Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Израелски медиуми: Германија блиску до влегување во војна; Германскиот министер: Само ќе се браниме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
policija-germanija

Израелските медиуми пренесуваат дека Германија сериозно ја разгледува можноста да се придружи на американско-израелската кампања против Иран доколку режимот не престане со нападите врз земјите во регионот. Извори од германската политика и војска го пренеле ова за израелското радио Army Radio.

Според тие извори, веќе е во тек планирање на можна воена акција заедно со Соединетите Американски Држави, од учество во бомбардирање до обезбедување воена и воздушна поддршка, што го потврдиле официјални лица од германското министерство за надворешни работи и членови на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот.

Синоќа, Франција, Германија и Обединетото Кралство во заедничко соопштение ги осудија иранските напади во регионот и предупредија дека се подготвени да ги заштитат своите интереси и интересите на сојузниците во Персискиот Залив, доколку е потребно, со преземање „одбранбени мерки“ против Иран.

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека американско-израелската војна против Иран може да влијае и врз Германија и Европа и дека Иран претставува значајна закана за Германија и Европа. „Германските војници се подготвени за одбранбени мерки, но ништо надвор од тоа не е планирано“, додаде Вадефул.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања