Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Се криеја позади банкина, кога ги земав Ивана беше целата модра, искубана, плачеа двете со Катја“, сведочи сведокот кои ги земал од автопат каде ги оставил Стојанче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

На судењето за смртта на Ивана и Катја (пад од балкон на 2 март во Тафталиџе), сведочеше Мартин Саздов, поранешен пријател на обвинетиот Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство. Саздов опиша настан од август 2025 кога Ивана му се јавила плачејќи дека тој и Катја се исфрлени од кола и претепани од Јовановски, криени зад банкина пред Штип. Тој ги нашол на автопат, вели Ивана била модра и искубана, а двете плачеле. Поради страв да се врати дома, ги однел кај него.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Се криеја позади банкина, кога ги земав Ивана беше целата модра, искубана, плачеа двете со Катја“, сведочеше Мартин Саздов во Кривичниот суд во Скопје, на продолжението на судењето за случајот со Ивана и Катја, кои починаа на 2 март по пад од балкон во населбата Тафталиџе.

Во предметот, Стојанче Јовановски е обвинет за наведување на самоубиство, а денешното рочиште беше посветено на сослушување на сведоци, меѓу кои и Саздов, поранешен пријател на обвинетиот.

— реклама —

Сведокот изјави дека порано бил во близок круг со обвинетиот и девојките, но се дистанцирал откако дознал дека Јовановски бил во врска со неговата девојка.

Тој детално го опиша настанот кој, според него, се случил во август 2025 година.

— реклама —

„Во август 2025 година ми се јави Ивана во 1 навечер со плачење. Ми рече ‘извини што ти ѕвонам толку касно, немам на кого да му се јавам, јас и Катја сме пред Штип, може ли да дојдеш да не земеш, Стојанче не тепаше и не исфрли од кола’“, изјави Саздов.

Тој посочи дека веднаш тргнал да ги побара.

„Се облеков, отидов да ја земам. Прво не можев да ја најдам Ивана, па таа ми кажа дека се на 5 километри пред Штип позади банкина, се криеле со Катја. Ми рече дека се наоѓа на автопатот од страната за накај Скопје. Ѝ реков да излезе да ја видам каде се наоѓа точно, свртев назад кон Скопје и ги видов од десната страна како стојат покрај банкината“, изјави Саздов.

Според неговото сведочење, состојбата на девојките била вознемирувачка.

„Ивана беше целата модра, искубана, плачеа двете со Катја“, изјави Саздов.

Тој додаде дека Ивана изразила страв да се врати дома.

„Ја прашав каде да ја однесам, ми рече ‘страв ми е да одам дома, да не ме тепа пак’. Ја прашав дали да ја однесам кај мајка ѝ, но таа одговори дека не сака мајка ѝ да ја гледа во таква состојба“, изјави Саздов.

Сведокот посочи дека ги однел кај него дома за да бидат безбедни.

„Ја однесов кај мене, сестра ми беше дома, јас реков ќе излезам, да не ви биде незгодно. Требаше сабајле да одам на работа, тие да си седат раат“, изјави Саздов.

Судењето продолжува со изведување на докази и сослушување на сведоци за околностите што довеле до трагичниот настан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања