Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Мајката на починатата Ивана, Љубица Стојановска, сведочеше во Кривичниот суд против Стојанче Јовановски, обвинет дека со семејно насилство ја довел сопругата до самоубиство. Таа опиша повеќе случаи на тортура и страв поради кои Ивана наводно одбивала да потпише полициски записник. Сведочеше за напад во август 2025 со модринки и стегање за врат, за случај кога Стојанче ги исфрлил Ивана и ќерката Катја среде автопат и ги нападнал, како и за настан во болница кога Ивана била турната по скали. Според неа, Катја кажувала и дека била заклучувана дома и покажувала како мајка ѝ се бранела при тепање.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Мајката на починатата Ивана, и баба на Катја, на денешното рочиште во Кривичниот суд против Стојанче Јовановски обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, сведочеше пред судот и целата јавност за тортурата. Љубица Стојановска, во својство на сведок кажа како Стојанче ги оставил жртвите на среде автопат во еден часот по полноќ, моментите кога малата Катја кажувала како била заклучувана дома додека тој бил во теретана, но и за моментот кога ја турнал Ивана по скалите на Клиниката за дигестивна хирургија во јануари. Стојановска раскажуваше за настан во август 2025 година, кога Ивана имала модринки и црвенило на вратот.

— реклама —

„Ми се јави мајката на Мартин Саздов, другар на Стојанче, ми рече дека Ивана била нападната од сопругот и некако успеала да излезе од станот. Таа ме советуваше да пријавам во полиција. Ми кажаа дека не знаеле каде е сега Ивана. Јас се јавив во полициска станица Карпош и кажав дека мојата ќерка е нападната од нејзиниот сопруг и не знам каде е сега. Им ја кажав адресата и им го дадов телефонскиот број на Ивана. Полицијата ми кажа да дојдам во полициска станица. Отидов заедно со внуката Катја. Во меѓувреме полицијата стапила во контакт со Ивана и ѝ кажале да дојде со станицата. Се сретнавме таму и тогаш ги видов модринките и црвениото на вратот и отоците од што ја стегал на вратот“, раскажа мајката која посочи дека Ивана не се вратила во полициска станица да го потпише записникот од страв.

— реклама —

За сведокот Мартин Саздов, мајката на Ивана рече дека е другар на Стојанче од Пожарна. Потоа раскажа за ситуација кога Стојанче ги извадил од автомобил Ивана и Катја среде автопат.

— реклама —

„Ивана го згрешила вклучувањето на патот, па се скарале, Стојанче ги извркал од колата Ивана и Катја среде автопат, ја удирал, ја клоцал. Катја потоа ми призна дека и неа ја удрил. Ги оставил и си заминал. Ивана побарала од свекрвата да ја земе, а таа и кажала дека ја боли стомак и дека не може, а одбил и свекорот. Синот беше на одмор, па се јавила кај Мартин Саздов кој отишол да ги земе од автопат“, додаде мајката на Ивана.

Дури и Катја, според сведоштвото, раскажувала што се случило на автопатот.

„За случката рече: тато не избрка од кола на автопат и ја удираше мама со клоци, мама беше легната, ја шутираше. Дури и нејзе ја удрил, ама како, колку, не знам. Мартин Саздов ми рече дека Стојанче му рекол дека двете ги натепал“, додаде мајката.

Раскажа и како Стојанче ја турнал Ивана по скалите во болница, а таа таму била хоспитализирана оти имала хематом во амдоменот, кој го добила од удар.

„Кога бев на посета, дознав дека Стојанче ја бутнал по скали. Сестрата нѐ внесе во соба со Ивана, дојде полицика, и им кажа дека Стојанче дошол, излегле пред лифтовите на платото од одделот, се расправале, сакал да и ги земе телефоните за да види со кого комуницирала. Катја рече ‘тато ја бутна мама по скали’. Болничар ја кренал Ивана и веднаш организирале компјутерска томографија на глава. Сестрите ја згрожиле Катја, а таа им рекла ‘Јадев ѓевречиња вчера, тато ме заклучи во станот и отиде да вежба’“, раскажа мајката на Ивана.

Малата Катја освен што раскажувала, според сведоштвото, и покажувала како Ивана се бранела од Стојанче: „Катја клекнуваше, ги ставаше рацете на лице и кажуваше дека Ивана така клеклувала кога Стојанче ја тепал“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 2 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 3 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 8 часа

media-libraryirmpvv6l8n4u30wM8Zv

Стојанче призна вина за две дела, па кажа дека бил присилен и се расплака - судот не го прифати, ќе се изведуваат докази

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања