Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вишото јавно обвинителство остана без шеф, никој не доби потребна поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, бидејќи ниеден од петтемина кандидати не доби доволно гласови. Од седум пријавени, двајца (Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов) ги повлекле кандидатурите. Државниот обвинител Ненад Савески ја фаворизираше Јасмина Костеска-Здравеска, но таа доби четири гласа. Ермонд Незири гласаше за Фатиме Фетаи, која имаше најмногу воздржани, а Владимир Милошевски доби еден глас. Кандидатурата на Александар Марковски не се разгледуваше.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Советот на јавни обвинители не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови за наследник на Мустафа Хајрулахи.

Претседателот на Советот на јавни обвинители. Башким Селими, рече дека на огласот се пријавиле седум кандидати, од кои двајца, Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов, ги повлекле кандидатурите.

— реклама —

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека останува на ставот да им се даде шанса на сите за напредок, но дека негов фаворит е Јасмина Костеска-Здравеска.

„Таа е обвинител со интегритет и има вештини и како личност е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна, тоа се важни карактеристики за една менаџерска функција”, рече Савески.

— реклама —

Членот на Советот, Марија Илиевска рече дека се согласува со ставот на Савески нагласувајќи дека тоа ѝ се потврдило и од интервјуто со кандидатите.

Здравевска се споменуваше во „бомбите“ на Зоран Заев.

Костеска доби недоволни четири гласа.

Ермонд Незири гласаше за Фатиме Фетаи нагласувајќи дека е кандидатка со најмногу искуство и, според него, најсоодветна. Фетаи доби најмногу воздржани гласови.

Светлана Стојковиќ рече дека за шеф на Вишото обвинителство според неа требало да биде кандидат кој се повлекол, мислејќи на обвинителот Трајче Пеливанов, па од останатите се одлучи за обвинителот кој го затвори случајот со сомнежите за фалсификат на сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, Владимир Милошевски, кој доби само еден глас.

На седницата на Советот не се разгледа кандидатурата на Александар Марковски кој претходно веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Парите од измамите за лажни сообраќајки завршувале во Бугарија, приведени четири лица

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Наместо прометот да го стави во сеф, си го земал за себе: Менаџер од Чаир присвоил речиси 2,8 милиони денари

Македонија | пред 2 месеци

media-library3evk0esuong61cpIaAX

За омраза и отпор ќе одговараат дел од демонстрантите по протестите за одземените возила, вели Обвинителство

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Обвинителство отвори предмет за случајот со „извоз на мозоци“ во САД

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања