Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

4 час.
media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Обединетото Кралство нема да испраќа војници во Иран и нема директно да се вклучи во војната.„Ова не е наша војна и нема да бидеме вовлечени во неа“, порача Стармер, додавајќи дека Лондон презема исклучиво одбранбени мерки за заштита на своите граѓани, интереси и сојузници во регионот.Тој нагласи дека Британија продолжува со дипломатските напори за повторно отворање на Ормускиот теснец, кој е клучен за глобалната трговија со нафта.Сепак, и покрај ваквата позиција, Велика Британија им дозволи на САД користење на своите воени бази за напади врз цели поврзани со заканите во теснецот, а истовремено распореди и борбени авиони за пресретнување на ирански проектили.Со ова, Лондон се обидува да одржи баланс – без директно учество на терен, но со ограничена поддршка на сојузниците во рамки на пошироката безбедносна стратегија.

Свет | пред 4 часа

4 час.
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри критики кон раководството на Иран, оценувајќи дека заканите за контрола врз Ормускиот теснец нема да бидат прифатени.„Тоа нема да се дозволи“, изјави Рубио, додавајќи дека Доналд Трамп располага со повеќе опции за спречување на такво сценарио.Во својата изјава, Рубио употреби и исклучително остра реторика кон иранското водство. „Тие луѓе се лудаци. Тие се луди. Тие се верски фанатици“, рече тој.Сепак, посочи дека во комуникацијата со иранските претставници има одредени промени, но предупреди дека нивните најави мора внимателно да се проверат.„Некои од работите што велат дека се подготвени да ги направат – мора да видиме дали навистина можат да ги реализираат. Тоа мора многу силно да се тестира“, нагласи Рубио.Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, каде контролата врз Ормускиот теснец, низ кој поминува значителен дел од светската нафта, претставува клучно геостратешко прашање.

Македонија | пред 4 часа

5 час.
policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Во Карпош, по претходно недоразбирање, дошло до физичка пресметка помеѓу три лица. Едно од нив се однесувало агресивно и кон полицијата и било приведено.„На 29.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.И.(41) од една страна и М.С.(50) и Ѓ.П.(42), од друга страна, сите од Скопје. Исто така, Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, по што бил приведен во полициска станица“, велат од МВР.По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 часа

5 час.
media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

На 29 март 2026 година во 21:10 часот, во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Х. (22), кој упатувал закани кон својата мајка и оштетил дел од покуќнината.Полицијата извести дека работи на случајот.

Скопје | пред 5 часа

5 час.
media-libraryckl4l7f1s7js6cJGom2

Две возила изгореа во Гевгелија

На 30 март 2026 година во 03:50 часот, во Гевгелија биле опожарени две паркирани возила – „мерцедес“ со гевгелиски ознаки и „хјундаи“ со чешки ознаки.Повредени лица нема, пожарот е изгаснат од противпожарната единица, а извршен е увид.

Македонија | пред 5 часа

5 час.
policija-2457

Повеќе лица приведени во Скопје со дрога, меѓу нив и малолетници

На 29 и 30 март 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Н. (37), Т.Л. (22), 16-годишник и 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.А. (24) од Италија.Кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против сите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 5 часа

5 час.
media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Семејно насилство во Куманово: жена е со тешки повреди

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А. (60) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.На 20 март 2026 година во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел тешки телесни повреди. Случајот е документиран и ќе следува соодветна постапка.

Македонија | пред 5 часа

5 час.
media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Штипјанец злоупотребил банкарска картичка, успеал да троши, а три трансакции не му поминале

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.У. (27) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.На 11 јануари 2026 година, пријавениот без знаење и согласност на оштетената прибавил и употребил нејзина банкарска картичка, при што извршил две неуспешни и три успешни трансакции на две продажни места во Штип, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Македонија | пред 5 часа

5 час.
media-librarys7jdl9b7ps7j3SSg3my

Маж од Скопје пронајден починат во Аеродром, до него имало пиштол

Во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат 38-годишен маж од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 29 март во 16:47 часот во СВР Скопје, при што на местото на настанот бил пронајден М.К., а до него имало и пиштол. Лекар констатирал смрт на лице место.Според информациите, лицето претходно, на 3 март, било пријавено дека се оддалечило од домот.На местото е извршен увид, а по насоки на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, по што се очекуваат дополнителни информации за околностите на случајот.

Скопје | пред 5 часа

5 час.
media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Мадрид со остар потег: Забрана за американски летови во операции против Иран

Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во операции поврзани со војната во Иран, со што дополнително се дистанцира од конфликтот на Блискиот Исток.Министерката за одбрана Маргарита Роблес изјави дека на САД не им е дозволено ниту користење на воените бази во Шпанија, ниту прелетување преку нејзиниот воздушен простор за вакви операции.„Не дозволуваме користење на базите ниту на воздушниот простор за акции поврзани со војната во Иран“, рече Роблес во Мадрид.Оваа одлука ги принудува американските воени авиони да бараат алтернативни рути кон Блискиот Исток, иако се предвидени исклучоци за итни ситуации.Потегот е дел од пошироката политика на шпанската влада, која отворено се спротивставува на нападите врз Иран. Премиерот Педро Санчез е меѓу најгласните критичари на американско-израелските операции, оценувајќи ги како еднострани и спротивни на меѓународното право.Одлуката дополнително ги затегнува односите меѓу сојузниците, откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со трговски мерки кон Мадрид поради одбивањето да се користат шпанските бази за воени цели.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-libraryseehb2dk44kifARK4ku

Жителите на Ново Лисиче со нов апел до Орце Ѓорѓиевски: Јасна насока или следуваат протести

Жителите на Ново Лисиче преку истоимената група повторно упатија апел до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, барајќи јасна и прецизна насока за одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски Центар.Во реакцијата, граѓаните посочуваат дека и покрај изразената подготвеност за компромис од страна на градските власти, во последната објава нема конкретен одговор на нивното клучно барање – одложување на зоната во Реонски Центар сè додека не започне паралелна имплементација и во Ново Лисиче.„Ве молиме за јасна и прецизна насока до ЈП ‘Градски паркинг’ за привремено одложување на зонското паркирање само во Реонски Центар, како и итно започнување со подготовка на теренот во Ново Лисиче“, стои во апелот.Граѓаните бараат конкретни чекори – маркирање на паркинг-местата, поставување на соодветна сигнализација и истовремено воведување на зонското паркирање на двете локации, со цел да се избегне дополнително прелевање на проблемот од една во друга населба.Во пораката потенцираат дека нивните барања не се политички мотивирани, туку произлегуваат од секојдневниот проблем со недостиг на паркинг-простор, кој, како што велат, може дополнително да се влоши доколку се продолжи со селективен пристап.„Тоа се барањата на граѓаните. Очекуваме јасна насока за да имаме чиста слика сите“, порачуваат жителите, додавајќи дека решението постои доколку постои и разум.

Скопје | пред 5 часа

5 час.
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина склучила „историски“ одбранбени договори со земји од Блискиот Исток, со кои се отвора ново поглавје во воено-технолошката соработка.Договорите се потпишани со Катар, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати и предвидуваат стратешка соработка во период од десет години. Иако деталите не се јавно објавени, Зеленски откри дека тие вклучуваат и украинско искуство во справување со беспилотни летала.Клучен сегмент од соработката е размената на технологии, при што Украина нуди поевтини системи за пресретнување на дронови, како алтернатива на скапите противвоздушни ракети што ги користат земјите од Заливот.Овие договори доаѓаат во време на засилени безбедносни предизвици во регионот, каде беспилотните летала стануваат сè почесто средство во современите конфликти, што ја прави украинската експертиза особено барана на меѓународниот пазар.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Јапонија воведува кризен министер, Јужна Кореја размислува за ограничување на возење

Јапонија воведе специјална министерка задолжена за обезбедување стабилна испорака на клучни суровини, како одговор на енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, додека Јужна Кореја сериозно разгледува ограничувања на возењето доколку цената на нафтата дополнително порасне.Токио веќе презема конкретни чекори – ослободува дел од стратешките резерви на нафта и ја засилува енергетската дипломатија со цел да спречи нарушување на снабдувањето. Властите предупредуваат дека се можни недостиг на гориво и индустриски производи, а веќе се забележуваат проблеми кај транспортните компании.Паралелно, во Јужна Кореја се разгледува проширување на мерките за ограничување на возењето на пошироката јавност доколку цената на нафтата достигне меѓу 120 и 130 долари за барел. Вакви рестрикции веќе важат за јавниот сектор, но нивното проширување би значело прво национално ограничување од времето на Заливската војна во 1991 година.Енергетскиот шок, предизвикан од растот на цените и нарушените транспортни рути, ги принудува азиските економии да активираат вонредни механизми, со цел да го ублажат ударот врз индустријата и граѓаните.

Свет | пред 5 часа

6 час.
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Горивата поевтинуваат: Бензинот падна до 3 денари, дизелот останува ист

Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто, при што најголемо поевтинување има кај бензините, додека дизелот останува со непроменета цена.Одлуката стапува на сила од 31 март од 00:01 часот, а како клучна мерка за амортизација на ценовните шокови на светските пазари, Комисијата го намали и трошокот за складирање од 1,70 на 1,20 денари по литар.Согласно новата одлука, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,50 денари и ќе се продава по 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3 денари и ќе чини 85,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета и изнесува 95,50 денари за литар.Кај останатите деривати, екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе се продава по 92,50 денари за литар, додека мазутот поевтинува и ќе изнесува 50,410 денари за килограм.Од РКЕ посочуваат дека движењата на светските пазари се различни – бензините бележат пад од речиси 3,8 отсто, додека дизелот и екстра лесното масло имаат раст, што директно се одразува врз домашните цени.Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,54 отсто, што дополнително влијае врз формирањето на цените.Регулаторот нагласува дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците имаат можност да продаваат гориво и по пониски цени, оставајќи простор за дополнително намалување на малопродажните цени на пумпите.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Русија останува посветена на исполнување на своите обврски за испорака на енергетски ресурси кон „пријателски и братски земји“, меѓу кои и Србија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.Тој потврди дека Владимир Путин телефонски разговарал со Александар Вучиќ, без да навлегува во детали од разговорот, но нагласи дека контактите меѓу двете земји се континуирани, особено во делот на енергетиката.„Особено сме посветени на нашите обврски кон пријателските и братски земји како што е Србија“, изјави Песков, додавајќи дека Русија има капацитет и подготвеност да остане сигурен снабдувач на енергија и за други пазари, вклучително и европските.Претходно, Вучиќ соопшти дека со Путин постигнал договор за тримесечно продолжување на гасниот договор под поволни услови, што треба да обезбеди стабилност во снабдувањето во период на зголемена енергетска неизвесност.Разговорите доаѓаат во време на засилени глобални енергетски тензии, при што прашањето за сигурноста на снабдувањето со гас станува клучно за економската стабилност на земјите во регионот.

Свет | пред 6 часа

6 час.
media-library9dhvsp7jkjl23VCOsQI

Скандал во Париз: масони, разузнавачи и полицајци дел од криминална мрежа

Дваесет и две лица, меѓу кои масони, поранешни разузнавачи, полицајци, лекари и инженери, ќе се појават пред суд во Франција под обвиненија за убиства и други тешки кривични дела поврзани со масонската ложа „Атанор“.Обвинетите се товарат за убиство, обид за убиство, тешки напади и злосторничко здружување, при што седуммина од нив се соочуваат со можност за доживотен затвор. Дел од обвинетите се и припадници на француските разузнавачки служби DGSE и DGSI, како и активни и поранешни полициски службеници.Според истрагата, наводните лидери на групата се Жан-Лук Багур, Фредерик Ваглио и Даниел Болје, членови на ложата „Атанор“, која делувала во предградието Путо.Случајот бил отворен по неуспешен обид за нарачано убиство во 2020 година, кога вооружени лица биле уапсени во близина на домот на бизнис советничката Мари-Елен Дини. Осомничените тогаш тврделе дека верувале дека дејствуваат во интерес на државата.Истрагата открила дека групата извршувала серија кривични дела – од напади и уцени до убиства, при што криминалните активности со текот на времето ескалирале.Меѓу случаите што се разгледуваат е и убиството на возач на тркачки автомобили, како и напади поврзани со индустриска шпионажа и финансиски измами.Обвинителството наведува дека станува збор за организирана криминална мрежа која делувала под закрила на масонската структура, со јасна хиерархија и распределба на улоги.Судењето се очекува да трае најмалку три месеци.

Свет | пред 6 часа

6 час.
media-libraryhuo1qjggabab6pBGW96

Револуција во AI: асистент што работи наместо вас

Компанијата Anthropic претстави нова функција за својот AI асистент Claude, која овозможува самостојно извршување задачи директно на компјутерот на корисникот.Со оваа опција, корисникот може, на пример, да испрати задача преку телефон, по што асистентот автоматски отвора апликации, користи интернет прелистувач, обработува документи и извршува конкретни активности без рачна интервенција.Од компанијата објаснуваат дека Claude може да отвора датотеки, да управува со софтвер и да извршува повеќе чекори последователно, што претставува значаен исчекор од класичните AI системи кои досега главно одговараа на прашања.Новата функција засега е достапна како истражувачка верзија и е ограничена на оперативниот систем macOS.Како пример, беше прикажано сценарио во кое корисник доцни на состанок и му задава задача на асистентот да ја претвори презентацијата во PDF формат и автоматски да ја испрати како прилог.Со ова, фокусот на развојот на вештачката интелигенција се префрла од давање одговори кон активно извршување задачи, што ја засилува конкуренцијата во развојот на таканаречени „AI агенти“ – системи што можат самостојно да работат во име на корисникот.

Магазин | пред 6 часа

6 час.
ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција ги осуди ставовите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека неговите изјави претставуваат „параван за предавство“ и штета за националните интереси.Од партијата наведуваат дека, доколку Филипче е свесен за своите изјави, тоа значи дека, како што велат, „свесно работи на штета на државата“, алудирајќи на претходните договори со Бугарија и т.н. француски предлог.„Оваа слаткоречива изјава полна со загриженост е всушност параван за предавство“, стои во реакцијата, во која ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ со ваквите политики го загрозува идентитетот и достоинството на македонскиот народ.Од партијата додаваат дека остануваат посветени на европската идеја, но, како што наведуваат, на начин што ќе обезбеди „достоинство, почит и зачувување на идентитетот“, а не, како што велат, „потчинување и понижување“.Во реакцијата се упатуваат и сериозни обвинувања кон Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, оценувајќи дека нивното политичко делување е поврзано со криминал и штетни политики за државата.Со ова, политичката реторика меѓу двете најголеми партии дополнително се заострува, во пресрет на период на засилени политички тензии и меѓусебни обвинувања.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
media-libraryr305sqh5du2scxr71h4

Д-р Жан Митрев: За успешно органодарителство потребни се внимателен и одговорен пристап и заедничко делување

Успешното органодарителство и трансплантација бараат врвна медицинска подготвеност, мултидисциплинарен пристап и силна координација меѓу институциите и стручната јавност, истакна д-р Жан Митрев на јавната панел-дискусија „Органодарителството во Македонија“, која се одржа во организација на Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет при УГД – Штип.„Тука сме да ја поддржиме оваа иницијатива, бидејќи сме една од болниците каде што најчесто се имплантираат таканаречените вештачки срца. Оваа терапија е наменета за тешко болни пациенти и служи како премостување на периодот додека се пронајде соодветен орган за трансплантација. Конкретно, зборуваме за срце. Во моментов имаме пациенти кои веќе седма година живеат со вештачко срце, нешто што е реткост дури и во светски рамки. Доколку тие живеат уште неколку години, тоа веќе се приближува до просечното очекувано преживување по трансплантација. Сепак, иако ова е значаен медицински успех, квалитетот на живот на овие пациенти е ограничен. Тие се зависни од батерии, надворешни кабли и дополнителна опрема, што особено влијае кога станува збор за млади луѓе, а токму за такви пациенти зборуваме. Првиот пациент кој го опериравме пред седум години имаше само 24 години. Тоа покажува дека не станува збор за пациенти во крајна фаза од животот, туку за млади луѓе на кои може да им се овозможи вистинска втора шанса. Затоа, органодарителството е нешто што треба да се поддржи. Тоа претставува култура на живеење, свесност дека можеме да помогнеме и да спасиме живот на поинаков начин. Истовремено, ова е суптилна тема која бара внимателен и одговорен пристап во јавноста“, изјави д-р Жан Митрев.Настанот беше посветен на подигнување на јавната свест за значењето на органодарителството како чин на хуманост, солидарност и надеж, со силна порака дека еден донор може да спаси осум животи. На панел-дискусијата присуствуваа врвни лекари, трансплантациски експерти, национални координатори за трансплантација и претставници од МПЦ и ИВЗ, што му даде дополнителна тежина на разговорот за ова исклучително важно општествено и медицинско прашање.Посебен придонес во дискусијата даде и д-р Никола Христов, кардиохирург во Клиника Жан Митрев, кој активно учествува во современите медицински процеси и третмани поврзани со спасување на човечки животи.„Трансплантацијата не е само медицинска процедура, туку процес што бара навремена координација, висока стручност и доверба кај граѓаните. За да се развива органодарителството во Македонија, неопходни се континуирана едукација, јасни протоколи и силна институционална поддршка, затоа што само така можеме да изградиме систем што навистина спасува животи“, изјави д-р Никола Христов.Панел-дискусијата отвори значајни прашања за развојот на трансплантациската медицина во земјата, улогата на здравствените институции, како и за важноста од градење култура на информираност, поддршка и хуманост. Учеството на Клиника Жан Митрев на овој настан претставува придонес кон поширокиот општествен дијалог за органодарителството и афирмирање на неговата важност за иднината на здравствениот систем и за спасување човечки животи.

Медиасет | пред 6 часа

6 час.
media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија нема децении за губење и иднината на државата не смее да биде ставена во застој и неизвесност, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.Тој истакна дека власта нема право да ја држи државата во изолација и да ја злоупотребува довербата на граѓаните, нагласувајќи дека станува збор за клучен момент за иднината на земјата.„Немаме децении за губење. Тоа се нашите животи, животите на нашите деца и внуци. Македонија не е создадена да стои во место и да се плаши во неизвесност, туку да оди напред, да биде слободна, демократска и европска држава“, рече Филипче.На прес-конференцијата, тој порача дека СДСМ заедно со коалициските партнери е подготвен да се спротивстави на, како што оцени, погрешните политики на власта и да ја води борбата за европска Македонија.„Ќе се бориме уште посилно и поодлучно. Да се обединиме околу идејата за напредна држава, со европски плати, повисок животен стандард и нула корупција“, изјави Филипче.Тој додаде дека нема да дозволи да згасне темата за членството во Европската Унија, ниту, како што рече, сонот на граѓаните за европска иднина, нагласувајќи дека целта останува враќање на државата на европскиот пат.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Куба доби нафта од Русија среде енергетска криза

Рускиот танкер Анатолиј Колодкин, кој превезува околу 100.000 тони сурова нафта, пристигна во Куба, објави руското Министерство за транспорт, пренесено од агенцијата Интерфакс.Се очекува истоварот да се изврши во пристаништето Матанзас, додека претходно податоците за поморскиот сообраќај покажуваа дека бродот се движел долж северниот брег на островот.Испораката доаѓа во момент кога Куба се соочува со сериозна енергетска криза, откако три месеци не примила ниту еден танкер со нафта. Недостигот доведе до рестрикции и чести прекини на електричната енергија во земјата со околу 10 милиони жители.САД претходно го прекинаа извозот на венецуелска нафта кон Куба по воведувањето санкции, што дополнително ја влоши состојбата. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше промена на ставот, изјавувајќи дека нема проблем со тоа други земји да испорачуваат нафта на Куба.Кубанските власти предупредуваат дека енергетската криза има директни последици врз здравствениот систем, при што е зголемен ризикот за пациентите, особено за оние со тешки заболувања.

Свет | пред 6 часа

6 час.
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, при што Србија добила продолжување на договорот за снабдување со гас за уште три месеци под, како што рече, многу поволни услови.Вучиќ изјави дека цената ќе остане формулирана според нафтениот модел и дека Србија ќе има една од најниските цени на гас во Европа.Тој предупреди дека без државна интервенција, цените на горивата во Србија би пораснале значително, посочувајќи дека дизелот би можел да достигне и до 300 динари по литар.„Колку што државата може да издржи – ќе издржи, но ако продолжи оваа состојба, ќе мора да се запрат многу работи за да се преживее“, изјави Вучиќ.Тој нагласи дека евентуален копнен напад врз Иран би предизвикал најголема енергетска и економска криза во историјата, што би довело и до нови политички и воени конфликти.Во разговорот со Путин биле отворени и други теми, вклучително и Косово и Република Српска, како и состојбите во Украина и на Блискиот Исток.„Го информирав и за сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“, изјави Вучиќ, без да даде дополнителни детали.Тој апелираше до меѓународната заедница внимателно да ги процени следните чекори, оценувајќи дека Европа и светот не се подготвени за долготрајна енергетска криза од ваков обем.

Свет | пред 6 часа

7 час.
media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ново вооружување: Десетици илјади гранати за израелската армија

Израелското Министерство за одбрана нарача артилериски гранати во вредност од 48 милиони долари од компанијата Elbit Systems.Станува збор за „десетици илјади“ гранати, но од министерството не соопштија кога точно ќе биде извршена испораката на муницијата.Нарачката доаѓа во период на зголемени воени активности и потреба од дополнително вооружување, во контекст на ескалацијата на конфликтите во регионот.Во август 2024 година, активисти од групата Palestine Action упаднаа во еден од погоните на оваа одбранбена компанија во Бристол.Шест лица претходно беа ослободени од обвиненија за тешка провала, но ќе им се суди повторно поради обвиненија за оштетување на имот.

Свет | пред 7 часа

7 час.
media-library99mhdrsrno4s5BYH4zw

Нападат центар за итна помош во Либан, избувна голем пожар

Голем пожар избувна по израелски напад врз центар за итна медицинска помош во јужен Либан, во местото Ханавеј, југоисточно од Тир, јави дописничка на Sky News од Бејрут.Според извештаите, нападот предизвикал сериозни оштетувања на објектот, при што на терен биле забележани пламен и густ чад.Израелската војска соопшти дека цел на нападот била „ќелија на Хезболах“, тврдејќи дека припадници на групата се маскирале како медицински персонал и дејствувале во близина на возила за итна помош.Во соопштението се наведува дека, според нивни информации, тие возила биле користени за транспорт на оружје од север кон југ на Либан.Либанските власти остро ги отфрлија ваквите обвинувања, оценувајќи ги како неосновани.Нападот е дел од пошироката ескалација на конфликтот во регионот, во кој последните недели се бележи зголемен број напади врз различни цели, вклучително и инфраструктура поврзана со цивилни услуги.

Свет | пред 7 часа

7 час.
media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Ѓорѓиевски по реакциите од Ново Лисиче: Бесплатно паркирање за резиденти во цел Аеродром

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека по реакциите на граѓаните се задржува старото правило за паркирање во Општина Аеродром, според кое сите резиденти – физички и правни лица – ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без да плаќаат надоместок.„Како човек кој ја добил најголемата доверба од граѓаните и кој секогаш се води од нивниот глас, чувствувам обврска јасно и транспарентно да ве информирам за одлуките што ги носиме, заедно. Дадена е насока до директорот на ЈП ,,Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, останува да важи старото правило: секој резидент - физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. И ова правило останува да важи за цел Аеродром! Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право! Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче“, напиша Ѓорѓиевски.Тој додава: Веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, по што ќе следува и поставување информативни табли. Со ова, ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг места кои ќе бидат конкретно решение за реалниот проблем. Истовремено, правиме чекор напред и во дигитализацијата. Од 01.04.2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ - зонско паркирање, паркиралишта со рампа и катни гаражи. Дополнително, овозможено е и онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи, со што процесот станува побрз, поедноставен и достапен за сите. Почитувани, за разлика од минатото, денес вашиот глас е слушнат и уважен. Одлуките ги носиме заедно, за подобро секојдневие, повеќе ред и достоинствено, уредено Скопје“, додаде тој.

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања