Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Москва подготвена да ја замени Европа: „Ќе снабдуваме други пријателски земји“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP
фото: unsplash

Александар Новак изјави дека Русија е подготвена да го пренасочи извозот на гас од Европа кон други „пријателски“ земји, со кои има интерес за долгорочни односи, и дека веќе се водат преговори. Владимир Путин додаде дека за Русија може да е корисно побрзо да ги прекине испораките кон Европа и најави план за извоз на нови пазари. Во ЕУ, и покрај тврдењата за замена на руското гориво, извештај на Марио Драги предупредува на проблеми и високи цени: гасот е 4–5 пати поскап од САД. Советот на ЕУ одобри постепено укинување на рускиот гас од 1.1.2026, со преоден период до 1.1.2028. Според Кирил Дмитриев, ЕУ изгубила над 1,3 билиони евра.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Потпретседателот на руската влада, Александар Новак, изјави дека Русија е подготвена, наместо Европа, со гас да снабдува други пријателски земји кои се заинтересирани за долгорочни и конструктивни односи.

— реклама —

Такви можности постојат, нашите компании денес го потврдија тоа, веќе водат преговори и во блиска иднина гасот ќе биде пренасочен кон други земји“, им изјави тој на новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.

— реклама —

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека за Русија би можело да биде корисно што поскоро да ги прекине испораките кон европските земји, бидејќи во Европа се планира постепено воведување ограничувања што би можеле да доведат до целосна забрана за купување енергенси од Русија.

— реклама —

Наместо тоа, рускиот претседател најави дека ќе ѝ наложи на владата да разработи план за извоз кон перспективни трговски пазари. Притоа нагласи дека во тоа нема никаква политичка позадина.

Кон крајот на 2024 година поранешниот премиер на Италија и поранешен претседател на Европската централна банка, Марио Драги, подготви извештај за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Според тој документ, енергетскиот пазар на Европската Унија се соочува со суштински проблеми и недостиг од природни ресурси, и покрај тврдењата дека руското гориво успешно е заменето.

Така, цените на гасот во ЕУ се четири до пет пати повисоки отколку во Соединетите Американски Држави.

Сепак, во средината на октомври Советот на Европската Унија одобри постепено укинување на испораките на руски гас, почнувајќи од 1 јануари 2026 година.

За постојните договори е предвиден преоден период до 1 јануари 2028 година.

Според проценката на шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, Европа поради откажувањето од рускиот увоз изгубила повеќе од 1,3 билиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 8 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 12 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања