Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-libraryfu8c5kmmso0e36CuSaE

На судењето за случајот со смртта на Ивана Јовановска, вештакот по судска медицина Златко Јаќовски сведочеше за наодите од обдукцијата и токсиколошките анализи, при што беа презентирани податоци и за неа и за Стојанче Јовановски.

Според неговото сведочење, кај Ивана Јовановска, освен повредите од падот од зграда во скопското Тафталиџе, биле утврдени и крвни подливи на брадата и вратот, кои потекнуваат од тап и тврд предмет. Дел од нив, како што наведе, се настанати десет дена пред смртта, а дел истиот ден или еден ден претходно. Во обдукцијата не биле пронајдени алкохол ниту други психоактивни супстанци во нејзиниот организам.

— реклама —

Во однос на Стојанче Јовановски, судско-медицинските анализи покажале присуство на кокаин и лекови за смирување. Како што рече вештакот, во урината е констатиран кокаин со концентрација од 307,5 нанограми на милилитар, како и бензодиазепини во концентрација над 1000 нанограми на милилитар. Исто така биле утврдени дијазепам, нордијазепам и метаболит на кокаин.

Обвинителството го товари Стојанче Јовановски дека ја навел сопругата Ивана на самоубиство, во период додека биле во бракоразводна постапка, дека ѝ ја загрозил сигурноста и дека ѝ нанел телесни повреди при семејно насилство. Според обвинението, Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја починале на 2 март годинава по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Поразително: Нови приведувања за семејно насилство – случаи во Кисела Вода, Карпош, Драчево и Шуто Оризари

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryirmpvv6l8n4u30wM8Zv

Обвинетиот Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација

Македонија | пред 5 дена

media-libraryumpd4rmo1f3pabG3XnJ

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – ново видео од Ивана и Стојанче пуштено во судница

Македонија | пред 1 седмица

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведени четири лица поради семејно насилство, евидентирани вкупно седум инциденти во изминатите 24 часа

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања