Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Москва испраќа помош: Руски танкер со 730.000 барели нафта на пат кон Куба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs
фото: unsplash

Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ со 730.000 барели сурова нафта се движи кон Куба и се очекува да пристигне на нафтениот терминал Матанзас околу 23 март, покажуваат податоците од поморското следење, пренесе денес „Гардијан“.

— реклама —

Бродот, кој е во сопственост на руската државна компанија „Совкомфлот“, плови под руско знаме.

— реклама —
— реклама —

Ова доаѓа во момент кога Куба се соочува со прекини на електричната енергија поради долгогодишната економска блокада од страна на Соединетите Американски Држави, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да има „чест да ја освои Куба“ и дека може да преземе какви било мерки во врска со земјата.

САД го засилија притисокот врз Куба откако во јануари беше соборен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, беа прекинати испораките на венецуелска нафта и беа најавени царини за земјите кои ѝ продаваат нафта на Куба.

Претходно, уште еден танкер, „Си Хорс“, под знаме на Хонг Конг, транспортираше околу 200.000 барели дизел кон Куба.

Танкерот „Анатолиј Колодкин“ се наоѓа на листата на санкционирани субјекти на САД, Европската Унија и Велика Британија.

Куба не увезувала нафта од 9 јануари, кога последната пратка ја испорача Мексико, под притисок од Трамп да ги прекине понатамошните испораки, наведува „Гардијан“.

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп: Верувам дека ќе имам чест да ја окупирам Куба, можам да правам што сакам со неа

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека мисли дека ќе има „чест да ја окупира Куба“ и дека со оваа островска земја „може да прави што сака“.„Верувам дека ќе имам чест, чест да ја окупирам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече Трамп за време на потпишувањето на извршна наредба во Белата куќа.Американскиот претседател со недели повторува дека Куба е на работ на колапс. „Без разлика дали ќе ја ослободам, ќе ја окупирам, мислам дека можам да правам што сакам со неа.Тие се многу ослабена нација во моментов. Тоа е неуспешна нација. Тие немаат пари, немаат нафта, ништо“, рече тој.Под Трамп, Вашингтон го зголеми економскиот притисок врз Куба, со цел да го прекине протокот на странска валута и нафта кон карипскиот остров.Притисокот се интензивираше откако американските власти во јануари спроведоа операција против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше уапсен во главниот град Каракас и однесен во САД.Со тој потег, Хавана изгуби еден од своите најважни сојузници, кој долго време го поддржуваше островот, особено преку снабдувањето со нафта, во услови на децениското американско трговско ембарго кон Куба.Во моментов, Куба е во една од најтешките економски кризи од револуцијата во 1959 година предводена од Фидел Кастро.

Свет | пред 1 седмица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 6 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 8 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 10 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања