Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
tepa-dete

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

— реклама —

„Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го подигнал од подот.

— реклама —

Исто така, тој во континуитет подолг период упатувал сериозни закани по живот со што ја загрозил сигурноста на неговата сопруга. Ваквото семејно насилство осомничениот го вршел иако имал активно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането физички и психички да ја малтретира сопругата и двете малолетни деца. Изречените судски забрани тој не ги почитувал, а поради очигледната намера да ги повторува дејствијата на семејно насилство, како и поради ризикот од бегство, јавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор“, информираат од обвинителство

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 5 часа

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 1 ден

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 дена

media-library2sl1etvv1or4azm7AKh

Возачот кој прегази пешак во Марино немал возачка и бил пијан, обвинителство бара притвор

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања