Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Анкета на „Паис“ покажува дека 81% од Шпанците го сметаат Доналд Трамп за најголема закана за светскиот мир, пред Владимир Путин (79,3%) и Бенјамин Нетанјаху (71,2%). Ставовите се силно идеолошки: левицата повеќе го гледа Трамп како закана, десницата – Путин. Мнозинството се против воена поддршка на Шпанија за САД/Израел во можен конфликт со Иран и против продолжување офанзиви до соборување на режимот. Над 70% поддржуваат решение за израелско-палестинскиот конфликт; 66% – помош за Украина. Општеството е поделено за трошоци за одбрана, а ~70% се песимистични за иднината.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Шпанците веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп во моментов е поголема закана за светскиот мир од рускиот претседател Владимир Путин. Дополнително, мнозинството од граѓаните во таа земја смета дека Мадрид не треба воено да го поддржува Вашингтон во војна против Иран, според анкета објавена денес од шпанскиот весник „Паис“.

На прашањето кои лидери претставуваат најголема закана за глобалниот мир, 81 процент од испитаниците го именувале  Трамп. Високи 79,3 проценти од анкетираните пак сметаат дека тоа е рускиот претседател Владимир Путин, а 71,2 проценти го посочиле израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека придонесува за загрозување на светскиот мир.

— реклама —

Далеку зад нив се другите светски лидери во анкетата, како што се новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи со  62,9 проценти, понатаму севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун со 62,2 проценти и кинескиот претседател Си Џинпинг со 49,3 проценти.

Ставовите на Шпанците за меѓународните лидери, како и за други прашања, во голема мера се под влијание на идеолошките разлики, наведува весникот.

— реклама —

Па така Трамп е најголемата закана за огромното мнозинство левоориентирани гласачи, додека Путин е најголемата загриженост кај десничарските гласачи.

Според анкетата, во Шпанија сè уште постои силно противење на војната на Блискиот Исток, при што 56 проценти од испитаниците се против продолжување на воените офанзиви сè додека не се собори иранскиот режим.

Исто така повеќе од половина од испитаниците се против тоа Шпанија да им обезбеди воена поддршка на САД и Израел во војната против Иран и да им даде приоритет на односите со Вашингтон.

Исто така, огромното мнозинство, повеќе од 70 проценти од Шпанците поддржуваат крај на израелско-палестинскиот конфликт и се залагаат за договорно решение за политичката криза во Венецуела, а 66 проценти поддржуваат продолжување на меѓународната воена помош за Украина сè додека руската инвазија продолжува.

Иако речиси две третини го поддржуваат останувањето на земјата во НАТО, а повеќе од половина се за формирање европска армија, сепак мнозинството го отфрла испраќањето шпански војници во конфликти наведува шпанскиот весник.

Половина од анкетираните се убедени дека е можна нова светска војна. Исто така околу 39 проценти од испитаниците веруваат во можноста Путин да нападне земја од ЕУ.

Анкетата објавена во „Паис“ исто така, покажа голем песимизам кај Шпанците и поделба во општеството во врска со клучните прашања како што се трошоците за одбрана.

Зголемувањето на воените трошоци го поддржуваат 46,3 проценти од испитаниците, додека 45,3 се против тоа, при што десницата е за поголемо трошење, а левицата против тоа.

Во однос на иднината, речиси 70 проценти од Шпанците се песимистични, при што половина сметаат дека ќе биде насилна, авторитарна и нееднаква, додека помалку од 10 проценти веруваат дека ќе биде попросперитетна и постабилна, наведува во својот натпиш медиумот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп поставува рок за Иран: Примирјето нема да трае бесконечно

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп најави дека САД разгледуваат валутна размена со ОАЕ и можен „финансиски потпор“ поради регионалната криза

Свет | пред 17 часа

media-librarymq018hkepk163plbXCY

(Видео) Трамп чита Библија по судирот со папата, нови реакции во САД

Свет | пред 19 часа

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп предупредува за сложен процес на извлекување на иранските резерви ураниум

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања