Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Насилството кулминирало со смрт: Почнува судењето за случајот за Јовановски, по смртта на Катја и Ивана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Македонија
media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Денес започнува судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на малолетната Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса, случај што предизвика силни реакции во јавноста.

— реклама —

Постапката ќе ја води судијата Ивица Стефановски, познат по водењето на предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

— реклама —

Според наводите на Основно јавно обвинителство, обвинетиот подолг временски период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа, како што се наведува, била тепана, навредувана и понижувана – и во домот и на јавни места, пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.

— реклама —

Обвинението посочува дека насилството кулминирало на критичниот ден, кога Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност, си го одзела животот.

„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и неможност разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.

Според податоците на Министерство за внатрешни работи, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се воделе постапки и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.

По трагедијата, инспекциските служби од Министерство за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на надлежниот Центар за социјални работи.

Официјалните податоци на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство, што дополнително ја отвора темата за системските пропусти и заштитата на жртвите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 2 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 3 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 4 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања