Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Повеќе од 10 пријави, трагичен крај: Стартува судењето за Стојанче, по трагедијата во која починаа Ивана и Катја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf
Скопје1.мк

Утре започнува судењето против Стојанче Јовановски за случајот во кој Ивана и ќерката Катја загинаа по пад од тераса. Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски. Обвинителството тврди дека Јовановски подолго време вршел психичко и физичко насилство, со тепање, понижување и закани, што кулминирало на критичниот ден, по што Ивана во тешка вознемиреност си го одзела животот. МВР наведува над 10 пријави за семејно насилство и други истраги/осуди; утврдени се и пропусти во ЦСР. До 10 март: 319 дела, 207 пријави, 14 притвори, 602 поплаки.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Утре започнува судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса.

Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

— реклама —

Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.

Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, си го одзела животот.

— реклама —

„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.

Според информациите од МВР, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.

По трагедијата, инспекциските служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.

Податоците на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања