Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Додека спиела, влегол и ја прободел со кујнски нож во вратот - се бара притвор за синот од Росоман кој си ја уби мајка си

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
noz-ubistvo-napad

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

„Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, информираат од ОЈО.

— реклама —
media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

МВР со детали за убиството во Росоман: 27-годишникот сам се пријавил во полиција

На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман.Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 11 час

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

stojan-nikolov

Незаконски работи и најмладиот градоначалник? Стојан Николов заработи кривична пријава

Македонија | пред 6 месеци

Mitko-Jancev-16.06.2023

Уапсени две лица од Росоман поради закани кон градоначалникот Митко Јанчев

Македонија | пред 7 месеци

347230818_563884352594067_2523121370829907269_n

Ќе се санира дефектот на цевководот Макарија во општината Росоман

Македонија | пред 2 години

346653706_948802273121915_2015319699055386745_n

Се случи хаварија на системот за наводнување, над 4500 хектари земјоделско земјиште од Росоман и Градско, останаа без вода за наводнување, вели Трипуновски

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања