Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СТОЈАНЧЕ

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Обвинителката Адела Бојчевиќ, денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски, изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази.„Денешното признание на вина од страна на обвинетиот воопшто не е признание. Согласно закон се знае како се дава тоа признание, треба да биде доброволно и јасно без присила од никого. Поради тие причини судијата не го зема во целост нити го ценеше и затоа продолживме со изведување на докази. Овој предмет го водам од почетокот, од моментот на увид. За краток период собравме навистина многу голем доказен материјал врз основа на кој доказен материјал се базира обвинението за сите три кривични дела коишто му се ставаат на товар на обвинетиот. Во насока на почитување на презумпцијата на невиност на овој обвинет, сметам дека тој е невин, сè додека јас не го докажам спротивното до крај на постапката. Јас до крај сметам дека навистина имам голем број на докази коишто ќе бидат изведени во оваа постапка и со сигурност ќе докажам надвор од разумно сомневање дека Стојанче ги сторил кривичните дела точно на начинот како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот предлог. немало никаков сомнеж и баш и денес и мајката на Ивана кажа за односот којшто го имал со жртвите, така да јас немам дилема никаква освен обвинетиот што може да се брани на каков начин и да сака во оваа постапка, тоа е нивно право на обвинетите и воопшто не ми е спорно и ја разбирам која е искрено неговата позадина“, изјави Бојчевиќ.Во однос на Мартин Саздов е исто предложен како сведок, денешната одбрана ја гледам како искрено како чиста манипулација во насока да се избегне некоја кривична одговорност, но понатаму оставам доказите да зборуваат сами за себе.

Настани | пред 4 часа

media-librarydsf4cmbk4jh92KIg0dk

(Видео) Стојанче седна на обвинителна клупа, обвинет е за насилство и смрт на Ивана и Катја

Започна судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса.Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според информациите од МВР, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.

Македонија | пред 11 час

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Стојанче ја тепал Ивана и пред малата Катја: Истрагата завршена, пред трагедијата таа тргнала да се исели, но Стојанче и се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Стојанче Јовановски за трагедијата во Карпош во која мајката Ивана и нејзината малолетна ќерка Катја го загубија животот по пад од балкон.На обвинетиот му се ставаат на товар три кривични дела: телесна повреда сторена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.Според обвинението, на 2 март на повеќе локации во Скопје обвинетиот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со шлаканици и тупаници, при што таа во еден момент изгубила свест. Истиот ден, на паркинг зад Основниот кривичен суд Скопје, и упатил сериозни закани по нејзиниот живот и тело, со што кај неа предизвикал страв и чувство на несигурност.Обвинителството наведува дека обвинетиот подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон сопругата, која била во положба на фактичка и егзистенцијална зависност од него. Во ноември 2022 година, како што се наведува, тој издејствувал Ивана Јовановска со договор за дар да му го отстапи својот идеален дел од станот во кој живееле со нивната малолетна ќерка.По стекнувањето на сопственоста, според обвинението, започнало психичко и физичко малтретирање, кое во 2025 година прераснало во сурово и нечовечно постапување.Обвинетиот често ја тепал и омаловажувал сопругата, и во домот и на јавни места, пред сведоци и во присуство на нивната малолетна ќерка, заканувајќи се дека ќе ја избрка од домот и дека ќе ѝ го одземе детето.На критичниот ден, по ново психичко и физичко малтретирање и закани, жената се вратила во станот со ќерката, со намера да се спакува и да замине. Обвинетиот инсистирал да се качи со неа во станот и таму продолжил со заканите. Сведок на настанот го оттурнал обвинетиот и заедно се симнале пред зградата за да ја почекаат оштетената.Според обвинителството, долгогодишното малтретирање ја довело жената во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв и безнадежност, по што таа скокнала од терасата на станот од шестиот кат заедно со својата малолетна ќерка.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да продолжи со насилнички кривични дела.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2022-05-30-220757

(ВИДЕО) По пожарот во Тетово, Американците можат да учат како се гасне пожар од Стојанче

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се пофали дека македонските институции подобро се справуваат со пожарите дури и од Американците.Тој кажа дека овој заклучок го донел по една вежба спроведена на терен.Твитер заедницата се потсети на еден од легендарните начини на гаснење пожар од страна на Стојанче Ангелов и се пошегуваа дека Американците можат да учат од него. https://twitter.com/Soleimani_QUDS/status/1531361339423211521?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1531349776125542402?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/Copkar/status/1531345607348166661?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/rsena_a/status/1531322509357993984?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/shilikurant/status/1531321685370093568?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1531309296541106180?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/makedonicus/status/1531295578268770306?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/profKirjakovski/status/1531269515312513024?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/aleks_photo/status/1531247642382041088?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/d_dedalus/status/1531236467145580544?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Q 

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања