веднаш да запрат и дека излезот од конфликтот треба да се бара по дипломатски пат.Иранскиот претседател, според истото соопштение, ѝ се заблагодарил на Русија за поддршката и го информирал Путин за состојбата на терен во земјата.Кремљ наведува дека е договорено двете страни да продолжат со контактите преку различни канали, во обид да се одржи политичката координација во време на зголемени тензии во регионот.Разговорот доаѓа во момент кога се појавуваат информации дека Русија на Иран му доставува разузнавачки податоци што би можеле да бидат искористени во напади врз американски сили во регионот. Од Вашингтон засега нема потврда за таква размена на информации, а Белата куќа порачува дека целта за мир останува достижна.

Свет | пред 3 седмици

putin-vojna

Белата куќа ја релативизира наводната руска помош за Иран: „Не прави разлика – ги разоруваме“

Белата куќа се обиде да ја намали тежината на тврдењата дека Русија споделува разузнавачки информации со Иран што би можеле да му помогнат на Техеран да ги таргетира американските воени цели во регионот. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека таквата размена „не прави никаква разлика“ за американските операции и дека американските сили „целосно го разоруваат“ противникот.Ливит одби да одговори дали претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе разговара за овие наводи со рускиот претседател Владимир Путин, како и дали Вашингтон размислува за конкретни мерки поради можната руска улога.Според американски функционери запознаени со разузнавачките проценки, Русија на Иран му доставила информации кои потенцијално би можеле да помогнат при напади врз американски воени бродови, авиони и други цели. Во исто време, тие нагласиле дека нема докази оти Москва директно го насочува Техеран како да ги користи тие податоци.Наводите се појавуваат во момент на ескалација на судирот кој, според оценките, го отворија САД и Израел во изминатата недела. Во тие околности, информациите се толкуваат како можен прв сигнал дека Русија би можела да се обиде да преземе поактивна улога во конфликтот.Кремљ, пак, ги негираше тврдењата дека ѝ дава воена помош на Исламската Република и порача дека останува во контакт со Иран, без да прецизира каква е природата на таа комуникација.

Свет | пред 3 седмици

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Русија изрази сочувство по убиството на иранскиот врховен лидер Хамнеи

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, го посети иранското амбасадорство во Москва за да изрази сочувство по убиството на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, Руденко вчера им го пренел сочувството на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров до иранскиот народ, пренесува Ал Џезира.Руденко се впишал и во книгата на жалост за семејството Хамнеи и за жртвите на она што официјална Москва го опиша како „американско-израелска агресија“. Според соопштението на министерството, тој го осудил атентатот врз високи функционери на една суверена држава.За време на средбата со иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, Руденко исто така изразил солидарност со иранскиот народ.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Медведев им порача на земјите од Заливот: Американските бази не се штит, туку закана

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска (6 март 2026) се огласи на социјалната мрежа X со порака до заливските арапски земји во контекст на војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга.Во објавата, Медведев оцени дека присуството на американски воени бази на територијата на земјите од Заливот не носи безбедност, туку ризик, тврдејќи дека Вашингтон ги користи своите партнери во регионот и дека суштински штити „само една земја“.„Заливските арапски земји дозволија американски бази на својот простор. Наивно од нив очекуваа заштита. Малку утре! САД само ги искористува, додека штити само една земја. Добро размислете дали навистина ви требаат американски бази – тие не се заштита, туку закана“, напиша Медведев.Медведев и претходно ја коментирал ескалацијата, притоа напаѓајќи го НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп, и потсмевајќи се со дискусиите во Алијансата за можноста од повикување на членот 5.Реториката на високи руски функционери за американското воено присуство на Блискиот Исток, како и за улогата на НАТО, во последните години често се засилува во моменти на регионални кризи, додека заливските монархии истовремено се обидуваат да балансираат меѓу безбедносните партнерства со САД и сопствените интереси за стабилност и економија.

Свет | пред 3 седмици

plin

Кремљ: Војната во Иран ја зголеми побарувачката за руски енергенси

Кремљ соопшти дека војната во Иран забележливо ја зголемила побарувачката на руски енергетски производи, оценувајќи дека Русија останува „сигурен снабдувач“ со нафта и гас – и преку цевководи и како течен природен гас.Изјавата доаѓа откако, според објавата, американското Министерство за финансии издало 30-дневно изземање со кое на Индија ѝ се овозможува да купува руска нафта.Во фокусот на актуелните турбуленции е и Ормускиот Теснец – клучен поморски премин. Кремљ тврди дека поради конфликтот теснецот е речиси целосно затворен, што предизвикува прекини во снабдувањето и дополнителен притисок врз светските пазари на нафта и гас.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите изјавил дека Русија „била и останала“ сигурен испорачател на енергенси и дека растот на побарувачката е директно поврзан со војната во Иран.Бележиме значаен пораст на побарувачката за руски енергетски ресурси во врска со војната во Иран“, изјави Песков.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryt7ga73838iqgfWcXP1H

Битка за 300 милијарди долари: Русија ја тужи ЕУ поради замрзнатиот имот

Централната банка на Русија соопшти дека поднела тужба до Општиот суд на Европската Унија со седиште во Луксембург, оспорувајќи ја одлуката од декември 2025 година со која нејзиниот имот во Европа беше замрзнат на неопределено време.Централната банка проценува дека западните земји замрзнале околу 300 милијарди долари руски државни средства. Поголемиот дел од таа имотна маса е замрзната во Европа и се чува во белгискиот депозитар Euroclear.Централната банка поднела тужба во Москва минатиот декември, барајќи од Euroclear обештетување од 230 милијарди долари како одговор на неопределеното замрзнување и на предлозите за одземање на имотот со цел финансирање на Украина, кои на крајот не беа реализирани.Во своето соопштение централната банка наведува дека замрзнувањето било воведено со „сериозни процедурални прекршувања“, бидејќи одлуката била донесена со мнозинство гласови, а не едногласно, како што бара законодавството на Европската Унија.Извор близок до централната банка изјавил дека токму тие наводни прекршувања се во центарот на тужбата.Документот на Европската Унија за замрзнувањето, објавен на 12 декември, ја исклучува секоја можност Русија да покрене правна постапка поради оваа одлука пред судовите на ЕУ.Со уредбата на ЕУ се прекршуваат основните и неотуѓиви права на пристап до правдата и неповредливоста на имотот, како и начелото на суверен имунитет на државите и нивните централни банки, загарантирано со меѓународните договори и правото на ЕУ“, наведува Централната банка на Русија.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Медведев: НАТО е луд, САД започнаа војна на Блискиот Исток

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев остро го нападна НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп поради војната со Иран.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Медведев ги критикуваше дискусиите во НАТО за можно активирање на членот 5 од Алијансата.„НАТО е луд. Прво САД го убиваат иранскиот лидер и започнуваат војна на Блискиот Исток. Потоа НАТО-идиоти, предводени од послушниот ‘синче’ на Трамп, Марк Руте, размислуваат за активирање на членот 5“, напиша Медведев.Тој саркастично додаде дека американскиот претседател би можел да биде номиниран за Нобелова награда за мир „затоа што започнал голема војна“, додавајќи дека „Орвел бил во право – војната е мир“.Претходно Медведев на Телеграм оцени дека американските напади врз Иран го покажале „вистинското лице“ на САД и дека преговорите со Техеран биле само параван.

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Русија: Иран не побарал од нас помош со оружје

Кремљ денеска соопшти дека Иран не контактирал со Москва со барање за испорака на оружје и дека ставот на Русија по тоа прашање е добро познат, обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави и Израел дека се обидуваат да ги вовлечат арапските земји во поширок конфликт на Блискиот Исток.Иран минатата година со Русија склучи 20-годишен договор за стратешко партнерство. Русија гради два нови нуклеарни блока во Бушехр, каде се наоѓа единствената иранска нуклеарна електрана, а Иран ѝ испорача беспилотни летала од типот Шахед на Русија за употреба против Украина.На прашање на новинарите дали Русија ќе ѝ обезбеди материјална помош на Иран, вклучувајќи испорака на оружје, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече:Во овој случај, не постоеше барање од иранска страна. Нашиот доследен став е добро познат на сите и нема промени во тој поглед.Русија ги осуди американско-израелските напади и повика на моментално запирање на огнот против земјата со која во последните години воспостави блиски односи.Кремљ тврди дека двете земји го провоцираат Иран да напаѓа цели низ целиот регион, оценувајќи дека нема знаци дека Вашингтон и Тел Авив ќе попуштат.Рускиот министер за надворешни работи во четврток соопшти дека САД и Израел намерно се обидуваат да ги вовлечат арапските држави од Заливот во поширок конфликт.Намерно го предизвикаа Иран на одмазднички напади врз цели во некои арапски земји, што предизвика човечки и материјални загуби, за што руската страна длабоко жали“, се вели во соопштението на министерството.Со тоа тие (Вашингтон и Тел Авив) се обидуваат да ги вовлечат Арапите во војна за туѓи интереси.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања