Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто
Инфлацијата во Германија краткотрајно забави под целните два отсто годишно, и земјата едвај почнува да се стабилизира по брановите инфлација предизвикани од рускиот напад врз Украина. Сега, новата војна повторно ги зголемува цените.Мартовската инфлација, поради поскапувањето на енергенсите од американско-израелскиот напад врз Иран, скокна на 2,7 отсто, по падот на 1,9 отсто во февруари, соопшти Дестатис. Ова е највисоко ниво од 2,9 отсто забележани во јануари 2024 година.Особено остро, а првпат од декември 2023 година, поскапеле енергенсите – 7,2 отсто во меѓугодишно споредување. Услугите поскапеле 3,2 отсто, а храната, чијашто цена всушност не се смири од претходниот инфлаторен бран, за 0,9 отсто.Бундесбанката уште порано процени дека поради последиците од војната врз пазарот на нафта и гас, инфлацијата на краток рок ќе ја надмине границата од три отсто.Економските институти пред американско-израелскиот напад врз Иран прогнозираа стапка на инфлација малку над два отсто. Сепак, веќе во првата половина од годината, инфлацијата, според последната проценка на Институтот за макроекономска политика, ќе скокне над 2,5 отсто.„Ова е само почеток, бидејќи поскапувањето на енергенсите во наредните месеци ќе се вградува во синџирот на создавање вредност,“ предупреди главниот економист на Комерцбанка, Јерг Кремер, по објавувањето на мартовските бројки.Бранот на инфлација предизвикан од инвазијата на Украина се смири дури минатата година, а врвот беше 6,9 отсто во 2022 година. Година подоцна, инфлацијата сè уште беше високи 5,9 отсто.Според податоците на Федералната канцеларија за земјоделство и прехрана, храната во Германија од 2021 до 2025 година поскапела за скоро една третина – 32 отсто.
Свет | пред 2 часа