Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Стојанче призна вина за две дела, па кажа дека бил присилен и се расплака - судот не го прифати, ќе се изведуваат докази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryirmpvv6l8n4u30wM8Zv

Во Основниот кривичен суд Скопје почна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека со континуирано семејно насилство ја довел сопругата Ивана до самоубиство, при што загинала и ќерката Катја по пад од балкон. Јовановски призна вина за две од трите дела, но не и за наведување и помагање при самоубиство, тврдејќи дека бил под притисоци да признае. Судот не го прифати признанието. Обвинителството опиша напад и закани на 2 март и наведе дека суровото однесување создало состојба што довела до трагедијата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон.

На денешното рочиште, обвинетиот изјави дека чувствува вина за две од трите кривични дела што му се ставаат на товар, но не и за третото, кое се однесува на наведување и помагање при самоубиство.

— реклама —

Судот не го прифати неговото признание за вината за двете дела, откако Јовановски изјави дека бил изложен на закани и притисоци да признае вина за сите обвиненија.

Обвинителката Адела Бојчевиќ образложи дека обвинението се темели на умисла и континуирано семејно насилство, опишувајќи настан од 2 март годинава, кога, според обвинението, обвинетиот физички и вербално ја нападнал сопругата на повеќе локации во Скопје, упатувајќи ѝ сериозни закани. За поттикнување на самоубиство, обвинителството посочи дека станува збор за специфичен облик на наведување на самоубиство, каде што, иако не постои директно поттикнување, суровото и нечовечко однесување создало состојба што довела до трагичниот исход.

— реклама —

„На жрвата и упатувал вербални закани 'ќе те убијм ку*во, ќе видиш што ќе ти направам. Со умисла на повеќе локации во Скопје вршел семејно насилство“, рече обвинителката Адела Бојчевиќ.

Пред судот, Јовановски рече: „За првите две дела разбирам, за третото не. Не се согласувам во потполност“. Во текот на излагањето, тој се расплака, тврдејќи дека не бил сослушан и дека неправедно се товари.

„Ја доведоа во безизлезна состојба, семејството ми е уништено. Мене ме присилуваа да признам вина за сите три дела“, изјави обвинетиот, посочувајќи го како одговорен сведокот Мартин Саздов.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а постапката продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања