Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 час.
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека ги предал македонските национални интереси и ја турка земјата кон изолација.Филипче оцени дека изјавите на Мицкоски за можноста Македонија да чека со децении за членство во Европската Унија се доказ за, како што рече, погрешна и штетна политика.„Со Мицкоски и неговата организирана криминална група нема членство во ЕУ. Тоа значи децении сиромаштија, засилено иселување на младите и загубени генерации“, изјави Филипче.Тој обвини дека власта работи во интерес на странски центри, наведувајќи дека, според него, државата се оттурнува од европскиот пат.„Мицкоски ја турка земјата во изолација и работи за странски интереси – од српски, унгарски, па сè до руски“, рече Филипче, додавајќи дека власта создава услови за, како што наведе, криминал и корупција без контрола.Во обраќањето, лидерот на СДСМ потенцираше дека членството во Европската Унија значи економски напредок, повисок животен стандард и пристап до значајни финансиски средства.„Немаме децении за губење. Тоа се нашите животи и иднината на нашите деца. Македонија е создадена да оди напред, а не да чека и да тоне во неизвесност“, изјави тој.Филипче најави дека СДСМ и коалициските партнери ќе се спротивстават на, како што рече, ваквите политики и ќе ја водат борбата за европска Македонија.„Ќе ја вратиме државата на европскиот колосек. Како што ја внесовме во НАТО, така ќе ја внесеме и во Европската Унија“, порача Филипче.

Македонија | пред 7 часа

7 час.
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од него, тврдејќи дека успеал да запре повеќе големи војни ширум светот.„Без разлика дали им се допаѓа на луѓето или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36, 32, 31, 28, 25 години. Некои допрва требаше да започнат, како Индија и Пакистан. Веќе беа соборени осум авиони. И јас тоа го решив многу брзо, без нуклеарно оружје“, рече Трамп.Тој додаде дека не може да се сети на историска личност која повеќе заслужува Нобелова награда за мир.„Не сакам да се фалам, но никој друг не запирал војни како мене“, изјави американскиот претседател.Во своето обраќање, Трамп го критикуваше и поранешниот претседател Барак Обама, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2009 година.„Обама доби Нобелова награда. Немаше поим зошто. И денес нема поим. Ја доби веднаш откако стапи на функција. Не направи ништо и беше лош претседател“, рече Трамп.Тој оцени дека наградата би требало да се доделува за секоја запрена војна.„Во теорија, треба да добиете Нобелова награда за секоја војна што сте ја запреле. Секоја беше голема, никој не веруваше дека може да се запре“, додаде Трамп, наведувајќи дека и рускиот претседател му признал дека не успеал да реши одредени конфликти.И покрај ваквите тврдења, Трамп нагласи дека наградата не му е приоритет.„Не ме интересира тоа. Ме интересира спасувањето животи. Спасив десетици милиони луѓе“, изјави тој.Изјавата доаѓа во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, кој во изминатиот месец прерасна во поширок регионален судир без јасно дипломатско решение на повидок.

Свет | пред 7 часа

8 час.
media-library16chrub8um97fcje6V5

По неколку голтки енертгетски пијалак, на девојка ѝ се јавиле изгореници во грлото - инцидент во Пула

Дваесет и двегодишна девојка од Пула заврши во болница откако испила енергетски пијалак во една теретана, по што почувствувала силно печење во грлото.Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во четврток околу 18:40 часот, кога девојката побарала медицинска помош.Таа претходно купила пијалак во објектот, а по неколку голтки почувствувала нагло влошување на состојбата, по што веднаш се упатила на преглед во локалната болница.По укажаната помош, лекарите констатирале полесни повреди, по што девојката била пуштена на домашно лекување.Според неофицијални информации, станува збор за енергетски пијалак со вкус на рибизла.Надлежните ја одзеле амбалажата од пијалакот, а истрагата е во тек за утврдување на точните околности под кои дошло до инцидентот.

Свет | пред 8 часа

8 час.
media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Во Кривичен суд со изведување на докази продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон. Прва сведочеше Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана, баба на Катја.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Во какви односи беа брачните односи?“Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: „Во почетокот беа под кирија, јас секогаш се наоѓав да им помагам како мајка. Тој работеше достава на храна, а ќерка ми работеше во Масимо дути. Ќерка ми сакаше да имаат свој стан, секогаш имаше позитивен став за својот сопруг, многу кратко се знаеја пред да стапат во брак. Остана бремена и како родител не знаевме ништо, тогаш она ни кажа дека имал некои судења за него, за некое дело. И јас како родител што сака да помогне и го поминавме тоа. Да ви кажам искрено, помогнавме да се заврши работа да добие условна. Потоа успеаја уплатија стан, убав беше почетокот, јас многу ретко го кажував по име, секогаш со ‘сине, синко’. Се радувавме, средуваа стан, имале проблеми, но никогаш мојата Ивана не го кажуваше тоа. Некогаш ќе ја видев со модро око па рече дела паднала од тротинет. Малата Катја беше две години, кога ми се јави зетот, во еден ноќе, извинете за изразот, ‘тетка ти Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти, Ивана ку*ва’. Ноќе некој така да ти каже, јас за 10 минути стасав до нивниот стан. Беше топло време, беше многу нервозен и јас дојдов и викам ‘кажи синко што е работава’, Ивана седеше во дневна и ја гушкаше малата. Стојанче беше многу лут шеташе нервозен и зборот што ми го кажа не можам да го преболам и прв пат го кажав на обвинителката и адвокатката“.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Може ли да ни кажете на што се однесуваа тие зборови?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Ми кажа дека мојата Ивана, искрено ќе ви кажам, „барала поволен да ја задоволи, а ја вика до сега никаде не сум го ставил кај друга жена“. Кога дојде полиција го извадија надвор во ходник да разговараат, еден полицаец беше со нас во соба, Ивана беше многу исплашена, он тргна да ја удри, но јас застанав меѓу нив да ми кажат што е работата пред да дојде полицијата. Ја удираше со боксови, Катја беше во раце на Ивана, тој ја удираше... Ивана беше исплашена и само викаше „нека земе и стан и сѐ само ќерка ми да ми ја остави“.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Ова се случуваше 2021, што се случуваше понатаму?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Она се плашеше да не ѝ ја земе Катја, а благодарение на мене го вработив во Пожарна. Живее со моето дете и сакав да има стабилна работа, нејзе секогаш на прво место и беше Катја. Кога се земаше станот, она го плаќаше станот, потоа беше на пола-пола, потоа по некое време на барање на негова страна Ивана ги плаќаше сметките, телефоните…Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали Ивана ви кажуваше дека има проблеми со Стојанче?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Забележував модринки и секогаш ми викаше ‘се удрив мамо, знаеш дека лесно ми излегуваат’, беше под стрес, под контрола секогаш ќе кажеше ‘еве сум кај моите’.. на два пати окото и беше модро..Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали се сомневате дела Ивана е тепана?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Се сомневав ама не ми признаваше, велеше ‘ќе биде во ред’. јас во ниту еден момент не го прашав зет ми, рачунав дека они сами ќе си го решат, нејќев да се мешам.Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Дали од Катја дознавате какво е однесувањето на нејзиниот татко кон мајка и?Обвинителката Адела Бојчевиќ: Катја ми рече ‘Бабо јас ќе ти кажам ама не ѝ кажувај на мама, мамa знаеше да чучне доле, со рацете собрани и тато да ја шутира и удира’. Дури мојата Катја, 6 години, ги користеше зборови ‘дрољо, ку*во, ку*виште’ велеше тато и кажуваше на мама. ‘Дали е тоа убаво’, велеше Катја, ‘не е убаво бабо’, ама тато на мама ѝ вика.Судењето продолжува по паузата.

Македонија | пред 8 часа

8 час.
media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

Пронајдена малолетничка од Скопје во стан во Гостивар - била пријавена за исчезната

Шеснаесетгодишна девојка од Скопје, која претходно била пријавена за исчезната, е пронајдена во стан во Гостивар, информираат од СВР Тетово.Според полицијата, на 30 март во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле малолетничката М.Ј.(16) во стан на Р.Ш.(19).Девојката, која се оддалечила од својот дом во Скопје, по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека лицето кај кое била пронајдена е лишено од слобода и ќе биде предмет на понатамошна постапка.

Македонија | пред 8 часа

8 час.
media-library8de4gevsubi57ZTJ0pw

Тетовец измамен: Му го позајмил „бмв“, завршило на отпад

Триесет и петгодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник, кој по позајмување на неговото возило го однел на отпад и го продал.Како што информираат од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 29 март во 12:00 часот. Според пријавеното, лицето А.Х. побарало да го позајми патничкото моторно возило „бмв“, по што го известил сопственикот дека автомобилот има дефект и дека е оставен кај механичар.По неколкудневни безуспешни обиди да стапи во контакт и да си го врати возилото, оштетениот на 28 март се сретнал со механичарот, кој признал дека автомобилот бил однесен на отпад во селото Слатино.Според пријавата, сопственикот подоцна го пронашол возилото оштетено на отпадот, при што од лицето кое го купило дознал дека автомобилот бил продаден од механичарот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 8 часа

8 час.
vozach

Двајца возачи приведени – возеле без дозвола во Гостивар и Тетово

Двајца возачи се лишени од слобода во одделни случаи во Гостивар и Тетово, поради управување возила без возачка дозвола и со прекршувања на сообраќајните прописи.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 29 март во 19:00 часот, кај Здуњска крстосница, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.Р. (26) од Гостивар. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.Истиот ден, во 21:50 часот, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д. (25) од Тетово, кој управувал мотоцикл „трува“ без возачка дозвола и без соодветна документација.Мотоциклот е одземен, а по целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 8 часа

8 час.
skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром побара итно одложување на воведувањето на зонското паркирање во зоната D12 во Реонски центар, оценувајќи дека ваквата одлука ќе го продлабочи проблемот со паркирањето во Ново Лисиче.Од СДСМ информираат дека побарале итна седница на Советот на Општина Аеродром, на која треба да се донесе заклучок со кој градоначалникот Дејан Митески ќе биде задолжен, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на примената на зонското во Реонски Центар и истовремено да го забрза воведувањето во Ново Лисиче.Барањето, како што посочуваат, доаѓа поради бурните реакции на жителите на Ново Лисиче, кои стравуваат дека селективното воведување на зонското ќе предизвика дополнителен притисок врз веќе недоволниот паркинг простор во нивната населба.Според СДСМ, жителите на Ново Лисиче веќе подолг период се соочуваат со недостиг на паркинг места, особено по воведувањето на зонско паркирање зад трговските центри „Капитол“ и „Бисер“, а најавената примена на зоната D12 од 1 април само ќе го влоши проблемот.Партијата предупредува дека селективниот пристап доведува до пренасочување на возилата кон нерегулираните зони, што дополнително ги отежнува условите за паркирање.Од СДСМ потенцираат дека зонското паркирање треба да се спроведе исклучиво паралелно и координирано во двата реони, со цел да се обезбеди правична распределба на паркинг просторот и да се избегне дополнителен сообраќаен хаос во најгусто населената општина во Скопје.Воедно, тие бараат итна реакција од локалната власт и мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со цел навремено да се спречат последиците од, како што велат, несериозниот пристап кон овој долгогодишен проблем.

Скопје | пред 8 часа

8 час.
parking-1

Апел до градоначалниците од жителите на Ново Лисиче: Без селективно паркирање, или ќе има протести

Жителите на Ново Лисиче преку Фејсбук страницата „Ново Лисиче“ упатија јавен апел до надлежните институции, барајќи одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски центар сè додека не се спроведе паралелно и во нивната населба.Во реакцијата тие потсетуваат дека било ветено истовремено воведување на зонско паркирање на двете локации, но дека тоа не е реализирано. Според нив, селективната имплементација ќе го продлабочи проблемот со паркирањето и дополнително ќе го префрли хаосот во Ново Лисиче.„Граѓаните не го бараат ова од политички причини, туку поради реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Селективниот модел што се најавува ќе ја влоши состојбата“, наведуваат тие.Жителите бараат надлежните да започнат со подготовка на теренот во Ново Лисиче, да достават конкретен термински план за обележување и имплементација на зоните, како и да понудат јасно решение кое ќе важи за двете населби истовремено.Во спротивно, предупредуваат дека ќе бидат принудени да излезат на блокади и протести уште од денот на евентуалното селективно воведување на зонското паркирање.

Скопје | пред 8 часа

8 час.
media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.Во образложението на Советот беше наведено дека изнесените наводи не се доволно конкретизирани за да се утврди реално влијание врз нејзината самостојност. Членката Маријана Илиевска посочи дека јавните изјави и напади, иако несоодветни, не биле директно поврзани со одлучувањето на обвинителката.Советот заклучи дека нема докази за загрозување на професионалниот интегритет или за надворешно влијание врз работата на Ристоска.На истата седница беа донесени и одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства низ државата, по што продолжи разгледувањето на дисциплински предмети.Претходно, Советот отвори постапка за да утврди дали јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски претставуваат притисок и нарушување на самостојноста на Ристоска.Постапката беше покрената по нејзино писмено известување, во кое таа реагираше на изјавите во кои, како што тврдеше, била јавно наречена „медиокритет“ и поврзана со „клиентелистичко-политичка матрица“. Според неа, ваквите квалификации претставуваат обид за влијание врз нејзината работа.Советот најави дека ќе постапува согласно Правилникот за заштита на самостојноста на јавните обвинители, со формирање тричлена комисија која требаше да ги утврди фактите и околностите и да побара изјаснување од засегнатите страни.Изјавите на Мицкоски беа дадени во јавноста во контекст на неговите критики за ставовите на Ристоска околу измените на Кривичниот законик, по што обвинителката побара јавно извинување.Тензиите дополнително се засилија откако Владата ја поништи листата на кандидати за судија во Стразбур, на која Ристоска беше меѓу највисоко рангираните, по што таа оцени дека е изложена на континуирани јавни напади и дискредитации поврзани со нејзината работа.

Македонија | пред 8 часа

8 час.
media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Исламската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, кој починал од повредите здобиени во неодамнешните напади.Претходно, Израел и САД соопштија дека Тангсири бил ликвидиран во заедничка операција на 26 март. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, тогаш изјави дека во „прецизна и смртоносна операција“ биле елиминирани повеќе високи морнарички функционери.Иранските медиуми денеска пренесоа соопштение на Револуционерната гарда, во кое се наведува дека Тангсири „подлегнал на тежината на повредите“, откако бил цел на напади додека ги координирал воените сили и одбранбените активности долж иранските брегови.Смртта на високиот командант доаѓа во услови на засилени воени судири во регионот, при што конфликтот меѓу Иран и сојузниците на Западот продолжува да ескалира.

Свет | пред 8 часа

8 час.
media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Рускиот воен аналитичар Константин Сивков, кој во 2014 година тврдеше дека Киев ќе падне „за два до три дена“, сега јавно предупредува на можен пораз на Русија во војната против Украина.Сивков, потпретседател на Академијата за геополитички проблеми и резервен капетан од прва класа во руската морнарица, во ново интервју изнесе значително поинаква и песимистичка проценка.„Осудени сме на пораз. Економскиот потенцијал на Западот повеќекратно го надминува рускиот и тој потенцијал веќе се претвора во воена предност“, изјавил Сивков.Тој предупредува дека предноста на Западот особено се гледа во производството на вооружување и беспилотни летала, наведувајќи дека масовните напади со дронови бараат и огромни количини противвоздушни ракети.Според него, Русија се соочува со две опции – или да прифати, како што вели, „понижувачки мир“, или да се обиде да постигне одлучувачка воена победа, за која признава дека во моментот нема капацитет.Војната меѓу Русија и Украина започна во 2014 година со анексијата на Крим и конфликтот во Донбас, а ескалираше во целосна инвазија во 2022 година. Наместо брз колапс на Украина, конфликтот прерасна во долготрајна војна на исцрпување, со сè поголем притисок врз воените и економските ресурси на двете страни.

Свет | пред 8 часа

8 час.
media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Германската влада е повикана на итна интервенција поради наглото поскапување на дизелот, кое веќе создава сериозен притисок врз транспортниот сектор и носи ризик од нарушување на синџирите на снабдување.Според Сојуз на германски шпедитери (BGL), цената на дизелот пораснала за околу 40 центи по литар од почетокот на конфликтот со Иран. Претседателот на здружението, Дирк Енгелхарт, предупредува дека ова директно ги зголемува оперативните трошоци.За камион кој месечно минува околу 10.000 километри со просечна потрошувачка од 30 литри на 100 километри, дополнителниот трошок достигнува околу 1.200 евра месечно. Кај поголемите возила, со потрошувачка од 35 до 40 литри, трошокот е уште повисок.На ниво на компанија со возен парк од 50 камиони, годишните дополнителни трошоци можат да надминат 700.000 евра, што сериозно ја доведува во прашање ликвидноста на фирмите.Од здружението предупредуваат дека ваквиот притисок неизбежно ќе се прелее врз крајните потрошувачи, преку раст на цените на производите и услугите. Особено погодени се малите и средни транспортни компании, кои немаат механизми за заштита од нагли ценовни шокови.Како мерки, превозниците предлагаат ограничување на цената на дизелот, враќање на CO₂ давачките за гориво и привремено укинување на дел од трошоците во патарините. Според нив, мерките мора да бидат брзи, прецизни и административно едноставни за да имаат ефект во краток рок.

Свет | пред 8 часа

8 час.
media-library8itk317iglnhdci7low

Иран се закани: Ќе напаѓаме домови на американски и израелски функционери

Иран се закани дека ќе изврши напади врз домови на американски и израелски воени и политички функционери на Блискиот Исток, како дел од најавената одмазда во тековниот конфликт во регионот.Портпаролот на иранската армија, Ебрахим Золфагари, изјави дека ваквите акции би следеле како одговор на, како што тврди Техеран, напади врз станбени објекти во Иран.Според иранските власти, во повеќе градови биле погодени цивилни цели и домови, што, според нив, ја оправдува најавената ескалација. Од друга страна, САД и Израел досега не се огласија со реакција на заканите.Заканата доаѓа во момент на засилени воени дејствија и растечки тензии во регионот, при што конфликтот добива сè поизразена димензија и ризик од поширока ескалација.

Свет | пред 8 часа

8 час.
media-library1j2gdtm4kr09feazw0p

Подготовка за офанзива? САД ја зголемуваат воената сила околу Иран, над 50.000 војници во регионот

САД распоредиле дополнителни воени сили на Блискиот Исток, со што вкупниот број на американски војници во регионот надминал 50.000, што е за околу 10.000 повеќе од вообичаеното ниво, пренесува The New York Times.Засилувањето доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп разгледува следни чекори во конфликтот со Иран, кој трае веќе еден месец.Според американски воени извори, во регионот се испратени дополнителни 2.500 маринци и 2.500 морнари, додека претходно Пентагон наредил и распоредување на околу 2.000 војници од 82-та воздухопловно-десантна дивизија.Силите се распоредени во повеќе земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Бахреин, Ирак, Сирија, Јордан, Катар, Обединети Арапски Емирати и Кувајт, што укажува на поширока регионална мобилизација.Една од опциите што се разгледуваат е евентуална копнена операција, вклучително и заземање на стратешки цели како островот Харк, клучна точка за извоз на нафта во Персискиот Залив. Истовремено, Хормушки теснец, преку кој се транспортира околу 20 проценти од светската нафта, е сериозно нарушен поради воените дејствија.Сепак, воените аналитичари предупредуваат дека и покрај зголемувањето, бројката од 50.000 војници е недоволна за поголема копнена инвазија. За споредба, при инвазијата на Ирак во 2003 година, коалицијата предводена од САД ангажирала околу 250.000 војници.Дополнително, Иран со својата големина, население и воени капацитети претставува значително посложен предизвик, поради што експертите оценуваат дека евентуална окупација би била исклучително ризична и долготрајна операција.

Свет | пред 8 часа

8 час.
media-librarylqdn91b5ujj84zQ51de

(Видео) Пожар во рафинерија во Хаифа по ракетен напад

Пожар избувна во нафтената рафинерија „Базан“ во Хаифа, по ракетен напад, јавуваат израелски медиуми.Според првичните информации и снимки од терен, на локацијата се забележуваат пламен и густ чад, што укажува на директен погодок или сериозно оштетување на дел од инфраструктурата.Рафинеријата „Базан“ и претходно беше цел на напади, на 19 март, кога беа регистрирани ограничени оштетувања и краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Тие напади следуваа како дел од пошироката ескалација меѓу Израел и Иран, поврзана со напади врз енергетска инфраструктура во регионот.Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за обемот на штетата, додека надлежните служби интервенираат на терен.

Свет | пред 8 часа

9 час.
media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија.Во рамки на посетата, предвидена е средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка, како и за актуелни регионални и европски прашања.Премиерот Мицкоски ќе се обрати и на бизнис форумот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде се очекува воспоставување нови контакти и разгледување на можностите за продлабочување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји.Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации Даниела Димовска.

Македонија | пред 9 часа

9 час.
media-library03bqdjkr0cjm2LsHY7F

„Пајак“ крена 103 возила за една недела во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во периодот од 23 до 29 март 2026 година, со помош на специјалните возила „пајак“, биле отстранети вкупно 103 непрописно паркирани возила.Од претпријатието посочуваат дека овие возила го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар.Оттаму нагласуваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходно подигнување на сообраќајната култура кај граѓаните.ЈП ПОЦ најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со секојдневни контроли и отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани возила, со цел зголемување на безбедноста и подигнување на јавната свест за почитување на сообраќајните правила.

Скопје | пред 9 часа

9 час.
media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Семејно насилство во Крушево: Со тврд предмет ја нападнал мајката на сопругата – приведен крушевчанец

Министерство за внатрешни работи информира дека на 29 март 2026 година, во 19:25 часот, во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево лишиле од слобода 47-годишен жител на градот.Според информациите, околу 17:30 часот во семејниот дом, осомничениот физички и со тврд предмет ја нападнал мајката на неговата сопруга, при што ѝ нанел повреда.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 9 часа

9 час.
media-libraryirmpvv6l8n4u30wM8Zv

Стојанче призна вина за две дела, па кажа дека бил присилен и се расплака - судот не го прифати, ќе се изведуваат докази

Во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон.На денешното рочиште, обвинетиот изјави дека чувствува вина за две од трите кривични дела што му се ставаат на товар, но не и за третото, кое се однесува на наведување и помагање при самоубиство.Судот не го прифати неговото признание за вината за двете дела, откако Јовановски изјави дека бил изложен на закани и притисоци да признае вина за сите обвиненија.Обвинителката Адела Бојчевиќ образложи дека обвинението се темели на умисла и континуирано семејно насилство, опишувајќи настан од 2 март годинава, кога, според обвинението, обвинетиот физички и вербално ја нападнал сопругата на повеќе локации во Скопје, упатувајќи ѝ сериозни закани. За поттикнување на самоубиство, обвинителството посочи дека станува збор за специфичен облик на наведување на самоубиство, каде што, иако не постои директно поттикнување, суровото и нечовечко однесување создало состојба што довела до трагичниот исход.„На жрвата и упатувал вербални закани 'ќе те убијм ку*во, ќе видиш што ќе ти направам. Со умисла на повеќе локации во Скопје вршел семејно насилство“, рече обвинителката Адела Бојчевиќ.Пред судот, Јовановски рече: „За првите две дела разбирам, за третото не. Не се согласувам во потполност“. Во текот на излагањето, тој се расплака, тврдејќи дека не бил сослушан и дека неправедно се товари.„Ја доведоа во безизлезна состојба, семејството ми е уништено. Мене ме присилуваа да признам вина за сите три дела“, изјави обвинетиот, посочувајќи го како одговорен сведокот Мартин Саздов.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а постапката продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Македонија | пред 9 часа

9 час.
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „нема проблем“ со рускиот танкер за сурова нафта што испорачува гориво на Куба, изгледајќи како да го менува курсот во врска со блокадата за нафта на неговата администрација, додека островот се бори со продлабочување на енергетската криза.Во разговор со новинарите на бродот „Ер Форс Уан“ во неделата, Трамп рече: „Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба во моментов, немам проблем со тоа, без разлика дали е Русија или не“.Неговите коментари доаѓаат во време кога танкер за нафта под руско знаме, санкционираниот „Анатолиј Колодкин“, се упатува кон Куба, носејќи околу 730.000 барели сурова нафта.Се очекува танкерот да стигне во пристаништето во понеделник и се смета за еден вид спас за карипската нација, која се соочува со својот најголем тест од распадот на Советскиот Сојуз.Куба беше во голема мера зависна од снабдувањето со нафта од Венецуела, но ефикасно беше прекината од почетокот на јануари кога САД започнаа вонредна воена операција за соборување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Администрацијата на Трамп потоа се закани дека ќе воведе тарифи за секоја земја што испраќа сурова нафта во Куба, поттикнувајќи земји како Мексико да ги запрат испораките. Кремљ претходно ги отфрли заканите за тарифи на Трамп, истакнувајќи дека Вашингтон и Москва „немаат многу трговија во моментов“.Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел, минатата недела изјави дека островот не примил испораки на нафта повеќе од три месеци. Комунистичката земја, која изјави дека води разговори со САД, се обиде драматично да го зголеми своето производство на сончева енергија поради тековниот недостиг на гориво.Островот со околу 10 милиони жители се соочи со серија прекини на електричната енергија во последните недели, а Обединетите нации предупредија дека кубанските болници се борат да ги одржат службите за итна и интензивна нега.„Куба е завршена, тие имаат лош режим и имаат многу лошо и корумпирано раководство и без разлика дали ќе добијат брод со нафта или не, нема да биде важно“, рече Трамп во неделата.„Претпочитам да го пуштам тоа, без разлика дали е Русија или некој друг, бидејќи на луѓето им е потребна топлина и ладење и сите други работи што ви се потребни“, додаде тој.Извор: CNBC

Свет | пред 9 часа

9 час.
media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

МВР со детали за убиството во Росоман: 27-годишникот сам се пријавил во полиција

На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман.Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 9 часа

9 час.
media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Рускиот ФСБ откри разузнавачки активности на британски дипломат во Москва, Јанс Герардус, кому му е наредено да ја напушти Русија во рок од две недели поради субверзивно дејствување.Рускиот ФСБ соопшти денес дека пронајдени се докази за разузнавачка активност на вториот секретар на британската амбасада во таа земја, Јанс Герардус, кому поради тоа му е наредено да ја напушти Русија во рок од две недели.„Рускиот ФСБ откри непрјавено присуство на британските обавештајни служби под покровителство на нивната амбасада во Москва, за време на контраразузнавачки операции“, се наведува во соопштението што го пренесува ТАСС.Според информациите од ФСБ, руското Министерство за надворешни работи му ја одзело акредитацијата на секретарот на британската амбасада и му наредило да ја напушти земјата во рок од две недели.„Докажано е дека вториот секретар Јанс ван Ренсбург Албертус Герардус (роден на 1 јуни 1996 година), кој е испратен во Москва, намерно дал лажни информации при влегувањето во нашата земја, со што го прекршил рускиот закон. Истовремено, рускиот ФСБ идентификувал докази дека овој дипломат се занимава со субверзивни разузнавачки активности кои ја загрозуваат безбедноста на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.Додаваат дека „документирани се и обиди за добивање на чувствителни информации за време на неформални средби со руски економски експерти“.ФСБ препорача Русите да се воздржат од одржување средби со британски дипломати без одобрение од руското Министерство за надворешни работи, со цел да се избегнат негативни последици, вклучувајќи кривична одговорност.

Свет | пред 9 часа

10 час.
media-librarydsf4cmbk4jh92KIg0dk

(Видео) Стојанче седна на обвинителна клупа, обвинет е за насилство и смрт на Ивана и Катја

Започна судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса.Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според информациите од МВР, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.

Македонија | пред 10 часа

10 час.
media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во, како што велат од Владата, политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија.„Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања“, соопштија од владината прес-служба.Најавено е дека премиерот ќе има свое обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Даниела Димовска.

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања