СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.У. (27) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 11 јануари 2026 година, пријавениот без знаење и согласност на оштетената прибавил и употребил нејзина банкарска картичка, при што извршил две неуспешни и три успешни трансакции на две продажни места во Штип, стекнувајќи се со противправна имотна корист.