Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОБВИНИТЕЛСТВО

droga-zaplena-sk

Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Македонија | пред 1 година

siluvanje-1-640x432-163518

Силувал дете во напуштен локал во Тетово па избегал: истрага против 34-годишник

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал. Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар, се до 04.02.2025 година кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција.По предлог на јавниот обвинител, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

IMG_0952

„Ако има сомнеж за саботажа, треба да нѐ известат“ - нема предмет во Обвинителството за запалениот автобус во Сопиште

Скопското Обвинителство нема оформено предмет за запалениот автобус во Сопиште, а откако директорот Драги Кушовски во изјава за медиумите рече дека можеби станува збор за саботажа од политички причини. Тие посочуваат дека ако службите кои постапувале имале сомнеж дека има сомневање за такво нешто, требало да го известат обвинителството.„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставено известување за настанот. Службите и вештите лица кои постапувале на терен, доколку утврдиле дека има сомнеж за сторено кривично дело или намерна саботажа на автобусите, имаат обврска за тоа да го известат обвинителството, кое веднаш ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Претходно, директорот на ЈСП, Драги Кушовски, за медиумите изјави дека претпријатието веќе има одредени сознанија во врска со овие инциденти.„Имаме некои сознанија, но ќе оставиме да видиме дали се политички мотивирани или како овие работи се случуваат, бидејќи овој автобус бил еден од подобрите и исправен. Најверојатно е проблем со инсталацијата. Овој автобус стои тука, не се повлекува во базата бидејќи е вон градот и навечер стои тука. Повикани се вешти лица утврдиме кои се деталните причини за ова“, рече Драги Кушовски, директор на ЈСП за „Сител“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Девојка паднала од надвозник во Скопје и загинала: трагична несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице.Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол.Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности.

Скопје | пред 1 година

lisici

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето од с. Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него. Лицето е последниот осомничен во предметот „Планина“ кој по наредба на обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од три години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица членови на две организирани криминални мрежи. Во тогаш спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство и за нив истрагата беше прекината до нивно пронаоѓање. Од септември 2021 година до август 2023 година четворица од осомничените меѓу кои и првоосомничениот беа се лишени од слобода, по што истражната постапка против нив продолжи. Единствено недостапно беше лицето кое во текот на вчерашниот ден беше уапсено.Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, на детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за три лица беше донесена Наредба за запирање на истрага, од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје.

Македонија | пред 1 година

shumska-policija

Дрвокрадци во велешко се заканиле и нападнале шумски полицајци

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Тројцата соизвршители, на 27 декември, во близина на местото викано Ветерско кај поранешни лозја на агрокомбинатот “Лозар” – Велес, со употреба на сила и сериозна закана спречиле три службени лица, припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи.Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож. На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот.За двајца осомничени надлежниот јавен обвинител до судот во Велес достави предлог за определување мерка притвор, а за еден побара мерки на претпазливост.

Македонија | пред 1 година

zakon

Обвинителството за „Организатори на 27 април“: Мислењето за примената на амнестијата го донесвоме на колегиум

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по барањето на Основниот кривичен суд Скопје достави мислење во однос на поднесените барања од обвинетите против кои се води постапка во однос на примената на Законот за амнестија за предметот „Организатори на 27 април“.Тие велат:„Мислењето е донесено врз основа на заземен став на Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во проширен состав, откако со напатствија на Апелацискиот суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје беше задолжен да се произнесе во поглед на важењето на амнестијата за дел од обвинетите. При носењето на мислењето, јавното обвинителство ја имаше предвид и правната аргументација од веќе донесеното решение на судот од 20.12.2018 година со кое еден обвинет беше ослободен од гонење за кривичното дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок од чл.313 од КЗ пред фазата на изведување на докази.Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, дотолку повеќе ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани. Ваквото мислење јавниот обвинител детално го образложи, пред сѐ имајќи ги предвид обележјата на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ и својството во кое секој од обвинетите ги исполнил тие обележја, а кое својство е клучно за оценка дали може или не може да се примени институтот од Законот за амнестија.Обвинителството во мислењето на јасен начин се произнесе во однос на примената на Законот за амнестија истакнувајќи:„Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“.Почитувајќи ги законските одредби и имајќи ги предвид ограничувањата при примената на законот, обвинителството темелно ги образложи причините за своето мислење со кое наоѓа дека кај тројца од обвинетите законските одредби налагаат амнестија, додека кај еден обвинет не може да се примени овој правен институт, бидејќи за истиот важат исклучоците од амнестијата која ја дал законодавецот со своето законско решение.Во секој случај имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка, обвинителството е обврзано според Законот за амнестија да даде мислење, но судот ја носи конечната одлука по свое наоѓање и убедување како краен арбитер. ​ ​

Македонија | пред 1 година

majka1412-1

„Вања е убиена клечејќи, и било пукано одзади, на ДНК-то се најдени траги од Велибор“ - обвинителството со докази

Застанат зад Вања Ѓорчевска, на околу половина метар, убиецот, стискајќи ја за вратот и пукал во главата додека била жива. Според обдукцијата, проектилот од пиштол со калибар од 9мм, поминал преку десната страна од главата и завршил 30 цм во телото близу 'рбетот.Вања не се загушила додека била врзена во вреќата и ја возеле во багажникот од украдениот „цитроен“, кажа обвинителството презентирајќи ги доказите за двојното убиство.Убиена е клечејќи, а до местото на ликвидацијата се движела, тврди обвинителството, бидејќи на нејзините патики била најдена кал. Истата кал била пронајдена на колениците и под ноктите. На лентата со која и била залепена устата биле пронајдени ДНК трагови од обвинетиот Велибор Манев.Обдукцијата покажала дека двете жртви, и 14- годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени.Жежовски бил закопан во дупка длабока 2,7 метри. Најдена е чаура до дупката во периферијата на Велес, каде бил пронајден и мобилниот телефон на Панче, фрлен во трње.Од извештајот од обдукцијата на Панче Жежовски, произлегло дека смртта била насилна, му било пукано во главата од десната страна а и тој се наоѓал во полунаведната положба додека бил убиен. Смртта најверојатно настанала неспоредно ппо неговото грабнување, рече обвинителката при изведувањето на доказите.

Македонија | пред 1 година

kocevski-1

Републичкиот обвинител Коцевски си беше на „стенд-ап“ комедија, а нема време за прашањата на јавноста во време на куп акции

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, во изминатите 15 дена не најде простор да одговори на десетици прашања од јавноста со појавување во поткастот „Претрес“, но најде време да отиде на стенд-ап комедија. Во време кога правосудството трпи критики од јавноста поради ниската доверба, МВР и Финансиската полиција поднесуваат пријави за сериозни случаи, Коцевски во неделата ја искористил за да ги гледа стенд-ап комичарите Тино и Атанас.„Нѐ информираа дека државниот јавен обвинител е присутен. Може да дадете аплауз тие што немате проблем, тие што имате не мора. Никој не го знае и рекоа да не збориме за вас, ете таму седи“ рече Тино во стенд-ап комедијата кој се шегуваше на сметка на јутуберот Лазаров: „Имам еден другар и другарка, вчера сакаа да ги апсат на гивавеј. Боки и Лазаров. Па ако може нешто да направите, побрзо да ги уапсат“.Во неколку наврати, Коцевски е поканет да одговори на сите прашања од јавен интерес во поткастот „Претрес“. Од ПР службата, ни одговорија: „Во согласност со заложбите за транспаретност и отчетност, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители ќе одржат брифинг за сите новинари на 11.12.2024 година на кој новинарите ќе имаат можност да ги постават сите прашања од јавен интерес. Во следниот период обвинителот Коцевски веќе има закажано повеќе други обврски и јавни настапи, па не е во можност да ја прифати вашата покана“.На ова, екипата на „Претрес“ посочи: „Брифинг и гостување во поткаст се различно ниво на транспарентност. Ве молам во иднина, вие да не одредувате место и локација каде ние би можеле да ги поставиме сите прашања. Гостувањето во „Претрес“ е одговор и на прашања од граѓаните, во живо. Дотолку повеќе што и самите посочувате дека Коцевски веќе има планрано јавни настапи, иако, ќе има и брифинг. Притоа, ова не е прва покана туку во повеќе наврати бил поканет републичкиот, па затоа ќе си дадам за право да кажам - дека селективно се бираат медиуми и новинари, што вие како ексновинар, многу добро знаете дека тоа остава лош впечаток. Оттука, одредете вие ден кога на републичкиот обвинител му одговара, ние ќе организираме вонреден поткаст во истиот термин. Секако, главната цел е транспарентноста да ја видиме на дело, а не на зборови и по соопштенија“.Ни по ова, Коцевски не најде време да се појави и да одговори за многу случаи за кои немаше ниту време да се праша на гореспоменатиот брифинг.„Скопје1“ испрати прашања до прес-службата на Обвинителството, каде побаравме одговори како си поминал републичкиот обвинител на стенд-ап комедијата и дали ја препорачува за поширок аудиториум, дали тоа му е приоритет пред граѓаните и медиумите иако куп прашања се неодговорени, колку и дали е сериозно тој да се појавува како гостин на стенд-ап комедии во период кога правосудството е мета на критики, а МВР и Финансова полиција спроведуваат акции и апсења на ексфункционери кои не биле допрени до промена на власта.Оттаму одговорија:„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и секој друг граѓанин, има право на приватност и слободно време кое често го користи за да посетува и културни и други настани, за кои уредно, како и сите други граѓани, плаќа влезница. Тоа го прави надвор од работното време, а во исто време е достапен за сите важни прашања во негова надлежност. Што се однесува до акциите кои што ги наведувате, сите тие се спроведени со наредби и под раководство на надлежни јавни обвинители, а во дел од предметите одреден временски период обвинителството спроведуваше и посебни истражни мерки“.

Македонија | пред 1 година

ubitstvo-mavrovka1

Обвинение за убиството кај „Мавровка“ во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинтиелство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на кое му се става на товар дека ги сторил кривичните дела – Убиство по член 123 став 2 точка 4, Убиство по член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид), како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 20 август, позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, од користољубие, со истрел од огнено оружје – пиштол, го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов, по што со пиштолот се заканил и на неговата сопруга и ја одзел од неа торбата која таа ја носела на нејзиното рамо и една гајба во различни бои покриена со шаторско крило во која имало различен рачен алат, а која оштетените ја имале во возилото.Потоа во автомобил со белгиски регистраски ознаки избегал кон Гази Баба. Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата „Стојна Стефкова“ во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги лиши од живот.Полицајците во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, и успеале обвинетиот да го совладаат, по што тој го фрлил пиштолот и бил уапсен. Обвинетиот ќе одговара и за недозволено поседување на оружјето со кое го извршил делото – полуавтоматски пиштол марка „ГЛОК 17“, без фабрички број, калибар 9мм, кој го поседувал без дозвола.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-finansii

Обвинители влегле во Министерството за финансии

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, кажа дека обвинтиели влегле во Министерството за финансии да проверува каде е дупката од милиони евра.„Кажа премиерот дека има дупка од 10 милиони евра. Јас како државен јавен обвинител во координација, ангажиравме двајца обвинители и истражители и отидоа во Министерството за финансии. Тој допрен глас, каде е дупката, јавното обвинителство не знае. Како треба да постапки, да ги земе сите компјутери, да ги земе сите материјали. И тогаш државата не може да функционира“, рече Коцевски.

Македонија | пред 1 година

enver-artan

Груби и Беџети во рацете на Обвинителството - отворен е предмет

Обвинителството покренало предмет за ексвицепремиерот Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети, соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски. Тој најави дека во анредниот период ќе има конкретни резултати за повеќе сложени предмети.„Предметот е доставен на постапување на надлежно обвинителство, кое ќе издаде соодветни наредби за откривање на кривични дела. Оформен е предмет“, рече Коцевски.Според него, САД се нивни соработници и ќе има ефикасен кривичен прогон.Вчера амбасадата на САД упати директен повик до домашните институции за утврдување на одговроност кај овие лица, оти ако тие имаат докази, тогаш има и Македонија.„Од она што го имавме како информација е дека две лица се ставени на црната листа на САД. Лицата ги знаете кои се. Од тие информации формирав предмет, сочинив службена белешка од наводите кои ми беа познати и кои ги дознав, воглавно од медиумите и јавноста. По предметот ќе постапува надлежно јавно обвинителство. Кој е давател, кој е примател на поткупот, дали има тргување со влијание – ќе се истражи. Предметот е заведен, тоа го сторив минатиот ден“, рече Ковацевски.

Македонија | пред 1 година

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Маж од струшко го гонат за производство да видеа со детска порнографија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, откако спроведе истражна постапка, донесе одлука и поднесе Обвинителен акт против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а став 1 и став 2 во врска со став 3 од Кривичниот законик.Обвинет е за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем.На своите два мобилни телефони, преку инсталираните апликации за комуникација – Сигнал, Вајбер, Енигма, Телеграм и други, обвинетиот се приклучувал во затворени групи во кои членувале лица од повеќе земји во светот. Во групите чии имиња сами по себе упатувале дека се наменети за ширење на детска порнографија, но и во директна комуникација со приватни профили, обвинетиот споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица или со лица кои изгледале како малолетници. Видеа и фотографии кои прикажуваат детска порнографија поседувал и во мобилните телефони и тие биле пронајдени кога телефоните му биле одземени при извршениот претрес.Јавниот обвинител до Основниот суд во Струга достави и посебен предлог со кој побара на обвинетиот да му биде продолжена определената мерка притвор, како и да му бидат одземени мобилните телефони како средство употребено за извршување на кривичното дело.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-145619

20 години затвор за убиецот од Стајковци

Врз основа на поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје и по спроведена судска постапка, Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда со која Љ.К. од Стајковци го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од 20 години за сторени две кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава поднесе Обвинителен акт со кој обвинетиот го товареше дека на свиреп начин и при вршење семејно насилство на 14.05.2024 година со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи. По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.

Македонија | пред 1 година

oruzje

Обвинение против две лица за поседување оружје и муниција во Скопје

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите на 17 октомври беа откриени дека во стан на улицата „Саса 18“ заедно држеле поголемо количество на огнено оружје и муниција, вклучувајќи и оружје кое на граѓаните им е забрането.Полицијата кај нив пронашла една автоматска пушка со две рамки, еден револвер марка „Smith & Weson 5“, еден пиштол марка „Sig Suer“ P 226, еден пиштол марка „P.Bereta“ , една ловна пушка марка „ТОZ” и вкупно 414 куршуми со различен калибар.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Македонија | пред 1 година

komisija

Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители.До крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-30-at-14.31.05

Поради обид да запали албанско знаме, предложен притвор за 20-годишник

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 02.12.2024 година, во вечерните часови,се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-at-23.52.02

„Известен е јавниот обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот“, велат од Обвинителството по вчерашното сквернавење на македонското знаме

Денот на албанското знаме се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. Но додека тоа се славеше, на две места е снимено и сквернавење на македонското. Едната локација е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено. Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од што доаѓаа.Од Обвинителството велат дека е известен јавниот обвинител и дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.Од таму додаваат дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

Македонија | пред 1 година

carsija

Изградил хотел во Скопската чаршија без да поседува одобрение за градење: поднесено обвинение против 60-годишник

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 60-годишник, во текот на 2018 и 2019 година, во својство на инвеститор, во Старата скопска чаршија, на постоечки објект – дуќан од 93 м2 во негова сопственост, извел надградба од ходници, скали, лифт, рецепција и други простории, а на соседна парцела извршил целосна изградба на објект – хотел со подрум, 4 ката и поткровје, без да поседува одобрение за градење од надлежното министерство, но и без основен конзерваторски проект и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Заменик-член на избирачки одбор се обидел да гласа во име на неговата сопруга: поднесено обвинение за обид за злоупотреба на избирачко право

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на избирачко право од член 161 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот законик што значи дека станува збор за кривично дело сторено во обид.Обвинетиот 72-годишен скопјанец, на 24 април годинава, за време на последните претседателски избори, на гласачко место во Основното училиште „Хасан Приштина“ во Чаир, се обидел да гласа наместо друг. Тој бил заменик-член на избирачки одбор и откако го остварил сопственото гласачко право, неовластено скинал уште едно гласачко ливче од кочанот со намера да гласа во име на неговата наводно болна сопруга. Се потпишал во име на сопругата во единствениот избирачки список, но не успеал во намерата да го стави ливчето во гласачката кутија, бидејќи бил спречен од страна на членовите на избирачкиот одбор.

Македонија | пред 1 година

kocevski-rokas

Коцевски се сретна со амбасадорот на Европската унија во земјава: Обвинителството презема активни чекори за подобрувања во сите области наведени како препораки во последниот извештај на ЕК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, на која го информираше дека обвинителството веќе презема активни чекори за подобрувања во сите области кои се наведени како препораки во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја, како и дека интензивно работи на подготовка за задачите од Реформската агенда која наскоро треба да започне да се реализира.Меѓутоа, како клучен предизвик кој го наведе, а кој и Европската комисија го констатира во извештајот, се недоволните ресурси кои и се овозможуваат на институцијата за сите активности кои ги реализира.„Од нас се бараше во предлог буџетските проекции за 2025 година да ги изразиме потребите и финансиските импликации за сите овие реформи. Тоа и го направивме. Но за реформите што како држава сме ги ветиле, а се однесуваат на работата на Јавното обвинителство, не се предвидени речиси никакви дополнителни средства во предлог-буџетот за следната година. Повторно и годинава, наместо законски одредениот износ на буџетот за обвинителството во висина од 0.4% од вкупниот државниот буџет, ни се одредуваат околу 14 милиони евра или нешто повеќе од 0,2%, што е половина од законскиот минимум“, рече Коцевски.Тој го запозна евроамбасадорот Рокас и со предизвиците од аспект на кадровска неекипираност на обвинителствата, односно недостатокот и од јавни обвинители и од јавнообвинителска служба, како и застареноста на опремата.Соговорниците разговараа дека буџетските приоритети мора да бидат во согласност со приоритетите и планот за работа на Јавното обвинителство и реформите за владеење на правото воопшто, за да се постигне напредок во областите на владеење на правото и борбата против корупцијата. Ова е клучно за земјата да се движи кон ЕУ. Двете страни се согласија да продолжат со напорите за пренесување на овие пораки до одговорните органи во земјата.Европската комисија во последниот извештај за нашата земја посочува дека за зајакнување на перформансите во борбата против корупцијата треба да им се овозможат дополнителни човечки ресурси и финансиска поддршка на обвинителствата и на нивните истражни центри. „Растечкиот дефицит во ресурси во правосудството ја зголемува загриженоста дека ќе влијае врз квалитетот и ефикасноста на правдата“, стои во Извештајот на ЕК, со кој обвинителството како институција целосно се согласува.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Со нож избодел двајца малолетници: побаран притвор за 15-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

Македонија | пред 1 година

pistol_001

Како се планирало убиството во тетовско: Обвинителството со детали

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сега 41-годишни жители на селото Порој, од кои првиот е директно осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик сторено во 2013 година, додека другиот му помогнал во извршување на убиството и бил соучесник во – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.Првоосомничениот, на 12 октомври 2013 година, на излезот од селото Пирок, со умисла лишил од живот лице од Тетово поради претходни нерасчистени недоразбирања. Второосомничениот го ставил на располагање својот автомобил и двајцата заеднички набавиле автоматска пушка која на граѓаните им е забранета.Откако се сретнале со оштетениот, првоосомничениот веднаш започнал да пука, испукал повеќе куршуми, нанесувајќи му телесни повреди со огнено оружје на кои оштетениот им подлегнал. Двајцата осомничени се дале во бегство.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата. Согласно донесеното решение, за првоосомничениот притворот е ефективен веднаш, а за второосомничениот, кој е во бегство, притворската мерка ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-11-141423

Истрага против јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи, донесена одлука за оддалечување од функцијата

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување.По приемот на известувањето за поведена истрага, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за оддалечување од функцијата за јавниот обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против него.Мустафа Хајрулахи

Македонија | пред 1 година

oruzje

Автоматски пушки, куршуми, двоцевка и друго оружје пронајдени во селото Грешница, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Грешница за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска состав 3 од Кривичниот законик.Во простории во сопственост на друго лице, а кои ги користел осомничениот, полицијата извршила претрес и пронашла поголемо количество оружје, делови и компоненти од огнено оружје и муниција – три автоматски пушки, 188 куршуми со калибар за автоматска пушка, една ловна пушка и 10 ловни патрони, како и една пушка – двоцевка.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, како и можност да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања