Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОБВИНИТЕЛСТВО

noz-ubistvo-napad

Додека спиела, влегол и ја прободел со кујнски нож во вратот - се бара притвор за синот од Росоман кој си ја уби мајка си

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.„Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, информираат од ОЈО.

Македонија | пред 2 часа

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните  обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу другото предвидува и етапно зголемување на платите на оваа категорија вработени, почнувајќи од платата за март 2026 година.Јавниот бвинител Савески го поздрави потпишувањето на Колективниот договор како значаен исчекор во однос на статусот на јавнообвинителската служба. Тој изрази задоволство што ваквиот чин се случува токму на почетокот на неговиот мандат, како потврда за неговите заложби да се создадат сите предуслови за ефикасна работа во јавните обвинителства и за уште поголемо унапредување на правата на вработените во оваа институција.Во разговорите со претставниците на Синдикатот се дискутираше и во однос на законските решенија за јавното обвинителство и за јавнообвинителската служба кои се во процедура, а беше изразена подготвеност и за континуирана комуникација и соработка со синдикалната организација.

Македонија | пред 5 часа

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

По последните одлуки на Совет на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавно обвинителство на Република Македонија соопшти дека се преземени сите неопходни чекори за да се обезбеди ефикасно и непречено водење на тековните постапки. Оттаму уверуваат дека ниту еден започнат предмет нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, потенцирајќи дека во судниците ќе има обвинители подготвени да ги застапуваат обвиненијата.„Затоа Јавното обвинителство апелира на внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање на јавноста, особено за предметите поврзани со кочанската трагедија, бидејќи сите јавно изнесени шпекулации и невистини за тоа како промената на јавен обвинител би можела да се одрази врз постапките кои се во тек, длабоко ги вознемируваат семејствата на жртвите, но и целокупната јавност. Воедно, упатуваме повик до Здружението на новинари и до другите професионални организации да апелираат и да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии за да не се дозволи неосновано зголемување на болката и страдањата, односно нова виктимизација на најпогодените од овој трагичен настан“, стои во соопштението од Обвинителството.Тие додаваат: „Апелираме и до сите останати повикани јавно одговорни чинители да придонесат за ефикасност на постапките, но и за одмереност во јавните настапи и коментари каква што налага сериозноста на последиците и колективната траума предизвикана од пожарот во “Пулс”. Имајќи ја предвид сериозноста на овој настан, сите јавни личности кои имаат општествено влијание треба да внимаваат да не предизвикуваат неоснован немир во јавноста преку изјави, објави на социјални мрежи или која било друга форма на јавно изразување која би била вознемирувачка. Како држава, на повредените и на семејствата на жртвите, но и на сите граѓани, им должиме законита и достоинствена судска постапка која ќе ги даде одговорите и очекуваната правда. Јавното обвинителство презема се што е во негова надлежност за тоа да го испорача, без непотребни одолговлекувања и усложнувања#.

Македонија | пред 1 ден

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Вишото јавно обвинителство остана без шеф, никој не доби потребна поддршка

Советот на јавни обвинители не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови за наследник на Мустафа Хајрулахи.Претседателот на Советот на јавни обвинители. Башким Селими, рече дека на огласот се пријавиле седум кандидати, од кои двајца, Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов, ги повлекле кандидатурите.Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека останува на ставот да им се даде шанса на сите за напредок, но дека негов фаворит е Јасмина Костеска-Здравеска.„Таа е обвинител со интегритет и има вештини и како личност е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна, тоа се важни карактеристики за една менаџерска функција”, рече Савески.Членот на Советот, Марија Илиевска рече дека се согласува со ставот на Савески нагласувајќи дека тоа ѝ се потврдило и од интервјуто со кандидатите.Здравевска се споменуваше во „бомбите“ на Зоран Заев.Костеска доби недоволни четири гласа.Ермонд Незири гласаше за Фатиме Фетаи нагласувајќи дека е кандидатка со најмногу искуство и, според него, најсоодветна. Фетаи доби најмногу воздржани гласови.Светлана Стојковиќ рече дека за шеф на Вишото обвинителство според неа требало да биде кандидат кој се повлекол, мислејќи на обвинителот Трајче Пеливанов, па од останатите се одлучи за обвинителот кој го затвори случајот со сомнежите за фалсификат на сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, Владимир Милошевски, кој доби само еден глас.На седницата на Советот не се разгледа кандидатурата на Александар Марковски кој претходно веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Македонија | пред 3 дена

media-library3jo007gnkfemeKUNMZi

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал

Александар Марковски е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како дел од изборот на нови обвинители, на кој беа избрани вкупно четворица кандидати.Во постапката за избор, првично конкурирале десет кандидати, но двајца – Пеливанов и Ајро – се повлекле, по што во трката останале осум кандидати. Од нив, четворица добиле доверба и ќе бидат дел од ОЈО ГОКК.Едногласна поддршка добиле Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитровска.Марија Ѓоргева не добила ниту еден глас, а Валентина Бислимовска освоила еден глас. Ивана Алексова Трајчева не го добила потребното мнозинство.Во текот на расправата, членовите на Советот посочиле дека станува збор за искусни и професионални кандидати, при што дел од нив се залагале за давање шанса и на обвинители кои досега не работеле во ОЈО ГОКК. Беше истакнато и дека предложените законски измени предвидуваат мандат од седум години без право на повторен избор, што, според дел од учесниците, ќе придонесе за поголема независност и развој на кариерата.Во дискусијата беа отворени и прашања за правичната застапеност на заедниците, како и потребата од поголема мотивација за кандидирање на идни конкурси.Одлуката за избор на обвинителите ќе стапи во сила од 1 април.

Македонија | пред 3 дена

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Советот на јавните обвинители денеска ќе носи клучни кадровски одлуки во правосудниот систем. Ќе се избира шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, а ќе се пополнуваат и испразнети места во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).„На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје“, стои во најавата за седницата.Оваа седница првично беше закажана за 18 март, но се одложи бидејќи истиот ден се бираше новиот државен јавен обвинител.Голем е интересот кој ќе го наследи Мустафа Хајрулахи. Пријавени се седум обвинители, од кои тројца се од поранешното СЈО. Пријавени се: Фатиме Фетаи, Владимир Милошоски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, двајца обвинители од скопското обвинителство, Александар Маркоски и Јасмина Костеска Здравеска, како и Џелал Бајрами, кој доаѓа од републичкото јавно обвинителство.Десет пријавени обвинители има за ОЈО-ГОКК, пет од кандидатките се обвинителки кои се дел од ова обвинителство, но нивниот мандат истекува. Тоа се обвинителките Марија Ѓоргева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу- Леши, Ивана Алексова -Трајчева и Сузана Мирческа -Кузмановска.Двајца конкурираат и за шеф на Вишото обвинителство, тоа се Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од СЈО. Тие пред да бидат избрани во Вишото скопско обвинителство, дојдоа токму од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.Тројца обвинители доаѓаат од Скопското обвинителство. Тоа се Александар Маркоски, кој конкурира и за Вишо, Ана Гоговска -Јакимовска и Ана Стојановиќ- Димитровска.

Македонија | пред 3 дена

tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.„Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го подигнал од подот.Исто така, тој во континуитет подолг период упатувал сериозни закани по живот со што ја загрозил сигурноста на неговата сопруга. Ваквото семејно насилство осомничениот го вршел иако имал активно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането физички и психички да ја малтретира сопругата и двете малолетни деца. Изречените судски забрани тој не ги почитувал, а поради очигледната намера да ги повторува дејствијата на семејно насилство, како и поради ризикот од бегство, јавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор“, информираат од обвинителство

Македонија | пред 4 дена

media-library2sl1etvv1or4azm7AKh

Возачот кој прегази пешак во Марино немал возачка и бил пијан, обвинителство бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за  – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да стори ново кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Ја клоцал и ја мавал со боксови по тело и и скршил три ребра: Кумановец брутално ја малтретирал сопругата

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката“, известуваат од ОЈО.

Македонија | пред 5 дена

media-library79rgnkfhu8oc2jIhEpt

Kраделе кабли во кругот на фабриката „Железара“, па оштетиле јавна електрична инсталација вредна 800 илјади денари

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода.Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост“, информираат од обвинителството.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryqj4qauiauusseSbSUqL

(Видео) Зошто Владата го предложила Ненад Савески за шеф на сите обвинители

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, образложи зошто Ненад Савески е предложен за нов државен јавен обвинител, нагласувајќи дека правосудниот систем се соочува со сериозен недостиг на доверба кај граѓаните.„Обвинителско-правосудниот систем не влева доверба, а рејтингот на институциите е околу 2 проценти. Граѓаните почесто гледаат неправда отколку правда“, изјави Николоски.Тој посочи дека токму затоа е потребен нов пристап и личност со искуство, која ќе може да придонесе за промена на состојбите. Како кандидат, Владата го предлага Ненад Савески, кој има долгогодишна кариера во правосудството, како обвинител и судија.Според Николоски, Савески ја започнал кариерата во Основниот суд во Гостивар во 2000 година, а подоцна бил стручен соработник, јавен обвинител и судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција.Дополнително, како што истакна, Савески бил дел од повеќе домашни и меѓународни експертски групи, ангажиран во проекти на ОБСЕ, Советот на Европа и други организации, како и во законски реформи и обуки поврзани со кривичната постапка и посебните истражни мерки.„Се работи за човек со сериозна биографија, без дамки во кариерата, кој постојано се дообразува и има меѓународно искуство“, нагласи Николоски.Тој додаде дека Савески говори повеќе јазици и дека е „еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство“.Николоски потенцираше дека од новиот јавен обвинител се очекува да донесе резултати и да ја подобри работата на институцијата, но истовремено нагласи дека за тоа е потребна поддршка од целиот обвинителски систем.„Еден човек не може сам. Потребен е тим и координација за да се испорача правда на сите нивоа“, изјави тој, повикувајќи на поддршка за кандидатурата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Стојанче ја тепал Ивана и пред малата Катја: Истрагата завршена, пред трагедијата таа тргнала да се исели, но Стојанче и се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Стојанче Јовановски за трагедијата во Карпош во која мајката Ивана и нејзината малолетна ќерка Катја го загубија животот по пад од балкон.На обвинетиот му се ставаат на товар три кривични дела: телесна повреда сторена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.Според обвинението, на 2 март на повеќе локации во Скопје обвинетиот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со шлаканици и тупаници, при што таа во еден момент изгубила свест. Истиот ден, на паркинг зад Основниот кривичен суд Скопје, и упатил сериозни закани по нејзиниот живот и тело, со што кај неа предизвикал страв и чувство на несигурност.Обвинителството наведува дека обвинетиот подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон сопругата, која била во положба на фактичка и егзистенцијална зависност од него. Во ноември 2022 година, како што се наведува, тој издејствувал Ивана Јовановска со договор за дар да му го отстапи својот идеален дел од станот во кој живееле со нивната малолетна ќерка.По стекнувањето на сопственоста, според обвинението, започнало психичко и физичко малтретирање, кое во 2025 година прераснало во сурово и нечовечно постапување.Обвинетиот често ја тепал и омаловажувал сопругата, и во домот и на јавни места, пред сведоци и во присуство на нивната малолетна ќерка, заканувајќи се дека ќе ја избрка од домот и дека ќе ѝ го одземе детето.На критичниот ден, по ново психичко и физичко малтретирање и закани, жената се вратила во станот со ќерката, со намера да се спакува и да замине. Обвинетиот инсистирал да се качи со неа во станот и таму продолжил со заканите. Сведок на настанот го оттурнал обвинетиот и заедно се симнале пред зградата за да ја почекаат оштетената.Според обвинителството, долгогодишното малтретирање ја довело жената во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв и безнадежност, по што таа скокнала од терасата на станот од шестиот кат заедно со својата малолетна ќерка.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да продолжи со насилнички кривични дела.

Македонија | пред 2 седмици

pukanje-ubistvo

За убиство во обид ќе одговара скопјанецот кој пукаше кон сопругата, ја промаши, па на ќерките им кажал дека пак ќе пука

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен маж осомничен за кривично дело убиство во обид, како и за кривично дело загрозување на сигурноста.Според обвинителството, на 1 март во семејниот дом, при вршење семејно насилство и во присуство на друго лице, осомничениот со умисла се обидел да ја лиши од живот својата сопруга. Тој извадил пиштол кој го поседувал со дозвола, го репетирал и испукал еден куршум кој поминал покрај оштетената, се одбил од паркетот и завршил во прозорецот.По настанот, осомничениот се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во нивната мајка, по што тие заедно со оштетената го напуштиле домот.Според наводите на обвинителството, на 5 март осомничениот повторно се заканувал со пиштолот на сопругата пред нивните две ќерки, со намера да ги вознемири и заплаши.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и врз текот на постапката, како и опасност да го доврши делото кое се обидел да го стори.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarykm19ta71i1cp7PLwsui

Ќе се „чешлаат“ социјалните служби за случајот со Ивана и Катја: како постапиле по секое насилство од Стојанче?

Јавното обвинителство отвори предмет за да го испита постапувањето на Центарот за социјални работи во случајот со Ивана и малата Катја Јовановска, по наводите дека институциите не реагирале соодветно и покрај пријавите за семејно насилство.Од Обвинителството информираат дека предметот е оформен по допрен глас, врз основа на информациите објавени во медиумите за утврдени неправилности при извршен инспекциски надзор во Центарот за социјални работи.„Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од обвинителството.Според информациите на СП, Ивана и Катја биле нападнати во болница од Стојанче. Социјални работници излегле на терен, но случајот не добил епилог со кој би се спречило понатамошно насилство.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради сомнежите дека институциите не реагирале навреме. Невладини организации повеќепати предупредуваа на пропусти во работата на социјалните служби во случаи на семејно насилство.При последниот инспекциски надзор од Министерството за труд и социјална политика биле утврдени неправилности во водењето на предметот за Ивана и Катја, кои го загубија животот по пад од балкон во скопската населба Карпош.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynjo5p5396d1d9NYvbg3

Скопјанец ќе одговара за ширење омраза кон македонската држава и идентитет: го поттикнал бугарски државјанин за да поттикнува насилство

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик.„Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет. По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршија претрес и одзедоа пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.Јавното обвинителство, во соработка и со координација со другите надлежни органи, продолжува да презема дејствија за обезбедување докази, информираат од ОЈО.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhgglr9iubkt7bpz1uBM

Против Стојанче, сопругот на починатата Ивана, се воделе повеќе постапки во Обвинителството

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека сопругот на трагично починатата Ивана имал десет кривични пријави во изминатите две години, а само неколку часа пред падот од балкон во Карпош, полицијата интервенирала по пријава за семејна расправија.Од Основното јавно обвинителство информираат дека против Стојанче се водела само една постапка во Обвинителството.Во Основното јавно обвинителство Скопје лицето не е пријавено за кривични дела на семејно насилство. Против него има активна постапка од 29.12.2025 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик за пронајдени 19 грама марихуана и 7 грама амфетамин во багажникот на неговиот автомобил. По предлог на надлежниот обвинител, ценејќи ги сите околности во предметот, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост кои се уште се на сила“, информираат од ОЈО.Во однос на постари постапки, се е процесуирано, поднесено е обвинение за насилство кон трето лице, заедно со други соучесници, како и обвинение за напад врз службено лице заедно со сега починатата, дополнуваат од ОЈО.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryssn132b16i0ffHqzKPr

„Едно лице задржано во станица, мајката и детето биле заклучени сами во станот“, први информации од Обвинителството за трагедијата во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на случајот во Карпош, кога при пад од висококатница животот го загубија мајка и малолетно дете.Од Обвинителството информираат дека едно лице е задржано во полициска станица и дека по наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност.Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка, а во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по извршениот увид бил запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот починатата и малолетното девојче биле сами во станот, кој бил заклучен од внатрешната страна.По наредба на јавниот обвинител денеска се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се спроведува екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други записи од неколку локации.Во текот на вчерашниот ден била наредена и обдукција на телата на починатите.Во однос на евентуалното претходно постапување, јавниот обвинител побарал детално известување од Министерството за внатрешни работи и од Центарот за социјална работа за сите можни претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе биде наложена и внатрешна контрола во МВР за да се испита постапувањето по тие пријави.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryineuvoudt99m7otCoM6

Се прибираат докази и се сослушуваат сведоци по трагедијата во Карпош каде мајка и дете беа најдени мртви по пад од зграда

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Карпош, каде по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете.Од Обвинителството информираат дека јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите, како и прибирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на настанот.Во тек се разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините и околностите под кои се случил трагичниот настан.Од надлежното обвинителство засега не соопштуваат дополнителни детали, а истрагата продолжува.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysipimrtq1ei5f99Qylw

Обвинителите реагираат оти пратениците им ги чепкаат платите: Ова е спротивно на Устав и спротивно на закон

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија побара од Собранието да ја повлече од дневен ред точката за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, која се разгледува на 89-тата седница одржана на 25 февруари 2026 година.Во итната јавна реакција испратена до претседателот на Собранието и до пратениците, здружението оценува дека предложените измени треба темелно да се преиспитаат, наведувајќи повеќе објективни причини за ваквото барање.Обвинителите посочуваат дека се свесни за сложената економска состојба во државата и потребата од мерки за штедење, но потсетуваат дека согласно Законот за платите на јавните обвинители, платата на јавен обвинител не може да биде намалена со закон или со одлука на државен орган, освен во случај на утврдена дисциплинска одговорност.Во реакцијата се нагласува дека јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна функција, носејќи го товарот на кривичниот прогон без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Дополнително, законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години не им се исплаќаат поради недостиг на средства во Буџетот.Здружението укажува и дека функцијата јавен обвинител е неспојлива со вршење друга дејност, што значи дека платата претставува единствен приход. Според нивните наводи, платите се движат од помалку од 90.000 до 130.000 денари, што ги прави најниски во регионот. Во споредбата што ја доставуваат, во Србија платите се движат од 1.600 до 4.000 евра, во Црна Гора од 1.600 до 4.700 евра, во Албанија од 1.600 до 3.000 евра, додека во Бугарија просекот изнесува околу 3.000 евра плус годишен бонус. Во Македонија, според нив, износот е од 1.500 до 2.100 евра.Во реакцијата се повикуваат и на решение на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое е поведена постапка за оценка на уставноста на претходните измени на Законот, кога биле намалени коефициентите и ограничен порастот на платите. Иако конечната одлука сѐ уште не е донесена, од здружението предупредуваат дека дополнително намалување на коефициентите би ги продлабочило веќе оспорените законски недоследности.Според нив, ваквото законско решение е противуставно и незаконито и претставува економски притисок врз јавните обвинители, со што директно се загрозува нивната независност. Здружението повторно апелира точката да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измени да биде детално и внимателно преиспитана.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi5ish1vu6ijf1MpZrZW

„АНБ и МВР проценија дека Груби не е безбеден во притвор“, Обвинителството ја префрла „топката“

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи.„Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка.За обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид.Надлежните јавни обвинители во предметот постапуваат одговорно и во согласност со законските надлежности. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет, но апелира за воздржаност на коментарите во однос на легитимно донесените јавнообвинителски одлуки за да се овозможи ефикасна и правична постапка“, велат од Обвинителството

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqrodofdlt9go94LBppP

20-годишник од Мала Речица се заканувал за напад со „калашников“, инспирација му било момче од САД кој убил 26 лица

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.2.2026 година под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и асистенција на САЕ Тигар извршија претрес на дом и други простории во Мала Речица.При претресот кај осомничениот се пронајдени и одземени секира, пет ножа со различна должина, телескоп, седум Iphone мобилни телефони и компјутер. Исто така, од таткото на осомничениот е одземен пиштол за кој поседува дозвола и повеќе парчиња муниција. Останатото пронајдено оружје – пиштол и автоматска пушка, дедото на осомничениот ги поседувал без дозвола и за него е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и со Решение мерката е определена во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Детали од обвинителот за убиството на жената во Челопек: постојат сомневања дека можниот убиец правел и други дела изминатиот период

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот.Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот.Во врска со настанот, едно лице е лишено од слобода под сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство. Постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било инволвирано и во други кривични дела на подрачјето на кумановско, поради што, по наредба на јавен обвинител, се преземаат интензивни дејствија за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу настаните.Од Обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази ќе биде поведена соодветна постапка против осомниченото лице.

Македонија | пред 1 месец

voda

Енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителство отвори предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.„Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки“, известуваат од ОЈО.По пет дена криза со загадена вода во Струга, вчера директорот на ЈП „Водовод“ Меџијаит Јусуфоски поднесе оставка од морални причини. Градот останува со целосна забрана за користење на водата поради екстремната заматеност.Од чешмите во Струга тече темнокафеава вода, а анализите покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

Македонија | пред 1 месец

dete-siluvanje

Невиден ужас во неготинско: Четири лица злоставувале 13-годишно девојче, удирајќи ја и навредувајќи ја

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Македонија | пред 2 месеци

zena-noz

Пијана жена го прободела сопругот со нож во рамо, па го гребела по вратот и телото

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања