Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Војната со Иран ѝ носи милиони на Русија од извоз на нафта и гас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP
фото: unsplash

Актуелната воена криза на Блискиот Исток ѝ овозможува на Русија да остварува значително поголеми приходи од извоз на нафта и гас, оценуваат енергетски аналитичари.

Според нив, нарушувањето на глобалното снабдување со нафта и растот на цените на енергенсите, како и делумното олеснување на санкциите за руската нафта, создаваат поволни услови за руската економија.

— реклама —

Анализата на тинк-тенкот Центар за истражување на енергија и чист воздух покажува дека една недела по почетокот на американско-израелските воздушни напади врз Иран на 28 февруари, просечните дневни приходи на Русија од извоз на фосилни горива достигнале околу 510 милиони евра дневно, што е за 14 проценти повеќе од просекот во февруари.

Аналитичарот Ваибхав Рагунандан од Центарот предупредува дека приходите би можеле дополнително да растат доколку кризата продолжи.

— реклама —

„Во изминатата недела има огромен ненадеен раст на приходите и тие ќе продолжат да се зголемуваат со текот на времето. Колку подолго трае оваа криза, толку е подобро за Русија“, изјави тој за Би-Би-Си.

Според Рагунандан, ваквата ситуација претставува сериозен удар за напорите за поддршка на Украина, бидејќи растот на приходите од енергенси значително ја зајакнува руската воена економија.

Во моментов, приходите од нафта и гас сочинуваат приближно една четвртина од буџетските приходи на руската држава, покажуваат податоците на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања