Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кај 50 полицајци се проверува одговорноста: 39 направиле пропусти во пријавите на Ивана, 11 полицајци се осомничени за случајот на Росица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryktfltokcqe2797FkwSv

Под истрага се вкупно 50 полицајци за постапувањето во два случаи: пријавите на Ивана Стојаноска за семејно насилство и пријавите на убиената Росица Коцева против експартнерот. МВР утврди пропусти кај 39 полицајци во случајот на Ивана и го извести Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За случајот на Росица, шест месеци трае предистрага за 11 полицајци од СВР Велес. Се проверува и постапувањето во Нагоричане по убиствата на Трајко Бојковски; наредени се две ексхумации бидејќи смртите биле заведени како природни.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вкупно педесет полицајци се под истрага за нивното постапување во само два случаи - пријавите на Ивана Стојаноска против сопругот Стојанче Јовановски и пријавите на убиената Росица Коцева против експартнерот Илија Стефановски.

Ова доаѓа откако денеска, МВР утврди пропусти кај 39 полицајци кои постапувале по пријавите на Ивана, кога барала спас од семејното насилство кое според Обвинителството траело седум години.

— реклама —

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР утврди пропусти во постапувањето на 39 полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство. Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сите дополнителни информации обратете се во надлежното обвинителство“, велат од МВР.

Истовремено, речиси шест месеци трае предистрагата за 11 пријавени полицајци од СВР Велес, за кои треба да се истражи дали ја оставиле незашитена убиената Росица, која пријавувала насилство од Стефановски. Тој ја уби во нејзиниот дом на 15 септември 2025, откако го уби и татко ѝ Киро, а потоа се самоуби.

— реклама —

„Предметот се наоѓа во фаза на предистражна постапка, при што се сослушани сите полициски службеници и други лица во својство на сведоци и се преземаат и други дејствија во насока на прибирање докази релевантни за случајот“, рекоа последно од Обвинителството.

Се проверува и постапувањето на полицајците кои постапувале во Нагоричане, каде 25-годишниот Трајко Бојковски уби две жени, додека се чека да се утврди дали има уште една жртва. Наредени беа две ексхумации на тела, бидејќи претходно, жртвите биле заведени дека починале од природна смрт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања