Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Америка одобри продажба на руска нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
873x400-1-16

Соединетите Американски Држави издадоа нова општа лиценца со која привремено се дозволува продажба на руска сурова нафта и нафтени деривати што биле натоварени на бродови до 11 април, објавено е на веб-страницата на американското Министерство за финансии.

— реклама —

Американскиот министер за финансии Скот Бесент на мрежата Икс наведе дека мерката е насочена кон зачувување на стабилноста на глобалниот енергетски пазар и одржување пониски цени на енергенсите во услови на зголемена нестабилност.

— реклама —

Според него, привременото овластување им овозможува на државите да купуваат руска нафта која веќе е во транзит и моментално се наоѓа на море, со цел да се зголеми достапноста на постојното снабдување на светскиот пазар.

— реклама —

Бесент нагласи дека станува збор за строго ограничена и краткорочна мерка што се однесува исклучиво на нафта која веќе е испратена, оценувајќи дека таа нема да донесе значителна финансиска корист за руската влада, бидејќи најголемиот дел од приходите од енергетскиот сектор се остваруваат преку даноци пресметани на местото на експлоатација.

Тој додаде дека енергетската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го довела производството на нафта и гас во САД на рекордни нивоа, што придонело за пониски цени на горивата за американските потрошувачи.

Бесент оцени и дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата претставува привремено нарушување на пазарот кое, како што наведе, на долг рок би можело да донесе придобивки за американската економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 18 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања