Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Обвинителството за „Организатори на 27 април“: Мислењето за примената на амнестијата го донесвоме на колегиум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zakon

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по барањето на Основниот кривичен суд Скопје достави мислење во однос на поднесените барања од обвинетите против кои се води постапка во однос на примената на Законот за амнестија за предметот „Организатори на 27 април“.

— реклама —

Тие велат:

— реклама —

„Мислењето е донесено врз основа на заземен став на Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во проширен состав, откако со напатствија на Апелацискиот суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје беше задолжен да се произнесе во поглед на важењето на амнестијата за дел од обвинетите. При носењето на мислењето, јавното обвинителство ја имаше предвид и правната аргументација од веќе донесеното решение на судот од 20.12.2018 година со кое еден обвинет беше ослободен од гонење за кривичното дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок од чл.313 од КЗ пред фазата на изведување на докази.

— реклама —

Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, дотолку повеќе ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани. Ваквото мислење јавниот обвинител детално го образложи, пред сѐ имајќи ги предвид обележјата на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ и својството во кое секој од обвинетите ги исполнил тие обележја, а кое својство е клучно за оценка дали може или не може да се примени институтот од Законот за амнестија.

Обвинителството во мислењето на јасен начин се произнесе во однос на примената на Законот за амнестија истакнувајќи:

„Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“.

Почитувајќи ги законските одредби и имајќи ги предвид ограничувањата при примената на законот, обвинителството темелно ги образложи причините за своето мислење со кое наоѓа дека кај тројца од обвинетите законските одредби налагаат амнестија, додека кај еден обвинет не може да се примени овој правен институт, бидејќи за истиот важат исклучоците од амнестијата која ја дал законодавецот со своето законско решение.

Во секој случај имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка, обвинителството е обврзано според Законот за амнестија да даде мислење, но судот ја носи конечната одлука по свое наоѓање и убедување како краен арбитер. ​ ​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 7 часа

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 1 ден

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 дена

tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања