Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Земјите од Заливот бараат помош од Украина за одбрана од ирански дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Украина бара финансиска и технолошка поддршка во замена за експертска помош за одбрана од ирански беспилотни летала во земјите од Персискиот Залив, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

Според него, Киев испратил неколку експертски тимови на Блискиот Исток кои треба да направат проценка на системите за одбрана од дронови и да демонстрираат како може да се спротивстави на нападите со беспилотни летала.

— реклама —

Секој од тимовите се состои од неколку десетици експерти кои ќе работат на анализа на одбранбените капацитети на земјите во регионот.

— реклама —

Зеленски посочи дека државите од Персискиот Залив веќе потрошиле значителни количини противвоздушни ракети во одбрана од иранските дронови „Шахед“ и затоа побарале експертиза од Украина, која има големо искуство во нивно пресретнување поради војната со Русија.

Украинските сили секоја ноќ пресретнуваат руски дронови користејќи различни системи, вклучително и поевтини беспилотни летала и опрема за електронско попречување.

Украински тимови веќе биле испратени во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, а експерти работеле и во американска воена база во Јордан.

„Ние не сме во војна со Иран. Ова не е учество во операции, туку проценка како да се заштитиме од дроновите“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека разговорите за тоа каква помош ќе добие Украина за возврат сè уште траат, но нагласи дека за Киев во моментов се клучни и технологијата и финансиската поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 9 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања