Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри критики кон раководството на Иран, оценувајќи дека заканите за контрола врз Ормускиот теснец нема да бидат прифатени.

„Тоа нема да се дозволи“, изјави Рубио, додавајќи дека Доналд Трамп располага со повеќе опции за спречување на такво сценарио.

— реклама —

Во својата изјава, Рубио употреби и исклучително остра реторика кон иранското водство. „Тие луѓе се лудаци. Тие се луди. Тие се верски фанатици“, рече тој.

Сепак, посочи дека во комуникацијата со иранските претставници има одредени промени, но предупреди дека нивните најави мора внимателно да се проверат.

— реклама —

„Некои од работите што велат дека се подготвени да ги направат – мора да видиме дали навистина можат да ги реализираат. Тоа мора многу силно да се тестира“, нагласи Рубио.

Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, каде контролата врз Ормускиот теснец, низ кој поминува значителен дел од светската нафта, претставува клучно геостратешко прашање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања