Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПУТИН

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Донбас станува „Дониленд“?; Зеленски: „Само да не биде Путинленд“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека е клучно Донецката и Луганската област да останат во состав на Украина, коментирајќи медиумски наводи за предлог дел од Донбас да се преименува во „Дониленд“ во чест на американскиот лидер Доналд Трамп.Коментарот следуваше откако „Њујорк тајмс“ објави дека украински претставници за време на неодамнешните мировни преговори изнеле идеја за преименување на дел од регионот со цел да го придобијат Трамп и да го поттикнат на поостар став кон руските територијални претензии, пишува „Киев индипендент“.„Најважно е Донецката и Луганската област да останат дел од Украина, само да не биде Путинленд. Тоа е најважно“, изјави Зеленски пред новинарите, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.Според „Њујорк тајмс“, идејата за преименување била изнесена делумно на шега, но и како дипломатски гест. Предложеното име „Дониленд“, кованица од Донецк, Доналд и Дизниленд, би се однесувало на околу 5.000 квадратни километри во северозападниот дел од Донецката област.Зеленски нагласи дека во преговорите користи исклучиво термини како Донецка област, Луганска област, Донбас и територија на Украина, без други називи.Иако деталите од планот не се јасни, наводно било предложено комитет за мир поврзан со Трамп да учествува во управувањето со тој дел, но идејата не е дел од официјални документи.Преговорите со посредство на САД во последните месеци се фокусирани на иднината на Донбас – регион во источна Украина што ги опфаќа делумно окупираните Донецка и Луганска област. Клучното прашање е територијалната контрола, додека Москва врши притисок Украина да се повлече од преостанатите територии.Трамп, кој за време на кампањата ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа, повеќе од една година се обидува да постигне договор преку преговори, што предизвикува фрустрации во Киев.По средбата на Трамп и Путин на Алјаска во август 2025 година, американската администрација сигнализираше подготвеност за можен договор што би вклучувал повлекување на Украина од Донецката област.Русија во меѓувреме го промовира т.н. „Договор од Енкориџ“, според кој Донбас би бил предаден на нив.Украина сè уште контролира околу една четвртина од Донецката област и одбива повлекување, предлагајќи прекин на огнот долж постојните линии на фронтот.

Свет | пред 7 часа

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Победата на Русија во војната во Украина веќе им е очигледна на сите, вклучително и на Киев, кој веќе размислува како тамошното раководство ќе мора да ја „формализира“ ситуацијата со идната победа на руската страна, изјави рускиот претседател Владимир Путин.Путин тоа го изјави за време на денешната средба со претставници на руските општини.Еден од учесниците на состанокот им се заблагодари на сите кои во моментов учествуваат во војната и нагласи дека победата сигурно ќе биде руска.Според неговите зборови, „повеќе никој не се сомнева во тоа, вклучително и непријателот“.„Да“, се согласи рускиот претседател. „Тие само размислуваат како сето тоа да го формализираат“.

Свет | пред 1 ден

media-libraryvbncmtrq6fc5dJJ5vSa

Техеран испраќа сигнал: Договор со САД „не е надвор од дофат“

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека договор со САД „не е надвор од дофат“ доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го почитува меѓународното право, пренесува државната телевизија.Изјавата беше објавена како резиме од телефонски разговор меѓу Пезешкијан и рускиот претседател Владимир Путин, кој беше пренесен преку иранската државна радиотелевизија на Телеграм.Разговорот се случи по неодамнешните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, во период на засилени дипломатски контакти меѓу засегнатите страни околу актуелните тензии.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди помош на Иран за постигнување мир на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по неуспехот на американско-иранските преговори во Исламабад, нудејќи ја улогата на Русија како посредник за постигнување мировно решение на Блискиот Исток, пренесува Ал Џезира.Од Кремљ соопштија дека Путин ја истакнал подготвеноста на Москва да помогне во изнаоѓање политичко и дипломатско решение и да посредува во напорите за воспоставување праведен и траен мир.Претходно, повеќечасовните разговори меѓу САД и Иран завршија без договор по повеќе од 21 час преговори. Клучниот спор се однесувал на контролата врз Ормускиот теснец – Вашингтон барал негово целосно отворање, додека Техеран инсистирал да ја задржи контролата.И покрај силното посредување на Пакистан и првичните сигнали за напредок, разговорите пропаднале, а двете делегации ја напуштиле земјата без постигнат договор.

Свет | пред 1 седмица

zelenski-putin

Путин најави, Зеленски прифати: Кратко велигденско примирје меѓу Русија и Украина

Кратко примирје меѓу Русија и Украина, најавено по повод православниот Велигден, треба да стапи на сила денеска попладне, во услови на забавени дипломатски напори за ставање крај на војната.Според најавите од Кремљ, прекинот на огнот ќе започне во 16 часот по локално време и ќе трае до крајот на неделата, односно вкупно 32 часа. Наредбата за запирање на борбените операции е издадена до руските воени структури во сите правци.Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина е подготвена да го почитува договореното примирје.„Украина е подготвена да го почитува ова ретко затишје во непријателствата“, изјави Володимир Зеленски.И покрај ова, претходни искуства покажуваат дека ваквите договори често се прекршуваат, со меѓусебни обвинувања од двете страни. Слично примирје беше најавено и минатата година за Велигден, но не се одржа во целост.Непосредно пред почетокот на примирјето, украинските власти известија за нови напади во регионите Полтава и Суми, при што загинало едно лице, а повеќе од десет биле повредени.Во меѓувреме, мировните преговори остануваат во застој. Разговорите под покровителство на Соединетите Американски Држави не донесоа конкретен напредок, а вниманието на Вашингтон сè повеќе се пренасочува кон кризата со Иран.Москва и понатаму инсистира на територијални и политички отстапки од Киев, кои украинската страна ги одбива, оценувајќи ги како неприфатливи. Од Кремљ посочуваат дека најавеното примирје не е директно поврзано со тековните преговори за завршување на конфликтот.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Москва со порака до Балтикот: Отворање на небото за украински дронови значи вклучување во конфликт

Русија ги предупреди балтичките држави дека би можеле да се соочат со последици ако им дозволат на украинските беспилотни летала да го користат нивниот воздушен простор за напад врз руска територија, објави британскиот весник „Тајмс“.Според весникот, Москва им соопштила на земјите-членки на НАТО во балтичкиот регион дека таков потег би можел да се протолкува како директно вклучување во конфликтот.Еден ден претходно, рускиот политиколог Сергеј Станкевич оцени дека евентуалното отворање на воздушниот простор на балтичките земји за украински беспилотни летала би значело нивно влегување во воен конфликт со Русија.Инаку,  сдпоред телеграм каналот Меш на 26 март, Литванија, Естонија и Латвија наводно им дозволиле на украинските беспилотни летала да го користат нивниот воздушен простор. Сепак, латвиското Министерство за одбрана соопшти дека балтичките држави не учествувале во планирањето или организирањето на нападите врз руска територија.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Киев се обидува да го искористи потенцијалот на земјите од НАТО во своја корист, што укажува на можноста за ширење на конфликтот.

Свет | пред 2 седмици

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

Шпанците веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп во моментов е поголема закана за светскиот мир од рускиот претседател Владимир Путин. Дополнително, мнозинството од граѓаните во таа земја смета дека Мадрид не треба воено да го поддржува Вашингтон во војна против Иран, според анкета објавена денес од шпанскиот весник „Паис“.На прашањето кои лидери претставуваат најголема закана за глобалниот мир, 81 процент од испитаниците го именувале  Трамп. Високи 79,3 проценти од анкетираните пак сметаат дека тоа е рускиот претседател Владимир Путин, а 71,2 проценти го посочиле израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека придонесува за загрозување на светскиот мир.Далеку зад нив се другите светски лидери во анкетата, како што се новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи со  62,9 проценти, понатаму севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун со 62,2 проценти и кинескиот претседател Си Џинпинг со 49,3 проценти.Ставовите на Шпанците за меѓународните лидери, како и за други прашања, во голема мера се под влијание на идеолошките разлики, наведува весникот.Па така Трамп е најголемата закана за огромното мнозинство левоориентирани гласачи, додека Путин е најголемата загриженост кај десничарските гласачи.Според анкетата, во Шпанија сè уште постои силно противење на војната на Блискиот Исток, при што 56 проценти од испитаниците се против продолжување на воените офанзиви сè додека не се собори иранскиот режим.Исто така повеќе од половина од испитаниците се против тоа Шпанија да им обезбеди воена поддршка на САД и Израел во војната против Иран и да им даде приоритет на односите со Вашингтон.Исто така, огромното мнозинство, повеќе од 70 проценти од Шпанците поддржуваат крај на израелско-палестинскиот конфликт и се залагаат за договорно решение за политичката криза во Венецуела, а 66 проценти поддржуваат продолжување на меѓународната воена помош за Украина сè додека руската инвазија продолжува.Иако речиси две третини го поддржуваат останувањето на земјата во НАТО, а повеќе од половина се за формирање европска армија, сепак мнозинството го отфрла испраќањето шпански војници во конфликти наведува шпанскиот весник.Половина од анкетираните се убедени дека е можна нова светска војна. Исто така околу 39 проценти од испитаниците веруваат во можноста Путин да нападне земја од ЕУ.Анкетата објавена во „Паис“ исто така, покажа голем песимизам кај Шпанците и поделба во општеството во врска со клучните прашања како што се трошоците за одбрана.Зголемувањето на воените трошоци го поддржуваат 46,3 проценти од испитаниците, додека 45,3 се против тоа, при што десницата е за поголемо трошење, а левицата против тоа.Во однос на иднината, речиси 70 проценти од Шпанците се песимистични, при што половина сметаат дека ќе биде насилна, авторитарна и нееднаква, додека помалку од 10 проценти веруваат дека ќе биде попросперитетна и постабилна, наведува во својот натпиш медиумот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Ердоган до Путин: Не го одобруваме иранскиот напад

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Анкара не го одобрува нападот врз Иран, но исто така не поддржува ниту ирански одмазднички акции против земјите во регионот, јавува Anadolu.Двајцата лидери разговарале за билатералните односи и за регионалните и глобалните прашања. Ердоган предупредил дека нападите врз цивилни бродови во Црното Море ја поткопуваат регионалната стабилност и истакна дека конфликтот на Блискиот Исток не смее да се претвори во нова точка на ескалација во кризата меѓу Русија и Украина.Турскиот претседател исто така посочил дека мора да се спречат агресивните политики на израелската влада под водство на премиерот Бенјамин Нетанјаху и дека не смеат да се дозволат потези кои го нарушуваат статусот на Ерусалим.

Свет | пред 2 седмици

media-library0j96olh9324mbhRLlbi

Кремљ: Путин „подготвен да помогне“ за смирување на судирот со Иран, додека војната која ја почнаа во Украина влегува во петта година

Кремљ соопшти дека Русија е подготвена да придонесе за смирување на судирот со Иран и за насочување на воената ескалација на Блискиот Исток кон „мирно решение“. Пораката беше пренесена преку портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин е во постојани контакти со лидери од регионот.Според Песков, Москва е подготвена да помогне со цел ситуацијата што побрзо да се префрли од воена логика во дипломатска рамка, а како можност за политички разговори беше спомнат и евентуален руско-арапски самит, кој би можел да послужи како платформа за дијалог.Во истиот контекст, Кремљ се осврна и на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, меѓу кои и оценките дека Вашингтон размислува за повлекување од НАТО. Песков повтори дека Русија и натаму ја гледа Алијансата како „непријателска“, додавајќи дека намалувањето на тензиите и ублажувањето на последиците од војната е можно само преку преговори.Изјавите доаѓаат во момент кога војната во Украина трае повеќе од четири години, што повторно ги отвора прашањата за позицијата на Москва на повеќе кризни фронтови и за нејзините обиди да се наметне како посредник во блискоисточната ескалација.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Русија предупредува: Не патувајте во земји кои имаат договори за екстрадиција со САД

Руското Министерство за надворешни работи во средата ги предупреди своите граѓани да не патуваат во земји кои имаат договори за екстрадиција со САД. Во препораката за патување се наведува дека интензитетот на кривичниот прогон од страна на Вашингтон се зголемил од почетокот на војната во Украина во 2022 година и дека луѓето ризикуваат долги затворски казни доколку бидат екстрадирани во САД, пренесува „Reuters“.Министерството истакнува дека поради бројни екстериторијални санкции насочени кон стратешки сегменти на домашната економија, многу Руси, без да бидат свесни, можат да станат мета на американските правосудни и разузнавачки служби. Според соопштението, американските агенции често користат измамни шеми, привлекувајќи руски државјани со бизнис или туристички понуди во странство. Русите понекогаш се апсат веднаш по пристигнувањето во трета земја.Предупредувањето е упатено кон Руси кои имаат основани причини да веруваат дека би можеле да бидат предмет на кривичен прогон од американските власти или се на американските листи на санкции. Министерството ги наведе како ризични земји Велика Британија, Швајцарија, поголемиот дел од членките на Европската Унија, Канада, Австралија, Израел, голем дел од Латинска Америка, Либерија, Мароко и низа азиски земји.Русија тврди дека од 2008 година, кога на Тајланд бил уапсен трговецот со оружје Виктор Бут, повеќе од 100 нејзини државјани биле екстрадирани во САД.Бут во САД поминал 14 години во затвор поради трговија со оружје, перење пари и завера за убиство на американски државјани. Тој бил ослободен во 2022 година во размена за американската кошаркарка Бритни Грајнер, која во Русија била затворена поради внесување масло од канабис за електронски цигари.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди безбедни рути за меѓународна трговија

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека актуелните судири во Иран веќе директно влијаат на глобалните енергетски пазари, особено на транспортот на нафта и гас преку Ормускиот теснец.Во видео-порака до учесниците на Меѓународниот форум за транспорт и логистика, Путин истакна дека безбедноста на испораките станува клучен фактор и дека Русија може да понуди алтернативи и безбедни патеки за меѓународната трговија, пренесе Спутник.„Русија може да одигра важна улога во формирањето на новата архитектура на глобалната логистика и меѓународната трговија“, нагласи тој.Рускиот лидер додаде дека руските логистички рути можат да се користат во услови на ескалација во Иран и го потенцираше значењето на долгорочното планирање на транспортот и логистиката.Форумот се одржува по прв пат во Санкт Петербург, од 1 до 3 април.

Свет | пред 3 седмици

putin

Се огласи Кремљ за разговорот меѓу Путин и Вучиќ: „Српскиот претседател ја даде својата проценка за ситуацијата на Балканот“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Русија, Владимир Путин, разговарале, за ситуацијата на Балканот и го истакнале фундаменталното значење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за решавање на прашањето за Косово и Метохија, соопшти Кремљ.„Српскиот претседател ја даде својата проценка за ситуацијата на Балканот. Двете страни го истакнаа фундаменталното значење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за решавање на прашањето за Косово, како и потребата за обезбедување на правата на Република Српска во рамките на Босна и Херцеговина согласно Дејтонскиот договор“, се наведува во соопштението.Во телефонскиот разговор, кој, како што се наведува, бил инициран од српската страна, двајцата лидери разговарале и за актуелните прашања на руско-српското стратешко партнерство, вклучувајќи соработка во енергетскиот, нафтено-гасниот и нуклеарниот сектор, како и за подготовките за претстојниот априлски состанок на Руско-српскиот меѓувладин комитет за трговија, економска и научно-техничка соработка.Се наведува и дека Вучиќ изразил благодарност за продолжувањето на стабилните испораки на руски гас, кои се од клучно значење за одржување на енергетската сигурност на земјата.Темата на разговорот, додаваат, била и ситуацијата околу Украина и тековната ескалација на судирите со големи размери на Блискиот исток.Истакнуваат дека е договорено да се продолжат контактите.

Свет | пред 3 седмици

putin-bozik-640x473-1

Руски функционер: Европа ќе нè моли за енергија

Европа и Велика Британија наскоро би можеле да се соочат со сериозна енергетска криза и да бидат принудени повторно да се свртат кон руските ресурси, тврди Кирил Дмитриев, директор на рускиот државен инвестициски фонд.Говорејќи на состанок на рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, Дмитриев изјави дека очекува зголемен притисок од европските земји.„Русија сигурно ќе добие многу барања од Европа и Британија и ќе одлучи дали ќе ги прифати или не“, рече тој.Тој беше уште подиректен во својата оценка.„Нашата проценка е многу јасна: Европа и Британија ќе нè молат за руските енергетски ресурси“, изјави Дмитриев.Според него, глобалните пазари веќе се под силен притисок поради конфликтот на Блискиот Исток, што може да доведе до драматичен раст на цените.Тој предупреди дека цената на нафтата може да се искачи меѓу 150 и 200 долари за барел, оценувајќи дека Европа не е подготвена за „најтешката енергетска криза“.Дмитриев тврди дека западните земји направиле стратешка грешка со намалувањето на зависноста од руската енергија.„Западот сам си пукаше во нога“, изјави тој, алудирајќи на политиките по руската инвазија врз Украина во 2022 година.Во исто време, од Брисел засега остануваат на спротивниот став.„Нема враќање на зависноста од руската енергија“, порача европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен.

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави.На седницата на Рускиот совет за безбедност, Путин рече дека Русија „никогаш не го одбила развојот на тие односи, ниту нивното обновување“, според транскриптот објавен од Кремљ. Како причина за раздорот, тој повторно го наведе соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, по масовните протести во 2014 година.„Треба да се разгледа состојбата на односите со европските држави, особено со Европската унија“, рече Путин, пренесува dpa.Според него, тоа означило почеток на „серија трагични настани кои се случуваат во Украина и денес“.На истата седница проценки за овие односи изнесе и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но Кремљ не објави детали од неговото обраќање.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Кремљ: Владимир Путин не барал донации од бизнисмени за војната во Украина

Кремљ денеска ги демантираше информациите дека рускиот претседател Владимир Путин побарал од водечките бизнисмени да донираат средства за стабилизација на руските финансии додека продолжува војната во Украина.Наводите првично ги објавија The Bell и Financial Times, повикувајќи се на неименувани извори, по затворениот состанок што Путин го одржал со деловни лидери. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „не е точно“ оти претседателот упатил такво барање.Сепак, Песков посочи дека еден од присутните бизнисмени сам понудил да донира „многу голема сума“ на државата. Според него, станува збор за лична иницијатива, а не за барање од страна на претседателот, иако, како што додаде, Путин ја поздравил таквата намера.Рускиот милијардер Сулејман Керимов, според извештаите, на состанокот ветил донација од 100 милијарди рубљи. Оваа информација засега не е официјално потврдена.Песков истакна и дека не е точно оти средствата би биле наменети за финансирање на војната. Сепак, The Bell објави дека на состанокот се разговарало и за воени трошоци, како и за продолжување на операциите во источниот дел од Украина.Русија се соочува со буџетски дефицит и економска стагнација во услови на долготрајниот конфликт, но властите се надеваат дека растот на цените на нафтата ќе помогне во стабилизирање на финансиската состојба.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин воведе нови забрани: Ограничено изнесување кеш во овие држави

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ со кој од 1 април се забранува физичките лица да изнесуваат готовина во државите членки на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) во износ поголем од 100.000 долари.„Се воведува забрана за извоз во државите членки на Евроазиската економска унија на готовински пари на Руската Федерација од страна на физички лица во износ што го надминува еквивалентот од 100 илјади американски долари и е пресметан според официјалниот курс на Централната банка“, се наведува во документот објавен на официјалниот портал на правни акти, пренесува РИА Новости.Исклучоци се предвидени кога валутата се пренесува преку воздушни гранични премини на меѓународните аеродроми во Русија што ќе ги одреди Владата, со задолжително поседување заверени банкарски извештаи кои го потврдуваат подигањето на средствата од сметки на физички и правни лица, како и други документи што ќе ги пропишат надлежните органи.Во моментов не постојат ограничувања за извоз на готовина во руска валута за компаниите, но тие мора да пријават износи што го надминуваат еквивалентот од 10.000 долари.Исто така, од 1 мај ќе биде воведена забрана за извоз на златни прачки со тежина поголема од 100 грама, за физички и правни лица и индивидуални претприемачи.Исклучоци се случаите кога златото се извезува во земјите на ЕАЕУ преку воздушни контролни пунктови на руската граница на московските аеродроми Внуково, Домодедово и Шереметјево, како и на аеродромот Кневичи (Владивосток), со дозвола од Федералниот завод за анализа на злато.Претходно беше објавено дека Банката на Русија ги продолжила ограничувањата за подигање готовина во странска валута за уште шест месеци. Новите мерки ќе останат на сила до 9 септември.

Свет | пред 3 седмици

putin-kim1

Ким Џонг Ун испрати порака до Путин: Пјонгјанг секогаш ќе биде покрај Москва

Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, испрати порака до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во која нагласува дека Пјонгјанг секогаш ќе стои покрај Москва, пренесува денес агенцијата KCNA.Во пораката, испратена во вторник, Ким изразува искрена благодарност до Путин за срдечните честитки по повод неговото повторно преземање на функцијата претседател на државните работи на Демократската Народна Република Кореја (ДНРК).„Денес ДНРК и Русија тесно соработуваат во одбрана на суверенитетот на двете земји и во промовирање на благосостојбата на двата народа преку силна меѓусебна поддршка и сојузничка помош“, се наведува во пораката на Ким до Путин.Ким изразува уверување дека цврстите односи на доверба меѓу него и Путин несомнено ќе гарантираат „трајност на идната ефикасност“ меѓу ДНРК и Русија, и ќе ја промовираат развојната благосостојба на народите на двете земји.„Пјонгјанг секогаш ќе биде покрај Москва. Тоа е нашиот избор и непоколеблива волја“, порача Ким.Тој, исто така, упати искрени желби до Путин и братскиот руски народ, уште еднаш изразувајќи благодарност, наведува севернокорејската агенција.

Свет | пред 4 седмици

Putin-i-Kim-Djong-un

Ким Џонг Ун би можел наскоро да ја посети Русија: „Се договараат датуми“

Посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Русија е можно да се реализира откако ќе се договорат конкретни термини, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Според неговите зборови, Ким Џонг Ун има отворен повик да ја посети Русија, јавува ТАСС.Песков објасни дека таквата посета би можела да се случи веднаш штом преку дипломатските и други канали ќе се договорат конкретните датуми.Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, се сретна во Русија со рускиот претседател Владимир Путин во септември 2023 година, кога до рускиот пристанишен град Владивосток пристигна со оклопен воз.

Свет | пред 4 седмици

putin

Зеленски: На Путин му одговара долг конфликт на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека продолжениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран оди во прилог на Русија и на претседателот Владимир Путин, бидејќи ја пренасочува глобалната енергија и ресурси од Украина.Во изјава за Би-Би-Си, Зеленски посочи дека Кремљ има директен интерес од долготрајна нестабилност на Блискиот Исток, особено по одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за 30-дневно изземање што овозможува купување руска нафта и деривати.Според него, ваквите потези ѝ носат финансиска корист на Москва, која може да ги искористи средствата за продолжување на војната против Украина.„Путин ќе посакува долг конфликт. За него, долга војна со Иран е плус. Тоа влијае врз цените на енергенсите, но и ги троши американските резерви и капацитетите за противвоздушна одбрана“, изјави Зеленски.Тој нагласи дека ваквата ситуација значи пренасочување на воените ресурси, кои наместо да се користат за поддршка на Украина, се трошат во друг конфликт.„Путину му одговара тие ресурси да не одат во Украина. Тој има цел да нè ослабне, а тоа е долгорочен процес. Блискиот Исток е еден од начините тоа да се постигне“, додаде украинскиот претседател.Русија е под санкции од САД и Европската унија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, но аналитичарите предупредуваат дека евентуалното нивно ублажување би можело значително да ја зајакне руската економија и воен капацитет.Изјавите на Зеленски доаѓаат во период на засилени геополитички тензии, при што паралелните конфликти отвораат прашања за распределбата на глобалната поддршка и ресурси.

Свет | пред 1 месец

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп разговараше со Путин за Иран: Москва предложила план за брз крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, при што главни теми биле војната околу Иран, конфликтот во Украина и ситуацијата во Венецуела. Разговорот траел околу еден час и бил инициран од американската страна, соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.Според Ушаков, разговорот бил „деловен, отворен и конструктивен“, а Путин му претставил на Трамп повеќе идеи насочени кон брзо политичко и дипломатско решение на конфликтот со Иран.Тој навел дека руската страна предложила дипломатски пристап што би вклучувал контакти со лидерите на земјите од Персискиот Залив, иранскиот претседател и други државници со цел што побрзо смирување на кризата.Во текот на разговорот, Трамп ја изложил својата проценка за развојот на ситуацијата во контекст на американско-израелската воена операција против Иран. Според Кремљ, двајцата лидери размениле „многу содржајни и корисни“ ставови за можните чекори кон деескалација.Освен за Иран, Трамп и Путин разговарале и за војната во Украина. Американскиот претседател изразил интерес конфликтот да заврши со брз прекин на огнот и долгорочно политичко решение.На разговорот била отворена и темата за Венецуела, особено во контекст на состојбата на глобалниот пазар на нафта и енергетските последици од кризата на Блискиот Исток.Според Ушаков, разговорот би можел да има практично значење за понатамошната соработка меѓу Москва и Вашингтон во низа меѓународни прашања, а двајцата лидери изразиле подготвеност ваквите контакти да продолжат и во иднина.

Свет | пред 1 месец

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Москва подготвена да ја замени Европа: „Ќе снабдуваме други пријателски земји“

Потпретседателот на руската влада, Александар Новак, изјави дека Русија е подготвена, наместо Европа, со гас да снабдува други пријателски земји кои се заинтересирани за долгорочни и конструктивни односи.Такви можности постојат, нашите компании денес го потврдија тоа, веќе водат преговори и во блиска иднина гасот ќе биде пренасочен кон други земји“, им изјави тој на новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека за Русија би можело да биде корисно што поскоро да ги прекине испораките кон европските земји, бидејќи во Европа се планира постепено воведување ограничувања што би можеле да доведат до целосна забрана за купување енергенси од Русија.Наместо тоа, рускиот претседател најави дека ќе ѝ наложи на владата да разработи план за извоз кон перспективни трговски пазари. Притоа нагласи дека во тоа нема никаква политичка позадина.Кон крајот на 2024 година поранешниот премиер на Италија и поранешен претседател на Европската централна банка, Марио Драги, подготви извештај за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Според тој документ, енергетскиот пазар на Европската Унија се соочува со суштински проблеми и недостиг од природни ресурси, и покрај тврдењата дека руското гориво успешно е заменето.Така, цените на гасот во ЕУ се четири до пет пати повисоки отколку во Соединетите Американски Држави.Сепак, во средината на октомври Советот на Европската Унија одобри постепено укинување на испораките на руски гас, почнувајќи од 1 јануари 2026 година.За постојните договори е предвиден преоден период до 1 јануари 2028 година.Според проценката на шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, Европа поради откажувањето од рускиот увоз изгубила повеќе од 1,3 билиони евра.

Свет | пред 1 месец

media-library89lcaqvsrfbb1FNm12j

(Видео) Путин го прекина говорот поради кашлица, Кремљ се огласи по шпекулациите за неговото здравје

Во јавноста се појави кратка видеоснимка која повторно ги поттикна шпекулациите за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин. Видеото, чија автентичност сè уште не е независно потврдена, наводно го прикажува Путин за време на состанок како добива силен напад на кашлица. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и повторно ги оживеа долгогодишните гласини за неговото здравје, објави британскиот весник The Telegraph.На видеото се гледа рускиот претседател како среде состанок се врти настрана од соговорниците, ја става раката пред устата и почнува да кашла. Иако видеото е кратко, многумина на социјалните мрежи коментираа дека Путин изгледа уморно и исцрпено, што беше доволно за повторно да се појават бројни коментари и претпоставки.Од Кремљ брзо реагираа на ширењето на снимката, отфрлајќи ги сите шпекулации и оценувајќи ги како „уште еден информативен напад од Западот“ со цел дестабилизација на Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за државните медиуми дека претседателот е „апсолутно здрав“ и дека редовно ги извршува сите свои должности.„Таквите снимки или се вешто монтирани или се извадени од контекст за да се создаде погрешен впечаток. Претседателот е добро, станува збор за последици од обична настинка“, изјави Песков.Здравјето на Владимир Путин со години е тема на меѓународно внимание. Во јавноста периодично се појавуваат непотврдени информации дека тој боледува од сериозни заболувања, меѓу кои и Паркинсонова болест, како и од различни форми на рак.Овие гласини најчесто се засилуваат кога Путин поретко се појавува во јавност или кога аналитичари забележуваат детали на снимките, како треперење на раката, необичен од или цврсто држење за масата за време на состаноци. Сепак, официјална Москва редовно и решително ги демантира ваквите тврдења.

Свет | пред 1 месец

h_57503169

Путин му изрази сочувство на Иран за смртта на врховниот водач и повика на итен прекин на војната

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за актуелната војна, соопшти Кремљ.Во соопштението се наведува дека Путин изразил сочувство за смртта на иранскиот врховен водач, како и за загинатите високи претставници и цивили во Иран. Воедно, ја повторил позицијата на Москва дека борбите мора веднаш да запрат и дека излезот од конфликтот треба да се бара по дипломатски пат.Иранскиот претседател, според истото соопштение, ѝ се заблагодарил на Русија за поддршката и го информирал Путин за состојбата на терен во земјата.Кремљ наведува дека е договорено двете страни да продолжат со контактите преку различни канали, во обид да се одржи политичката координација во време на зголемени тензии во регионот.Разговорот доаѓа во момент кога се појавуваат информации дека Русија на Иран му доставува разузнавачки податоци што би можеле да бидат искористени во напади врз американски сили во регионот. Од Вашингтон засега нема потврда за таква размена на информации, а Белата куќа порачува дека целта за мир останува достижна.

Свет | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: Можеме веднаш да го прекинеме гасот за Европа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија би можела веднаш да ги прекине испораките на гас за европскиот пазар, на 25 април, кога стапува во сила уредбата на Европската унија со која се забранува увоз на руски гас.Сега се отвораат и други пазари. Можеби за нас би било поповолно веднаш да престанеме со снабдување на европскиот пазар, да влеземе на пазарите што се отвораат и таму да се зацврстиме. Секако, ќе ѝ наложам на владата да работи на ова прашање заедно со нашите компании“, изјави Путин во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, пренесува агенцијата РИА Новости.Тој додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува енергетски ресурси на земјите што ги смета за сигурни партнери, како што се Словачка и Унгарија.Токму на овој начин ќе соработуваме со партнерите кои се сигурни контрагенти, како што се оние во источна Европа, меѓу кои Словачка и Унгарија. Ги снабдуваме со нашите енергетски ресурси – и нафта и гас – и имаме намера тоа да го правиме и во иднина, секако под услов раководството на тие земји да води иста политика како и досега, односно да остане наш сигурен партнер“, истакна Путин.Рускиот претседател оцени дека растот на цената на гасот на европскиот пазар не е директно поврзан со испораките, бидејќи тие не се намалени, туку со општата состојба на глобалните пазари на гас, како и со случувањата на Блискиот Исток, каде што се во тек напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран, како и ирански напади врз цели во соседните земји поврзани со присуството на САД.Никој не ги намалил испораките, но цените веќе скокнаа на 700 долари. Зошто? Поради целокупната состојба на глобалните пазари, вклучително и на пазарот на нафта, а во овој случај и на пазарот на гас, особено поради настаните на Блискиот Исток“, изјави Путин.Тој додаде дека растот на цената на гасот во Европската Унија е резултат на повеќегодишна погрешна енергетска политика на европските власти.Она што денес се случува на европските пазари е, пред сè, резултат на погрешната енергетска политика на европските власти. Таквата политика нема никаква врска со интересите на народите во тие земји“, рече Путин.Рускиот претседател истакна и дека растот на цената на нафтата е последица на ограничувањата за купување руска нафта и најави дека ќе ѝ наложи на владата да соработува со компаниите за решавање на прашањето со снабдувањето на нови, перспективни пазари со руски гас.

Свет | пред 1 месец

h_57503169

Путин: Би можеле да го прекинеме снабдувањето со гас за Европа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија би можела веднаш да престане со снабдување на европските пазари со гас и да се насочи кон, како што рече, „поперспективни пазари“, додека Европската Унија подготвува нови ограничувања за увоз на руска енергија.Според информации на европски претставници и документ во кој увид имал Ројтерс, Европска комисија на 15 април ќе поднесе законски предлог за трајна забрана на увозот на руска нафта, само три дена по парламентарните избори во Унгарија.Во разговор со новинарот на руската државна телевизија Павел Зарубин, Путин изјави дека се отвораат нови пазари кон кои Москва би можела да се пренасочи.„Сега се отвораат други пазари. Можеби би ни било поисплатливо веднаш да престанеме со снабдување на европскиот пазар и да се насочиме кон тие пазари и таму да се етаблираме“, рече рускиот лидер.Тој нагласи дека станува збор за размислување, а не за донесена одлука.„Ова не е одлука, туку размислување наглас. Сепак, ќе ѝ наложам на владата да работи на ова прашање заедно со нашите компании“, додаде Путин.Рускиот претседател повтори дека Русија, според него, отсекогаш била сигурен снабдувач со енергија и дека ќе продолжи да соработува со партнери кои ги смета за доверливи, меѓу кои ги посочи Словачка и Унгарија.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања