Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Поранешна хрватска премиерка за Вучиќ: Нема тој што да бара во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library64j0l9i1hgqn8WTU0Q2

Поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор, на социјалните мрежи напиша дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нема што да бара во Хрватска.

„Браво за откажувањето на Вучиќ. Нема тој што да бара во Хрватска. За жал, тој беше почитуван гостин во Дубровник пред две години иако неговите ставови за Хрватска, агресијата, Домовинската војна, беа исти и во 1995, 2024 и 2026 година“, напиша таа на мрежата X.

— реклама —

Претходно хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, изјави дека не е возможнo доаѓање на претседателот на Србија во Хрватска и дека поради тоа одлучил да го откаже состанокот на Процесот Брдо-Бриони.

— реклама —
media-library24colmlqgvg12yM5T9g

Вучиќ до Милановиќ: Мене таму не ми е место, секогаш сакав да одам во Јасеновац

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на изјавите на хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, кој рече дека не е возможнo доаѓање на претседателот на Србија во Хрватска и дека поради тоа одлучил да го откаже состанокот на Процесот Брдо-Бриони.„Ја поддржувам одлуката на Зоран Милановиќ да го откаже собирот Брдо-Бриони, мене таму не ми е место. Секогаш сакав како претседател на Србија да одам и да положам цвеќе во Јасеновац и тоа ми беше неспоредливо поважно, а на Бриони можам професионално да одам, да ја слушнам и другата страна, да разговарам, затоа што никогаш не сум бегал од дијалог“, рече Вучиќ.На хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не му се допаднале изјавите на претседателот на Србија, поради што, како што соопшти, одлучил да го откаже самитот Брдо-Бриони, кој требаше да се одржи во мај.„Политичките изјави и постапки на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кои ги гледаме во последните денови и недели се во целосна спротивност со целта на Процесот Брдо-Бриони, го нарушуваат меѓудржавниот однос и го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот на југоисточна Европа. Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, смета дека во такви околности не постојат услови и не е возможно доаѓање на претседателот на Република Србија во Република Хрватска“, се наведува во соопштението од кабинетот на Милановиќ.Хрватскиот претседател соопшти дека за тоа ги известил шефовите на држави и дека следниот самит ќе се одржи кога ќе се создадат соодветни услови.Во соопштението на Милановиќ не се наведени конкретно кои изјави на српскиот претседател му пречеле.

Свет | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 17 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања