Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

По неколку голтки енертгетски пијалак, на девојка ѝ се јавиле изгореници во грлото - инцидент во Пула

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Свет
media-library16chrub8um97fcje6V5
unsplash

Дваесет и двегодишна девојка од Пула заврши во болница откако испила енергетски пијалак во една теретана, по што почувствувала силно печење во грлото.

— реклама —

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во четврток околу 18:40 часот, кога девојката побарала медицинска помош.

— реклама —

Таа претходно купила пијалак во објектот, а по неколку голтки почувствувала нагло влошување на состојбата, по што веднаш се упатила на преглед во локалната болница.

— реклама —

По укажаната помош, лекарите констатирале полесни повреди, по што девојката била пуштена на домашно лекување.

Според неофицијални информации, станува збор за енергетски пијалак со вкус на рибизла.

Надлежните ја одзеле амбалажата од пијалакот, а истрагата е во тек за утврдување на точните околности под кои дошло до инцидентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања