Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Во Кривичен суд продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека со семејно насилство ја довел сопругата Ивана до самоубиство, при што загинала и нивната ќерка Катја по пад од балкон. Како прв сведок, мајката на Ивана, Љубица Стојановска, опиша дека ќерката криела проблеми, имала модринки и живеела во страв. Таа сведочеше за ноќен инцидент во 2021 кога Стојанче ја навредувал и физички ја напаѓал Ивана, дури и додека го држела детето, и дека Ивана молела само да ѝ ја остави ќерката. Стојановска рече дека Ивана плаќала дел од трошоците и сметки, а од Катја слушнала дека таткото ја шутирал и удирал мајка ѝ и ја навредувал со погрдни зборови. Судењето продолжува по пауза.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во Кривичен суд со изведување на докази продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон. Прва сведочеше Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана, баба на Катја.

Обвинителката Адела Бојчевиќ: Во какви односи беа брачните односи?“

— реклама —

Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: „Во почетокот беа под кирија, јас секогаш се наоѓав да им помагам како мајка. Тој работеше достава на храна, а ќерка ми работеше во Масимо дути. Ќерка ми сакаше да имаат свој стан, секогаш имаше позитивен став за својот сопруг, многу кратко се знаеја пред да стапат во брак. Остана бремена и како родител не знаевме ништо, тогаш она ни кажа дека имал некои судења за него, за некое дело. И јас како родител што сака да помогне и го поминавме тоа. Да ви кажам искрено, помогнавме да се заврши работа да добие условна. Потоа успеаја уплатија стан, убав беше почетокот, јас многу ретко го кажував по име, секогаш со ‘сине, синко’. Се радувавме, средуваа стан, имале проблеми, но никогаш мојата Ивана не го кажуваше тоа. Некогаш ќе ја видев со модро око па рече дела паднала од тротинет. Малата Катја беше две години, кога ми се јави зетот, во еден ноќе, извинете за изразот, ‘тетка ти Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти, Ивана ку*ва’. Ноќе некој така да ти каже, јас за 10 минути стасав до нивниот стан. Беше топло време, беше многу нервозен и јас дојдов и викам ‘кажи синко што е работава’, Ивана седеше во дневна и ја гушкаше малата. Стојанче беше многу лут шеташе нервозен и зборот што ми го кажа не можам да го преболам и прв пат го кажав на обвинителката и адвокатката“.

Обвинителката Адела Бојчевиќ: Може ли да ни кажете на што се однесуваа тие зборови?

— реклама —

Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Кога дојде полиција го извадија надвор во ходник да разговараат, еден полицаец беше со нас во соба, Ивана беше многу исплашена, он тргна да ја удри, но јас застанав меѓу нив да ми кажат што е работата пред да дојде полицијата. Ја удираше со боксови, Катја беше во раце на Ивана, тој ја удираше... Ивана беше исплашена и само викаше „нека земе и стан и сѐ само ќерка ми да ми ја остави“.

Обвинителката Адела Бојчевиќ: Ова се случуваше 2021, што се случуваше понатаму?

Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Она се плашеше да не ѝ ја земе Катја, а благодарение на мене го вработив во Пожарна. Живее со моето дете и сакав да има стабилна работа, нејзе секогаш на прво место и беше Катја. Кога се земаше станот, она го плаќаше станот, потоа беше на пола-пола, потоа по некое време на барање на негова страна Ивана ги плаќаше сметките, телефоните…

Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали Ивана ви кажуваше дека има проблеми со Стојанче?

Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Забележував модринки и секогаш ми викаше ‘се удрив мамо, знаеш дека лесно ми излегуваат’, беше под стрес, под контрола секогаш ќе кажеше ‘еве сум кај моите’.. на два пати окото и беше модро..

Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали се сомневате дела Ивана е тепана?

Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Се сомневав ама не ми признаваше, велеше ‘ќе биде во ред’. јас во ниту еден момент не го прашав зет ми, рачунав дека они сами ќе си го решат, нејќев да се мешам.

Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Дали од Катја дознавате какво е однесувањето на нејзиниот татко кон мајка и?

Обвинителката Адела Бојчевиќ: Катја ми рече ‘Бабо јас ќе ти кажам ама не ѝ кажувај на мама, мамa знаеше да чучне доле, со рацете собрани и тато да ја шутира и удира’. Дури мојата Катја, 6 години, ги користеше зборови ‘дрољо, ку*во, ку*виште’ велеше тато и кажуваше на мама. ‘Дали е тоа убаво’, велеше Катја, ‘не е убаво бабо’, ама тато на мама ѝ вика.

Судењето продолжува по паузата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања