Познатиот прехранбен гигант Nestlé денеска излезе со официјално соопштение во кое потврдува необичен и голем инцидент. Имено, дури 12 тони производи од брендот KitKat биле украдени додека се транспортирале од фабриката во Централна Италија кон Полска.
Компанијата веднаш ги известила надлежните органи и во моментов тесно соработува со локалната полиција и транспортните партнери за да се открие како дошло до кражбата и каде завршила пратката.
Од Nestlé упатија смирувачка порака до јавноста, нагласувајќи дека овој инцидент не ја загрозува безбедноста на потрошувачите, бидејќи украдената стока е надвор од официјалните канали на продажба. Исто така, се додава дека пазарот нема да почувствува недостиг, бидејќи синџирот на снабдување продолжува да функционира без пречки.
Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат по завршување на првичните полициски дејствија.