Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се прибираат докази и се сослушуваат сведоци по трагедијата во Карпош каде мајка и дете беа најдени мртви по пад од зграда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryineuvoudt99m7otCoM6

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Карпош, каде по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете.

— реклама —

Од Обвинителството информираат дека јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите, како и прибирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на настанот.

— реклама —

Во тек се разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините и околностите под кои се случил трагичниот настан.

— реклама —

Од надлежното обвинителство засега не соопштуваат дополнителни детали, а истрагата продолжува.

media-libraryssn132b16i0ffHqzKPr

Братот на жената која е најдена мртва со ќерката: Со години беше пријавувано семејно насилство, закани, обид за убиство, потфрли системот!

Денеска се случи трагедија во која згаснаа два млади животи. Братот на жената, односно вујко на шестгодишното дете, Александар Стојаноски, преку јавна објава се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле. Тој посочува дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем ... После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече - вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто ... вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавамСподелете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!“, напиша Стојаноски.Трагедијата се случи во скопско Тафталиџе, каде жената е најдена мртва заедно со својата ќерка. Полицијата до доцна вечерва прави увид.„Скопје1“ уште попладнево побара официјални информации од МВР за тоа дали кај нив се регистрирани пријави за семејно насилство и досега немаме одговор на прашањата бидејќи службениците биле на терен. Одговор нема ниту од скопското Обвинителство, а обвинителката била на терен до доцна вечерва.

Македонија | пред 4 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 3 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 4 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 5 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања