Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-library03c9p1489hrl4bvif63

Обвинителката Адела Бојчевиќ изјави дека исказот на Стојанче Јовановски не ги исполнува законските услови за признание на вина (да е јасно и доброволно), па судот не го прифатил и постапката продолжила со изведување докази. Таа наведе дека обвинението за трите дела се темели на обемен доказен материјал и дека ќе докаже вина „надвор од разумно сомневање“, со почитување на презумпцијата на невиност. Одбраната, вклучително и во врска со сведокот Мартин Саздов, ја оцени како манипулација.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Обвинителката Адела Бојчевиќ, денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски, изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази.

„Денешното признание на вина од страна на обвинетиот воопшто не е признание. Согласно закон се знае како се дава тоа признание, треба да биде доброволно и јасно без присила од никого. Поради тие причини судијата не го зема во целост нити го ценеше и затоа продолживме со изведување на докази. Овој предмет го водам од почетокот, од моментот на увид. За краток период собравме навистина многу голем доказен материјал врз основа на кој доказен материјал се базира обвинението за сите три кривични дела коишто му се ставаат на товар на обвинетиот. Во насока на почитување на презумпцијата на невиност на овој обвинет, сметам дека тој е невин, сè додека јас не го докажам спротивното до крај на постапката. Јас до крај сметам дека навистина имам голем број на докази коишто ќе бидат изведени во оваа постапка и со сигурност ќе докажам надвор од разумно сомневање дека Стојанче ги сторил кривичните дела точно на начинот како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот предлог. немало никаков сомнеж и баш и денес и мајката на Ивана кажа за односот којшто го имал со жртвите, така да јас немам дилема никаква освен обвинетиот што може да се брани на каков начин и да сака во оваа постапка, тоа е нивно право на обвинетите и воопшто не ми е спорно и ја разбирам која е искрено неговата позадина“, изјави Бојчевиќ.

Во однос на Мартин Саздов е исто предложен како сведок, денешната одбрана ја гледам како искрено како чиста манипулација во насока да се избегне некоја кривична одговорност, но понатаму оставам доказите да зборуваат сами за себе.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања