Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РУСИЈА

media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Две лица уапсени за шпионажа во Германија и Шпанија

Обвинителите во Германија денеска соопштија дека две лица се уапсени поради сомневање дека шпионирале за Русија. Според соопштението, Сергеј Н. е уапсен во Шпанија, додека Ала С. е уапсена во Германија.Обвинителите тврдат дека од декември 2025 година Сергеј Н. собирал информации за лице во Германија кое снабдувало Украина со дронови и сродни компоненти, за потребите на руската разузнавачка служба. Тој собирал податоци преку интернет и ги снимал активностите на работното место на целта, додека Ала С. го презела неговиот задаток кога тој се преселил во Шпанија, сè до март 2026 година.

Свет | пред 6 дена

media-librarybgjq6n1tp0vubXhGhLR

(Видео) Руски дрон удри во зграда во Украина

Денеска, во текот на денот, Русија изврши напад врз центарот на Лавов, при што две лица се тешко повредени, објави украинската премиерка Јулија Свириденко. Во објавата на социјалната мрежа X таа истакна дека нападот го извршиле руски и ирански дронови и додаде дека една од погодените локации била црквата Свети Андреј од 17 век, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.„Русија може да се запре само со сила, бескомпромисни санкции и решителна акција“, порача Свириденко.Во меѓувреме, војната во Украина, која започна на 24 февруари 2022 година со инвазијата на Русија, влегува во својата петта година. Станува збор за конфликт со ограничени територијални промени, но со постојани напади врз инфраструктурата и градовите. Според податоците на Обединетите нации и западните проценки, бројот на цивилните жртви надминува 15.000, додека вкупните воени загуби се проценуваат на 1,8 до 2 милиони, со тоа што Русија претрпела поголеми загуби, а Украина стотици илјади.

Свет | пред 6 дена

861792036176fd570ae78296860049_v4_big

Руските безбедносни сили подготвени за можни саботажни операции врз државни функционери и воени објекти

Руска Федерална служба за безбедност (FSB), полиција и Национална гарда во Москва се ставени во состојба на повишена подготвеност поради разузнавачки податоци дека постои закана од саботажен напад од Украина.Како што денес објави руската државна новинска агенција RIA Novosti, FSB добила разузнавачки податоци дека Украина планира саботажи и напади врз „државни функционери, воен персонал на руското Министерство за одбрана и службеници за спроведување на законот“.Се потсетува дека за време на четиригодишната војна меѓу Русија и Украина, двете страни изведувале напади далеку зад фронтовските линии, користејќи дронови и саботажни единици за убиства и напади врз критична инфраструктура.Исто така, генерал-потполковникот Владимир Алексеев, заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба GRU, во февруари трипати бил нападнат со пиштол Макаров опремен со пригушувач во станбена зграда на автопатот Волоколамски на северот на Москва.

Свет | пред 6 дена

Putin-i-Kim-Djong-un

Ким Џонг Ун би можел наскоро да ја посети Русија: „Се договараат датуми“

Посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Русија е можно да се реализира откако ќе се договорат конкретни термини, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Според неговите зборови, Ким Џонг Ун има отворен повик да ја посети Русија, јавува ТАСС.Песков објасни дека таквата посета би можела да се случи веднаш штом преку дипломатските и други канали ќе се договорат конкретните датуми.Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, се сретна во Русија со рускиот претседател Владимир Путин во септември 2023 година, кога до рускиот пристанишен град Владивосток пристигна со оклопен воз.

Свет | пред 1 седмица

media-library2abvppvc32k80wxTyrs

Обвинувања дека Сијарто „пренесувал во живо“ чувствителни разговори од ЕУ до Москва – унгариската опозиција го нарече „предавник“

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто се најде во центарот на жестока политичка полемика по тврдењата дека редовно контактирал со рускиот министер Сергеј Лавров меѓу состаноците на Советот на ЕУ, за да го информира за текот на дискусиите и за можните решенија што се разгледувале.Во извештајот се наведува дека Сијарто наводно давал „извештаи во живо“ за тоа што било кажано на состаноците, а европски безбедносен извор бил цитиран со оценка дека на тој начин Москва со години имала практично место „зад масата“ во рамки на чувствителни расправи на Унијата.Според истите наводи, владата на Виктор Орбан со години ѝ обезбедувала на Русија увид во деликатни теми што се дискутирале во ЕУ – не само преку контакти и политички канали, туку и преку инциденти поврзани со сајбер-напади и компромитирање на комуникациски системи. Во контекстот се спомнуваат изјави од повеќе сегашни и поранешни европски претставници, меѓу кои и поранешен функционер задолжен за сајбер-одбрана.Реакцијата во Будимпешта дојде од опозициската партија Тиса. Нејзиниот лидер Петер Маѓар, коментирајќи ги тврдењата, јавно го нарече Сијарто „предавник“ и оцени дека ваквото однесување претставува предавство не само на Унгарија, туку и на Европа.Полемиката се засилува во чувствителен политички момент за земјата: Унгарија се подготвува за парламентарни избори закажани за 12 април, а во јавноста циркулираат и други информации поврзани со безбедносни проценки и политичките тензии околу владејачката партија Фидес.Во меѓувреме, линијата на Будимпешта кон санкциите, војната во Украина и односите со Москва останува едно од најспорните прашања внатре во ЕУ, а новите обвинувања дополнително ја продлабочуваат недовербата меѓу унгарските власти и дел од европските партнери.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysjvdmd7kj6680ZP2ioP

Руски напад со дронови ја остави речиси цела Черниговска област без струја

Поголемиот дел од северната украинска област Чернигов остана без електрична енергија по руски напад со дронови, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус. Екипите се на терен и работат на санирање на штетите, додека властите предупредуваат на сериозни последици врз функционирањето на регионот.Според локалните власти, главниот град Чернигов е целосно без струја. Областа, која се граничи со Русија и Белорусија, пред почетокот на војната имала близу еден милион жители, што ја прави една од клучните во однос на инфраструктурата и безбедноста.Русија во текот на војната систематски ја таргетира украинската енергетска инфраструктура, што резултира со чести и долготрајни прекини на електричната енергија низ целата земја, особено во зимските месеци. Овие напади дополнително го отежнуваат секојдневниот живот на граѓаните и функционирањето на институциите.Во меѓувреме, финансиската поддршка од Европската Унија, која е клучна за стабилизација на системот, се соочува со политички блокади. Иако беше договорен пакет помош вреден 90 милијарди евра, неговата исплата е стопирана поради вето од унгарскиот премиер Виктор Орбан.Од Брисел се бараат алтернативни механизми за обезбедување средства за Киев, додека украинските власти предупредуваат дека навремената финансиска поддршка е клучна за одржување на државниот систем и одбраната, во услови на продолжената војна.

Свет | пред 1 седмица

putin-bozik-640x473-1

Путин до Иран: Москва останува „лојален пријател и сигурен партнер“

Рускиот претседател Владимир Путин упати порака до иранското раководство, нагласувајќи дека Русија ќе остане „лојален пријател и сигурен партнер“ на Техеран, во време на засилени тензии и воени случувања на Блискиот Исток.Како што соопшти Кремљ, Путин испратил честитки по повод иранската Нова година, до врховниот лидер Мојтаба Хамнеи и претседателот Масуд Пезешкијан.„Во овие тешки времиња, Москва останува одан пријател и сигурен партнер на Техеран“, се наведува во пораката на рускиот претседател.Москва воедно оценува дека нападите на САД и Израел врз Иран го довеле целиот регион на раб на ескалација и придонеле за глобална енергетска криза. Путин претходно го осуди и убиството на иранскиот врховен лидер, нарекувајќи го „циничен чин“.Сепак, и покрај ваквите пораки, реалниот обем на руската поддршка за Иран останува нејасен. Според дел од иранските извори, Техеран досега не добил значајна конкретна помош од Москва во текот на најтешката криза од Исламската револуција во 1979 година.Во меѓувреме, во јавноста се појавија информации дека Русија наводно понудила договор на САД – да престане со споделување разузнавачки информации со Иран, доколку Вашингтон ја прекине поддршката за Украина. Овие наводи беа демантирани од Кремљ.Иако Русија и Иран имаат прогласено стратешко партнерство, тоа не вклучува клаузула за заемна воена одбрана. Москва исто така повеќепати нагласи дека не поддржува развој на нуклеарно оружје од страна на Иран, поради ризик од поширока нуклеарна трка на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Путин со понуда до САД: Иран за Украина

Москва ѝ понудила на Вашингтон размена на услуги – Русија да престане да споделува разузнавачки информации со Иран, но само доколку САД ја прекинат разузнавачката поддршка за Украина, пренесуваат американски медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.Предлогот, според информациите, бил изнесен на состанок во Мајами од страна на рускиот изасланик Кирил Дмитриев до претставници на администрацијата на Доналд Трамп. Американската страна, велат изворите, ја одбила понудата.Според предлогот, Кремљ би престанал да споделува чувствителни информации со Техеран, вклучително и податоци за позициите на американските сили на Блискиот Исток. За возврат, Москва барала Вашингтон да ја запре разузнавачката поддршка за Киев – клучен сегмент од помошта за Украина во војната со Русија.Оваа иницијатива предизвика сериозна загриженост кај европските дипломати, кои стравуваат дека Москва се обидува да создаде јаз меѓу САД и Европа во клучен геополитички момент. Дел од нив ја оценија понудата како „скандалозна“, со сомнеж дека Русија преку вакви контакти се обидува да издејствува договор со Вашингтон, заобиколувајќи ја Европа.Дополнителна нервоза создава и фактот што ваквите разговори доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и европските сојузници, особено поради критиките на Трамп кон НАТО и одбивањето на дел од сојузниците да се вклучат во операции поврзани со Иран.Во меѓувреме, според медиумските извештаи, Русија веќе ја продлабочила воената и разузнавачката соработка со Иран, вклучително и испорака на сателитски снимки и технологија за беспилотни летала – тврдења кои Кремљ ги негира.И покрај притисоците, САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина, што останува еден од последните столбови на американската поддршка, откако дел од воената и финансиската помош беше намалена.Аналитичарите оценуваат дека ваквиот предлог на Москва претставува обид за геополитичко „пазарење“ на повеќе фронтови – од Блискиот Исток до Источна Европа – со цел да се редефинираат односите меѓу големите сили.

Свет | пред 1 седмица

rusija

Американски новинар: „Ако Европа тргне во војна против Русија – ќе изгуби“

Западните политичари кои поттикнуваат омраза и зборуваат за војна со Русија немаат никакви шанси за победа над Москва, изјави американскиот новинар Такер Карлсон.„Се лутам на европските политичари. Тие се лажговци. И кога Кир Стармер или Фридрих Мерц или Емануел Макрон го одвлекуваат вниманието од катастрофите што се случуваат во нивните земји за да кажат дека вистинскиот непријател е Русија, во тоа гледам измама и предавство на сопствениот народ. Го презирам тоа. Тие немаат намера да војуваат против Русија, а ако тргнат, нема да победат. Тоа е факт“, изјави Карлсон за „Економист“.Претходно, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел ја подготвува Европа за војна и дека појавата на европски војници во Украина е само прашање на време.„Се приближува војна. Брисел се зафати со војната во Украина. Поради тоа сега се подготвува за војна. Веќе премина на воена економија. Не сакаат да ги избегнат проблемите – одат директно кон нив. Повеќе оружје, повеќе пари, повеќе војници... Не можеме да го предвидиме денот или часот кога првиот војник од Брисел ќе стапне на украинска територија, но тоа ќе се случи и мора да се држиме подалеку од тоа“, изјави Орбан.

Свет | пред 1 седмица

loto-1

Русинка освои 29.000 евра: Верува дека ловоров лист ѝ донел среќа

Русинката Нели освоила повеќе од 29.000 евра на лотарија откако купила тикет вреден помалку од едно евро, соопшти прес-службата на Националната лотарија.Како што наведува компанијата, добитничката верува дека среќа ѝ донел ловоровиот лист што го носи во паричникот, пренесе РИА Новости.Таа освоила повеќе од 29.000 евра во лотаријата „Величествените осум“, откако купила три тикети вредни по околу шест центи.„Воопшто не се замарав со правилата, искрено. Само купив три тикети – и еден од нив беше добитен“, изјавила Нели.Како што додала, планира добиените пари да ги искористи за отплата на кредит.

Магазин | пред 1 седмица

lukasenko-1

Лукашенко преговара со Американците: „Русија и Кина се изоставени од равенката“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, разговараше со американската делегација предводена од специјалниот пратеник на САД, Џон Кол, во Палатата на независноста во Минск.„Разговараме за нашите билатерални односи, од обновување на нормалното работење на амбасадата до ослободување на т.н. политички затвореници. Економските прашања, санкциите, сето тоа заедно“, изјави Лукашенко, пренесува белоруската агенција Белта.Според него, „постојат тон прашања за кои се разговара“.„Преговараме со нив. Тоа е добра работа. Русија и Кина се изоставени од равенката. Ова не е тема за дискусија“, додаде претседателот на Белорусија.Ова е најновата рунда белоруско-американски контакти – Лукашенко веќе неколку пати се сретнал со Џон Кол, а Белта потсетува дека последната средба била во средината на декември 2025 година.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Москва испраќа помош: Руски танкер со 730.000 барели нафта на пат кон Куба

Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ со 730.000 барели сурова нафта се движи кон Куба и се очекува да пристигне на нафтениот терминал Матанзас околу 23 март, покажуваат податоците од поморското следење, пренесе денес „Гардијан“.Бродот, кој е во сопственост на руската државна компанија „Совкомфлот“, плови под руско знаме.Ова доаѓа во момент кога Куба се соочува со прекини на електричната енергија поради долгогодишната економска блокада од страна на Соединетите Американски Држави, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да има „чест да ја освои Куба“ и дека може да преземе какви било мерки во врска со земјата.САД го засилија притисокот врз Куба откако во јануари беше соборен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, беа прекинати испораките на венецуелска нафта и беа најавени царини за земјите кои ѝ продаваат нафта на Куба.Претходно, уште еден танкер, „Си Хорс“, под знаме на Хонг Конг, транспортираше околу 200.000 барели дизел кон Куба.Танкерот „Анатолиј Колодкин“ се наоѓа на листата на санкционирани субјекти на САД, Европската Унија и Велика Британија.Куба не увезувала нафта од 9 јануари, кога последната пратка ја испорача Мексико, под притисок од Трамп да ги прекине понатамошните испораки, наведува „Гардијан“.

Свет | пред 1 седмица

Telegram-4567543

Русија го обвинува Телеграм за непочитување на законите

Рускиот државен регулатор за комуникации, Роскомнадзор, соопшти дека апликацијата за размена на пораки Телеграм и натаму не ги почитува руските закони, пренесе државната новинска агенција РИА Новости.Руските власти во повеќе наврати ја обвинуваат една од најпопуларните апликации во земјата дека овозможува користење на својата платформа за нелегални и екстремистички содржини.Од Телеграм ги отфрлаат овие обвинувања, тврдејќи дека станува збор за обид на Русија да ја задуши нивната услуга. Според компанијата, вистинската цел на властите е да ги принудат корисниците да преминат на државно контролирана апликација наречена MAX.

Свет | пред 1 седмица

peskov-putin1

Кремљ: Се шират лажни вести за улогата на Русија во Иран

Кремљ остро ги осуди нападите врз иранските власти и предупреди на ширење дезинформации во врска со улогата на Русија во конфликтот, откако беа објавени информации за наводна засилена воена соработка меѓу Москва и Техеран.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија „недвосмислено осудува“ какви било акции насочени кон ликвидација на политичкото раководство на суверени држави, коментирајќи ги извештаите за убиството на Али Лариджани, советник на врховниот ирански лидер.„Осудуваме акции насочени кон нанесување штета или елиминација на раководството на суверена и независна држава, како и на раководствата на други земји“, рече Песков.Москва, која е близок сојузник на Техеран и учествува во функционирањето на иранската нуклеарна електрана, повторно повика на прекин на огнот и дипломатско решение на конфликтот.Воедно, Кремљ ги отфрли тврдењата дека Русија ја проширува размената на разузнавачки информации и воена поддршка за Иран. Според Песков, станува збор за „лажни вести“ и дезинформации кои се појавуваат во услови на интензивен конфликт.„Во моментов кружат многу различни извештаи за оваа војна. Голем дел од нив се ништо повеќе од дезинформации, па затоа не сметаме дека е потребно да коментираме секоја од нив“, изјави тој.Песков додаде дека и официјални претставници на САД изјавиле дека немаат информации кои би ги потврдиле ваквите наводи.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-10-11-at-10.08.35

Аларм од Балтикот: „Ако дојдат Русите, тоа е крај за нас, Белорусија обучува мигранти за насилни судири“

Белорусија обучува мигранти за насилни судири со европските граничари и ги користи како алатка во хибридната војна против Западот, тврди директорот на латвиската Служба за државна безбедност, Нормундс Межвиетс.Тој посочува дека мигрантите се подготвуваат во специјални кампови, по што организирано се насочуваат кон границите на Европската Унија, особено кон Полска и балтичките земји. Според него, ваквите активности се дел од поширока стратегија на Русија и Белорусија за дестабилизација на регионот.„Во почетокот ситуацијата беше релативно мирна, но во последната година станува сè поагресивна“, изјави Межвиетс, додавајќи дека белоруските власти користат различни методи за притисок врз мигрантите пред да ги испратат кон границата.Како дел од тактиките, според него, се користат и лажни видеоснимки со наводни сведоштва за насилство од страна на европските граничари, со цел да се поттикне конфронтација.„Станува збор за едноставна манипулација, дури и не многу убедлива“, рече тој.Покрај тоа, латвиските служби имаат информации дека мигрантите се обучуваат и за поагресивно однесување, а на границата се гради дополнителна инфраструктура, вклучително и објекти за нивно сместување. Полски извори тврдат и дека се изградени тунели за нелегален премин, иако Латвија засега не потврдува такви случаи.Межвиетс предупредува дека паралелно со ова, Русија спроведува и други форми на хибридни операции, вклучително и шпионажа и потенцијални саботажи, особено насочени кон железничката инфраструктура. Според него, тоа е клучен сегмент за евентуален воен одговор на НАТО во регионот.„Имавме случај на руски агент кој собираше податоци за железничкиот систем – мостови, безбедносни протоколи, сè што би можело да се искористи за забавување на одговорот“, изјави тој.Во своите оценки, шефот на латвиското разузнавање оди чекор понатаму, предупредувајќи на историското искуство на неговата земја со руското влијание.„Ако Русите дојдат овде третпат, тоа нема да значи само крај на државата и суверенитетот, туку и крај на латвискиот народ“, рече Межвиетс.Според дел од западните разузнавачки проценки, Русија би можела да биде подготвена за потенцијален судир со НАТО во рок од неколку години, што дополнително ги зголемува безбедносните стравувања во балтичкиот регион.

Свет | пред 1 седмица

zaharova-51320-

Москва со нови обвинувања: НАТО води агресија насочена против Русија и го шири влијанието

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека активностите на НАТО се насочени против Русија и дека Алијансата го проширува своето влијание на повеќе географски правци.Според неа, во последните години НАТО не дејствува само од западната страна, туку го зголемува присуството и на југот, истокот и северот.„Агресијата на НАТО е насочена против Руската Федерација. Овие тенденции не се ограничени само на западниот правец, туку се шират и кон југ, Далечниот Исток и северните региони“, изјави Захарова.Таа додаде дека Алијансата, според Москва, настојува да го прошири своето влијание и во азиско-пацифичкиот регион, како и во северните географски подрачја, каде што засега, како што рече, тоа се манифестира преку засилена реторика.Захарова оцени дека НАТО не покажува интерес за нормализација на односите, туку, како што тврди, има за цел да ѝ нанесе „стратешки пораз“ на Русија.„Имаше обиди за изградба на механизми за намалување на ризиците и решавање на безбедносните прашања, но од другата страна немаше волја за тоа“, рече таа.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl32resb5omvp1sur7Ef

Геополитичка игра: Москва сака подолг конфликт и повисоки цени на нафтата

Русија му обезбедува на Иран сателитски снимки, како и напредна технологија и оперативно знаење за беспилотни летала, стекнато на бојното поле во Украина, со цел да му помогне во нападите врз американските сили на Блискиот Исток, објави „Волстрит журнал“.Според извештајот, помошта вклучува компоненти за модифицирани дронови „Шахед“, со кои се подобруваат комуникацијата, навигацијата и прецизноста на таргетирањето. Русија, исто така, го советува Иран за оптималната големина на ројеви дронови и најсоодветните висини за изведување напади, врз основа на искуствата од војната во Украина.Сателитските податоци што ги користи Иран потекнуваат од системите на руските воздушно-космички сили, истиот систем што се применува во воените операции во Украина.Според анализата, Москва има интерес да го продолжи конфликтот на Блискиот Исток, со што би влијаела врз растот на цените на нафтата на глобалниот пазар. Истовремено, се проценува дека целта е да се зголеми потрошувачката на американско вооружување, како што се крстосувачките ракети „Томахавк“ и системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со што би се намалиле резервите што би можеле да бидат испорачани за Украина.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryi41t2othk7fv2aCZOar

Русија ја поддржува Куба по заканите од Трамп

Русија денес ја потврди својата цврста поддршка за Куба, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да ја има „честа да ја преземе Куба“ и да може „да направи што сака“ со таа комунистичка островска држава.Иако не го спомна директно Трамп, руското Министерство за надворешни работи изрази загриженост поради растечките тензии околу „Островот на слободата“. „Русија ја потврдува својата непоколеблива поддршка за владата и народот на Куба“, се наведува во соопштението. „Остро ги осудуваме обидите за мешање во внатрешните работи на суверена држава, заплашувањето и користењето на еднострани незаконски мерки“, додаваат од Министерството.Претходно, Трамп ја засили економската блокада врз Куба и воведе нафтена блокада, што дополнително ја продлабочи кризата во земјата. Според медиумот New York Times, целта на САД е замена на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел. Американските преговарачи им сигнализирале на кубанските колеги дека Дијаз-Канел треба да замине, но следните чекори ќе бидат решавани од Кубанците.Кремљ соопшти дека е во контакт со кубанските власти и дека Русија е подготвена да ѝ пружи целосна помош на земјата. „Островот на слободата се соочува со големи предизвици, кои се резултат на долготрајниот трговски, економски и финансиски, а сега и американскиот енергетски ембарго“, наведува руското Министерство за надворешни работи.Русија додаде дека ќе продолжи да ѝ пружа потребна поддршка на Куба, вклучително и финансиска помош. Куба била близок сојузник на Москва децении по револуцијата во 1959 година, која го донесе Фидел Кастро на власт, и дури по распадот на Советскиот Сојуз, Русија продолжила да ја поддржува со финансиски и материјални средства.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydgpucq9b07ov567UOoD

Русија планира масовно населување и големи проекти на окупираните територии на Украина

Руските власти планираат до 2045 година да преселат околу 114.000 граѓани на окупираните делови од Украина, покажуваат таканаречените „развојни планови“ за Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Плановите се изработени од руската државна развојна корпорација VEB.RF и Единствен Институт за просторен развој.За таа цел, Русија развила 15 главни мастер-планови и 10 проекти за просторен развој. Според нив, населението би требало да се зголеми за 67.100 луѓе со реализација на мастер-плановите и дополнителни 46.700 преку проектите за урбанизирање. Се предвидува изградба на над 13 милиони квадратни метри нови станбени објекти, повеќе од 140 градинки, десетици училишта и околу 100 амбуланти и поликлиники. Плановите предвидуваат и изградба или реконструкција на над 3.270 километри патишта, речиси 430 километри железнички пруги со 19 станици, како и развој на марици за јахти и пристаништа, плус обновување на четири аеродроми.Во индустрискиот сектор се планирани 25 индустриски паркови, осум фабрики за машиноградба, 15 фабрики за градежни материјали и шест рударски и прерадбени погони.Русија исто така планира развој на туризмот на окупираните територии, со цел до 2044 година да привлече до 9,4 милиони туристи. Како потенцијално атрактивни дестинации се наведуваат Приморск и Геническ, а дополнително и Арабатска превлака, Мариупол, Кириловка, Скадовск и крајбрежјето на Запорожската област.Анализата проценува дека за реализација на сите проекти ќе бидат потребни околу 225.400 вработени.

Свет | пред 1 седмица

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски: Русија му помогнала на Иран

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија му помогнала на Иран да ги унапреди дроновите „Шахед“, кои денес претставуваат закана за земјите на Блискиот Исток.Во интервју за „Jерусалем пост“, што го пренесува Украинформ, Зеленски наведе дека овие дронови значително напредувале во однос на почетните верзии користени на почетокот на војната во Украина.Тој изјави дека Иран, и покрај претходните негирања, испорачал дронови на Русија, ги обучил руските сили за нивна употреба и споделил технологија и лиценци за производство.Според него, Русија сега возвраќа со обезбедување унапредени верзии и техничко знаење за Иран.„Ова е огромна количина знаење од бојното поле. Тоа се нови технологии засновани на иранските развои и сето тоа ќе има влијание врз други региони. Секогаш сум зборувал за Африка, Блискиот Исток и Европа“, додаде украинскиот лидер.Зеленски предупреди дека заканата од дронови се проширила надвор од Украина и сега ги погодува Израел, земјите од Персискиот Залив и американските сили во регионот, оценувајќи дека искуствата од бојното поле доведуваат до развој на нови технологии што влијаат врз повеќе региони во светот.

Свет | пред 1 седмица

mkd-393567

Европската комисија предлага целосна забрана за увоз на руска нафта

Повереникот за енергија, Дан Јоргенсен, денес најави дека Европската комисија ќе предложи целосна забрана за увоз на руска нафта, за што веќе постојат санкции, но две земји имаат изземување.„Денес имаме санкции, но две земји се изземени и ние ќе предложиме тоа да се промени. Сите земји мора да се подготват за оваа ситуација, не сакаме во иднина да купуваме енергија од Русија“, изјави Јоргенсен на прес-конференција по состанокот на министрите за енергија на земјите членки.Унгарија и Словачка имаат изземување за увоз на руска нафта, но веќе месец и половина нафтоводот Дружба не е во функција, па двете земји се снабдуваат со неруска нафта преку Хрватска и Јадранскиот нафтовод.„Важно е да се нагласи дека нема проблеми со безбедноста на снабдувањето. Постојат алтернативни извори. Соседните земји беа исклучително корисни, осигурувајќи дека ова се случува“, додаде Јоргенсен, нагласувајќи дека им бил испратен сигнал на Украина за да се види временската рамка кога Дружба повторно ќе започне со работа.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Иран: Зеленски се обидува да ја вовлече Украина во конфликт со Техеран

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаеи изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе четири години го вовлекува украинскиот народ во постојана војна со Русија и се обидува да вовлече и други држави во конфликтот.„Со жалење забележуваме дека народот на Украина навистина падна под влијание на човек кој веќе четири години ја води оваа земја – иако немаме проблем со украинскиот народ – кон неизбежна војна и постојано инсистира на продолжување на тој пат. Бидејќи не успеа да ги постигне целите што му беа наметнати од други, за жал, постојано се обидува да вовлече и други земји во конфликтот“, изјави Багаеи на брифинг, одговарајќи на прашање за изјавите на Зеленски за испраќање воени советници.Тој реагираше на најавите дека украински воени советници би можеле да им помогнат на американските сојузници во одбраната од ирански дронови.„Од самиот почеток изјавивме дека не играме никаква улога и дека не се мешаме во конфликтот во Украина“, додаде тој, истакнувајќи дека обвинувањата дека Иран е вмешан во војната се неосновани.Според него, Зеленски, „заглавен во мочуриштето на војната со Русија“, се обидува да го вовлече украинскиот народ и во конфликт со Иран преку испраќање воени советници на Блискиот Исток за борба против ирански беспилотни летала.Во меѓувреме, тензиите во регионот дополнително се зголемија откако САД и Израел на 28 февруари изведоа серија напади врз цели на територијата на Иран, вклучително и во Техеран. Во нападите имало и цивилни жртви, по што Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Земјите од Заливот бараат помош од Украина за одбрана од ирански дронови

Украина бара финансиска и технолошка поддршка во замена за експертска помош за одбрана од ирански беспилотни летала во земјите од Персискиот Залив, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Според него, Киев испратил неколку експертски тимови на Блискиот Исток кои треба да направат проценка на системите за одбрана од дронови и да демонстрираат како може да се спротивстави на нападите со беспилотни летала.Секој од тимовите се состои од неколку десетици експерти кои ќе работат на анализа на одбранбените капацитети на земјите во регионот.Зеленски посочи дека државите од Персискиот Залив веќе потрошиле значителни количини противвоздушни ракети во одбрана од иранските дронови „Шахед“ и затоа побарале експертиза од Украина, која има големо искуство во нивно пресретнување поради војната со Русија.Украинските сили секоја ноќ пресретнуваат руски дронови користејќи различни системи, вклучително и поевтини беспилотни летала и опрема за електронско попречување.Украински тимови веќе биле испратени во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, а експерти работеле и во американска воена база во Јордан.„Ние не сме во војна со Иран. Ова не е учество во операции, туку проценка како да се заштитиме од дроновите“, изјави Зеленски.Тој додаде дека разговорите за тоа каква помош ќе добие Украина за возврат сè уште траат, но нагласи дека за Киев во моментов се клучни и технологијата и финансиската поддршка.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Трамп: Санкциите кон Русија ќе се вратат по завршувањето на кризата со Иран

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека санкциите за руската нафта, кои привремено беа ублажени, повторно ќе бидат воведени веднаш по завршувањето на кризата со Иран.Во телефонско интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп објасни дека одлуката за привремено олеснување на санкциите кон Русија била донесена со цел да се стабилизира глобалното снабдување со нафта во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.„Сакам светот да има нафта. Сакам нафта“, изјави Трамп, посочувајќи дека мерката е поврзана со обидите на Иран да го ограничи преминот на нафтени танкери низ Ормускиот теснец.Американското Министерство за финансии неодамна издаде привремена дозвола со која на одредени држави им се дозволува да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на танкери, со цел да се намалат потресите на глобалниот енергетски пазар. Мерката, меѓу другото, ѝ овозможи и на Индија да продолжи со купување руска сурова нафта.Одлуката предизвика критики, особено од Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуалното укинување на санкциите би било „сериозен удар“ за Украина и за меѓународните напори за притисок врз Москва поради војната.Трамп, пак, изјави дека е изненаден што Зеленски не е подготвен за договор со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Москва е подготвена за мировен договор.Одлуката беше поздравена од руските власти. Економскиот преговарач на Кремљ Кирил Дмитриев изјави дека руската енергија е неопходна за ублажување на глобалната енергетска криза и дека европските земји наскоро ќе мора да ја признаат таа реалност.Според податоците на Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух, Русија во првите две недели од конфликтот со Иран остварила дополнителни приходи од околу шест милијарди евра од извоз на енергенси.

Свет | пред 2 седмици

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Европа нема да ја надмине енергетската криза без руската нафта

Европа нема да може да ја надмине енергетската криза без повторна достапност на руската нафта, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, повикувајќи ја Европската унија да ги укине санкциите кон рускиот енергетски сектор.Во видеообраќање емитувано на унгарската телевизија, Орбан рече дека конфликтот на Блискиот Исток предизвикал недостиг на суровини и нагло зголемување на цените на горивата низ Европската унија.„Европа, како и целиот свет, нема да може да ја надмине нафтената криза без помош од евтината руска нафта“, изјави Орбан, додавајќи дека САД веќе почнале да ублажуваат дел од мерките, додека во Брисел, како што рече, политиката на санкции не е променета.Тој посочи дека последиците од санкциите се видливи во растот на цените на горивата во европските земји. Според него, литар бензин во Австрија веќе чини околу две евра, во Германија повеќе од две евра, додека во Холандија цената е повисока од 2,5 евра.Орбан порача дека унгарската влада нема да дозволи таков раст на цените во својата земја. Владата во Будимпешта претходно воведе ограничување на малопродажните цени на горивата, при што бензинот од 95 октани чини околу 1,5 евра за литар, а дизелот околу 1,6 евра.Унгарија претходно ја повика Европската унија да го следи примерот на САД и да ја суспендира забраната за увоз на руска нафта.Во меѓувреме, американското Министерство за финансии ги укина санкциите за продажба на руска нафта и нафтени деривати натоварени на бродови пред 12 март. Според општата лиценца што ја издаде Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК), ваквите трансакции ќе бидат дозволени до 11 април.Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека оваа одлука може да ја зголеми количината на нафта на светскиот пазар и да придонесе за намалување на цените на суровата нафта.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања