Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Свет
media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim
фото: unsplash

Рускиот ФСБ соопшти дека открил разузнавачки и „субверзивни“ активности на вториот секретар на британската амбасада во Москва, Јанс Герардус. Според ФСБ, тој намерно дал лажни информации при влез во Русија и се обидувал да прибави чувствителни податоци на неформални средби. Руското МНР му ја одзело акредитацијата и му наложило да ја напушти земјата во рок од две недели. ФСБ им препорача на руските граѓани да избегнуваат средби со британски дипломати без одобрение, поради можни правни последици.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Рускиот ФСБ откри разузнавачки активности на британски дипломат во Москва, Јанс Герардус, кому му е наредено да ја напушти Русија во рок од две недели поради субверзивно дејствување.

— реклама —

Рускиот ФСБ соопшти денес дека пронајдени се докази за разузнавачка активност на вториот секретар на британската амбасада во таа земја, Јанс Герардус, кому поради тоа му е наредено да ја напушти Русија во рок од две недели.

— реклама —

„Рускиот ФСБ откри непрјавено присуство на британските обавештајни служби под покровителство на нивната амбасада во Москва, за време на контраразузнавачки операции“, се наведува во соопштението што го пренесува ТАСС.

— реклама —

Според информациите од ФСБ, руското Министерство за надворешни работи му ја одзело акредитацијата на секретарот на британската амбасада и му наредило да ја напушти земјата во рок од две недели.

„Докажано е дека вториот секретар Јанс ван Ренсбург Албертус Герардус (роден на 1 јуни 1996 година), кој е испратен во Москва, намерно дал лажни информации при влегувањето во нашата земја, со што го прекршил рускиот закон. Истовремено, рускиот ФСБ идентификувал докази дека овој дипломат се занимава со субверзивни разузнавачки активности кои ја загрозуваат безбедноста на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.

Додаваат дека „документирани се и обиди за добивање на чувствителни информации за време на неформални средби со руски економски експерти“.

ФСБ препорача Русите да се воздржат од одржување средби со британски дипломати без одобрение од руското Министерство за надворешни работи, со цел да се избегнат негативни последици, вклучувајќи кривична одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 5 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 7 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 9 часа

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Прв увоз по два месеца: Руски танкер со нафта пристигна во близина на Куба

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања