Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Стојанче седна на обвинителна клупа, обвинет е за насилство и смрт на Ивана и Катја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-librarydsf4cmbk4jh92KIg0dk

Започна судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса.

— реклама —

Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

— реклама —
— реклама —

Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.

Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, си го одзела животот.

„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.

Според информациите од МВР, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.

По трагедијата, инспекциските служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2022-05-30-220757

(ВИДЕО) По пожарот во Тетово, Американците можат да учат како се гасне пожар од Стојанче

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања