Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СЛУЧАЈ ТАФТАЛИЏЕ

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Мајката на починатата Ивана, и баба на Катја, на денешното рочиште во Кривичниот суд против Стојанче Јовановски обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, сведочеше пред судот и целата јавност за тортурата. Љубица Стојановска, во својство на сведок кажа како Стојанче ги оставил жртвите на среде автопат во еден часот по полноќ, моментите кога малата Катја кажувала како била заклучувана дома додека тој бил во теретана, но и за моментот кога ја турнал Ивана по скалите на Клиниката за дигестивна хирургија во јануари. Стојановска раскажуваше за настан во август 2025 година, кога Ивана имала модринки и црвенило на вратот.„Ми се јави мајката на Мартин Саздов, другар на Стојанче, ми рече дека Ивана била нападната од сопругот и некако успеала да излезе од станот. Таа ме советуваше да пријавам во полиција. Ми кажаа дека не знаеле каде е сега Ивана. Јас се јавив во полициска станица Карпош и кажав дека мојата ќерка е нападната од нејзиниот сопруг и не знам каде е сега. Им ја кажав адресата и им го дадов телефонскиот број на Ивана. Полицијата ми кажа да дојдам во полициска станица. Отидов заедно со внуката Катја. Во меѓувреме полицијата стапила во контакт со Ивана и ѝ кажале да дојде со станицата. Се сретнавме таму и тогаш ги видов модринките и црвениото на вратот и отоците од што ја стегал на вратот“, раскажа мајката која посочи дека Ивана не се вратила во полициска станица да го потпише записникот од страв.За сведокот Мартин Саздов, мајката на Ивана рече дека е другар на Стојанче од Пожарна. Потоа раскажа за ситуација кога Стојанче ги извадил од автомобил Ивана и Катја среде автопат.„Ивана го згрешила вклучувањето на патот, па се скарале, Стојанче ги извркал од колата Ивана и Катја среде автопат, ја удирал, ја клоцал. Катја потоа ми призна дека и неа ја удрил. Ги оставил и си заминал. Ивана побарала од свекрвата да ја земе, а таа и кажала дека ја боли стомак и дека не може, а одбил и свекорот. Синот беше на одмор, па се јавила кај Мартин Саздов кој отишол да ги земе од автопат“, додаде мајката на Ивана.Дури и Катја, според сведоштвото, раскажувала што се случило на автопатот.„За случката рече: тато не избрка од кола на автопат и ја удираше мама со клоци, мама беше легната, ја шутираше. Дури и нејзе ја удрил, ама како, колку, не знам. Мартин Саздов ми рече дека Стојанче му рекол дека двете ги натепал“, додаде мајката.Раскажа и како Стојанче ја турнал Ивана по скалите во болница, а таа таму била хоспитализирана оти имала хематом во амдоменот, кој го добила од удар.„Кога бев на посета, дознав дека Стојанче ја бутнал по скали. Сестрата нѐ внесе во соба со Ивана, дојде полицика, и им кажа дека Стојанче дошол, излегле пред лифтовите на платото од одделот, се расправале, сакал да и ги земе телефоните за да види со кого комуницирала. Катја рече ‘тато ја бутна мама по скали’. Болничар ја кренал Ивана и веднаш организирале компјутерска томографија на глава. Сестрите ја згрожиле Катја, а таа им рекла ‘Јадев ѓевречиња вчера, тато ме заклучи во станот и отиде да вежба’“, раскажа мајката на Ивана.Малата Катја освен што раскажувала, според сведоштвото, и покажувала како Ивана се бранела од Стојанче: „Катја клекнуваше, ги ставаше рацете на лице и кажуваше дека Ивана така клеклувала кога Стојанче ја тепал“.

Македонија | пред 2 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Адвокатката на семејството на Ивана и Катја, Неда Чаловска, денеска по првото судско рочиште истакна дека самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид. Семејството на Ивана денеска се приклучи кон кривичен прогон на Стојанче Јовановски и достави отштетно побарување.„Денеска обвинетиот најпрво призна вина за двете кривични дела, но потоа ја повлече, а за третото кривично дело, кое е наведување и помагање на самоубиство. Во нашиот правосуден систем и по информација од обвинителството за првпат се води, во другите држави не е толку чудно да жртви на континуирано семејно насилство коишто се самоубивале, сторителите, односно нивните интимни партнери или нивните сопрузи, бидат гонети и осудени конкретно за овие кривични дела. Така што, очекуваме во целост да биде прифатено обвинението како оштетени заради тоа што во поширока смисла, во меѓународниот аспект, самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид“, изјави Чаловска.

Македонија | пред 3 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Обвинителката Адела Бојчевиќ, денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски, изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази.„Денешното признание на вина од страна на обвинетиот воопшто не е признание. Согласно закон се знае како се дава тоа признание, треба да биде доброволно и јасно без присила од никого. Поради тие причини судијата не го зема во целост нити го ценеше и затоа продолживме со изведување на докази. Овој предмет го водам од почетокот, од моментот на увид. За краток период собравме навистина многу голем доказен материјал врз основа на кој доказен материјал се базира обвинението за сите три кривични дела коишто му се ставаат на товар на обвинетиот. Во насока на почитување на презумпцијата на невиност на овој обвинет, сметам дека тој е невин, сè додека јас не го докажам спротивното до крај на постапката. Јас до крај сметам дека навистина имам голем број на докази коишто ќе бидат изведени во оваа постапка и со сигурност ќе докажам надвор од разумно сомневање дека Стојанче ги сторил кривичните дела точно на начинот како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот предлог. немало никаков сомнеж и баш и денес и мајката на Ивана кажа за односот којшто го имал со жртвите, така да јас немам дилема никаква освен обвинетиот што може да се брани на каков начин и да сака во оваа постапка, тоа е нивно право на обвинетите и воопшто не ми е спорно и ја разбирам која е искрено неговата позадина“, изјави Бојчевиќ.Во однос на Мартин Саздов е исто предложен како сведок, денешната одбрана ја гледам како искрено како чиста манипулација во насока да се избегне некоја кривична одговорност, но понатаму оставам доказите да зборуваат сами за себе.

Настани | пред 4 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Во Кривичен суд со изведување на докази продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон. Прва сведочеше Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана, баба на Катја.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Во какви односи беа брачните односи?“Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: „Во почетокот беа под кирија, јас секогаш се наоѓав да им помагам како мајка. Тој работеше достава на храна, а ќерка ми работеше во Масимо дути. Ќерка ми сакаше да имаат свој стан, секогаш имаше позитивен став за својот сопруг, многу кратко се знаеја пред да стапат во брак. Остана бремена и како родител не знаевме ништо, тогаш она ни кажа дека имал некои судења за него, за некое дело. И јас како родител што сака да помогне и го поминавме тоа. Да ви кажам искрено, помогнавме да се заврши работа да добие условна. Потоа успеаја уплатија стан, убав беше почетокот, јас многу ретко го кажував по име, секогаш со ‘сине, синко’. Се радувавме, средуваа стан, имале проблеми, но никогаш мојата Ивана не го кажуваше тоа. Некогаш ќе ја видев со модро око па рече дела паднала од тротинет. Малата Катја беше две години, кога ми се јави зетот, во еден ноќе, извинете за изразот, ‘тетка ти Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти, Ивана ку*ва’. Ноќе некој така да ти каже, јас за 10 минути стасав до нивниот стан. Беше топло време, беше многу нервозен и јас дојдов и викам ‘кажи синко што е работава’, Ивана седеше во дневна и ја гушкаше малата. Стојанче беше многу лут шеташе нервозен и зборот што ми го кажа не можам да го преболам и прв пат го кажав на обвинителката и адвокатката“.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Може ли да ни кажете на што се однесуваа тие зборови?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Ми кажа дека мојата Ивана, искрено ќе ви кажам, „барала поволен да ја задоволи, а ја вика до сега никаде не сум го ставил кај друга жена“. Кога дојде полиција го извадија надвор во ходник да разговараат, еден полицаец беше со нас во соба, Ивана беше многу исплашена, он тргна да ја удри, но јас застанав меѓу нив да ми кажат што е работата пред да дојде полицијата. Ја удираше со боксови, Катја беше во раце на Ивана, тој ја удираше... Ивана беше исплашена и само викаше „нека земе и стан и сѐ само ќерка ми да ми ја остави“.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Ова се случуваше 2021, што се случуваше понатаму?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Она се плашеше да не ѝ ја земе Катја, а благодарение на мене го вработив во Пожарна. Живее со моето дете и сакав да има стабилна работа, нејзе секогаш на прво место и беше Катја. Кога се земаше станот, она го плаќаше станот, потоа беше на пола-пола, потоа по некое време на барање на негова страна Ивана ги плаќаше сметките, телефоните…Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали Ивана ви кажуваше дека има проблеми со Стојанче?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Забележував модринки и секогаш ми викаше ‘се удрив мамо, знаеш дека лесно ми излегуваат’, беше под стрес, под контрола секогаш ќе кажеше ‘еве сум кај моите’.. на два пати окото и беше модро..Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали се сомневате дела Ивана е тепана?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Се сомневав ама не ми признаваше, велеше ‘ќе биде во ред’. јас во ниту еден момент не го прашав зет ми, рачунав дека они сами ќе си го решат, нејќев да се мешам.Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Дали од Катја дознавате какво е однесувањето на нејзиниот татко кон мајка и?Обвинителката Адела Бојчевиќ: Катја ми рече ‘Бабо јас ќе ти кажам ама не ѝ кажувај на мама, мамa знаеше да чучне доле, со рацете собрани и тато да ја шутира и удира’. Дури мојата Катја, 6 години, ги користеше зборови ‘дрољо, ку*во, ку*виште’ велеше тато и кажуваше на мама. ‘Дали е тоа убаво’, велеше Катја, ‘не е убаво бабо’, ама тато на мама ѝ вика.Судењето продолжува по паузата.

Македонија | пред 9 часа

media-libraryirmpvv6l8n4u30wM8Zv

Стојанче призна вина за две дела, па кажа дека бил присилен и се расплака - судот не го прифати, ќе се изведуваат докази

Во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон.На денешното рочиште, обвинетиот изјави дека чувствува вина за две од трите кривични дела што му се ставаат на товар, но не и за третото, кое се однесува на наведување и помагање при самоубиство.Судот не го прифати неговото признание за вината за двете дела, откако Јовановски изјави дека бил изложен на закани и притисоци да признае вина за сите обвиненија.Обвинителката Адела Бојчевиќ образложи дека обвинението се темели на умисла и континуирано семејно насилство, опишувајќи настан од 2 март годинава, кога, според обвинението, обвинетиот физички и вербално ја нападнал сопругата на повеќе локации во Скопје, упатувајќи ѝ сериозни закани. За поттикнување на самоубиство, обвинителството посочи дека станува збор за специфичен облик на наведување на самоубиство, каде што, иако не постои директно поттикнување, суровото и нечовечко однесување создало состојба што довела до трагичниот исход.„На жрвата и упатувал вербални закани 'ќе те убијм ку*во, ќе видиш што ќе ти направам. Со умисла на повеќе локации во Скопје вршел семејно насилство“, рече обвинителката Адела Бојчевиќ.Пред судот, Јовановски рече: „За првите две дела разбирам, за третото не. Не се согласувам во потполност“. Во текот на излагањето, тој се расплака, тврдејќи дека не бил сослушан и дека неправедно се товари.„Ја доведоа во безизлезна состојба, семејството ми е уништено. Мене ме присилуваа да признам вина за сите три дела“, изјави обвинетиот, посочувајќи го како одговорен сведокот Мартин Саздов.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а постапката продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Македонија | пред 10 часа

media-librarydsf4cmbk4jh92KIg0dk

(Видео) Стојанче седна на обвинителна клупа, обвинет е за насилство и смрт на Ивана и Катја

Започна судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса.Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според информациите од МВР, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.

Македонија | пред 11 час

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Насилството кулминирало со смрт: Почнува судењето за случајот за Јовановски, по смртта на Катја и Ивана

Денес започнува судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на малолетната Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса, случај што предизвика силни реакции во јавноста.Постапката ќе ја води судијата Ивица Стефановски, познат по водењето на предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според наводите на Основно јавно обвинителство, обвинетиот подолг временски период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа, како што се наведува, била тепана, навредувана и понижувана – и во домот и на јавни места, пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението посочува дека насилството кулминирало на критичниот ден, кога Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и неможност разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според податоците на Министерство за внатрешни работи, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се воделе постапки и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерство за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на надлежниот Центар за социјални работи.Официјалните податоци на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство, што дополнително ја отвора темата за системските пропусти и заштитата на жртвите.

Македонија | пред 14 часа

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Повеќе од 10 пријави, трагичен крај: Стартува судењето за Стојанче, по трагедијата во која починаа Ивана и Катја

Утре започнува судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса.Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според информациите од МВР, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.Податоците на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство.

Македонија | пред 1 ден

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Судењето за трагедијата во Тафталиџе почнува на 30 март: на Стојанче ќе му суди судијата од предметот за убиството на Вања и Панче

На 30 март ќе започне судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска, која на 2 март скокна од балкон од шести кат заедно со својата шестгодишна ќерка. Случајот ја потресе јавноста и отвори сериозни прашања за институционалната реакција во случаи на семејно насилство.Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз сопругата. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот, така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, го извршила самоубиството.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Против Јовановски, според информациите од МВР, претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциски служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.Податоците на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Стојанче ја тепал Ивана и пред малата Катја: Истрагата завршена, пред трагедијата таа тргнала да се исели, но Стојанче и се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Стојанче Јовановски за трагедијата во Карпош во која мајката Ивана и нејзината малолетна ќерка Катја го загубија животот по пад од балкон.На обвинетиот му се ставаат на товар три кривични дела: телесна повреда сторена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.Според обвинението, на 2 март на повеќе локации во Скопје обвинетиот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со шлаканици и тупаници, при што таа во еден момент изгубила свест. Истиот ден, на паркинг зад Основниот кривичен суд Скопје, и упатил сериозни закани по нејзиниот живот и тело, со што кај неа предизвикал страв и чувство на несигурност.Обвинителството наведува дека обвинетиот подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон сопругата, која била во положба на фактичка и егзистенцијална зависност од него. Во ноември 2022 година, како што се наведува, тој издејствувал Ивана Јовановска со договор за дар да му го отстапи својот идеален дел од станот во кој живееле со нивната малолетна ќерка.По стекнувањето на сопственоста, според обвинението, започнало психичко и физичко малтретирање, кое во 2025 година прераснало во сурово и нечовечно постапување.Обвинетиот често ја тепал и омаловажувал сопругата, и во домот и на јавни места, пред сведоци и во присуство на нивната малолетна ќерка, заканувајќи се дека ќе ја избрка од домот и дека ќе ѝ го одземе детето.На критичниот ден, по ново психичко и физичко малтретирање и закани, жената се вратила во станот со ќерката, со намера да се спакува и да замине. Обвинетиот инсистирал да се качи со неа во станот и таму продолжил со заканите. Сведок на настанот го оттурнал обвинетиот и заедно се симнале пред зградата за да ја почекаат оштетената.Според обвинителството, долгогодишното малтретирање ја довело жената во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв и безнадежност, по што таа скокнала од терасата на станот од шестиот кат заедно со својата малолетна ќерка.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да продолжи со насилнички кривични дела.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykm19ta71i1cp7PLwsui

Полицијата не повикала социјални работници кога Ивана била нападната на Клиника, тврди ресорниот синдикат

Синдикалната гранкова организација при САДУ на Центрите за социјална работа во Македонија ги демантираше тврдењата дека стручни лица од Центарот биле присутни кога Ивана наводно била нападната од сопругот Стојанче Јовановски додека била на лекување во Клиничкиот центар, инцидент кој според одредени медиуми го гледала и нејзината ќерка Катја. Станува збор за мајката и детето кои трагично го загубија животот по пад од балкон во скопската населба Карпош.Од синдикатот соопштија дека во јавноста се пласираат шпекулации и неточни информации во врска со постапувањето на Центрите за социјална работа.Тие тврдат дека записник од наводен вонреден инспекциски надзор, за кој се говори во дел од медиумите, до денот на објавувањето на нивниот демант воопшто не бил доставен до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје.Воедно, категорично ги отфрлаат и наводите дека социјални работници биле присутни при наводниот физички напад врз Ивана пред здравствената установа.Според синдикатот, на 19 јануари 2026 година – денот кога наводно се случил инцидентот – Центарот не добил никаква пријава или повик за интервенција во Клиниката за дигестивна хирургија во рамки на комплексот клиники. Од увидот во службената документација, како што велат, произлегува дека тој ден дежурни биле две службени лица од Специјализираниот тим, но дека тие не биле повикани на интервенција.Од синдикалната организација оценуваат дека ваквите информации се пласираат тенденциозно и служат за дефокус на јавноста и дискредитирање на улогата на стручните лица во Центрите за социјална работа.Тие предупредуваат дека со ширење непроверени информации се нанесува штета врз угледот и професионалниот интегритет на вработените, кои, како што наведуваат, често работат во услови на зголемен ризик и соочување со чувствителни случаи на семејно насилство.Синдикатот најавува дека ќе застане во одбрана на вработените во Центрите за социјална работа и бара целосно процесуирање на постапката, со цел да се утврдат фактите и одговорноста за постапувањето на сите инволвирани институции.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

(Видео) Стојанче, сопругот на Ивана останува во притвор уште 8 дена: правеше гримаси на прашањата дали чувствува грижа

Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете починаа по пад од балкон во Карпош, молчејќи и со правење гримаси влезе во суд. Беше прашан дали станал поголем маж со насилството кое седум години го трпела Ивана, како што тврди Обвинителството – но не одговори. За него судот извести дека останува во притвор уште осум дена.Тој молчеше и на прашањата дали чувствува вина, дали со молчење се брани и во судот каде ќе се одлучува за неговиот притвор откако Обвинителството отвори истрага.  Кога беше прашан од нашата екипа „како можевте седум години да малтретирате жена“, тој мавташе со главата.Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Стојанче Јовановски осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и шестгодишна ќерка Катја.Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого таа била во бракоразводна постапка, во периодот од 2019 година до 2 март континуирано ја малтретирал физички и психички, ја навредувал, тепал и понижувал, нанесувајќи ѝ видливи повреди по телото.Според прибраните докази, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што Ивана Јовановска се нашла во безизлезна состојба и донела одлука да си го одземе животот. Таа ја земала во раце својата шестгодишна ќерка и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој живееле, по што двете паднале на бетонската

Настани | пред 3 седмици

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Ивана била седум години малтретирана и тепана од Стојанче, дента кога скокнала со Катја во раце добивала закани дека ќе биде убиена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Стојанче Јовановски осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја.Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого таа била во бракоразводна постапка, во периодот од 2019 година до 2 март континуирано ја малтретирал физички и психички, ја навредувал, тепал и понижувал, нанесувајќи ѝ видливи повреди по телото.„Од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, велат од Обвинителството.Според прибраните докази, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што Ивана Јовановска се нашла во безизлезна состојба и донела одлука да си го одземе животот. Таа ја земала во раце својата шестгодишна ќерка и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место.„На критичниот ден претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и започнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да и се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото. Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка и. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството“, велат од Обвинителството.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Како причини се наведуваат опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и вештаци, како и ризик од повторување на кривично дело.Од обвинителството посочуваат дека продолжуваат со прибирање докази за овој, како што го оценија, комплексен случај.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykm19ta71i1cp7PLwsui

Ќе се „чешлаат“ социјалните служби за случајот со Ивана и Катја: како постапиле по секое насилство од Стојанче?

Јавното обвинителство отвори предмет за да го испита постапувањето на Центарот за социјални работи во случајот со Ивана и малата Катја Јовановска, по наводите дека институциите не реагирале соодветно и покрај пријавите за семејно насилство.Од Обвинителството информираат дека предметот е оформен по допрен глас, врз основа на информациите објавени во медиумите за утврдени неправилности при извршен инспекциски надзор во Центарот за социјални работи.„Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од обвинителството.Според информациите на СП, Ивана и Катја биле нападнати во болница од Стојанче. Социјални работници излегле на терен, но случајот не добил епилог со кој би се спречило понатамошно насилство.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради сомнежите дека институциите не реагирале навреме. Невладини организации повеќепати предупредуваа на пропусти во работата на социјалните служби во случаи на семејно насилство.При последниот инспекциски надзор од Министерството за труд и социјална политика биле утврдени неправилности во водењето на предметот за Ивана и Катја, кои го загубија животот по пад од балкон во скопската населба Карпош.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhgglr9iubkt7bpz1uBM

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче Јовaновски по трагедијата во Карпош

Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и донесе одлука за продолжување на краткотрајниот притвор за осомничениот Стојанче Јовановски, насилниот сопруг на Ивана, во случајот поврзан со трагедијата во скопската населба Карпош, за уште 48 часа.Претходно обвинителството побара продолжување на мерката поради тековните истражни дејствија, меѓу кои се вештачење на три мобилни телефони и други предмети, како и обезбедување и анализа на видео-снимки од повеќе критични локации.Во рамки на постапката се прибира и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и на починатата жена.Трагедијата во Карпош, во која мајката Ивана и детето Катја го загубија животот по пад од балкон, предизвика силни реакции во јавноста и отвори прашања за постапувањето на институциите во случаите на семејно насилство.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче, осомничен за самоубиството на мајката и детето: се вештачат телефони и се анализираат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за уште 48 часа за осомничениот Стојанче Јовановски во случајот поврзан со трагедијата во скопската населба Карпош, каде мајката Ивана и детето Катја го загубија животот по пад од балкон.Од обвинителството информираат дека во тек е прибирање и анализа на повеќе докази. Се постапува по наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео-снимки од повеќе критични локации, како и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и на починатата жена.Според обвинителството, се преземаат и дополнителни истражни дејствија кои се од значење за утврдување на фактите и за докажување на кривичните дела чии елементи во моментот се испитуваат.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0e0g9nieuodh6OK8K96

„Не можела поинаку! Институциите реагираат дури по трагедија“, вели психологот Ивановска

Психологот и гешталт психотерапевт м-р Тиана Ивановска, по трагедијата во која животот го загубија Ивана и нејзината ќерка Катја по пад од балкон, остро реагираше за, како што вели, системските пропусти во институциите кои треба да ги штитат жртвите на семејно насилство.Ивановска посочува дека две години работела како психолог во анонимен шелтер за жени жртви на семејно насилство и дека во тој период сведочела на, како што наведува, бројни случаи на „институционална глувост, некадарност и партиски вработувања“ во системот за социјална заштита.Според неа, постојат сериозни пропусти во начинот на кој институциите постапуваат со жртвите. Таа наведува пример кога жена жртва на насилство била транспортирана во анонимен шелтер со службено обележано возило на Центарот за социјална работа, што, според неа, ја довело во дополнителна опасност.Ивановска посочува и дека често се случува насилниците да продолжат со закани и притисоци, додека институциите бавно реагираат, а во некои случаи се завршува само со „консултативни разговори“ наместо со конкретни заштитни мерки.„Тоа што ние го гледаме однапред, вие го гледате отпосле, откако ќе се случи трагедија“, наведува таа, додавајќи дека жртвите често живеат под постојан страв и закани.Таа повика сите институционални пропусти во случајот детално да се испитаат и одговорните лица да бидат санкционирани.„Земете ги сите досиеја и проверете ги до последната точка. Сите пропусти да се најдат и да се казнат“, порача Ивановска.

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryr4aemg8mu28j4rvWRNK

Гарческа: ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците

Повторно, Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира и искажува сериозна загриженост за институционалната неодговорност и непреземањето на мерки за превенција и спречување на фемицидот и семејното насилство.„Немаме повеќе време за префрлање одговорност, ниту за административни изговори. Секое непостапување има последици и секое доцнење може да значи живот. Последниoт случај со смртта на мајката и ќерката во Тафталиџе, како и сите претходни, ја потресоа јавноста. Уште колку жртви треба да изброиме за институциите да се одважат да постапуваат по пријава?“, прашува во својата изјава за медиумите Тамара Гарческа од ЛДП.Уште колку смртни случаи треба да се случат за пратениците во Собранието да сфатат дека предлог-законот на ЛДП за воведување електронска нараквица за следење на насилниците не е повеќе опција, туку е обврска?„Како држава која ја ратификувала Истанбулската конвенција, Македонија има јасна задача: превенција, заштита, санкција. Не само декларативно, туку и реално. Нулта толеранција значи нула оправдувања. Јавноста е гневна – и со право. Бараме темелна истрага. Бараме целосно расчистување. Бараме одговорност со име и со презиме. Животот на жените не е статистика. Безбедноста не е привилегија“, завршува Гарческа во својата изјава со прашањето уште колку жени треба да умрат за институциите конечно да се разбудат и да постапуваат?

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Одреден дводневен притвор за сорпугот на Ивана која почина со ќерката по пад од балкон

Основно јавно обвинителство Скопје поднесе предлог до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана, која заедно со својата ќерка Катја го загуби животот по пад од балкон во Тафталиџе.Од Обвинителството информираат дека против осомничениот постојат сомненија за сторени кривични дела – „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и „Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“ од член 128 став 4 од Кривичниот законик.„Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија за обезбедување докази во однос на сомненијата“, соопштија од Обвинителството, додавајќи дека по предлог на јавниот обвинител, судот ја определил мерката краткотраен притвор.Во овој период ќе се извршат вештачења, анализи на камери, известувања од претрес... сите дејствија кои беа наредени денеска. Потоа, зависно од резултатите, ќе се произнесе обвинител дали има потреба од продолжување на мерката.

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Мајка која носи вака тешка одлука заедно со своето дете да замине во смрт е многу ретко, речиси непознато во криминолошката пракса, вели Туфегџиќ

Екссудијата и адвокат Владимир Туфегџиќ оцени дека трагедијата во која мајка и шестгодишно дете го загубија животот по пад од балкон претставува потврда за системските слабости во институциите.„Вчерашната трагедија е само потврда дека нашите институции немаат стандардни оперативни процедури за постапување не само во овој случај на семејно насилство. Во основа реално полицијата поради повеќе децениската партизација нема стручен кадар ниту стандарди на постапување. Само пред една година поради убиството на детето Вања, слушавме во судница исказ на обвинет кој потврди дека бил дел од организирана група која во седиштето на политичка партија направила план за киднапирање и ликвидација на луѓе, а за реализација на планот копале дупки на различни локации во државата за да ги закопаат жртвите. Денеска сме сведоци на случајно откриен сериски убиец и се откриваат неговите жртви. Моето прашање логично се наметнува и тогаш и денеска, што работат нашите безбедносни служби и дали до тој степен се девастирани и партизирани без соодветен професионален кадар“, напиша Туфегџиќ.Во осврт на конкретниот случај, Туфегџиќ посочува дека во криминологијата е познат феноменот на мајка што убива новороденче или го напушта, но дека одлука мајка заедно со своето шестгодишно дете да замине во смрт е исклучително ретка и речиси непозната во праксата.„Во криминологијата е познат феномен мајката да убие или остави на сред улица или на буниште штотуку родено бебе, но мајка која носи вака тешка одлука заедно со своето 6 годишно дете да замине во смрт е многу ретко, скоро непознато во криминолошката пракса. Јавниот обвинител има исклучително тешка задача во која ќе мора да го најде одговорот за клучниот мотив за ваквата одлука без притоа да носи избрзана одлука поради притисокот од јавноста“, додава тој.

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryh0aiiv7hbiq78AOKFpg

(Видео) Поради семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, сопругот на Ивана е во станица, вели Тошковски

Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана, која заедно со својата ќерка Катја го загуби животот по пад од балкон во Тафталиџе, е задржан во полициска станица под сомнение дека сторил повеќе кривични дела.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека Јовановски се сомничи за кривичните дела „наведување на сторување на самоубиство“, „нанесување телесни повреди поврзани со семејно насилство“ и „загрозување на сигурноста“.Според изјавата на министерот, во тек е прибирање докази и документирање на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции спроведуваат истражни дејствија, по што ќе биде одлучено за понатамошната постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhgglr9iubkt7bpz1uBM

Против Стојанче, сопругот на починатата Ивана, се воделе повеќе постапки во Обвинителството

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека сопругот на трагично починатата Ивана имал десет кривични пријави во изминатите две години, а само неколку часа пред падот од балкон во Карпош, полицијата интервенирала по пријава за семејна расправија.Од Основното јавно обвинителство информираат дека против Стојанче се водела само една постапка во Обвинителството.Во Основното јавно обвинителство Скопје лицето не е пријавено за кривични дела на семејно насилство. Против него има активна постапка од 29.12.2025 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик за пронајдени 19 грама марихуана и 7 грама амфетамин во багажникот на неговиот автомобил. По предлог на надлежниот обвинител, ценејќи ги сите околности во предметот, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост кои се уште се на сила“, информираат од ОЈО.Во однос на постари постапки, се е процесуирано, поднесено е обвинение за насилство кон трето лице, заедно со други соучесници, како и обвинение за напад врз службено лице заедно со сега починатата, дополнуваат од ОЈО.

Македонија | пред 3 седмици

media-library03kb52m1ph6kfBJN7A6

Вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје по трагичниот настан

Во врска со трагичниот случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, Министерството за социјална политика, демографија и млади изразува длабоко сочувство до семејството и блиските.„Постапувајќи согласно законските надлежности и принципот на должно внимание, Министерството веднаш изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување на институцијата.Според првичните информации од инспекторите, починатата заедно со сопругот за прв пат се евидентирани во Центарот на 07.10.2025 година, по барање на Основниот граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак.Во однос на пријавено насилство, допис од Министерството за внатрешни работи е примен и заведен во Центарот на 02.02.2026 година, а се однесува на настан од 19.12.2025 година, за сторен прекршок против јавниот ред и мир односно физички напад на сопругот врз сопругата.Министерството има јасен и недвосмислен став: секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора да биде целосно утврдено, а одговорност мора да има согласно закон.Заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство се врвен приоритет и нема да дозволиме институционални слабости да останат неадресирани.Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување Министерството транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки. Министерството будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и зајакнување на системот на заштита“, велат од министерството.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryr6i151ev7l427ivcikU

Левица формира работна група за законски измени и инситуционална одговорност во случаите на семејно насилство

Трагичниот настан што ја потресе јавноста, во кој жена и малолетно девојче го загубија животот при пад од зграда, не смее да остане сведен на сензационализам или на уште една црна статистика. Овој случај е уште една болна потврда за системските пропусти во (не)постапувањето по случаи на семејно насилство, велат од Левица.Кога со години се пријавува насилство, кога постојат индикации за сериозни закани и ризик, а институциите не обезбедуваат ефективна заштита, тогаш станува збор за институционална одговорност и нефункционалност на системот што има задача да заштити животи, а не го сторил тоа.Левица бара итна и независна постапка внатрешна контрола во рамки на Министерство за внатрешни работи. Дополнително, потребна е детална анализа на постапувањето на центрите за социјална работа и на целокупната меѓуинституционална координација во случаи на семејно насилство. Јавноста има право на целосна транспарентност - кои пријави биле поднесени, какви мерки биле преземени и зошто тие не резултирале со заштита. Со име и презиме на службениците.Оваа трагедија ја разоткрива длабоката структурна слабост на системот за заштита од семејно насилство. Постојат сериозни недостатоци во проценката на ризик, во следењето на повторени пријави, во навременото изрекување заштитни мерки и во контролата на нивното спроведување. Кога институциите формално „водат предмет“, а суштински не обезбедуваат безбедност, тогаш тие ја изневеруваат својата основна функција.Во таа насока, Левица формира работна група која ќе ги разгледа сите аспекти на институционалното постапување во случаи на семејно насилство – од законската рамка, преку протоколите на МВР и социјалните служби, до праксата на нивна примена. Работната група ќе излезе со конкретни предлог-измени и мерки во најкус можен рок.Ова не е момент за политичко надмудрување, туку за институционална одговорност. Пропустите мора да бидат именувани и санкционирани. Системските слабости мора да бидат коригирани со конкретни и применливи решенија. Ниту еден живот не смее да биде изгубен поради административна незаинтересираност и институционална негрижа.Дополнително, жалиме што теснопартиските калкулации на ДПМНЕ имаа предност пред суштинската заштита на жртвите. Предлог-измената со која се предвидуваше гонење на насилник по службена должност, наместо исклучиво по пријава на жртвата, беше поднесена од Левица и не доби поддршка единствено затоа што доаѓаше од опозицијата. Истата мерка, повеќе од една година подоцна, беше прифатена кога беше предложена од нивна страна. Тоа одложување не е политички детаљ, туку прашање на последици. Доколку измената беше усвоена тогаш, институциите ќе имаа обврска да постапуваат и без формална пријава од жртвата, а граѓаните што алармирале (соседи, роднини, сведоци) немаше да бидат враќани од полициска станица со образложение дека „нема пријава“. Во такви околности, постоеше реална можност насилникот да биде процесиран и изолиран навреме. Кога законските решенија се блокираат од суета, цената ја плаќаат најранливите.Системот мора да функционира кога граѓаните бараат заштита - не по трагедијата, туку пред таа да се случи“, велат од Левица.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydo57oq99uvd72gIlwc7

(Видео) МВР има снимка каде сопругот ја удира жената истиот ден кога таа загина по падот од балконот, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во случајот со трагедијата во Карпош, каде жена и дете беа пронајдени мртви по пад од балкон, ќе се утврдуваат сите околности поврзани со претходните пријави за семејно насилство, вклучително и дали изјавите на жртвата биле дадени под притисок.„МВР има видео запис каде се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата. Тоа се случило истиот ден“, вели Тошковски.Тошковски посочи дека според службените белешки, на денот на настанот жената потпишала изјава со која се откажува од пријавата, наведувајќи дека немало физички контакт, туку недоразбирање со сопругот и дека не бара понатамошна полициска постапка. Таа, според документот, навела дека не сака настанот да се третира како семејно насилство и дека брачните односи ќе ги решава по мирен пат и преку развод.Министерот нагласи дека МВР ќе треба да утврди дали изјавата била дадена доброволно или под евентуална присила, дали осомничениот бил присутен, како и дали постоело влијание или притисок.„Факт е дека најголем број од предметите се затвораат затоа што жртвата се повлекува“, изјави Тошковски, додавајќи дека таквата пракса не треба да продолжи. Тој повика не само жртвите, туку и сите граѓани – членови на семејство, соседи и сведоци – да пријавуваат насилство, а институциите да обезбедат целосно процесуирање на случаите.Министерот истакна дека новите законски овластувања ѝ даваат на полицијата пошироки можности за постапување по службена должност, особено кога се констатираат видливи телесни повреди. Во такви случаи, жртвата нема да може да го повлече предметот, а Министерството ќе мора да продолжи со постапката.Сепак, Тошковски предупреди дека доколку жртвата повторно се повлече, институциите се соочуваат со сериозни предизвици во фазата на докажување на кривичното дело. Затоа, според него, неопходна е координирана ангажираност на центрите за социјална работа и на сите институционални чинители, како и поголема јавна свест и охрабрување на граѓаните да зборуваат отворено за насилството.Тој нагласи дека Министерството ќе го зголеми фокусот на ваквите кривично-правни настани, со цел да се спречат трагични исходи во иднина.

Настани | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања