Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Поразително: Нови приведувања за семејно насилство – случаи во Кисела Вода, Карпош, Драчево и Шуто Оризари

Полицијата приведе повеќе лица во Скопје, Охрид и гостиварско по пријави за семејно насилство, закани и физички напади, информираат од Министерството за внатрешни работи.Во Кисела Вода, утрото на 17 април, бил приведен 22-годишник од Скопје, кој според пријавата му упатувал закани на својот 64-годишен татко, а користел и нож. При преглед кај него биле пронајдени нож и дробилка со остатоци од марихуана.Во друг случај, полицијата ја лишила од слобода 44-годишна скопјанка, која, според пријавата, му се заканувала на поранешниот сопруг и на нивните деца, при што во изминатиот период вршела и психичко и физичко насилство. Кај неа била пронајдена бела прашкаста материја.Жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат во семејниот дом во Шуто Оризари, додека 76-годишен маж од Драчево пријавил дека бил нападнат од својот син и ќерка по претходна расправија. Со нив бил извршен службен разговор.Во Охрид, 46-годишен маж бил повикан на разговор по пријава од поранешната сопруга дека физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на викендите кога бил кај него.Дополнително, во гостиварско, полицијата привела лице кое упатувало закани кон својата поранешна партнерка и нејзиното семејство.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryfu8c5kmmso0e36CuSaE

Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски

На судењето за случајот со смртта на Ивана Јовановска, вештакот по судска медицина Златко Јаќовски сведочеше за наодите од обдукцијата и токсиколошките анализи, при што беа презентирани податоци и за неа и за Стојанче Јовановски.Според неговото сведочење, кај Ивана Јовановска, освен повредите од падот од зграда во скопското Тафталиџе, биле утврдени и крвни подливи на брадата и вратот, кои потекнуваат од тап и тврд предмет. Дел од нив, како што наведе, се настанати десет дена пред смртта, а дел истиот ден или еден ден претходно. Во обдукцијата не биле пронајдени алкохол ниту други психоактивни супстанци во нејзиниот организам.Во однос на Стојанче Јовановски, судско-медицинските анализи покажале присуство на кокаин и лекови за смирување. Како што рече вештакот, во урината е констатиран кокаин со концентрација од 307,5 нанограми на милилитар, како и бензодиазепини во концентрација над 1000 нанограми на милилитар. Исто така биле утврдени дијазепам, нордијазепам и метаболит на кокаин.Обвинителството го товари Стојанче Јовановски дека ја навел сопругата Ивана на самоубиство, во период додека биле во бракоразводна постапка, дека ѝ ја загрозил сигурноста и дека ѝ нанел телесни повреди при семејно насилство. Според обвинението, Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја починале на 2 март годинава по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryirmpvv6l8n4u30wM8Zv

Обвинетиот Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација

Во Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Стојанче Јовановски денеска даде исказ во кој изнесе своја верзија за односите со сопругата Ивана Стојаноска, тврдејќи дека тие биле нормални до 2022 година, по што започнале сомнежи за неверство поврзани со комуникации со Мартин Саздов.Според неговото сведочење, ситуацијата ескалирала откако дознал за врската меѓу Стојаноска и Саздов, при што се сретнале „да се пресметаат“. Јовановски тврдеше дека при таа средба Саздов извадил автоматска пушка и му се заканил со убиство, по што тој ја оттурнал цевката и бил удрен, оставајќи му повреда на рамото. Наведе дека подоцна се обидел да го спречи со возило, но Саздов успеал да избега.Јовановски изјави дека по извесен период Стојаноска поднела барање за развод, но подоцна му испраќала пораки дека сака да се смират, додека во исто време, како што тврдеше, се плашела од закани од Саздов. Тој додаде дека поседува пораки во кои таа му се жали на закани, уцени и притисоци.Во исказот беше опишан и настанот од декември 2025 година, кога во неговото возило била пронајдена дрога. Јовановски тврди дека станува збор за подметнување, поврзувајќи го случајот со Саздов и наводно поставен уред за следење во автомобилот.Говорејќи за настаните на 2 март 2026 година, денот на трагедијата, обвинетиот изјави дека се упатил да ја соочи Стојаноска поради пораки што ги видел, при што повторно дошло до конфликт во присуство на Саздов. Тој тврдеше дека токму Саздов физички ја нападнал Стојаноска, што, според него, довело до ескалација на ситуацијата.Од друга страна, обвинителката Адела Бојчевиќ оцени дека исказот на обвинетиот претставува обид да се прикаже како жртва, наместо како сторител.„Ова е очигледен обид за избегнување кривична одговорност, спротивно на доказите со кои располага обвинителството“, изјави Бојчевиќ, додавајќи дека психолошките анализи укажуваат на манипулативност и тенденција за искривување на фактите кај обвинетиот.Таа истакна дека за случајот со пронајдената дрога се води посебна постапка, како и дека нема докази што го потврдуваат тврдењето дека Саздов ја нападнал Стојаноска.Обвинителството го товари Јовановски дека ја навел на самоубиство неговата сопруга, која го загуби животот по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе, заедно со нивната шестгодишна ќерка. Тој се гони и за семејно насилство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryumpd4rmo1f3pabG3XnJ

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – ново видео од Ивана и Стојанче пуштено во судница

Во рамки на судскиот процес за смртта на Ивана Јовановска, Обвинителството презентираше нов видеодоказ, на кој таа го обвинува сопругот за физичко насилство, тврдејќи дека ја удирал по бубрезите по „модел“ што, како што наведува, го научил од својот татко.Во судница беше презентиран нов видеозапис од Ивана Јовановска, на кој таа тврди дека сопругот Стојанче Јовановски ја удирал по бубрезите, бидејќи, како што му посочува, така бил научен од неговиот татко додека бил полицаец „за да не се познава“.Снимката, која Обвинителството ја прикажа како доказ, ја прикажува Ивана видно вознемирена и во солзи, додека се наоѓа во ходник и се расправа со Стојанче, кој во меѓувреме ја снима и се смее. Таа го обвинува дека постојано ја тепал,го прашува зошто ја тепа , а тој само се смее. Бара од него да ја почека полицијата која претходно ја повикала.„Стојанче, цело време ме удираш по бубрези, зашто сам ми имаш кажано дека татко ти така удирал кога бил полицаец, да не се познава“, му вели Ивана во еден момент од видеото.Таа во разговорот дополнително го обвинува дека повеќепати ја нападнал, вклучително и дека ја турнал по скали во болница пред сведоци, прашувајќи го колку пати досега ја малтретирал и колку пријави за семејно насилство има против него.Во текот на снимките, Ивана постојано плаче и го моли да престане со насилството, додека тој ја исмева, ја имитира и продолжува да ја навредува. Таа во еден момент го обвинува и за злоупотреба на дрога, што тој го негира.Обвинителството посочи дека видеозаписите се направени од телефонот на обвинетиот на 10 февруари годинава, непосредно откако Ивана пријавила семејно насилство. Дел од содржината не беше целосно прикажана поради навредливи и вулгарни изрази.Стојанче Јовановски е обвинет дека подолг период психички и физички ја малтретирал сопругата, со која бил во бракоразводна постапка, и дека со своето однесување ја навел на самоубиство. Ивана Јовановска го загуби животот на 2 март, кога падна од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Нови, вознемирувачки докази беа презентирани пред судот во процесот против Стојанче Јовановски, со кои Обвинителството се обидува да докаже дека тој со години ја малтретирал сопругата Ивана Јовановска и ја довел до трагичниот чин во кој животот го загуби и нивната малолетна ќерка Катја Јовановска.Во судница беа презентирани видео снимки на кои, според Обвинителството, се гледа како Јовановски и удира шлаканица на Ивана во присуство на сведокот Мартин Саздов. По инцидентот, Ивана повикала полиција, по што на лице место пристигнале службеници, разговарале со присутните и си заминале.Според обвинителката, полицајците ѝ посочиле дека доколку повторно ги повика, може да се соочи со кривична пријава за лажно пријавување. Настанот се случил само два часа пред трагедијата на 2 март, кога по пад од балкон животот го загубија мајката и детето.Дополнително, Обвинителството презентираше и вешт наод од психијатар и психолог, според кој психичката состојба на Ивана била сериозно нарушена како директна последица на долготрајно семејно насилство.Во доказната постапка беа вклучени и документи – договор за дарување на стан, обдукциски извештаи, како и наоди од Центарот за социјални работи, со цел да се поткрепи тезата дека обвинетиот ја навел сопругата кон самоубиство.Стојанче Јовановски се товари за три кривични дела: насилство и телесни повреди, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Напади врз сопруги, мајки и партнери: нови апсења за семејно насилство во Штип, Струга, Велес, Куманово, Скопје

Повеќе случаи на семејно насилство се регистрирани во изминатите 24 часа во неколку градови низ државата, при што полицијата лишила од слобода неколку лица и постапува по повеќе пријави.Според Министерство за внатрешни работи, во Штип бил приведен 55-годишник кој физички ја нападнал сопругата, а според пријавата, подолг период вршел физичко и психичко насилство и врз неа и врз малолетните деца.Во Куманово, полицијата привела 43-годишен маж кој ја нападнал својата мајка, додека друга 28-годишна жена пријавила дека била физички нападната од поранешниот партнер.Во Струга, 37-годишна жена од Албанија пријавила дека сопругот, со кого е во бракоразводна постапка, ја следи и ѝ упатува закани.Во Велес, приведен е 40-годишник кој под дејство на алкохол (1,21 промили) физички ја нападнал својата партнерка, прво во дом, а потоа и на улица. За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи.Дополнително, во Скопје, 40-годишна жена пријавила физички напад од партнерот во викенд-куќа по претходна расправија.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Серија пријави и аудио снимки од бројот 112, во кои соседи и самата Ивана Стојаноска барале помош поради насилството врз неа додека присутна била Катја, беа презентирани како клучни докази на денешното рочиште во случајот против Стојанче Јовановски. Обвинителката Адела Бојчевиќ посочи дека дел од доказите содржат вознемирувачка содржина.Во постапката се презентираат и аудио повици од 2024, до 2026 година, во кои соседи пријавуваат бучава, вресоци и плач на дете од станот каде живееле Стојанче, Ивана и Катја, како и случаи кога Ивана барала помош на бројот 112, наведувајќи дека сопругот ја малтретира или дека не ѝ дозволува да влезе во станот кој прво бил заедничка сопственост, а потоа само на сега обвинетиот Стојанче Јовановски.Во еден од повиците, таа бара интервенција откако била заклучена надвор од домот, додека од другиот доказ се слуша пријава дека сопругот „чува дрога во станот“. Од аудио материјалот се слуша како таа му вели, најверојатно ан Стојанче: „Ќе отвориш или да те пријавам?“, па тука го завршува повикот.Крајот на јуни минатата година Ивана го пријавила Стојанче дека ја тепа во Чаир, но дека не ја знае точната локација каде се наоѓаат, а од полицијата и велат да се јави на 112 за да ја лоцираат.Презентирани се и пријави во системот на МВР, вклучително и пријава поднесена од Цветанка Јовановска, мајка на обвинетиот, како и записници од увидот. Ова било на 20 декември минатата година. Кога операторот прашува „што има таму“, Цветанка одговара: „обид за убиство“. Таа пријавува дека и детето е тепано и удирано и дека емногу вознемирено, а од позадина се слуша гласен плач.Пријава имало и од мајката на Ивана во август минатата година, дека Ивана била тепана од Стојанче во станот, посочувајќи дека се разведуваат, а таму била за да земе алишта.Пријава на 113 имало и од маркет во Ѓорче дека „таткото ја тепа мајката пред детето“. Пријавителката рекла дека не ги познава и му вели на операторот „ве молам дојдете“.Јовановски се товари за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, поврзано со трагедијата од март годинава, кога Ивана Јовановска скокна од шести кат во Тафталиџе, при што животот го загуби и нивното шестгодишно дете.

Македонија | пред 2 седмици

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведени четири лица поради семејно насилство, евидентирани вкупно седум инциденти во изминатите 24 часа

На 06.04.2026 во 16:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(53) од Скопје, затоа што околу 14:30 часот со секира ги кршел прозорците од домот, а потоа со нож му се заканувал на неговиот 21-годишен син. Откако пристигнале полициските службеници, тој со нож замавнувал кон нив и им упатувал закани.На 07.04.2026 околу 00:30 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С.(35).На 06.04.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена пријави дека на 05.04.2026 во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.А.(24) од Скопје. Исто така, таа пријавила дека и претходниот период била физички и психички малтретирана од него, неговата мајка и неговата сестра, но до сега не пријавила во полиција.На 06.04.2026 во 08:00 часот во СВР Куманово, 33 - годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Б..На 06.04.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(53) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 77-годишна мајка.На 06.04.2026 во 22.30 часот на ул.„Смилевски конгрес“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 40-годишен маж од Битола затоа што упатувал закани кон неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка.На 06.04.2026 во 13:25 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 46-годишна жена од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувала на нејзината 81-годишна свекрва. Таа била приведена во полициска станица и известен бил јавен обвинител.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Семејно насилство во Прилеп: жена пријавила физички напад од сопругот

Триесет и четиригодишна жена од Прилеп пријавила дека била физички нападната од својот сопруг во семејниот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите, случајот бил пријавен на 5 април 2026 година во 01:30 часот во ОВР Прилеп.Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Закани кон сопруга и нејзиниот татко, напад и злоупотреба на деца – три одвоени случаи на семејно насилство

Три одвоени случаи на семејно насилство се пријавени во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Во првиот случај, на 02.04.2026 во 14:30 часот, 27-годишна жена пријавила дека ден претходно нејзиниот сопруг, со кого биле разделени, упатувал закани кон неа и нејзиниот татко. Таа навела дека и претходно била изложена на физичко и психичко малтретирање, но не го пријавувала случајот.Во вториот случај, истиот ден во 06:30 часот, полициски службеници лишиле од слобода 49-годишен маж од скопско, по пријава дека претходната вечер физички ја нападнал својата 43-годишна сопруга во домот. И таа пријавила дека подолг период била жртва на физичко и психичко насилство. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во третиот случај, на 02.04.2026 во 19:30 часот, 30-годишна жена пријавила дека во периодот од јуни 2025 до март 2026 година, нејзиниот поранешен сопруг физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле кај него на видување.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет во случајот со трагедијата во Карпош, во која животот го загубија неговата сопруга Ивана и шестгодишната ќерка Катја.На денешното рочиште сведочеа сосетка и наставничка, кои опишаа низа настани и индиции за семејно насилство во периодот пред трагедијата.Сосетката Тања Спировска изјави дека во зградата каде живеело семејството често се слушале викање, тропање и тепање.Една ноќ кон 2 часот слушнавме „тато ќе ја убиеш мама“. Малата Катја викаше, се слушаше. Излегов надвор ама во ходникот не се слушаше ништо. Мислам дека и некои од другите комшии тогаш излегоа во ходниците. Јас лично два пати имам повикано полиција од ПС Карпош., рече тааТаа раскажа како се качувале по катовите за да видат од каде се слушало викањето. Кога пријавила првиот инспектор бил коректен, додека вториот полицаец бил нервозен и според нејзизните зборови: „лупаше по становите, прашуваше на кој кат е, му реков не знам. Знам дека е над мене. Тропна на неколку стана, по што мене ми се закани дека ќе добијам кривична за лажно пријавување“.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2p0mnq9ccu6edDWHZC0

Братот на Ивана: Не верувам дека доброволно се врати кај Стојанче, се плашеше за Катја

Братот на Ивана, воедно и вујко на шестгодишната Катја, кои починаа по падот од балконот во Тафталиџе сведочеше во судскиот процес против обвинетиот Стојанче Јовановски, посочувајќи дека неговата сестра живеела во страв, под притисоци и уцени, поради што, како што рече, не верува дека доброволно се вратила да живее со него.„После сите уцени што Ивана ми ги кажа, заканите и стравот за Катја, јас не мислам дека сестра ми доброволно се вратила“, изјави сведокот.Тој раскажа дека по настанот на автопатот кај Штип во 2025 година, Ивана со детето се вратила кај родителите, кога за првпат отворено зборувала за проблемите и побарала помош. Семејството ангажирало адвокат и започнало постапка за развод, а според неговите зборови, таа тогаш открила и сомнежи за фалсификат поврзан со нејзиниот стан.Во сведочењето посочи дека Ивана му се обраќала и за финансиска помош, барајќи пари поради, како што му кажувала, долгови и притисоци.„Во декември ми побара 1.400 евра. Сакав да бидам сигурен дека парите ќе се искористат за тоа што го кажува, бидејќи се плашевме дека е уценета“, рече тој.Сведокот изјави дека семејството се сомневало дека Ивана трпи физичко насилство, особено кога имала болки во стомакот, за кои се сомневале дека се последица од тепање.Дополнително, посочи дека обвинетиот ѝ се заканувал со одземање на детето и иселување од станот, барајќи 30.000 евра за да ѝ го препушти имотот.„Ѝ се заканувал дека ќе ја избрка и дека ќе ѝ ја земе Катја“, сведочеше братот.Тој опиша и закани упатени кон целото семејство.„Ми се јави и почна да се заканува дека ќе ни го запали имотот. Имав голем страв за сестра ми, за мајка ми и за мене“, изјави сведокот.Според неговото сведочење, комуникацијата со Ивана во еден период станала сомнителна, бидејќи, како што рече, имал чувство дека некој друг пишува од нејзиниот телефон.Тој додаде дека семејството било постојано загрижено за нејзината безбедност, а домот на родителите секогаш ѝ бил отворен за да се врати со детето.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjg74nbu0m8ovfnJnzrF

Барал стан и кола, ѝ се заканил со убиство: приведен тетовец по закани кон партнерката

Полициски службеници од СВР Тетово на 1 април во 19:10 часот во Тетово го лишиле од слобода А.Д. (31) од тетовско, постапувајќи по пријава од неговата 36-годишна невенчана сопруга.Според пријавата, тој ѝ се заканувал и од неа барал да му купи стан и автомобил, заканувајќи ѝ се дека ќе ја убие доколку не ги исполни неговите барања.Од полицијата информираат дека лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

„Кога татко ми ја удира мама, таа така паѓа“ – сведоштво за Катја во суд од нејзината наставничка

Во Основниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за трагедијата во Тафталиџе, во која шестгодишната Катја и нејзината мајка Ивана починаа по пад од балкон, а за случајот е обвинет таткото Стојанче Јовановски.Пред судот сведочеше наставничката од училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, која раскажа за однесувањето на девојчето и за настаните што претходеле на трагедијата.Таа сведочеше дека за време на игра во училницата забележала како Катја паѓа на подот, по што ја прашала дали се работи за игра.„Катја рече дека татко ѝ кога ја удира мајка ѝ, таа така паѓа“, изјави наставничката.По ова, веднаш бил известен училишниот психолог, кој разговарал со детето, а потоа и со мајката, која била упатена каде да се обрати во случај на семејно насилство. Наставничката посочи дека иако ова било загрижувачко, во секојдневното однесување Катја не покажувала знаци на вознемиреност.„Катја се однесуваше како и сите други деца, беше отворена, другаруваше со сите, изгледаше среќно. Не помисливме дека нешто се случува во семејството“, рече таа.Како дополнителен индикатор, наведе дека девојчето најчесто цртало само мајка си.„Кога ја прашав зошто, рече: ‘Јас сум со мама’“, сведочеше наставничката.Таа раскажа и за момент кога таткото на Катја влегол во училницата, иако тоа не било дозволено.„Катја кога го виде се израдува, го поведе кон шкафчињата, а учениците му даваа комплименти. По неколку минути влезе и Ивана и заедно заминаа“, рече таа.За денот на трагедијата, наставничката изјави дека Катја била донесена од бабата, а подоцна забележала дека не носи дел од униформата.„Рече дека не знае каде е, дека мајка ѝ веројатно го испрала. Беше облечена во нова облека и рече: ‘Вчера бевме во шопинг со мама’, беше многу среќна“, изјави наставничката.Подоцна, околу 13:30 часот, мајката дошла во училиштето и ја зела Катја.„Секогаш кога мајка ѝ ќе ја земеше, таа беше многу среќна. И тој ден се гушкаа и се бакнуваа“, рече таа.Наставничката додаде дека таткото еднаш повторно дошол во училиштето, вознемирен, барајќи контакт од родител на друго дете, при што му било укажано дека ваквите ситуации се решаваат преку училиштето.Судењето продолжува.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvkhca51msq1td2JVrla

Кобниот ден кога Ивана го пријавила Стојанче, добила закани од полицијата дека она ќе биде одговорна и да си го реши прболемот, сведочи Саздов

Сведочење за последните часови од животот на Ивана Стојаноска и нејзината шестгодишна ќерка Катја денеска даде Мартин Саздов во Кривичниот суд во Скопје, во процесот против Стојанче Јовановски, обвинет за семејно насилство, тешка телесна повреда и наведување на самоубиство.Саздов, кој бил пријател и на двајцата сопружници и колега на обвинетиот од Пожарната бригада-Скопје, сведочеше за континуираниот страв во кој живеела Ивана, како и за насилството на кое, според него, била изложена во деновите пред трагедијата.Тој раскажа дека вечерта на 1 март Ивана му испратила порака во која му напишала дека не може повеќе да издржи и го молела да не ја остава. Утредента, околу 10:30 часот, отишол кај неа на работа, каде повторно ја убедувал да замине кај мајка ѝ.„Ѝ реков – не дај боже, еден ден ќе те убие. Таа ми велеше дека не може да си оди, ќе остане со Катја на улица“, сведочеше Саздов.Набргу по нивната средба, Ивана повторно му се јавила вознемирена, барајќи да се врати бидејќи сопругот дошол и почнал да ја тепа. Кога пристигнал, Саздов го оттурнал Јовановски за да ја заштити.Тројцата потоа се качиле во неговиот автомобил и тргнале кон Кривичниот суд, каде обвинетиот требало да се пријави. Но, насилството продолжило и во возилото.„Се сврте назад и почна со боксови да ја удира. Толку силно ја тепаше што се онесвести. Застанав на сред улица за да го спречам да не ја удави“, рече сведокот.Според неговото сведочење, Јовановски ја навредувал и ја омаловажувал, тврдејќи дека „глуми“, и продолжил со закани и по пристигнувањето пред судот.По пријавата во полиција, службените лица разговарале со двајцата, но, како што рече Саздов, им ги вратиле документите со зборовите „решете си го проблемот“. При нова пријава за закани, полицајците ѝ се заканиле на Ивана дека ќе одговара за лажно пријавување ако повторно повика.Потоа, заедно ја зеле Катја од училиште и се упатиле кон станот на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“. За време на возењето, Јовановски, според сведокот, постојано ја навредувал Ивана и ѝ се заканувал дека ќе ѝ ги одземе и станот и детето.„Ќе ти земам и стан и дете, ќе видиш со кого имаш работа“, изјавил обвинетиот, според Саздов.Пред зградата, Ивана и Катја се качиле во станот за да земат работи, а Јовановски инсистирал да оди со нив. По кратко време, Ивана ја заклучила вратата.Саздов и обвинетиот останале пред зградата. Во еден момент, Ивана му се јавила на Јовановски, а потоа и на Саздов, барајќи да ѝ крене на видеоповик.„Ја видов како стои со Катја на тераса. Веднаш сфатив што ќе направи. Викнав – ‘Ивана, немој да си направила глупост’ и почнав да трчам. Само слушнав силен удар“, сведочеше Саздов, видно вознемирен.Тој раскажа дека прво ја видел Ивана во крв, а потоа и малата Катја до неа, по што повикал Брза помош.На прашање дали обвинетиот се приближил до телата, Јовановски во судницата одговорил: „Не, немав храброст“.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqt2ogpa7o1v10BLCizP

Синот кој го усмртил таткото во гостиварско, го миел телото за да ги пркрие трагите

Семејна расправија во гостиварската населба Дутлок завршила со убиство, откако 33-годишен син е осомничен дека со умисла го лишил од живот својот татко, а потоа се обидел да ги прикрие трагите од злосторството.Од Основното јавно обвинителство Гостивар информираат дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Според првичните сознанија, настанот се случил при вршење семејно насилство во домот, кога по претходни меѓусебни недоразбирања избила расправија меѓу таткото и синот. Осомничениот го нападнал таткото, удирајќи го со раце и тврди метални предмети, нанесувајќи му тешки повреди од кои тој починал.По убиството, осомничениот се обидел да ги прикрие трагите, го измил телото на починатиот и го подготвувал за погреб, со цел да го сокрие делото.Случајот бил откриен по пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на местото на настанот, а увид извршил и јавен обвинител кој веднаш наредил обдукција.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризик од бегство, како и опасност да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryktfltokcqe2797FkwSv

Кај 50 полицајци се проверува одговорноста: 39 направиле пропусти во пријавите на Ивана, 11 полицајци се осомничени за случајот на Росица

Вкупно педесет полицајци се под истрага за нивното постапување во само два случаи - пријавите на Ивана Стојаноска против сопругот Стојанче Јовановски и пријавите на убиената Росица Коцева против експартнерот Илија Стефановски.Ова доаѓа откако денеска, МВР утврди пропусти кај 39 полицајци кои постапувале по пријавите на Ивана, кога барала спас од семејното насилство кое според Обвинителството траело седум години.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР утврди пропусти во постапувањето на 39 полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство. Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сите дополнителни информации обратете се во надлежното обвинителство“, велат од МВР.Истовремено, речиси шест месеци трае предистрагата за 11 пријавени полицајци од СВР Велес, за кои треба да се истражи дали ја оставиле незашитена убиената Росица, која пријавувала насилство од Стефановски. Тој ја уби во нејзиниот дом на 15 септември 2025, откако го уби и татко ѝ Киро, а потоа се самоуби.„Предметот се наоѓа во фаза на предистражна постапка, при што се сослушани сите полициски службеници и други лица во својство на сведоци и се преземаат и други дејствија во насока на прибирање докази релевантни за случајот“, рекоа последно од Обвинителството.Се проверува и постапувањето на полицајците кои постапувале во Нагоричане, каде 25-годишниот Трајко Бојковски уби две жени, додека се чека да се утврди дали има уште една жртва. Наредени беа две ексхумации на тела, бидејќи претходно, жртвите биле заведени дека починале од природна смрт.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Обвинителството ќе ги проверува полицајците кои постапувале по пријавите од Ивана кога Стојанче ја тепал

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе го испитува постапувањето на полициските службеници во случаите на пријавено семејно насилство, правено од страна на Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја.Предметот веќе е доставен до ОЈО ГОКК и ќе го преземе обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, кој ќе утврдува дали постои основ за кривична одговорност кај службените лица.„Утрово за известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче ви проследувам одговор: Известувањето за кое покажувате интерес е доставено до ОЈО ГОКК во текот на вчерашниот ден и истото ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Според обезбедените докази, насилството било континуирано и ескалирало со текот на времето. На 2 март, на повеќе локации во Скопје, обвинетиот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со шлаканици и тупаници, при што таа изгубила свест. Истиот ден ѝ упатил и сериозни закани по живот, предизвикувајќи кај неа страв и чувство на загрозеност. Ивана пријавувала во полиција, сведочеше и нејзината мајка пред судот.Покрај Внатрешната контрола во МВР, сега и обвинителството ќе утврдува дали институциите соодветно постапувале по претходните пријави за насилство и дали евентуални пропусти довеле до трагичниот исход.

Македонија | пред 3 седмици

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Мајката на починатата Ивана, и баба на Катја, на денешното рочиште во Кривичниот суд против Стојанче Јовановски обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, сведочеше пред судот и целата јавност за тортурата. Љубица Стојановска, во својство на сведок кажа како Стојанче ги оставил жртвите на среде автопат во еден часот по полноќ, моментите кога малата Катја кажувала како била заклучувана дома додека тој бил во теретана, но и за моментот кога ја турнал Ивана по скалите на Клиниката за дигестивна хирургија во јануари. Стојановска раскажуваше за настан во август 2025 година, кога Ивана имала модринки и црвенило на вратот.„Ми се јави мајката на Мартин Саздов, другар на Стојанче, ми рече дека Ивана била нападната од сопругот и некако успеала да излезе од станот. Таа ме советуваше да пријавам во полиција. Ми кажаа дека не знаеле каде е сега Ивана. Јас се јавив во полициска станица Карпош и кажав дека мојата ќерка е нападната од нејзиниот сопруг и не знам каде е сега. Им ја кажав адресата и им го дадов телефонскиот број на Ивана. Полицијата ми кажа да дојдам во полициска станица. Отидов заедно со внуката Катја. Во меѓувреме полицијата стапила во контакт со Ивана и ѝ кажале да дојде со станицата. Се сретнавме таму и тогаш ги видов модринките и црвениото на вратот и отоците од што ја стегал на вратот“, раскажа мајката која посочи дека Ивана не се вратила во полициска станица да го потпише записникот од страв.За сведокот Мартин Саздов, мајката на Ивана рече дека е другар на Стојанче од Пожарна. Потоа раскажа за ситуација кога Стојанче ги извадил од автомобил Ивана и Катја среде автопат.„Ивана го згрешила вклучувањето на патот, па се скарале, Стојанче ги извркал од колата Ивана и Катја среде автопат, ја удирал, ја клоцал. Катја потоа ми призна дека и неа ја удрил. Ги оставил и си заминал. Ивана побарала од свекрвата да ја земе, а таа и кажала дека ја боли стомак и дека не може, а одбил и свекорот. Синот беше на одмор, па се јавила кај Мартин Саздов кој отишол да ги земе од автопат“, додаде мајката на Ивана.Дури и Катја, според сведоштвото, раскажувала што се случило на автопатот.„За случката рече: тато не избрка од кола на автопат и ја удираше мама со клоци, мама беше легната, ја шутираше. Дури и нејзе ја удрил, ама како, колку, не знам. Мартин Саздов ми рече дека Стојанче му рекол дека двете ги натепал“, додаде мајката.Раскажа и како Стојанче ја турнал Ивана по скалите во болница, а таа таму била хоспитализирана оти имала хематом во амдоменот, кој го добила од удар.„Кога бев на посета, дознав дека Стојанче ја бутнал по скали. Сестрата нѐ внесе во соба со Ивана, дојде полицика, и им кажа дека Стојанче дошол, излегле пред лифтовите на платото од одделот, се расправале, сакал да и ги земе телефоните за да види со кого комуницирала. Катја рече ‘тато ја бутна мама по скали’. Болничар ја кренал Ивана и веднаш организирале компјутерска томографија на глава. Сестрите ја згрожиле Катја, а таа им рекла ‘Јадев ѓевречиња вчера, тато ме заклучи во станот и отиде да вежба’“, раскажа мајката на Ивана.Малата Катја освен што раскажувала, според сведоштвото, и покажувала како Ивана се бранела од Стојанче: „Катја клекнуваше, ги ставаше рацете на лице и кажуваше дека Ивана така клеклувала кога Стојанче ја тепал“.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Семејно насилство во Куманово: жена е со тешки повреди

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А. (60) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.На 20 март 2026 година во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел тешки телесни повреди. Случајот е документиран и ќе следува соодветна постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Во Кривичен суд со изведување на докази продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон. Прва сведочеше Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана, баба на Катја.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Во какви односи беа брачните односи?“Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: „Во почетокот беа под кирија, јас секогаш се наоѓав да им помагам како мајка. Тој работеше достава на храна, а ќерка ми работеше во Масимо дути. Ќерка ми сакаше да имаат свој стан, секогаш имаше позитивен став за својот сопруг, многу кратко се знаеја пред да стапат во брак. Остана бремена и како родител не знаевме ништо, тогаш она ни кажа дека имал некои судења за него, за некое дело. И јас како родител што сака да помогне и го поминавме тоа. Да ви кажам искрено, помогнавме да се заврши работа да добие условна. Потоа успеаја уплатија стан, убав беше почетокот, јас многу ретко го кажував по име, секогаш со ‘сине, синко’. Се радувавме, средуваа стан, имале проблеми, но никогаш мојата Ивана не го кажуваше тоа. Некогаш ќе ја видев со модро око па рече дела паднала од тротинет. Малата Катја беше две години, кога ми се јави зетот, во еден ноќе, извинете за изразот, ‘тетка ти Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти, Ивана ку*ва’. Ноќе некој така да ти каже, јас за 10 минути стасав до нивниот стан. Беше топло време, беше многу нервозен и јас дојдов и викам ‘кажи синко што е работава’, Ивана седеше во дневна и ја гушкаше малата. Стојанче беше многу лут шеташе нервозен и зборот што ми го кажа не можам да го преболам и прв пат го кажав на обвинителката и адвокатката“.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Може ли да ни кажете на што се однесуваа тие зборови?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Кога дојде полиција го извадија надвор во ходник да разговараат, еден полицаец беше со нас во соба, Ивана беше многу исплашена, он тргна да ја удри, но јас застанав меѓу нив да ми кажат што е работата пред да дојде полицијата. Ја удираше со боксови, Катја беше во раце на Ивана, тој ја удираше... Ивана беше исплашена и само викаше „нека земе и стан и сѐ само ќерка ми да ми ја остави“.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Ова се случуваше 2021, што се случуваше понатаму?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Она се плашеше да не ѝ ја земе Катја, а благодарение на мене го вработив во Пожарна. Живее со моето дете и сакав да има стабилна работа, нејзе секогаш на прво место и беше Катја. Кога се земаше станот, она го плаќаше станот, потоа беше на пола-пола, потоа по некое време на барање на негова страна Ивана ги плаќаше сметките, телефоните…Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали Ивана ви кажуваше дека има проблеми со Стојанче?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Забележував модринки и секогаш ми викаше ‘се удрив мамо, знаеш дека лесно ми излегуваат’, беше под стрес, под контрола секогаш ќе кажеше ‘еве сум кај моите’.. на два пати окото и беше модро..Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали се сомневате дела Ивана е тепана?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Се сомневав ама не ми признаваше, велеше ‘ќе биде во ред’. јас во ниту еден момент не го прашав зет ми, рачунав дека они сами ќе си го решат, нејќев да се мешам.Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Дали од Катја дознавате какво е однесувањето на нејзиниот татко кон мајка и?Обвинителката Адела Бојчевиќ: Катја ми рече ‘Бабо јас ќе ти кажам ама не ѝ кажувај на мама, мамa знаеше да чучне доле, со рацете собрани и тато да ја шутира и удира’. Дури мојата Катја, 6 години, ги користеше зборови ‘дрољо, ку*во, ку*виште’ велеше тато и кажуваше на мама. ‘Дали е тоа убаво’, велеше Катја, ‘не е убаво бабо’, ама тато на мама ѝ вика.Судењето продолжува по паузата.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryirmpvv6l8n4u30wM8Zv

Стојанче призна вина за две дела, па кажа дека бил присилен и се расплака - судот не го прифати, ќе се изведуваат докази

Во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон.На денешното рочиште, обвинетиот изјави дека чувствува вина за две од трите кривични дела што му се ставаат на товар, но не и за третото, кое се однесува на наведување и помагање при самоубиство.Судот не го прифати неговото признание за вината за двете дела, откако Јовановски изјави дека бил изложен на закани и притисоци да признае вина за сите обвиненија.Обвинителката Адела Бојчевиќ образложи дека обвинението се темели на умисла и континуирано семејно насилство, опишувајќи настан од 2 март годинава, кога, според обвинението, обвинетиот физички и вербално ја нападнал сопругата на повеќе локации во Скопје, упатувајќи ѝ сериозни закани. За поттикнување на самоубиство, обвинителството посочи дека станува збор за специфичен облик на наведување на самоубиство, каде што, иако не постои директно поттикнување, суровото и нечовечко однесување создало состојба што довела до трагичниот исход.„На жрвата и упатувал вербални закани 'ќе те убијм ку*во, ќе видиш што ќе ти направам. Со умисла на повеќе локации во Скопје вршел семејно насилство“, рече обвинителката Адела Бојчевиќ.Пред судот, Јовановски рече: „За првите две дела разбирам, за третото не. Не се согласувам во потполност“. Во текот на излагањето, тој се расплака, тврдејќи дека не бил сослушан и дека неправедно се товари.„Ја доведоа во безизлезна состојба, семејството ми е уништено. Мене ме присилуваа да признам вина за сите три дела“, изјави обвинетиот, посочувајќи го како одговорен сведокот Мартин Саздов.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а постапката продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Насилството кулминирало со смрт: Почнува судењето за случајот за Јовановски, по смртта на Катја и Ивана

Денес започнува судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на малолетната Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса, случај што предизвика силни реакции во јавноста.Постапката ќе ја води судијата Ивица Стефановски, познат по водењето на предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според наводите на Основно јавно обвинителство, обвинетиот подолг временски период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа, како што се наведува, била тепана, навредувана и понижувана – и во домот и на јавни места, пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението посочува дека насилството кулминирало на критичниот ден, кога Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и неможност разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според податоците на Министерство за внатрешни работи, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се воделе постапки и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерство за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на надлежниот Центар за социјални работи.Официјалните податоци на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство, што дополнително ја отвора темата за системските пропусти и заштитата на жртвите.

Македонија | пред 3 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Повеќе од 10 пријави, трагичен крај: Стартува судењето за Стојанче, по трагедијата во која починаа Ивана и Катја

Утре започнува судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса.Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според информациите од МВР, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.Податоците на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryidtc6b7co3or5FZOucP

Тошковски: Ќе следи целосна ревизија на законите за насилство врз жени и деца

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање денес одговори дека изминатиот период во полициските билтени има голем број на пријави за семејно насилство поради тоа што жртвите се охрабриле да пријавуваат.„Во последните 30-ина години имаме зголемен број случаи коишто се поврзани со семејно насилство, согласно она коешто го добивам како информација во рамки на последните неколку недели, каде што интензивно сум посветен на оваа тема. Согласно информациите коишто ги добивам од Бирото за јавна безбедност, ако претходно сме имале еден до два случаи неделно, сега имаме по неколку случаеви дневно. Со тоа што само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството. Тоа говори дека на еден начин имаме побудни институции, не само во делот на Бирото за јавна безбедност и секторите за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, тука и во рамки на останатите институции.Таму каде што институциите направиле пропусти, треба да се изврши ревизија на институционалните чекори коишто се превземени, да се утврди конкретна одговорност со име и презиме на оние коишто потфрлиле во рамки на постапувањето. Од една страна, а од друга страна да се увидат системски подобрувања коишто ите како ќе треба да ги направиме во иднина, не само од аспект на промена на законска легислатива којашто констатиравме на оние состаноци кои ги имаме со Министерството за труд, невладините организации и луѓето коишто работат долги години и се професионалци во оваа област, во рамки на институциите, но и надвор од нив, констатиравме во суштина два две фази на чекори коишто ќе треба да следат. Први, итни измени, на законските прописи, таму каде што имаме детектирано директна колизија на законските одредби и неможност да ефективно се делува од страна на институциите. Пример беше ситуацијата со укинувањето на одлуките на основните судии од страна на апелационите судови заради тоа што жртвата не била заедно со сторителот соочени во рамки на една парнична постапка којашто се води по подигнување на итни мерки од страна на. Или институциите или од страна на самата жртва. Таквиот процес дополнително ја виктимизира жртвата а притоа апелација укинува одлуки заради тоа што жртвата не била на рочиштето заедно со насилникот. Ова е само еден пример на одредби коишто наместо да решаваат проблеми, тие мултиплицираат проблеми и заради тоа оценивме дека се потребни итни измени на делот законската легислатива на којшто интензивно се работи, од страна на групата којашто беше формирана и ќе се влезе во чекор на на измена во рамки на оваа прва фаза.Втора фаза, ќе следи со целосна ревизија на целокупната законска легислатива којашто се однесува на семејно насилство. Особено на насилство спрема жени и насилство спрема деца“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања