Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Магазин
media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Истражување во САД и Канада (над 3.000 испитаници) покажува дека околу една третина веруваат дека светот ќе заврши во нивниот живот, што влијае врз чувството на одговорност и подготвеноста за дејствување при глобални кризи. Ставовите зависат од тоа колку е близок „крајот“, како се замислува, дали човек мисли дека може да влијае и што следи потоа. Оние што го гледаат крајот како „во Божји раце“ или без заедничка иднина поретко поддржуваат политики против климатски промени. Други, иако повеќе се плашат, се подготвени за драстични мерки; вербата во обнова носи поголема психолошка отпорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Социјални психолози во САД откриле дека дури една третина од испитаниците веруваат дека светот ќе заврши во текот на нивниот живот – податок кој, освен што звучи загрижувачки, има директно влијание врз начинот на кој луѓето реагираат на глобалните кризи.

— реклама —

Истражувањето, пренесено од Дојче Веле, покажува дека ваквите убедувања не се само апстрактни мисли, туку фактор кој го обликува чувството на лична одговорност и подготвеноста за дејствување.

— реклама —

Социјалниот психолог Метју Биле од Универзитетот во Калифорнија објаснува дека луѓето различно го замислуваат крајот – од целосно уништување на планетата, преку колапс на цивилизацијата, до трансформација што може да доведе и до „нова“ или подобра реалност.

— реклама —

Истражувачите утврдиле дека ставовите зависат од четири клучни фактори: колку блиску се чувствува крајот, како се замислува дека ќе се случи, дали поединецот верува дека има влијание врз исходот и што очекува да следи потоа.

На пример, луѓето кои сметаат дека крајот е „во Божји раце“ се помалку подготвени да поддржат политики за справување со климатските промени или други глобални ризици. Слично, ако некој не верува во заедничка иднина, помала е веројатноста да поддржи колективни мерки, како што се даноци за намалување на емисиите.

Студијата опфатила повеќе од 3.000 испитаници од САД и Канада, со различна верска и социјална позадина. Анализирани биле нивните ставови за економски, еколошки, геополитички, социјални и технолошки ризици.

Резултатите покажуваат дека иако за мнозинството крајот на светот е „далечен и апстрактен“, за секој трет испитаник тој е лична и непосредна реалност. Овие луѓе, според истражувањето, повеќе се плашат од глобалните закани, но и почесто се подготвени да поддржат драстични мерки за нивно спречување.

Сепак, постои и друга страна. Начинот на кој луѓето го доживуваат „крајот“ може да им помогне полесно да се справат со неизвесноста. Оние кои веруваат дека по катастрофата следи некаква обнова или „утопија“, покажуваат поголема психолошка отпорност.

Истражувањето заклучува дека размислувањето за апокалипса не е само индивидуален феномен, туку колективен процес – кој влијае врз општествените одлуки, политиките и начинот на кој човештвото се соочува со сопствените кризи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 12 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 22 часа

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 22 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Кенеди ја разгори јавноста: Трамп, на хартиен подметач, нацртал „совршена мапа“ на Блискиот Исток

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања