Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Украина предупредува: Пјонгјанг учи модерно хибридно војување од руската војна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во моментов околу 10.000 севернокорејски војници се наоѓаат на територијата на Русија, оценувајќи го тоа како „екстремно опасен“ развој на настаните.

— реклама —

Во интервју за јапонската новинска агенција Кјодо Њуз, Зеленски посочи дека станува збор за војници кои стекнуваат искуство во современо војување преку руските операции против Украина. Според него, тие учат како да се бранат од проектили и различни видови беспилотни летала, вклучително и ФПВ-дронови и дронови со оптички влакна.

— реклама —

Тој предупреди дека стекнатото знаење најмалку ќе биде пренесено назад во Северна Кореја, што претставува долгорочен безбедносен ризик.

— реклама —

Изјавата доаѓа во време кога западните разузнавачки служби укажуваат на продлабочена воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг, вклучително и испораки на оружје и муниција.

Во однос на мировните преговори, Зеленски нагласи дека Украина е подготвена на „вистински компромиси“, но не по цена на независноста и суверенитетот.

„Подготвени сме да разговараме за компромиси со Соединетите Американски Држави, но не и да прифаќаме руски ултиматуми“, изјави тој, додавајќи дека самото разговарање со, како што рече, агресорот претставува значаен компромис.

Тој оцени дека руската позиција не нуди компромис, туку ултиматум, посочувајќи дека Украина е подготвена да разговара за запирање на воените дејствија врз основа на сегашните линии на фронтот, и покрај тоа што, како што рече, Русија окупира речиси 20 отсто од украинската територија.

Во интервјуто, Зеленски се осврна и на односите со Јапонија, нагласувајќи дека потенцијалната одбранбена соработка меѓу двете земји би можела да биде „историска“. Тој посочи дека Јапонија располага со технологии и системи за противвоздушна одбрана способни да одговорат на балистички закани, додека Украина може да понуди знаење од областа на поморските дронови, кибер-безбедноста и управувањето со критична инфраструктура во услови на војна.

Зеленски упати покана до јапонската премиерка да ја посети Украина, истакнувајќи дека е подготвен и за возвратна посета на Јапонија со цел продлабочување на билатералната соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 9 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 13 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања