Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГЕРМАНИЈА

Screenshot-2024-02-23-at-10.05.21

(Видео) Македонка брутално убиена од сопругот во Германија - крвопролевањето се случило пред очите на детето

Македонка брутално е убиена во германскиот град Есен, пишува „Билд“. Станува збор за 41-годишна жена од Кавадарци, која живеела таму заедно со нејзиниот 9-годишен син. Бруталното убиство се случило пред очите на нејзиниот син, пишува германскиот медиум. Имала тешки повреди и обидите за спас од страна на Итната помош биле неуспешни. Првичните информции на „Билд“ говорат дека случајот го пријавил повозрасниот син кој има 16-години. Дома, затекнал како неговиот помал брат стои пред заклучената врата на станот. Внатре, ја затекнале жената искрварена. Осоминчен е таткото, кој има 47-години и македонско државјанство.Мажот е уапсен откако првично се дал во бегство. Бил фатен во соседен град и не давал отпор.Essen: Ehemann ersticht Ehefrau zu Hause – vor den Augen ihres Sohnes? | Regional | BILD.deОва е второ убиство во Есен за неколку дена. Претходно, германските медиуми известија дека бил убиен 32 годишен Македонец.

Свет | пред 2 години

germanija-avtobuska

Македонец убиен во Германија

Германските медиуми јавуваат дека Македонец е убиен во Есен, Германија. Двајца Еритрејци (25, 29) и еден 32-годишен македонски државјанин имале физичка пресметка после која Македонецот подлегнал на повредите.Кавгата се претворила во тепчака, во која, македонскиот државјанин бил удиран со тап предмет објавија германската полиција.Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира Македонецот, кој веќе бил онесвестен. Обидите биле неуспешни.Според полицијата 32-годишниот Македонец починал во болница како последица на повредите во рамки на истрагата, потврден е сомнежот против еден од двајцата осомничени лица. На барање на јавното обвинителство во Есен, тој е изведен пред судија кој му одредил притвор за убиство од небрежност. Второто лице кое учествувало во нападот е пуштен на слобода, а Обвинителството во есен го истражува случајот.Нема детали што била причината за расправијата која доведе до смрт.Angriff in Essen: Mann (32) mit Bierflasche getötet | Regional | BILD.de 

Свет | пред 2 години

6-757-

Скандал во Германија, министерката нареди да се исечат етикетите од униформите

Германската армија доби илјадници нови маскирни униформи со проблематична големина „СС“, што потсетува на нацистичкото минато, објави „Билд“.Имено, станува збор за кратенка која потсетува на нацистичките единици „Шутцтафел“.Берлинскиот весник наведува дека спорниот „СС“ најверојатно се однесува на големината „S“.Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт им наредила на војниците да ги исечат етикетите од униформите, односно доколку етикетите содржат важни информации, тогаш само делот каде што е означена големината.

пред 3 години

female-friends-out-shopping-together

Германците се помалку купуваат брендирани производи

Германците се помалку купуваат брендирани производи во супермаркетите и продавниците за попуст и се свртуваат кон поевтините брендови на самите трговски ланци. Трендот е таков со месеци.„Заштитните марки значително го зголемуваат својот удел на пазарот“, изјави за ДПА Роберт Кечкес од компанијата за истражување на пазарот GfK. Посебно, според Кечкос, во последните два месеци е зголемена продажбата на особено евтини производи.Пазарниот удел на производителите на брендови, кој беше повеќе од 59 отсто минатата година, падна на 56,5 отсто во јуни, според GfK. Ниту честите попусти не можеа да го променат тоа.Тоа е тежок удар за производителите на брендови кои беа меѓу големите победници за време на пандемијата. Имено, бидејќи рестораните беа затворени и не можеше да се патува, многу потрошувачи сакаа барем да се почестат со нешто во сопствените четири ѕида и почесто од вообичаено купуваа скапи, брендирани производи во супермаркетите. Сега е јасно колкава е неизвесноста кај населението, рече Кечкес.Повеќе од четвртина од луѓето во Германија сега се плашат да останат без пари, покажа истражувањето на Германското здружение за малопродажба и Институтот за истражување на малопродажбата во Келн.Фото: Freepik

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања