Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Братот на Ивана: Не верувам дека доброволно се врати кај Стојанче, се плашеше за Катја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library2p0mnq9ccu6edDWHZC0

Братот на Ивана, вујко на шестгодишната Катја, сведочеше на судењето против Стојанче Јовановски дека Ивана живеела во страв, под уцени и закани, па не верува дека доброволно се вратила да живее со него. По настанот кај Штип во 2025, Ивана со детето се вратила кај родителите, побарала помош и започнала постапка за развод, спомнувајќи и сомнежи за фалсификат околу стан. Барала и пари поради долгови и притисоци; семејството се сомневало и на физичко насилство. Сведокот наведе закани за одземање на детето, иселување и барање 30.000 евра, како и закани кон семејството (палење имот). Посочи и сомнение дека некој друг пишувал од нејзиниот телефон, додека семејството постојано се грижело за нејзината безбедност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Братот на Ивана, воедно и вујко на шестгодишната Катја, кои починаа по падот од балконот во Тафталиџе сведочеше во судскиот процес против обвинетиот Стојанче Јовановски, посочувајќи дека неговата сестра живеела во страв, под притисоци и уцени, поради што, како што рече, не верува дека доброволно се вратила да живее со него.

„После сите уцени што Ивана ми ги кажа, заканите и стравот за Катја, јас не мислам дека сестра ми доброволно се вратила“, изјави сведокот.

— реклама —

Тој раскажа дека по настанот на автопатот кај Штип во 2025 година, Ивана со детето се вратила кај родителите, кога за првпат отворено зборувала за проблемите и побарала помош. Семејството ангажирало адвокат и започнало постапка за развод, а според неговите зборови, таа тогаш открила и сомнежи за фалсификат поврзан со нејзиниот стан.

Во сведочењето посочи дека Ивана му се обраќала и за финансиска помош, барајќи пари поради, како што му кажувала, долгови и притисоци.

— реклама —

„Во декември ми побара 1.400 евра. Сакав да бидам сигурен дека парите ќе се искористат за тоа што го кажува, бидејќи се плашевме дека е уценета“, рече тој.

Сведокот изјави дека семејството се сомневало дека Ивана трпи физичко насилство, особено кога имала болки во стомакот, за кои се сомневале дека се последица од тепање.

Дополнително, посочи дека обвинетиот ѝ се заканувал со одземање на детето и иселување од станот, барајќи 30.000 евра за да ѝ го препушти имотот.

„Ѝ се заканувал дека ќе ја избрка и дека ќе ѝ ја земе Катја“, сведочеше братот.

Тој опиша и закани упатени кон целото семејство.

„Ми се јави и почна да се заканува дека ќе ни го запали имотот. Имав голем страв за сестра ми, за мајка ми и за мене“, изјави сведокот.

Според неговото сведочење, комуникацијата со Ивана во еден период станала сомнителна, бидејќи, како што рече, имал чувство дека некој друг пишува од нејзиниот телефон.

Тој додаде дека семејството било постојано загрижено за нејзината безбедност, а домот на родителите секогаш ѝ бил отворен за да се врати со детето.

media-libraryssn132b16i0ffHqzKPr

Братот на жената која е најдена мртва со ќерката: Со години беше пријавувано семејно насилство, закани, обид за убиство, потфрли системот!

Денеска се случи трагедија во која згаснаа два млади животи. Братот на жената, односно вујко на шестгодишното дете, Александар Стојаноски, преку јавна објава се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле. Тој посочува дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем ... После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече - вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто ... вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавамСподелете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!“, напиша Стојаноски.Трагедијата се случи во скопско Тафталиџе, каде жената е најдена мртва заедно со својата ќерка. Полицијата до доцна вечерва прави увид.„Скопје1“ уште попладнево побара официјални информации од МВР за тоа дали кај нив се регистрирани пријави за семејно насилство и досега немаме одговор на прашањата бидејќи службениците биле на терен. Одговор нема ниту од скопското Обвинителство, а обвинителката била на терен до доцна вечерва.

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања